ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • nwt 3. Мојсеева 1:1-27:34
  • 3. Мојсеева

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 3. Мојсеева
  • Свето писмо — превод Нов свет
Свето писмо — превод Нов свет
3. Мојсеева

Трета книга Мојсеева (Левит)

1 И го викна* Јехова Мојсеј и му рече од шаторот на средбата:+ 2 „Кажи им на синовите на Израел+ и речи им: ‚Кога некој од вас сака да му принесе на Јехова жртва од стоката, нека принесе жртва од крупната или од ситната стока.

3 Ако неговиот принос за жртва паленица+ е од крупната стока, нека принесе машко без недостаток.+ На драго срце нека го доведе пред Јехова на влезот од шаторот на средбата.+ 4 И нека ја положи раката врз главата на жртвата паленица, и таа ќе му биде милостиво прифатена+ за негово очистување.+

5 Тогаш јунецот нека биде заклан пред Јехова. А синовите на Арон, свештениците,+ нека ја принесат крвта и со крвта нека го попрскаат од сите страни жртвеникот+ што се наоѓа на влезот во шаторот на средбата. 6 А жртвата паленица нека ја одерат и нека ја исечат на парчиња.+ 7 Синовите на Арон, свештениците, нека запалат оган на жртвеникот+ и во огнот нека стават дрва.+ 8 Потоа синовите на Арон, свештениците, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот нека ги наредат парчињата+ заедно со главата и лојот. 9 А цревата+ и потколениците да се измијат со вода, и свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот како жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

10 Ако принесува жртва паленица од ситната стока,+ од овците или од козите, нека принесе машко+ без недостаток.+ 11 Жртвата да се заколе пред Јехова на северната страна од жртвеникот, а синовите на Арон, свештениците, со нејзината крв да го попрскаат жртвеникот од сите страни.+ 12 Потоа да ја исечат на парчиња, а свештеникот нека ги нареди, заедно со главата и лојот, врз дрвата што се во огнот на жртвеникот.+ 13 Цревата+ и потколениците+ да се измијат со вода, и свештеникот нека го принесе сето тоа и нека го изгори+ на жртвеникот. Тоа е жртва паленица, жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

14 Ако му принесува на Јехова птици како жртва паленица, тогаш како жртва нека принесува грлици+ или млади гулаби.+ 15 Свештеникот нека ја принесе жртвата кај жртвеникот, нека ѝ го засече+ вратот и нека ја изгори на жртвеникот, но нејзината крв нека ја исцеди по жртвеникот од страната. 16 Гушата со пердувите нека ѝ ја отстрани и нека ја фрли до жртвеникот, кон исток, на местото за мрсната пепел.*+ 17 Нека ја распори кај крилјата, но да не ја сече на парчиња.+ Потоа свештеникот нека ја изгори на жртвеникот, врз дрвата што се во огнот. Тоа е жртва паленица,+ жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+

2 Кога некој* сака како жртва да му принесе на Јехова житна жртва,+ неговата жртва нека биде фино брашно,+ кое ќе го прелие со масло и врз него ќе стави темјан. 2 Нека им го донесе на синовите на Арон, на свештениците, па свештеникот нека земе полн грст од тоа брашно и масло и сиот темјан, и тоа нека го изгори на жртвеникот како спомен,+ како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова. 3 А она што ќе остане од житната жртва им припаѓа на Арон и на неговите синови,+ како нешто најсвето+ од Јеховините палени жртви.

4 Ако сакаш како жртва да принесеш житна жртва печена во печка, таа нека биде од фино брашно — бесквасни тркалезни+ лебови замесени со масло или бесквасни+ кори намачкани со масло.+

5 Ако принесуваш житна жртва зготвена во тава,+ нека биде од фино брашно замесено со масло и бесквасна. 6 Нека биде искршена на парчиња, а потоа прелеј ја со масло.+ Тоа е житна жртва.

7 Ако принесуваш житна жртва пржена во котле, нека биде зготвена од фино брашно со масло. 8 Донеси му ја на Јехова житната жртва што е приготвена на тој начин. Нека му биде предадена на свештеникот, а тој ќе ја однесе на жртвеникот. 9 Потоа свештеникот нека одвои од житната жртва еден дел како спомен+ и тоа нека го изгори на жртвеникот, како жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова.+ 10 А она што ќе остане од житната жртва им припаѓа на Арон и на неговите синови, како нешто најсвето од Јеховините палени жртви.+

11 Ниту една житна жртва што ќе му ја принесувате на Јехова да не биде направена со квасец,+ зашто никако не смеете да горите потквасено тесто и мед* како жртва палена за Јехова.

12 Принесувајте му ги на Јехова како жртва од првините,+ но нека не доаѓаат на жртвеникот како успокојувачки мирис.

13 Посоли ја+ секоја житна жртва што ја принесуваш. Твојата житна жртва не смее да биде без солта на сојузот+ на твојот Бог. Со секоја своја жртва принесувај и сол.

14 Ако му принесуваш на Јехова житна жртва од првините, принесувај млади класје печени на оган и крупно мелено брашно од ново жито, како житна жртва од своите првини.+ 15 Прелеј ја со масло и врз неа стави темјан. Тоа е житна жртва.+ 16 Дел од тоа свештеникот нека изгори како спомен,+ односно дел од крупно меленото брашно и од маслото и сиот темјан, како жртва палена за Јехова.

3 Ако некој принесува жртва на заедништво,+ ако ја принесува од крупната стока, било машко било женско, тоа што го принесува пред Јехова нека биде без недостаток.+ 2 Нека ја положи раката врз главата+ на својата жртва, па нека ја заколат на влезот во шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови, свештениците, нека го попрскаат со крв жртвеникот од сите страни. 3 Дел од жртвата на заедништвото нека принесе како жртва палена за Јехова: лојот+ што ги покрива цревата, сиот лој што е околу цревата,+ 4 двата бубрега+ и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите. 5 Синовите на Арон+ нека го изгорат тоа+ на жртвеникот, врз жртвата паленица што е на дрвата+ во огнот, како жртва палена за успокојувачки мирис+ за Јехова.

6 Ако му принесува на Јехова жртва на заедништвото од ситната стока, било машко било женско, тоа што го принесува нека биде без недостаток.+ 7 Ако принесува како жртва машко јагне, нека го принесе пред Јехова.+ 8 Нека ја положи раката врз главата+ на својата жртва, па нека ја заколе+ пред шаторот на средбата. Потоа Ароновите синови нека го попрскаат со неговата крв жртвеникот од сите страни. 9 Од жртвата на заедништвото нека го принесе лојот како жртва палена за Јехова.+ Нека ги одвои целата мрсна опашка+ што е до ’рбетот и лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е на цревата,+ 10 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката+ што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите. 11 Свештеникот нека го изгори+ тоа на жртвеникот како храна,+ како жртва палена за Јехова.

12 Ако принесува коза,+ нека ја принесе пред Јехова. 13 Нека ја положи раката врз нејзината глава,+ па козата нека биде заклана+ пред шаторот на средбата. Потоа синовите на Арон нека го попрскаат жртвеникот со нејзината крв од сите страни. 14 И од неа нека ги принесе како своја жртва, како жртва палена за Јехова, лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е на цревата,+ 15 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите. 16 Свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот како храна, како жртва палена за успокојувачки мирис. Сиот лој му припаѓа на Јехова.+

17 Тоа е трајна одредба за вашите поколенија во сите места каде што живеете: во никој случај не смеете да јадете каков и да е лој или крв‘ “.+

4 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој*+ несакајќи згреши+ така што ќе направи нешто што Јехова заповедал да не се прави:

3 ако згреши+ свештеникот, помазаникот,+ па така навлече вина врз народот, тогаш за гревот што го направил+ нека му принесе на Јехова јунец без недостаток како жртва за грев. 4 Нека го доведе јунецот пред Јехова на влезот во шаторот на средбата,+ нека ја положи раката врз главата+ на јунецот и нека го заколе пред Јехова. 5 Потоа свештеникот, помазаникот,+ нека земе од крвта на јунецот и нека ја внесе во шаторот на средбата. 6 Свештеникот нека го натопи својот прст+ во крвта и со таа крв нека попрска седумпати+ пред Јехова пред завесата на светото место. 7 Потоа свештеникот нека стави од крвта на роговите+ од жртвеникот за мирисливо кадење пред Јехова во шаторот на средбата, а сета останата крв од јунецот нека ја излее во подножјето+ на жртвеникот за жртви паленици, кој се наоѓа на влезот во шаторот на средбата.

8 А сиот лој од јунецот што се жртвува за грев да се извади од него, лојот што ги покрива цревата, сиот лој што е околу цревата,+ 9 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.+ 10 Тоа да се извади како што се вади и од јунецот за жртва на заедништвото.+ Потоа свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот за жртви паленици.+

11 А кожата од јунецот и сето негово месо сосе главата, потколениците, цревата и лепешките+ 12 — целиот јунец — нека го изнесе надвор од логорот+ на чисто место каде што се истура мрсната пепел,+ па нека го изгори во оган+ на дрва. Нека се изгори на местото каде што се истура мрсната пепел.

13 Ако целата израелска заедница* згреши,+ а не е свесна дека направила нешто од сето она што Јехова заповедал да не се прави и дека така си навлекла вина,+ 14 кога ќе се дознае+ за гревот што е направен спротивно на заповедта, тогаш заедницата нека принесе јунец како жртва за грев и нека го доведе пред шаторот на средбата. 15 Старешините на заедницата пред Јехова нека ги положат рацете врз главата+ на јунецот, и јунецот да се заколе пред Јехова.

16 Потоа свештеникот, помазаникот,+ нека внесе крв од јунецот во шаторот на средбата.+ 17 Свештеникот нека го натопи прстот во крвта и нека попрска со неа седумпати пред Јехова пред завесата.+ 18 Потоа нека стави малку крв на роговите од жртвеникот+ што се наоѓа пред Јехова во шаторот на средбата, а сета останата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот за жртви паленици,+ кој се наоѓа на влезот од шаторот на средбата. 19 Од јунецот нека го извади сиот лој и нека го изгори на жртвеникот.+ 20 Нека направи со јунецот онака како што направи и со оној другиот јунец што е жртвуван за грев — така нека направи со него. Свештеникот нека го изврши за народот обредот на очистување,+ и ќе му биде простено. 21 Нека го изнесе јунецот надвор од логорот и нека го изгори како што го изгоре и првиот јунец.+ Тоа е жртва за грев на заедницата.+

22 Кога некој поглавар+ ќе згреши, правејќи ненамерно нешто од сето она што Јехова, неговиот Бог, заповедал да не се прави,+ па така стане виновен, 23 или кога ќе му укажат на гревот+ што го направил спротивно на заповедта, тогаш како своја жртва нека донесе машко+ јаре без недостаток. 24 Нека ја положи раката врз главата+ на јарето и нека го заколе пред Јехова на местото каде што обично се коле жртвата паленица.+ Тоа е жртва за грев.+ 25 И свештеникот нека земе со прстот крв од жртвата за грев и нека ја стави на роговите+ од жртвеникот за жртви паленици, а останатата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот за жртви паленици. 26 Сиот лој нека биде изгорен на жртвеникот исто како лојот од жртвата на заедништвото.+ Свештеникот нека изврши за него обред на очистување за неговиот грев,+ и ќе му биде простено.

27 Ако некој* од обичниот народ* згреши ненамерно, правејќи нешто од она што Јехова заповедал да не се прави, па така стане виновен,+ 28 или ако му укажат на гревот што го направил, тогаш како своја жртва за гревот што го направил нека донесе женско+ јаре без недостаток. 29 Нека ја положи раката врз главата+ на жртвата за грев и нека ја заколе на местото каде што се коле и жртвата паленица.+ 30 И свештеникот нека земе со прстот крв и нека ја стави на роговите+ од жртвеникот за жртви паленици, а сета останата крв нека ја излее на подножјето од жртвеникот.+ 31 Нека ѝ го извади сиот лој,+ како што се вади лојот од жртвата на заедништвото.+ Потоа свештеникот нека го изгори на жртвеникот за успокојувачки мирис за Јехова.+ Свештеникот нека изврши за него обред на очистување, и ќе му биде простено.+

32 А ако донесе јагне+ за да го жртвува како жртва за грев, нека донесе женско јагне без недостаток.+ 33 Нека ја положи раката врз главата на жртвата за грев и нека ја заколе како жртва за грев на местото каде што обично се коле жртвата паленица.+ 34 И свештеникот нека земе со прстот крв од жртвата за грев и нека ја стави на роговите од жртвеникот за жртви паленици,+ а сета останата крв нека ја излее во подножјето од жртвеникот. 35 Нека ѝ го извади сиот лој како што се вади лојот од младиот овен што се принесува како жртва на заедништвото. Потоа свештеникот нека го изгори сето тоа на жртвеникот врз жртвите палени за Јехова.+ И нека изврши за него обред на очистување+ за гревот што го направил, и ќе му биде простено.+

5 Ако некој*+ згреши така што чул јавна клетва,+ а не сака да открие+ што видел како сведок или што знае за тоа,* ќе одговара за својот престап.

2 И кога некој* ќе се допре до нешто нечисто, до мрша од нечисто диво животно, до мрша од нечисто домашно животно или до мрша од други нечисти животни што ги има наоколу во голем број,+ дури и да не е свесен за тоа,+ сепак станал нечист и е виновен.+ 3 Или, ако се допре до нечистотија од човек, до каква и да е човечка нечистотија+ од која може да стане нечист, дури и да не е свесен за тоа, кога ќе дознае, виновен е.

4 Ако некој* непромислено се заколне+ со своите усни дека ќе направи зло+ или добро — во врска со што и да е во кое човек би можел непромислено да се заколне+ — дури и да не бил свесен за последиците, кога ќе стане свесен за нив, виновен е.

5 А ако биде виновен за нешто од тоа, тогаш нека признае+ каде згрешил. 6 И за гревот што го направил нека му донесе на Јехова жртва за вина,+ женка од ситната стока, јагне или јаре,+ како жртва за грев. И свештеникот нека изврши за него обред на очистување за неговиот грев.+

7 Но, ако нема пари за да набави грло од ситната стока,+ тогаш за гревот што го направил нека му донесе на Јехова како жртва за вина две грлици+ или два млади гулаба, едниот како жртва за грев,+ а другиот како жртва паленица. 8 Нека му ги донесе на свештеникот, а тој првин нека го принесе она што е одредено како жртва за грев. И да ѝ го засече+ вратот отспреди, но да не ѝ ја одвои главата. 9 Потоа со крвта од жртвата за грев нека го попрска жртвеникот од страната, а остатокот од крвта да се исцеди на подножјето од жртвеникот.+ Тоа е жртва за грев. 10 А другото ќе го принесе како жртва паленица според прописот.+ И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ за гревот што го направил, и ќе му биде простено.+

11 А ако нема пари+ за две грлици или за два млади гулаба, тогаш нека донесе како жртва за гревот што го направил десеттина ефа*+ фино брашно, како жртва за грев. Да не излева врз него масло+ и да не става темјан, зашто тоа е жртва за грев.+ 12 Нека му го донесе на свештеникот, а свештеникот нека земе од него полн грст како спомен,+ па нека го изгори на жртвеникот врз жртвите палени за Јехова.+ Тоа е жртва за грев.+ 13 Свештеникот нека изврши за тој човек обред на очистување+ за гревот што го направил, за кој и да е од тие гревови, и ќе му биде простено. А она што ќе остане од жртвата нека му припадне на свештеникот,+ како и во случајот со житната жртва‘ “.

14 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 15 „Ако некој* постапи неверно и несакајќи згреши против Јеховините свети работи,+ тогаш од стадото, како своја жртва за вина,+ нека донесе за Јехова овен без недостаток, според вредноста одредена во сикли сребро,+ според светиот сикел.* Тоа е жртва за вина. 16 Нека даде надоместок, затоа што згрешил против светото место, и на тоа уште нека додаде една петтина од вредноста,+ па нека му го даде тоа на свештеникот за да изврши за него обред на очистување+ со овенот што се жртвува за вина, и ќе му биде простено.+

17 Ако некој* згреши правејќи нешто од сето она што Јехова заповедал да не се прави, дури и да било во незнаење,+ сепак е виновен и ќе одговара за својот престап.+ 18 Од стадото нека му донесе на свештеникот овен без недостаток како жртва за вина,+ според проценетата вредност. И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ за грешката што ја направил ненамерно, во незнаење, и ќе му биде простено.+ 19 Тоа е жртва за вина. Навистина му згрешил на Јехова“.+

6 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Ако некој* згреши и со тоа постапи неверно кон Јехова,+ па го измами+ својот ближен за нешто што му е доверено, или за залогот што му е предаден в раце,+ или за нешто грабнато, или ако го искористи својот ближен,+ 3 или ако најде нешто што било изгубено,+ па го затаи и се заколне лажно+ за каква и да е работа што човек може да ја направи и со тоа да згреши, 4 ако згреши на таков начин и стане виновен,+ тогаш нека го врати она што го грабнал или го изнудил со измама, или она што му било доверено на чување, или изгубеното што го нашол, 5 или сето она за кое лажно се заколнал, да го надомести+ тоа во целост и уште да додаде една петтина од вредноста. Уште во истиот ден кога ќе биде докажано дека е виновен да му го врати тоа на оној кому му припаѓа. 6 Како своја жртва за вина да му донесе на Јехова од стадото овен без недостаток,+ според проценетата вредност, и да му го предаде на свештеникот како жртва за вина.+ 7 И свештеникот нека изврши за него обред на очистување+ пред Јехова, и ќе му биде простено што и да сторил од сите оние дела со кои може да се навлече вина“.

8 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 9 „Заповедај им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртва паленица:+ жртвата паленица нека биде на огништето на жртвеникот цела ноќ до утрото, а огнот на жртвеникот нека гори постојано. 10 Свештеникот нека ја облече својата службена ленена облека+ и на своето тело нека облече ленени гаќи.+ Потоа нека ја собере мрсната пепел+ од жртвата паленица што огнот ја изгорува на жртвеникот и нека ја стави покрај жртвеникот. 11 Потоа нека ја соблече својата одежда+ и нека облече друга, па нека ја однесе мрсната пепел на чисто место надвор од логорот.+ 12 Огнот на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне. И свештеникот секое утро нека става дрва+ во огнот и врз нив нека ја става жртвата паленица. На него нека ги гори+ мрсните парчиња од жртвата на заедништвото. 13 Огнот+ на жртвеникот нека гори постојано. Не смее да згасне.

14 А ова е законот за житната жртва:+ синовите на Арон нека му ја принесуваат на Јехова пред жртвеникот. 15 Еден од нив нека земе грст од финото брашно од житната жртва и дел од маслото и сиот темјан што е на житната жртва, па тоа нека го изгори на жртвеникот за успокојувачки мирис за Јехова, како спомен+ на жртвата. 16 А она што ќе преостане, ќе го изедат Арон и неговите синови.+ Тоа да се јаде направено како бесквасен леб+ на свето место. Нека го јадат во дворот од шаторот на средбата. 17 Не смее да се пече со квасец.+ Им го давам тоа како нивни дел од моите палени жртви.+ Тоа е нешто најсвето,+ како и жртвата за грев и жртвата за вина. 18 Секој машки+ потомок на Арон нека јаде од него. Тоа ви е дел од жртвите палени за Јехова за навек,+ во вашите идни поколенија. Сѐ што ќе се допре до нив, ќе стане свето‘ “.

19 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 20 „Ова е жртвата+ што Арон и неговите синови треба да му ја принесат на Јехова на денот на неговото помазание:+ десеттина ефа+ фино брашно како редовна житна жртва,+ половината наутро, а половината навечер. 21 Нека биде зготвена со масло во тава.+ Донеси ја добро измешана. Принеси ги печените парчиња од житната жртва за успокојувачки мирис за Јехова. 22 Нека ја зготви и свештеникот, оној од неговите синови што ќе биде помазан наместо него.+ Ова е трајна уредба: таа жртва нека биде цела изгорена за Јехова.+ 23 Секоја житна жртва од свештеник+ треба да биде изгорена цела. Никој не смее да јаде од неа“.

24 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 25 „Кажи им на Арон и на неговите синови и речи им: ‚Ова е законот за жртвата за грев:+ на местото+ каде што обично се коле жртвата паленица, да се коле и жртвата за грев пред Јехова. Таа е нешто најсвето.+ 26 Кој свештеник ја принесува за грев, тој и нека ја јаде.+ Да се јаде на свето место,+ во дворот +од шаторот на средбата.

27 Сѐ што ќе се допре до нејзиното месо ќе стане свето,+ и ако некој ја попрска одеждата со нејзината крв,+ на свето место испери го она што го попрскал со крв.+ 28 Земјениот+ сад во кој се варело месото да се скрши. А ако се варело во бакарен сад, тогаш садот да се истрие и да се измие со вода.

29 Секој маж што е свештеник нека го јаде тоа.+ Тоа е нешто најсвето.+ 30 Но ниту една жртва за грев, чијашто крв+ ќе биде внесена во шаторот на средбата за да се изврши обредот на очистување на светото место, не смее да се јаде. Да се изгори во оган.

7 Ова е законот за жртвата за вина:+ таа е нешто најсвето.+ 2 На местото+ каде што обично се коле жртвата паленица, да се коле и жртвата за вина, а со нејзината крв+ свештеникот да го попрска+ жртвеникот од сите страни. 3 А од сиот нејзин лој+ нека ја принесе мрсната опашка, лојот што ги покрива цревата, 4 двата бубрега и лојот што е на нив и на слабините. А кошулката што е на црниот дроб нека ја извади заедно со бубрезите.+ 5 Свештеникот нека ги изгори на жртвеникот како жртва палена за Јехова.+ Тоа е жртва за вина. 6 Секој маж што е свештеник нека ја јаде.+ Нека се јаде на свето место. Таа е нешто најсвето.+ 7 Она што важи за жртвата за грев, важи и за жртвата за вина. Еден е законот за нив.+ Нека му припадне на свештеникот кој со неа го врши обредот на очистување.

8 На свештеникот, кој принесува жртва паленица за некого, нека му припадне кожата+ од жртвата паленица што ја принел.

9 Секоја житна жртва печена во печка+ и секоја пржена во котле+ или печена во тава+ му припаѓа на свештеникот што ја принел. Нека му припадне нему.+ 10 А секоја житна жртва замесена со масло+ или сува,+ нека им припадне на сите синови на Арон, секому еднакво.

11 Ова е законот за жртвата на заедништвото+ што ќе му се принесува на Јехова: 12 ако некој ја принесува како израз на благодарност,+ тогаш заедно со жртвата благодарница нека принесе бесквасни прстенести лебови замесени со масло и бесквасни кори намачкани со масло,+ како и добро замесени прстенести лебови од фино брашно измешано со масло. 13 Со прстенести лебови од потквасено+ тесто нека ја принесе својата жртва заедно со жртвата на заедништвото што ја принесува како благодарница. 14 Нека принесе по еден од секоја жртва, како дел посветен на Јехова.+ Тоа нека му припадне на свештеникот+ што го попрскува жртвеникот со крвта од жртвите на заедништвото. 15 Месото од жртвите на заедништвото принесени како благодарници да се јаде во истиот ден кога ја принел жртвата. Ништо од неа да не се остава до изутрината.+

16 Ако некој принесува жртва поради завет+ или доброволна жртва,+ неговата жртва нека се јаде на истиот ден кога се принесува. Ако остане нешто од неа, може да се јаде и утредента. 17 Но месото од жртвата што ќе остане на третиот ден да се изгори во оган.+ 18 Ако месото од неговата жртва на заедништвото се јаде и на третиот ден, оној што ја принесува нема да стекне Божја милост.+ Таа нема да биде прифатена,+ туку ќе се смета за нешто нечисто, и душата што ќе јаде од неа ќе одговара за својот престап.+ 19 Месото што ќе се допре до што и да е нечисто+ не смее да се јаде. Да се изгори во оган. А другото месо може да го јаде секој што е чист.

20 А душата што ќе јаде месо од жртвата на заедништвото принесена на Јехова, а нејзината нечистотија е на неа, таа душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ.+ 21 Ако некоја душа се допре до нешто нечисто — до човечка нечистотија,+ до нечисто животно+ или до нешто друго што е нечисто и одвратно+ — па потоа јаде месо од жртвата на заедништвото што му е принесена на Јехова, таа душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ‘ “.

22 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 23 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Не јадете лој+ од говеда, ниту од овци, ниту од кози. 24 Лој од пцовисано животно и лој од растргнато животно+ може да се употреби за што и да е, но никако не смеете да го јадете. 25 Кој ќе јаде лој од животно што го принесува како жртва палена за Јехова, тој* што го јаде да биде погубен+ и така да биде отстранет од неговиот народ.

26 На ниедно место во кое живеете не смеете да јадете никаква крв,+ ниту од птици ниту од други животни. 27 Ако некоја душа јаде каква и да е крв, таа душа да биде погубена,+ и така да биде отстранета од нејзиниот народ‘ “.

28 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 29 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Тој што му принесува на Јехова жртва на заедништвото, нека му принесе на Јехова дел од својата жртва на заедништвото.+ 30 Со свои раце нека го принесе лојот+ на градите како жртва палена за Јехова. Нека го принесе со градите, да се заниша како нишана жртва+ пред Јехова. 31 А свештеникот нека го изгори+ лојот на жртвеникот, а градите, пак, нека им припаднат на Арон и на неговите синови.+

32 Десниот бут од своите жртви на заедништвото давај му го на свештеникот како посветен дел.+ 33 На оној Аронов син што ги принесува крвта од жртвите на заедништвото и нивниот лој нека му припадне десниот бут.+ 34 Зашто, градите што се принесени како нишана жртва+ и бутот принесен како посветен дел ги земам од синовите на Израел, од нивните жртви на заедништвото, и им ги давам на свештеникот Арон и на неговите синови. Тоа е трајна уредба со која ги земам од синовите на Израел.

35 Тоа е свештеничкиот дел за Арон и свештеничкиот дел за неговите синови од жртвите палени за Јехова, од денот кога ги доведе+ за да му служат како свештеници на Јехова, 36 токму како што, на денот на нивното помазание, Јехова заповеда синовите на Израел да им го даваат тоа.+ Тоа е трајна одредба за нивните поколенија‘ “.+

37 Тоа е законот за жртва паленица,+ за житна жртва,+ за жртва за грев,+ за жртва за вина,+ за жртва за поставување во свештеничка служба+ и за жртва на заедништвото,+ 38 како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј на планината Синај+ во оној ден кога им заповеда на синовите на Израел да му ги принесуваат своите жртви на Јехова во Синајската Пустина.+

8 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Земи ги Арон и неговите синови со него,+ потоа одеждите,+ маслото за помазание,+ јунецот за жртва за грев,+ двата овна и кошницата со бесквасни лебови,+ 3 па собери ја целата заедница+ на влезот во шаторот на средбата“.+

4 Мојсеј направи така како што му беше заповедал Јехова, и заедницата се собра на влезот+ во шаторот на средбата. 5 Тогаш Мојсеј ѝ рече на заедницата: „Јехова заповеда да се прави ова“.+ 6 И Мојсеј ги доведе Арон и неговите синови и ги изми+ со вода.+ 7 Потоа му ја облече на Арон долгата кошула,+ го опаша со појасот,+ му ја облече туниката без ракави+ и му го стави ефодот,+ па го опаша со појасот+ од ефодот и му го затегна. 8 Потоа му го стави наградникот,+ а во наградникот ги стави Уримот и Тумимот.*+ 9 На глава му го стави турбанот,+ а отспреди на турбанот ја прицврсти сјајната златна плочка, светиот знак на предаденоста,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

10 Мојсеј тогаш го зеде маслото за помазание и ги помаза светиот шатор+ и сите свети работи во него и ги посвети. 11 Потоа со него седумпати го попрска жртвеникот и ги помаза жртвеникот+ и целиот негов прибор, мијалникот и неговото подножје за да ги посвети. 12 На крајот излеа од маслото за помазание врз главата на Арон и го помаза за да го посвети.+

13 Потоа Мојсеј ги доведе синовите на Арон+ и им облече долги кошули, ги опаша со појаси+ и околу главата им завитка покривала како капи,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

14 И го доведе јунецот+ за да биде жртвуван за грев, а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата+ на јунецот што беше жртвуван за грев. 15 Мојсеј потоа го закла,+ зеде од неговата крв+ и со прстот стави на роговите од сите страни на жртвеникот, и така го очисти жртвеникот од грев, а останатата крв ја излеа на подножјето од жртвеникот и го посвети за да го изврши на него обредот на очистување.+ 16 Потоа Мојсеј ги зеде сиот лој што беше на цревата, кошулката од црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој, и ги изгоре на жртвеникот.+ 17 А јунецот, неговата кожа, месото и лепешките ги изгоре во оган надвор од логорот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

18 Потоа го доведе овенот за жртва паленица, а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата на овенот.+ 19 Мојсеј го закла и со крвта го попрска жртвеникот од сите страни.+ 20 Мојсеј го исече овенот на парчиња,+ и ги изгоре главата, парчињата и лојот. 21 Мојсеј ги изми со вода цревата и потколениците, а потоа целиот овен го изгоре на жртвеникот.+ Тоа беше жртва паленица за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

22 Потоа го доведе вториот овен, овенот што се принесува за поставување во свештеничка служба,+ а Арон и неговите синови ги положија рацете врз главата на овенот. 23 И Мојсеј го закла, зеде од неговата крв и му стави на Арон на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога.+ 24 Потоа Мојсеј ги доведе синовите на Арон и им стави од крвта на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога. А со останатата крв Мојсеј го попрска жртвеникот од сите страни.+

25 Потоа ги зеде лојот, мрсната опашка, сиот лој што беше на цревата,+ кошулката од црниот дроб, двата бубрега и нивниот лој и десниот бут.+ 26 А од кошницата со бесквасни лебови, која стоеше пред Јехова, зеде еден бесквасен прстенест леб,+ еден прстенест леб направен со масло+ и една кора.+ Потоа ги стави врз мрсните делови и врз десниот бут. 27 Сето ова го стави во рацете на Арон и во рацете на неговите синови, па го заниша тоа како нишана жртва пред Јехова.+ 28 Потоа Мојсеј го зеде тоа од нивните раце и го изгоре на жртвеникот врз жртвата паленица.+ Тоа беше жртва што се принесува при поставување во свештеничка служба+ за успокојувачки мирис,+ жртва палена за Јехова.+

29 Мојсеј ги зеде градите,+ па ги заниша како нишана жртва пред Јехова.+ Тоа беше Мојсеевиот дел+ од овенот принесен за поставување во свештеничка служба, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

30 Мојсеј потоа зеде од маслото за помазание+ и од крвта што беше на жртвеникот, па со нив ги попрска Арон и неговата одежда, а со него и неговите синови и одеждите на неговите синови. Така ги посвети+ Арон и неговата одежда, а со него и неговите синови и одеждите на неговите синови.+

31 Потоа Мојсеј им рече на Арон и на неговите синови: „Сварете+ го месото на влезот во шаторот на средбата и таму јадете+ го лебот од кошницата што се користи при поставувањето во свештеничка служба, како што ми беше заповедано со зборовите: ‚Арон и неговите синови нека го јадат тоа‘. 32 А она што ќе остане од месото и од лебот, изгорете го во оган.+ 33 Седум дена+ не одете си од влезот во шаторот на средбата, сѐ додека не се навршат деновите на вашето поставување во свештеничка служба, зашто седум дена се потребни за да бидете овластени да служите како свештеници.*+ 34 Како што беше направено денес, така заповеда Јехова да се прави и во останатите денови за да се изврши за вас обредот на очистување.+ 35 Останете на влезот во шаторот на средбата седум дена,+ дење и ноќе, и вршете му на Јехова стражарска должност+ за да не загинете, зашто така ми е заповедано“.

36 И Арон и неговите синови направија сѐ што беше заповедал Јехова преку Мојсеј.

9 На осмиот+ ден Мојсеј ги викна Арон, неговите синови и старешините на Израел 2 и му рече на Арон: „Земи за себе едно теле како жртва за грев+ и еден овен како жртва паленица,+ двете без недостаток, и донеси ги пред Јехова.+ 3 А на синовите на Израел речи им вака: ‚Како жртва за грев земете еден јарец,+ како жртва паленица — теле и млад овен,+ годиначиња без недостаток, 4 како жртва на заедништвото+ земете еден јунец и еден овен за да ги жртвувате пред Јехова, и житна жртва+ замесена со масло, зашто денес ќе ви се покаже Јехова‘ “.+

5 И тие го доведоа пред шаторот на средбата она што Мојсеј заповеда да го донесат. Потоа пристапи целата заедница и застана пред Јехова.+ 6 И Мојсеј рече: „Ова ви го заповеда Јехова да го направите за да ви се покаже Јеховината слава“.+ 7 Потоа Мојсеј му рече на Арон: „Приближи се до жртвеникот и принеси ја својата жртва за грев+ и својата жртва паленица, па изврши го обредот на очистување+ за себе и за својот дом. Тогаш принеси ја жртвата на народот+ и изврши го за него обредот на очистување,+ како што заповеда Јехова“.

8 И Арон веднаш пријде до жртвеникот и го закла телето што беше одредено за него како жртва за грев.+ 9 Потоа синовите на Арон му ја донесоа крвта+ и тој го натопи прстот во крвта+ и стави од неа на роговите од жртвеникот,+ а останатата крв ја излеа на подножјето од жртвеникот. 10 Лојот,+ бубрезите и кошулката од црниот дроб од жртвата за грев ги изгоре на жртвеникот,+ како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј. 11 Месото и кожата ги изгоре во оган надвор од логорот.+

12 Потоа Арон ја закла жртвата паленица, а неговите синови му ја подадоа крвта, и тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 13 Му ја подадоа и жртвата паленица, исечена на парчиња, сосе главата, и тој го изгоре тоа на жртвеникот.+ 14 Понатаму, ги изми цревата и потколениците, па и нив ги изгоре на жртвеникот над жртвата паленица.+

15 Потоа ја принесе жртвата од народот.+ Го зеде јарецот што беше одреден за народот како жртва за грев, го закла и го принесе како жртва за грев, исто како претходната. 16 Тогаш ја донесе жртвата паленица и ја принесе според прописот.+

17 И ја принесе житната жртва,+ зеде од неа полн грст и ја изгоре на жртвеникот, иако веќе беше принесена утринската жртва паленица.+

18 Тогаш ги закла јунецот и овенот што беа одредени за народот како жртва на заедништвото.+ Потоа синовите на Арон му ја подадоа крвта, а тој со неа го попрска жртвеникот од сите страни.+ 19 А мрсните делови+ од јунецот, мрсната опашка+ од овенот, наслојките од лој на цревата, бубрезите и кошулката од црниот дроб — 20 тие мрсни делови ги ставија врз градите,+ а потоа тие мрсни делови тој ги изгоре на жртвеникот. 21 А градите и десниот бут Арон ги заниша како нишана жртва+ пред Јехова, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

22 Тогаш Арон ги крена рацете кон народот и го благослови.+ И откако ги принесе жртвата за грев, жртвата паленица и жртвата на заедништвото, слезе.+ 23 На крајот Мојсеј и Арон влегоа во шаторот на средбата, а кога излегоа, го благословија народот.+

Тогаш се покажа славата на Јехова+ пред целиот народ. 24 И излезе оган од Јехова+ и ги изгоре жртвата паленица и мрсните делови на жртвеникот. Кога го виде тоа, целиот народ почна да воскликнува+ и падна ничкум.

10 А Ароновите синови Надав и Авиуд+ ја зедоа секој својата кадилница,+ во нив ставија жар и врз него темјан,+ па почнаа да принесуваат пред Јехова недозволен оган,+ којшто тој не им го пропиша. 2 Тогаш излезе оган од Јехова и ги изгоре,+ така што загинаа пред Јехова.+ 3 А Мојсеј му рече на Арон: „Тоа е она што го кажа Јехова: ‚Меѓу оние што ми се близу+ ќе се посветам+ и пред лицето на целиот народ ќе се прославам‘ “.+ А Арон молчеше.

4 И Мојсеј ги викна Мисаил и Елисафан, синови на Ароновиот стрико Узиел,+ па им рече: „Пристапете и изнесете ги надвор од логорот своите браќа што се пред светото место“.+ 5 Тие пристапија и ги изнесоа во нивните долги кошули надвор од логорот, како што рече Мојсеј.

6 Потоа Мојсеј им рече на Арон, на Елеазар и на Итамар, другите негови синови: „Немојте да одите со разбушавена коса+ и немојте да ги раскинувате своите одежди за да не загинете и тој да не се разгневи на целата заедница.+ А вашите браќа, целиот Израелов дом, нека плачат поради огнот што го запали Јехова. 7 Не заминувајте од пред влезот во шаторот на средбата за да не загинете,+ зашто врз вас е Јеховиното масло за помазание“.+ И тие постапија според она што го кажа Мојсеј.

8 Тогаш Јехова му рече на Арон: 9 „Кога ќе влегувате во шаторот на средбата, немојте да пиете вино и опоен пијалак,+ ниту ти ниту твоите синови со тебе, за да не загинете. Тоа е трајна одредба за вашите поколенија, 10 за да можете да го разликувате она што е свето од она што не е свето и она што е нечисто од она што е чисто + 11 и за да ги учите синовите на Израел+ за сите уредби што им ги даде Јехова преку Мојсеј“.

12 Потоа Мојсеј им рече на Арон и на неговите преостанати синови Елеазар и Итамар: „Земете ја житната жртва+ што остана од жртвите палени за Јехова и јадете ја непотквасена покрај жртвеникот, зашто тоа е нешто најсвето.+ 13 Јадете ја на свето место,+ зашто тоа е делот што ви припаѓа тебе и на твоите синови од жртвите палени за Јехова; зашто, така ми е заповедано. 14 Градите што се принесуваат како нишана жртва+ и бутот што се принесува како посветен дел+ јадете ги на чисто место, ти и твоите синови и твоите ќерки со тебе,+ зашто тоа е делот што ти припаѓа тебе и на твоите синови од жртвите на заедништвото на Израеловите синови. 15 Нека се донесува бутот што се принесува како посветен дел и градите што се принесуваат како нишана жртва+ заедно со мрсните делови одредени за палени жртви, за да се принесе пред Јехова нишаната жртва. Тој дел нека ти припаѓа тебе+ и на твоите синови со тебе за навек, како што беше заповедал Јехова“.

16 А Мојсеј внимателно го бараше јарецот одреден за жртва за грев,+ но гледај, јарецот беше изгорен. Затоа им се налути на Елеазар и на Итамар, преостанатите синови на Арон, па рече: 17 „Зошто не ја јадевте жртвата за грев на свето место?+ Зашто, таа е нешто најсвето и тој ви ја даде за да одговарате за престапите на заедницата, за да го извршите за заедницата обредот на очистување пред Јехова.+ 18 А ете, крвта на жртвата не беше внесена во внатрешноста на светото место.+ Жртвата требаше да ја јадете на свето место, како што ми беше заповедано“.+ 19 Тогаш Арон му рече на Мојсеј: „Еве, денес ја принесоа својата жртва за грев и својата жртва паленица пред Јехова,+ по сето ова што ми се случи. А да ја јадев денес жртвата за грев, дали ќе беше Јехова задоволен со тоа?“+ 20 Кога го чу тоа, Мојсеј беше задоволен.

11 Јехова им рече на Мојсеј и на Арон: 2 „Кажете им на синовите на Израел и речете им: ‚Од сите четириножни животни што се на земјата можете да ги јадете+ овие: 3 меѓу четириножните животни можете да го јадете секое животно што има сосема раздвоени копита и прежива.+

4 Само овие што преживаат или имаат раздвоени копита не смеете да ги јадете: камилата, зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечиста.+ 5 Потоа пештерникот,+ зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечист. 6 И зајакот,+ зашто, иако прежива, нема раздвоени копита. Нека ви биде нечист. 7 Исто така и свињата,+ зашто, иако има сосема раздвоени копита, не прежива. Нека ви биде нечиста. 8 Не јадете го нивното месо и не допирајте ја нивната мрша.+ Нека ви бидат нечисти.+

9 Од сѐ што е во водата, можете да го јадете ова:+ сѐ што е во водата — било во морињата било во реките — сѐ што има перки и лушпи+ можете да го јадете. 10 А сето она што е во морињата и во реките и нема перки и лушпи — меѓу сите суштества со кои изобилува водата и меѓу сите живи души што се во водата — нека ви биде одвратно. 11 Нека ви биде одвратно. Не јадете го нивното месо+ и нека ви е одвратна нивната мрша. 12 Сѐ што е во водата, а нема перки и лушпи нека ви биде одвратно.

13 А од суштествата што летаат нека ви бидат одвратни овие,+ и да не се јадат зашто се одвратни: орелот,+ орелот рибар и темноглавиот мршојадец; 14 црвената луња и мрката луња+ според нивните видови; 15 сите гаврани+ според нивните видови; 16 нојот,+ бувот, галебот и соколот според нивните видови; 17 кукумјавката, корморанот и ушлестиот був;+ 18 лебедот, пеликанот и мршојадецот;+ 19 штркот и чапјата според нивните видови; пупунецот и лилјакот.+ 20 Сите крилести суштества што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе нека ви бидат одвратни.+

21 Од сите крилести суштества што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе можете да ги јадете само оние што над нозете за одење имаат и нозе за скокање со кои скокаат по земјата. 22 Од нив можете да ги јадете овие: скакулецот преселник+ според неговите видови, јастивиот скакулец+ според неговите видови, штурецот според неговите видови и скачката+ според нејзините видови. 23 А сите други крилести животни што ги има наоколу во роеви и одат на четири нозе нека ви бидат одвратни.+ 24 Од нив ќе станете нечисти. Кој ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта.+ 25 И кој ќе понесе мрша од кое и да е од нив, нека си ја испере+ облеката и нека биде нечист до вечерта.

26 Сите животни што имаат раздвоени копита, но не сосема раздвоени, и не преживаат, нека ви бидат нечисти. Кој ќе се допре до нив нека биде нечист.+ 27 А од сите животни што одат на четири нозе, нека ви биде нечисто сѐ што оди на шепи. Кој ќе се допре до нивната мрша, нека биде нечист до вечерта. 28 Кој ќе ја понесе нивната мрша,+ нека си ја испере облеката+ и нека биде нечист до вечерта. Нека ви бидат нечисти.

29 Од животните што ги има по земјата во голем број, нека ви бидат нечисти овие:+ кртот, скокајглушецот+ и гуштерот според неговите видови; 30 геконот, големиот гуштер, дождалецот, песочниот гуштер и камелеонот. 31 Од сите животни што ги има наоколу во голем број, тие нека ви бидат нечисти.+ Кој ќе ги допре мртви, нека биде нечист до вечерта.+

32 А она врз кое некое од нив ќе падне мртво, нека биде нечисто, било да е дрвен сад,+ облека, кожа+ или козина.+ Секој сад што се употребува да се стави во вода и да биде нечист до вечерта, а потоа пак ќе биде чист. 33 Ако падне нивната мрша во некој земјен сад,+ сѐ што е во него нека биде нечисто, а садот скршете го.+ 34 А која и да е храна што се јаде, ако дојде на неа вода од тој сад, нека биде нечиста, и секоја течност што се пие од таков сад е нечиста. 35 Сето она на кое ќе падне нивната мрша нека биде нечисто. Сеедно дали е печка или подножје за лонец, да се скрши. Нечисти се, па нека ви бидат нечисти и вам. 36 Само изворот и јамата каде што се собира водата остануваат чисти. А кој ќе се допре до мршата од тие животни, нека биде нечист. 37 Ако нивна мрша падне на семе од каква и да е билка што ќе се сее, тоа останува чисто. 38 Но, ако семето се натопи со вода, а потоа на него падне нешто од нивната мрша, нека ви биде нечисто.

39 Ако загине некое животно што ви служи за храна, оној што ќе се допре до неговата мрша нека биде нечист до вечерта.+ 40 Оној што ќе изеде+ нешто од неговата мрша нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта. И оној што ќе ја однесе неговата мрша нека си ја испере облеката и нека биде нечист до вечерта. 41 И сите ситни животни што ги има по земјата во голем број се одвратни.+ Не смее да се јаде од нив! 42 Ништо што се влече по мев,+ ништо што оди на четири нозе или што има повеќе нозе, од сите животни што ги има по земјата во голем број, да не јадете, зашто се одвратни.+ 43 Немојте да ги извалкате своите души со ниту едно од тие животни што ги има наоколу во голем број, немојте да се извалкате со нив, па да станете нечисти поради нив.+ 44 Зашто, јас сум Јехова, вашиот Бог.+ Посветете се и бидете свети,+ зашто јас сум свет.+ Затоа не валкајте ги своите души со ниту едно од животните што ги има на земјата во голем број. 45 Зашто, јас сум Јехова, јас ве изведувам од египетската земја за да ви бидам Бог.+ Бидете свети,+ зашто јас сум свет!+

46 Ова е законот за четириножните животни, за суштествата што летаат, за сите живи души што се движат во водата+ и за сите души што ги има на земјата во голем број, 47 за да се разликува+ нечистото од чистото, и животното што може да се јаде од она што не смее да се јаде‘ “.

12 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе забремени жена+ и ќе роди машко дете, нека биде нечиста седум дена. Нека биде нечиста како што е нечиста во деновите додека трае месечниот ред.+ 3 Во осмиот ден, детето нека биде обрежано.+ 4 А таа нека остане дома уште триесет и три дена за да се очисти од својата крв. Не смее да допира ништо свето, ниту да доаѓа на светото место додека не поминат деновите на нејзиното чистење.+

5 Ако роди женско дете, нека биде нечиста четиринаесет дена, како кога го има месечниот ред. Нека остане дома уште шеесет и шест дена за да се очисти од својата крв. 6 А штом ќе поминат деновите на нејзиното чистење — било за син било за ќерка — нека му донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата машко јагне старо до една година како жртва паленица,+ и млад гулаб или грлица+ како жртва за грев. 7 Тој нека го принесе тоа пред Јехова и нека го изврши за неа обредот на очистување, и така ќе биде чист изворот на нејзината крв.+ Тоа е законот за жената кога ќе роди било машко било женско дете. 8 Но, ако нема пари за да набави едно грло ситна стока, тогаш нека земе две грлици или два млади гулаба,+ едното како жртва паленица, а другото како жртва за грев, па свештеникот нека го изврши за неа обредот на очистување,+ и ќе биде чиста‘ “.

13 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 2 „Ако некому му се појават по кожата на телото бронки или краста+ или дамка, па се чини дека кожата од неговото тело е заразена со лепра,+ тој човек треба да биде доведен кај свештеникот Арон или кај еден од неговите синови свештеници.+ 3 И свештеникот нека го прегледа заболеното место на кожата од неговото тело.+ Ако влакната на тоа место се побелени и ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата на неговото тело, тогаш таа болест е лепра. Свештеникот нека го види заболеното место, па нека го прогласи таквиот за нечист. 4 Но, ако дамката на кожата од неговото тело е бела и не изгледа подлабока од кожата, а влакната на неа не побелеле, тогаш свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата+ седум дена. 5 Во седмиот ден свештеникот нека го прегледа, па ако се чини дека болеста престанала да се шири, дека болеста не се проширила по кожата, свештеникот нека го одвои од заедницата+ за уште седум дена.

6 Во седмиот ден свештеникот нека го прегледа по вторпат, па ако болеста избледнеала и не се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи таквиот за чист. Тоа е само краста. Тој човек нека си ја испере облеката, и ќе биде чист. 7 Но, ако крастата му се прошири по кожата откако дошол пред свештеникот за да го прогласи за чист, нека дојде и по вторпат пред свештеникот,+ 8 и свештеникот нека го прегледа. Ако крастата се проширила по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Тоа е лепра.+

9 Ако се појави на некој човек лепра, нека го одведат кај свештеникот. 10 Свештеникот нека го прегледа.+ Ако по кожата има бели бронки и ако влакната се побелени, а на местото каде што се бронките се појавила отворена рана,+ 11 тоа е долготрајна лепра+ на кожата од неговото тело. Свештеникот нека го прогласи за нечист. Нема потреба привремено да го одвојува од заедницата,+ зашто сигурно е нечист. 12 Ако лепрата избие по кожата и на болниот му ја покрие целата кожа од главата до петиците, сѐ што ќе видат очите на свештеникот, 13 кога свештеникот ќе го прегледа и ќе види дека лепрата му го прекрила целото тело, нека го прогласи болниот за чист. Поради тоа што сѐ побелело, тој е чист. 14 Но во оној ден кога на него ќе се појави отворена рана, ќе биде нечист. 15 Свештеникот+ нека ја прегледа отворената рана и нека го прогласи за нечист. Отворената рана е нечиста. Тоа е лепра.+ 16 Но, ако отворената рана се повлече и стане бела, човекот нека дојде кај свештеникот. 17 Свештеникот нека го прегледа+ и, ако заболеното место станало бело, свештеникот нека го прогласи болниот за чист. Тој е чист.

18 Ако некому на кожата од телото му се појави чир,+ па потоа се излечи, 19 а на местото на чирот се појават бели бронки или црвеникаво-бела дамка, тој човек нека му се покаже на свештеникот. 20 Свештеникот нека го прегледа+ тоа, па ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата и ако влакната на тоа место се побелени, свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Таа болест е лепра. Избила во чирот. 21 Но, ако свештеникот го прегледа заболеното место и види дека на него нема бели влакна, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е бледо, свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата+ седум дена. 22 Ако се шири по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Тоа е болест. 23 Но, ако дамката остане на местото и не се прошири, тогаш тоа е воспаление+ на чирот. Свештеникот нека го прогласи за чист.+

24 Ако некој има изгореница на кожата од телото, па на живото месо од изгореницата се појави црвеникаво-бела или бела дамка, 25 свештеникот нека го прегледа тоа место, па ако влакната на дамката се побелени и ако дамката изгледа подлабока од кожата, тогаш тоа е лепра. Избила во изгореницата, и свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Таа болест е лепра. 26 Но, ако свештеникот го прегледа тоа место и види дека нема бели влакна на дамката, дека местото не е подлабоко од кожата и дека е бледо, свештеникот нека го одвои таквиот од заедницата седум дена. 27 На седмиот ден свештеникот нека го прегледа. Ако дамката се шири по кожата, свештеникот нека го прогласи за нечист. Таа болест е лепра. 28 Но, ако дамката остане на местото и ако не се прошири по кожата и е бледа, тогаш тоа е дамка од изгореницата. Свештеникот нека го прогласи за чист. Тоа е воспаление на изгореницата.

29 Ако се појави некаква болест на главата или на брадата на маж или на жена, 30 свештеникот+ нека го види заболеното место. Ако трагите од болеста изгледаат подлабоки од кожата и ако влакната на тоа место се жолти и ретки, свештеникот нека го прогласи таквиот за нечист. Тоа е неприродно паѓање на влакната.+ Тоа е лепра на главата или на брадата. 31 Но, ако свештеникот го види заболеното место од кое неприродно паѓаат влакната и ако утврди дека трагите на болеста не се подлабоки од кожата и дека на него нема црни влакна, свештеникот нека го одвои од заедницата+ седум дена+ болниот на којшто му паѓаат влакната. 32 На седмиот ден свештеникот нека го види заболеното место од кое неприродно паѓаат влакната. Ако не се проширило и на него не се појавиле жолти влакна, и ако местото од кое паѓаат влакната+ не изгледа подлабоко од кожата, 33 болниот нека се избричи, но местото од кое неприродно паѓаат влакната нека не го бричи.+ И свештеникот повторно нека го одвои од заедницата за седум дена тој човек на кого му паѓаат влакната.

34 На седмиот ден, свештеникот нека го види местото од кое неприродно паѓаат влакната. Ако местото од кое неприродно паѓаат влакната не се проширило по кожата и ако не изгледа подлабоко од кожата, свештеникот нека го прогласи таквиот за чист,+ а тој нека си ја испере облеката и ќе биде чист. 35 Но, ако неприродното паѓање на влакната се прошири по кожата откако е прогласен за чист, 36 свештеникот+ нека го прегледа. И ако неприродното паѓање на влакната се проширило по кожата, свештеникот не треба да бара жолти влакна — човекот е нечист. 37 Но, ако се види дека неприродното паѓање престанало и дека на тоа место израснале црни влакна, неприродното паѓање на влакната е излечено. Човекот е чист, и свештеникот нека го прогласи за чист.+

38 Ако се појават дамки+ по кожата на телото на маж или на жена, и ако тие дамки се бели, 39 свештеникот+ нека ги прегледа. Ако дамките на кожата од нивното тело се бледи и бели, тогаш тоа се безопасни бронки. Избиле на кожата. Човекот е чист.

40 Ако на човек му падне косата од главата,+ тоа е ќелавост. Тој е чист. 41 Ако му падне косата од предната страна на главата, тоа е ќелавост на челниот дел. Тој е чист. 42 Но, ако по ќелавиот дел од темето или од челото се појави црвеникаво-бела болест, тоа е лепра што избила на ќелавиот дел од темето или на челото. 43 Свештеникот+ нека го прегледа. Ако на ќелавиот дел од темето или од челото има црвеникаво-бели бронки што изгледаат како лепра на кожата од човечко тело, 44 човекот е лепрозен. Нечист е. Свештеникот нека го прогласи за нечист. Болеста му е на главата. 45 А лепрозниот којшто ја има таа болест нека носи искината облека+ и косата нека му биде разбушавена.+ Нека ја покрие устата*+ и нека вика: ‚Нечист, нечист!‘+ 46 Во сите денови додека ја има болеста, ќе биде нечист. Нечист е. Нека живее одвоено. Живеалиштето нека му биде надвор од логорот.+

47 Ако лепрата се појави на облека — било на волнена било на ленена облека — 48 на основата+ или на потката од лен или од волна, или на кожа или на некаков предмет од кожа,+ 49 ако се појави жолтеникаво-зелена или црвеникава болест на облека, на кожа, на основа или на потка, или на каков и да било предмет од кожа, тоа е лепра и треба да му се покаже на свештеникот. 50 Свештеникот+ нека го види она на кое е болеста и нека го забрани пристапот+ до него седум дена. 51 Ако на седмиот ден види дека болеста се проширила по облеката, по основата или по потката,+ по кожата — по каков и да било предмет од кожа — тоа е заразна лепра.+ Тој предмет е нечист. 52 Нека ја изгори облеката, основата или потката од волна или од лен,+ или тој кожен предмет на којшто се појавила болеста, зашто тоа е заразна+ лепра. Да се изгори во оган.

53 Но, ако свештеникот види и утврди дека болеста не се проширила по облеката, по основата или по потката, или по каков и да е предмет од кожа,+ 54 свештеникот нека заповеда да се испере она на кое е болеста и нека го забрани пристапот до него уште седум дена. 55 И свештеникот нека ја види болеста откако предметот бил испран, па ако заболеното место изгледа исто, иако болеста не се проширила, тој предмет е сепак нечист. Изгори го во оган. Болеста го изгризала, сеедно дали од внатрешната или од надворешната страна.

56 Но, ако свештеникот види и утврди дека болеста избледнеала по перењето, нека го откине тој дел од облеката или од кожата, од основата или од потката. 57 Но ако сѐ уште се појавува на облеката, на основата и на потката,+ или на каков и да е предмет од кожа, тогаш болеста повторно избива. Изгори го+ во оган она на кое е болеста, сеедно што е тоа. 58 А облеката, основата или потката или предметот од кожа, сеедно каков е, кој си го испрал и од кој исчезнала болеста, испери го по вторпат и ќе биде чист.

59 Тоа е законот за лепра на облека од волна или од лен,+ на основа или на потка, или на каков и да е предмет од кожа, закон врз основа на кој некој предмет може да се прогласи за чист или за нечист“.

14 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Ова е законот за лепрозниот+ на денот на неговото прогласување за чист, кога треба да биде доведен кај свештеникот.+ 3 Свештеникот нека излезе од логорот и нека го прегледа. Ако лепрата на лепрозниот е излечена,+ 4 свештеникот нека заповеда тој за своето очистување да земе две живи чисти птици,+ кедрово дрво,+ светлоцрвен материјал+ и исоп.+ 5 И свештеникот нека заповеда едната птица да се заколе над земјен сад во кој има вода од поток.+ 6 Потоа нека ги земе живата птица, кедровото дрво, светлоцрвениот материјал и исопот, па сето тоа заедно со живата птица нека го натопи во крвта на птицата што е заклана над водата од поток. 7 Потоа со ова нека го попрска+ седумпати+ оној што се очистува од лепрата и нека го прогласи за чист.+ А живата птица нека ја пушти во полето.+

8 А оној што се очистува нека си ја испере облеката,+ нека ги избричи сите влакна и нека се искапе+ во вода, и така ќе биде чист. Потоа може да влезе во логорот, но нека живее надвор од својот шатор седум дена.+ 9 Во седмиот ден нека ја избричи сета коса,+ брадата и веѓите. Сите влакна нека ги избричи, па нека си ја испере облеката и нека го искапе телото во вода, и ќе биде чист.

10 Во осмиот+ ден нека земе две машки јагниња без недостаток и едно женско јагне без недостаток,+ годиначе, три десеттини ефа фино брашно за житна жртва+ замесена со масло, како и еден лог* масло.+ 11 Свештеникот што го прогласува за чист оној што се очистува нека го постави, заедно со тие работи, пред Јехова на влезот во шаторот на средбата. 12 Потоа свештеникот нека го земе едното машко јагне и нека го принесе како жртва за вина+ заедно со логот+ масло и сето тоа нека го заниша како нишана жртва+ пред Јехова. 13 Машкото јагне нека го заколе на местото+ каде што обично се колат жртвата за грев и жртвата паленица, на светото место,+ бидејќи жртвата за вина, исто како и жртвата за грев, му припаѓа на свештеникот.+ Тоа е нешто најсвето.

14 Потоа свештеникот нека земе од крвта на жртвата за вина и нека му стави од неа на оној што се очистува на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога.+ 15 Потоа нека земе од логот+ масло и нека го истури на дланката од левата рака. 16 И нека го натопи десниот прст во маслото што му е на левата дланка, па со маслото од прстот нека попрска седумпати+ пред Јехова. 17 Од преостанатото масло што му е на дланката свештеникот нека му стави на оној што се очистува на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога, врз крвта од жртвата за вина.+ 18 А маслото што ќе му остане на дланката нека му го излее врз главата на оној што се очистува. Така свештеникот ќе го изврши за него пред Јехова обредот на очистување.+

19 И свештеникот нека ја принесе жртвата за грев+ и нека го изврши обредот на очистување за оној што се очистува од својата нечистотија. Потоа нека ја заколе жртвата паленица. 20 И свештеникот+ нека ги принесе на жртвеникот жртвата паленица и житната жртва+ и нека го изврши за него обредот на очистување,+ и човекот ќе биде чист.+

21 Но, ако е сиромашен+ и нема пари за да го набави сето тоа,+ нека земе едно машко јагне како жртва за вина за да биде принесено како нишана жртва и да се изврши за него обредот на очистување. И нека земе една десеттина ефа фино брашно замесено со масло како житна жртва, еден лог масло 22 и две грлици+ или два млади гулаба, според своите можности, едното како жртва за грев, а другото како жртва паленица. 23 Во осмиот ден+ нека му ги донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата+ пред Јехова, за да биде прогласен за чист.+

24 Свештеникот нека ги земе јагнето за жртва за вина+ и логот масло, па нека ги заниша пред Јехова како нишана жртва.+ 25 И нека го заколе јагнето како жртва за вина, па нека земе од крвта на жртвата за вина и нека му стави од неа на оној што се очистува на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога.+ 26 Потоа свештеникот нека истури од маслото на дланката од левата рака.+ 27 Со десниот прст нека земе од маслото што му е на левата дланка, па нека попрска+ седумпати пред Јехова. 28 Потоа од маслото што му е на дланката нека му стави на оној што се очистува на ресичката од десното уво, на палецот од десната рака и на палецот од десната нога, врз крвта на жртвата за вина.+ 29 А маслото што ќе му остане на дланката нека му го излее на главата+ на оној што се очистува, за да го изврши за него пред Јехова обредот на очистување.

30 И нека принесе една од грлиците или еден од младите гулаби, за кои имал пари за да ги набави,+ 31 едното што успеал да го набави како жртва за грев,+ а другото како жртва паленица+ заедно со житната жртва. И свештеникот нека го изврши пред Јехова обредот на очистување+ за оној што се очистува.

32 Тоа е законот за оној што заболел од лепра, а нема пари за да го набави она што се бара кога го прогласуваат за чист“.

33 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 34 „Кога ќе дојдете во ханаанската земја,+ која ви ја давам да ја поседувате,+ ако пуштам лепра на некоја куќа во земјата што ќе ја заземете,+ 35 оној чија е куќата нека дојде и нека му го јави тоа на свештеникот, велејќи: ‚Во куќата ми се појави нешто што изгледа како болест‘. 36 И свештеникот нека нареди куќата да се испразни пред да дојде тој да ја види болеста, за да не прогласи за нечисто сѐ што е во куќата. Потоа свештеникот нека дојде да ја прегледа куќата. 37 Доколку при прегледот установи дека болеста се наоѓа на ѕидовите од куќата, и тоа во вид на жолтеникаво-зелени или црвеникави вдлабнатини, и дека тие изгледаат подлабоки од површината на ѕидот, 38 свештеникот нека излезе од куќата низ куќната врата и нека го забрани пристапот+ во куќата за седум дена.

39 На седмиот ден свештеникот нека се врати и нека ја прегледа+ куќата. Ако болеста се проширила по ѕидовите на куќата, 40 свештеникот нека нареди да ги извадат+ камењата на кои има болест и да ги фрлат надвор од градот на некое нечисто место. 41 И нека заповеда целата куќа однатре да се иструже и глинениот малтер што го истругале да се истури надвор од градот на некое нечисто место. 42 Потоа нека земат други камења и нека ги вметнат на местото на претходните. И нека заповеда да земат друга глина и куќата повторно да се малтериса.

43 Но ако болеста се врати и пак избие во куќата, откако камењата биле извадени, а куќата била истругана и повторно малтерисана, 44 тогаш свештеникот+ нека дојде и нека ја прегледа куќата. Ако болеста се проширила по куќата, тогаш во куќата има заразна лепра.+ Куќата е нечиста. 45 Нека заповеда куќата да се урне, а нејзините камења, дрвената граѓа и сета глина со која била малтерисана куќата да се однесат надвор од градот на некое нечисто место.+ 46 И секој што ќе влезе во куќата во кој и да е ден додека е забранет пристапот во неа,+ ќе биде нечист до вечерта.+ 47 Оној што ќе легне во куќата, нека си ја испере облеката,+ и оној што ќе јаде во куќата, нека си ја испере облеката.

48 Но, ако свештеникот дојде и ја прегледа куќата, па види дека болеста не се проширила по куќата откако била малтерисана, свештеникот нека ја прогласи куќата за чиста, зашто болеста е излечена.+ 49 За да ја очисти обредно куќата* нека земе две птици,+ кедрово дрво,+ светлоцрвен материјал+ и исоп. 50 Нека ја заколе едната птица над земјен сад во кој има вода од поток.+ 51 Потоа нека ги земе кедровото дрво, исопот,+ светлоцрвениот материјал и живата птица и сето тоа нека го натопи во крвта на закланата птица и во поточната вода, па со тоа нека попрска+ накај куќата седумпати.+ 52 И нека ја очисти обредно куќата* со крвта на птицата, со поточната вода, со живата птица, со кедровото дрво, со исопот и со светлоцрвениот материјал. 53 Потоа нека ја пушти живата птица во полето надвор од градот, и нека го изврши за куќата обредот на очистување,+ па ќе биде чиста.

54 Тоа е законот за секој вид лепра,+ за неприродно паѓање на влакната,+ 55 за лепра на облеката+ и на куќата, 56 за бронки, за красти и за дамки по кожата,+ 57 за да се поучи народот+ кога е нешто нечисто, а кога чисто. Тоа е законот за лепра“.+

15 Јехова понатаму им рече на Мојсеј и на Арон: 2 „Кажете им на синовите на Израел и речете им: ‚Кога некој човек има излив+ од половиот орган, неговиот излив е нечист. 3 Во ова се состои неговата нечистотија ако го има тој излив: сеедно дали неговиот полов орган го испушта изливот или изливот од половиот орган му е препречен, неговата нечистотија е на него.

4 Секоја постела на којашто ќе легне оној што има излив нека биде нечиста, и секој предмет на којшто ќе седне нека биде нечист. 5 Човекот што ќе се допре до неговата постела нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 6 Кој ќе седне на предметот на којшто седел оној што има излив, нека си ја испере+ облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 7 И кој ќе се допре до телото на оној што има излив,+ нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 8 Ако оној што има излив плукне на некој што е чист, тој нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 9 И секое седло+ на кое јавал оној што има излив нека биде нечисто. 10 И кој ќе се допре до нешто што го имал овој под себе, нека биде нечист до вечерта. Кој ќе понесе такво нешто, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 11 И секој до кого се допрел оној што има излив,+ а не си ги измил рацете во вода, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта. 12 Земјениот сад до кој се допрел оној што има излив да се скрши,+ а секој дрвен+ сад да се измие со вода.

13 Ако оној што има излив се очисти од својот излив, нека изброи седум дена за своето очистување.+ Нека си ја испере облеката и нека си го искапе телото во вода од поток,+ и ќе биде чист. 14 А во осмиот ден нека земе две грлици+ или два млади гулаба, па нека дојде пред Јехова на влезот од шаторот на средбата и нека му ги предаде на свештеникот. 15 Свештеникот нека ги принесе — едното како жртва за грев, а другото како жртва паленица+ — и нека го изврши за него пред Јехова обредот на очистување поради неговиот излив.

16 Кога на човек ќе му истече семе,+ нека си го искапе целото тело во вода и нека биде нечист до вечерта. 17 Секоја облека и секоја кожа на која ќе истече семе нека се испере со вода и нека биде нечиста до вечерта.+

18 Ако човек легне со жена, па му истече семе, двајцата нека се искапат во вода и нека бидат нечисти+ до вечерта.

19 Кога некоја жена има излив, и тоа излив на крв од телото,+ нека биде нечиста седум дена поради месечниот ред.+ И кој ќе се допре до неа, нека биде нечист до вечерта. 20 На што и да легне таа додека е нечиста поради месечниот ред, тоа нека биде нечисто,+ и на што и да седне, тоа нека биде нечисто. 21 Кој ќе се допре до нејзината постела, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 22 И кој ќе се допре до каков и да е предмет на којшто седела таа, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ 23 И ако седела на постела или на некој друг предмет, оној што ќе се допре до тоа+ нека биде нечист до вечерта. 24 Ако маж легне со неа, па нечистотијата од месечниот ред дојде на него,+ нека биде нечист седум дена, и секоја постела на која ќе легне тој нека биде нечиста.

25 Ако жената крвави многу денови+ подолго од вообичаеното време на својата месечна нечистотија, или ако крвавењето ѝ трае подолго отколку што трае периодот на месечната нечистотија,+ тогаш сите денови во кои има нечисто крвавење се сметаат за денови на нејзината месечна нечистотија. Жената е нечиста. 26 За секоја постела на која ќе легне во кој и да е ден од своето крвавење важи истото како и за постелата во времето на нејзината месечна нечистотија.+ И секој предмет на којшто ќе седне нека биде нечист како што е нечист и во времето на нејзината месечна нечистотија. 27 Кој ќе се допре+ до нив, нека биде нечист. Нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.

28 Но, ако таа се очисти од своето крвавење, нека изброи седум дена, а потоа нека биде чиста.+ 29 На осмиот ден нека земе две грлици+ или два млади гулаба и нека му ги донесе на свештеникот на влезот во шаторот на средбата.+ 30 Свештеникот нека го принесе едното како жртва за грев, а другото како жртва паленица.+ И нека го изврши за неа пред Јехова обредот на очистување+ поради нејзиното нечисто крвавење.

31 Одвраќајте ги синовите на Израел од нивната нечистотија, за да не загинат во својата нечистотија затоа што го оскверниле мојот свет шатор што е меѓу нив.+

32 Тоа е законот за човек што има излив,+ за човек кому му истекло семе,+ па поради тоа станал нечист, 33 за жена која е нечиста поради својот месечен ред,+ за секој што има излив+ — било машко било женско — а и за човек што ќе легне со нечиста жена‘ “.

16 По смртта на двајцата синови на Арон, кои загинаа бидејќи недостојно му пристапија на Јехова,+ Јехова му се обрати на Мојсеј. 2 И Јехова му рече на Мојсеј: „Кажи му на брат ти Арон да не влегува во секое време во светото место+ зад завесата,+ пред поклопецот што е на ковчегот, за да не загине.+ Зашто, јас ќе се појавувам во облакот+ над поклопецот.+

3 Арон нека влегува на светото место+ со следново: со јунец како жртва за грев+ и со овен како жртва паленица.+ 4 Нека ја облече долгата света ленена кошула,+ на телото нека облече ленени гаќи,+ нека се опаше со ленен појас+ и околу главата нека намота ленен турбан.+ Тоа е света одежда.+ Нека си го искапе телото во вода,+ па потоа нека ја облече таа одежда.

5 Од заедницата на синовите на Израел+ нека земе два млади јарца како жртва за грев+ и еден овен како жртва паленица.+

6 И Арон нека го принесе јунецот што е одреден за него како жртва за грев,+ и нека го изврши обредот на очистување+ за себе+ и за својот дом.+

7 Потоа нека ги земе двата јарца и нека ги постави пред Јехова на влезот од шаторот на средбата. 8 Арон нека фрли ждрепка+ за тие два јарца, едната ждрепка за Јехова, а другата за Азазел.*+ 9 И Арон нека го принесе јарецот на којшто паднала ждрепката+ за Јехова, нека го принесе како жртва за грев.+ 10 А јарецот на којшто паднала ждрепката за Азазел нека го постави жив пред Јехова за да го изврши за него обредот на очистување и потоа да го испрати+ за Азазел во пустината.+

11 И Арон нека го принесе јунецот што е одреден за него како жртва за грев, и нека го изврши обредот на очистување за себе и за својот дом. Па нека го заколе јунецот што е одреден за него како жртва за грев.+

12 Потоа нека ја земе кадилницата+ полна со вжарени јаглења од огнот на жртвеникот+ што е пред Јехова, и еден полн грст+ фин мирислив темјан+ и нека ги внесе зад завесата.+ 13 Нека го стави темјанот на огнот пред Јехова+ за чадот од темјанот да го покрие поклопецот од ковчегот+ што е на Сведоштвото,+ за да не загине.

14 Потоа нека земе од крвта+ на јунецот и со крвта од прстот нека попрска пред поклопецот на источната страна, со крвта од прстот нека попрска+ пред поклопецот седум пати.+

15 Нека го заколе јарецот одреден за жртва за грев на народот,+ и нека ја внесе неговата крв зад завесата,+ па нека го направи со неговата крв+ она што го направи со крвта на јунецот. Нека попрска со неа накај поклопецот и пред поклопецот.

16 И нека го изврши обредот на очистување за светото место поради нечистотиите+ на синовите на Израел, поради престапите* што ги направиле во сите свои гревови.+ Така нека направи за шаторот на средбата што се наоѓа меѓу нив, среде нивните нечистотии.

17 Никој друг не смее да биде во шаторот на средбата од оној момент кога тој ќе влезе да го изврши обредот на очистување на светото место додека не излезе. И нека го изврши обредот на очистување за себе,+ за својот дом и за целата израелска заедница.+

18 Потоа нека излезе кај жртвеникот+ што е пред Јехова и за него нека го изврши обредот на очистување. Нека земе од крвта на јунецот и од крвта на јарецот и нека стави од неа на роговите од сите страни на жртвеникот.+ 19 И со крвта од прстот нека го попрска+ жртвеникот седум пати и така нека го очисти и освети од нечистотиите на синовите на Израел.

20 Кога ќе го заврши обредот на очистување+ за светото место, за шаторот на средбата и за жртвеникот, нека го доведе и живиот јарец.+ 21 И Арон нека ги положи обете раце+ врз главата на живиот јарец и нека ја признае+ над него сета вина+ на синовите на Израел и сите престапи што ги направиле во сите свои гревови.+ Нека му ги стави врз главата на јарецот+ и нека го испрати во пустината+ со раката на човек кој е спремен да го одведе.+ 22 Така јарецот ќе ја однесе на себе во пуст предел+ целата нивна вина.+ Нека го испрати јарецот во пустината.+

23 А Арон нека влезе во шаторот на средбата и нека ја слече ленената одежда што ја облекол кога влегол на светото место, и таму нека ја остави.+ 24 Потоа нека го искапе телото во вода+ на свето место,+ нека ја облече својата одежда,+ па нека излезе и нека ги принесе својата жртва паленица+ и жртвата паленица одредена за народот+ и нека го изврши обредот на очистување за себе и за народот.+ 25 Лојот од жртвата за грев нека го изгори на жртвеникот.+

26 А оној+ што го одвел јарецот за Азазел+ нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода,+ па потоа може да влезе во логорот.

27 Потоа нека заповеда да ги однесат надвор од логорот јунецот за жртвата за грев и јарецот за жртвата за грев, чијашто крв била внесена за да се изврши обредот на очистување на светото место. И нека ги изгорат во оган нивните кожи, месото и лепешките.+ 28 Оној што ќе ги гори, нека си ја испере облеката и нека си го измие телото со вода, па потоа може да влезе во логорот.

29 Ова нека ви биде трајна одредба:+ во седмиот месец,* на десеттиот ден од тој месец,+ жалостете ги своите души*+ и не вршете никаква работа,+ ниту родениот Израелец ниту дојденецот што живее меѓу вас. 30 Зашто, во тој ден за вас ќе се изврши обред на очистување+ за да бидете прогласени за чисти. Ќе бидете чисти пред Јехова од сите ваши гревови.+ 31 Тоа нека ви биде ден за одмор,*+ за потполн одмор, и во тој ден жалостете ги вашите души. Тоа е трајна одредба.

32 Свештеникот што ќе биде помазан+ и овластен* да служи како свештеник+ кој го наследил+ својот татко, нека изврши обред на очистување и нека ја облече ленената одежда.+ Тоа е света одежда.+ 33 И нека изврши обред на очистување за светото светилиште,+ а и за шаторот+ на средбата и за жртвеникот+ нека изврши обред на очистување; нека изврши обред на очистување за свештениците и за целиот народ во заедницата.+ 34 Тоа нека ви биде трајна одредба,+ за еднаш годишно да се изврши обред на очистување за синовите на Израел поради сите нивни гревови“.+

И тој направи така како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

17 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на Арон, на неговите синови и на сите синови на Израел и речи им: ,Еве што заповеда Јехова:

3 „Секој од домот на Израел што ќе заколе јунец или млад овен или јарец во логорот или, пак, ќе го заколе надвор од логорот, 4 а не го донесе на влезот од шаторот на средбата+ за да го принесе како жртва за Јехова пред шаторот на Јехова, секој таков ќе биде виновен за крв. Пролеал крв и затоа да се погуби и така да се отстрани од неговиот народ,+ 5 за синовите на Израел да ги доведуваат животните кои досега ги колеа во полето.+ Нека му ги доведат на Јехова на влезот во шаторот на средбата, кај свештеникот,+ и нека му ги принесат на Јехова како жртва на заедништвото.+ 6 И свештеникот нека го попрска со крв Јеховиниот жртвеник+ на влезот во шаторот на средбата, а лојот+ нека го изгори за успокојувачки мирис за Јехова.+ 7 И своите жртви повеќе да не им ги принесуваат на демоните со јарешки лик,*+ кои ги почитуваат.*+ Тоа ви е трајна одредба од поколение во поколение“ ‘.

8 И речи им: ‚Секој од домот на Израел или од дојденците што живеат меѓу вас, кој ќе принесе жртва паленица+ или некоја друга жртва, 9 а не ја доведе на влезот во шаторот на средбата за да му ја принесе на Јехова,+ таквиот да биде погубен и така да биде отстранет од неговиот народ.+

10 Ако некој од домот на Израел или некој дојденец што живее меѓу вас јаде каква и да е крв,+ ќе се свртам против таквиот човек*+ што ќе јаде крв, па ќе го погубам, и така ќе го отстранам од неговиот народ. 11 Зашто, душата на телото е во крвта+ и јас ви ја одредив за жртвеникот за очистување+ на вашите души; крвта+ е она што врши очистување,+ бидејќи душата е во неа. 12 Затоа им реков на синовите на Израел: „Ниту една душа меѓу вас не смее да јаде крв и ниту еден дојденец што живее меѓу вас+ не смее да јаде крв“.+

13 Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат меѓу вас, кој ќе фати во лов некаков дивеч или птица што може да се јаде, нека ѝ ја пролее крвта+ и нека ја затрупа со земја.+ 14 Зашто, душата на секое тело е неговата крв, бидејќи душата е во неа. Затоа им реков на синовите на Израел: „Не смеете да ја јадете крвта од ниту едно тело, зашто душата на секое тело е неговата крв.+ Секој што ќе јаде од неа, ќе биде погубен“.+ 15 Секој* што ќе јаде нешто пцовисано или нешто што го растргнала ѕверка,+ било да е роден Израелец било да е дојденец, нека си ја испере облеката, нека се искапе во вода и нека биде нечист до вечерта.+ Потоа ќе биде чист. 16 Но, ако не си ја испере облеката и не го искапе телото, ќе одговара за својот престап‘ “.+

18 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Јас сум Јехова, вашиот Бог.+ 3 Немојте да го правите она што се прави во египетската земја, во која живеевте;+ немојте да го правите ни она што се прави во ханаанската земја, во којашто ве водам.+ Не живејте* по нивните одредби. 4 Постапувајте според моите закони,+ држете ги моите одредби+ и живејте* по нив.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог. 5 Држете ги моите одредби и моите закони, зашто оној што ги држи, ќе има живот преку нив.+ Јас сум Јехова.+

6 Никој од вас да не му се приближува на својот близок крвен роднина за да ја открие неговата голотија.+ Јас сум Јехова. 7 Не откривај ја голотијата на татка си+ ниту голотијата на мајка си. Таа ти е мајка. Не откривај ја нејзината голотија.

8 Не откривај ја голотијата на жената на татко ти.+ Тоа е голотија на татко ти.

9 Не откривај ја голотијата на сестра си, ќерката на татко ти или ќерката на мајка ти, било да е родена во истата куќа било надвор од неа.+

10 Не откривај ја голотијата на ќерката на твојот син ниту на ќерката на твојата ќерка, зашто тие се твоја голотија.

11 Не откривај ја голотијата на ќерката на жената на татко ти, која е потомок на татко ти, зашто ти е сестра.

12 Не откривај ја голотијата на сестрата на татко ти. Таа е во крвно сродство со твојот татко.+

13 Не откривај ја голотијата на сестрата на мајка ти, зашто е во крвно сродство со мајка ти.

14 Не откривај ја голотијата на братот на татко ти. Немој да се доближуваш до неговата жена. Таа ти е стрина.+

15 Не откривај ја голотијата на својата снаа.+ Таа е жена на твојот син. Не откривај ја нејзината голотија.

16 Не откривај ја голотијата на жената на својот брат.+ Тоа е голотија на твојот брат.

17 Не откривај ја голотијата на жена и на нејзината ќерка.+ Немој да ја земеш ќерката на нејзиниот син ниту ќерката на нејзината ќерка за да ја откриеш нејзината голотија. Тие се во крвно сродство. Тоа би било бесрамно.+

18 Додека е жива жена ти, немој да ја земеш покрај неа и нејзината сестра за да ѝ биде соперничка,+ и така да ја откриеш нејзината голотија.

19 Не доближувај се до жена за да ја откриеш нејзината голотија додека е нечиста поради својот месечен ред.+

20 Немој да имаш полови односи со жената* на својот ближен за да не станеш нечист со тоа.+

21 Не давај го своето дете за да му биде предадено*+ на Молох.+ Не осквернувај+ го на тој начин името на својот Бог. Јас сум Јехова.+

22 Не легнувај со машко+ како што легнуваш со жена.+ Тоа би било одвратно.

23 Немој да имаш полови односи со животно*+ за да не станеш нечист со тоа. Жена не смее да застане пред животно за да има полов однос со него.+ Тоа би било противприродно.

24 Немојте да се извалкате со ништо такво, зашто со сето тоа се валкаа народите што јас ги гонам од пред вас.+ 25 Затоа земјата е нечиста, па ќе ја казнам за нејзините престапи, и земјата ќе ги изблуе своите жители.+ 26 А вие држете ги моите одредби и моите закони+ и не правете ниту една од тие гнасотии; нека не ги прави ниту родениот Израелец ниту дојденецот што живее меѓу вас,+ 27 зашто сите тие гнасотии ги прават луѓето што дојдоа во таа земја пред вас,+ и земјата стана нечиста. 28 Ако ги држите, нема да ја извалкате земјата и таа нема да ве изблуе, како што ќе ги изблуе народите што дојдоа таму пред вас.+ 29 Ако некој направи која и да било од сите тие гнасотии, оние* што ќе направат такво нешто ќе бидат погубени и така ќе бидат отстранети од својот народ.+ 30 Извршувајте ги своите должности кон мене и немојте да прифаќате ниту еден од одвратните обичаи што се правеа пред вас+ за да не станете нечисти со нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.

19 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи ѝ на целата заедница од синови на Израел и речи им: ‚Бидете свети,+ зашто сум свет јас, Јехова, вашиот Бог!+

3 Секој нека се бои од својата мајка и од својот татко.+ И држете ги моите денови за одмор.*+ Јас сум Јехова, вашиот Бог. 4 Не свртувајте се кон безвредни богови+ и не правете си леани богови.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.

5 Ако му принесувате на Јехова жртва на заедништвото,+ принесете ја така, што ќе стекнете милост.+ 6 Нека се јаде во денот кога ја жртвувате или утредента, а она што ќе остане до третиот ден, да се изгори во оган.+ 7 А ако се јаде нешто од тоа во третиот ден, нечисто е.+ Бог нема да ја прифати таа жртва.+ 8 А оној што ќе јаде, ќе одговара за својот престап,+ бидејќи го обесветил она што му е свето на Јехова. Таквата душа да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ.

9 Кога ќе ја жнеете жетвата на својата земја, не дожнивајте до меѓите на својата нива и не доприбирајте ги остатоците по вашата жетва.+ 10 Исто така, не собирајте ги остатоците+ во своето лозје и не собирајте го грозјето расфрлено по вашето лозје. Оставете му ги на страдалникот и на дојденецот.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.

11 Не крадете,+ не лажете+ и не мамете го својот ближен.+ 12 Не колнете се лажно во моето име+ за да не го оскверните името на својот Бог. Јас сум Јехова. 13 Не искористувај го својот ближен+ и не грабај го туѓото.+ Платата на наемникот да не остане кај тебе преку ноќта до изутрина.+

14 Немој да го колнеш глувиот, ниту да ставаш пречка пред слепиот.+ Бој се од својот Бог.+ Јас сум Јехова.

15 Не судете неправедно. Не биди пристрасен кон сиромавиот+ и не давај му предност на големецот.+ Суди му по правда на својот ближен.

16 Не разнесувај клевети меѓу својот народ.+ Не станувај против крвта на својот ближен.+ Јас сум Јехова.

17 Не мрази го својот брат во своето срце.+ Должен си да го укориш својот ближен+ за да не носиш вина за грев заедно со него.

18 Не одмаздувај се+ и не држи лутина кон синовите на својот народ.+ Сакај го својот ближен како самиот себе.+ Јас сум Јехова.

19 Држете ги моите одредби: не вкрстувајте ја својата стока со друг вид. Не сеј ја својата нива со два вида семе.+ Не ставај на себе облека ткаена од два вида преѓа.+

20 Ако човек легне со жена и исфрли семе, а таа е слугинка што е одредена за друг, но уште не е ниту откупена ниту ослободена, треба да бидат казнети. Но да не бидат погубени, бидејќи таа не била ослободена. 21 Тој нека му ја донесе на Јехова својата жртва за вина на влезот од шаторот на средбата — овен како жртва за вина.+ 22 И свештеникот, со тој овен што се принесува како жртва за вина, нека изврши за него пред Јехова обред на очистување за направениот грев. И гревот што го направил ќе му биде простен.+

23 Кога ќе влезете во земјата и ќе посадите некаква овошка, нејзините плодови сметајте ги за нечисти, како необрежан човек. Три години сметајте ја за „необрежана“. Немојте да јадете од неа. 24 Во четвртата година сите нејзини плодови+ ќе станат свети за празнична свеченост во чест на Јехова.+ 25 А во петтата година можете да ги јадете нејзините плодови, и нејзиниот род ќе ви се зголеми.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.

26 Не јадете ништо со крв.+

Не прорекувајте по знаци+ и не правете магии.+

27 Не стрижете ја косата на слепоочниците и не нагрдувајте ги краевите на својата брада.+

28 Не сечете се по телото за мртовец,*+ и немојте да си цртате знаци* по кожата. Јас сум Јехова.

29 Не обесчестувај ја својата ќерка давајќи ја за јавна блудница,+ за земјата да не се оддаде на блуд и да не се исполни со разврат.+

30 Држете ги моите денови за одмор+ и имајте страхопочит кон моето светилиште.+ Јас сум Јехова.

31 Не обраќајте им се на оние што повикуваат духови+ и не прашувајте ги за совет оние што претскажуваат настани,+ за да не станете нечисти поради нив. Јас сум Јехова, вашиот Бог.

32 Пред седа глава стани,+ почитувај го лицето на стар човек+ и бој се од својот Бог.+ Јас сум Јехова.

33 Ако меѓу вас живее дојденец што се населил во вашата земја, немојте да постапувате лошо со него.+ 34 Дојденецот што живее меѓу вас нека ви биде како роден Израелец. Сакајте го како самите себе,+ зашто и вие бевте дојденци во египетската земја.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.

35 Не вршете неправда при судењето,+ ниту при мерењето на должина, тежина+ или течност. 36 Вагата нека ви биде точна,+ теговите точни, ефата точна и инот точен. Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја. 37 Држете ги сите мои одредби и сите мои закони и вршете ги.+ Јас сум Јехова‘ “.

20 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Вака речи им на синовите на Израел: ‚Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој ќе му го даде своето дете на Молох,+ да биде погубен. Народот* да го каменува до смрт. 3 А јас ќе се свртам против тој човек, ќе го погубам и така ќе го отстранам од неговиот народ+ зашто му го дал своето дете на Молох за да го извалка моето свето место+ и да го оскверни моето свето име.+ 4 И ако народот* намерно ги затвори очите пред тој човек кога тој му го дава своето дете на Молох и не го погуби,+ 5 тогаш јас ќе се свртам против тој човек и против неговиот род,+ па ќе го погубам, и така ќе ги отстранам од неговиот народ и него и сите оние што заедно со него го почитуваат+ Молох.*

6 Ако некоја душа им се обрати на оние што повикуваат духови+ или на претскажувачи на настани,+ постапувајќи со тоа неверно кон мене,* ќе се свртам против таа душа и ќе ја погубам, и така ќе ја отстранам од нејзиниот народ.+

7 Посветете се и бидете свети,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог. 8 Држете ги моите одредби и вршете ги.+ Јас сум Јехова, јас ве посветувам.+

9 Ако некој човек ги проколне татка си или мајка си,+ да биде погубен.+ Ги проколнал својот татко и својата мајка. Неговата крв нека падне на него.+

10 Човекот што ќе направи прељуба со жената на друг човек, направил прељуба со жената на својот ближен.+ Таквиот да биде погубен — и прељубникот и прељубницата.+ 11 Човекот што ќе легне со жената на својот татко ја открил голотијата на татка си.+ Обајцата да бидат погубени. Нивната крв нека падне на нив. 12 Ако човек легне со својата снаа, обајцата да бидат погубени.+ Направиле нешто противприродно. Нивната крв нека падне на нив.+

13 Ако маж легне со маж како што се легнува со жена, обајцата извршиле одвратен чин.+ Да бидат погубени. Нивната крв нека падне на нив.

14 Ако човек си земе жена, а со неа и нејзината мајка, тоа е бесрамно дело.+ Да бидат погубени и изгорени во оган,+ и тој и тие, за да не се прават бесрамни дела+ меѓу вас.

15 Човекот кој ќе има полови односи со животно*+ да биде погубен, а убијте го и животното. 16 Ако некоја жена му пријде на некое животно за да има полов однос со него,+ убијте ги и жената и животното. Да бидат убиени. Нивната крв нека падне на нив.

17 Ако човек ја земе својата сестра, ќерката на својот татко или ќерката на својата мајка, па ја види нејзината голотија и таа ја види неговата голотија, тоа е срамота.+ Да бидат погубени пред очите на синовите на својот народ. Ја открил голотијата на сестра си. Нека одговара за својот престап.

18 Ако човек легне со жената додека таа го има својот месечен ред, па ја открие нејзината голотија, го открил нејзиниот извор и таа самата го открила изворот на својата крв.+ Обајцата да бидат погубени, и така да бидат отстранети од својот народ.

19 Не откривај ја голотијата на сестрата на мајка ти,+ ниту на сестрата на татко ти,+ зашто би ја открил голотијата на своите крвни роднини.+ Нека одговараат за својот престап. 20 Човекот што ќе легне со својата стрина ја открива голотијата на својот стрико.+ Нека одговараат за својот грев. Ќе умрат без деца.+ 21 Ако човек ја земе жената на својот брат, тоа е нешто гнасно.+ Ја открил голотијата на брата си. Ќе останат без деца.

22 Држете ги сите мои одредби+ и сите мои закони+ и вршете ги, за да не ве изблуе земјата во која ве водам за да живеете во неа.+ 23 Немојте да живеете* според обичаите на народите што ги гонам од пред вас,+ зашто тие го правеа сето тоа и затоа ми се одвратни.+ 24 Затоа ви реков:+ „Вие ќе ја заземете нивната земја — земја во која тече мед и млеко — и јас ќе ви ја дадам да ја заземете.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве одвои од тие народи“.+ 25 Правете разлика помеѓу чисто и нечисто животно, и помеѓу нечиста и чиста птица.+ Не валкајте си ја душата+ со какво и да е животно или птица или со што и да е друго што се движи по земјата, кое ви го одвоив прогласувајќи го за нечисто. 26 Бидете свети за мене,+ зашто јас, Јехова, сум свет.+ И јас ве одвојувам од другите народи за да бидете мои.+

27 А мажот или жената кои ќе повикуваат духови или ќе гатаат,+ да бидат погубени.+ Да бидат каменувани до смрт. Нивната крв нека падне на нив‘ “.+

21 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: „Кажи им на свештениците, на синовите на Арон, и речи им: ‚За мртовец* никој да не се валка во својот народ.+ 2 Но, за блиски крвни роднини, за својата мајка, за својот татко, за својот син, за својата ќерка, за својот брат 3 и за својата сестра — девица, која била близок член на семејството и уште немала маж — заради неа може да се извалка. 4 Но, во својот народ да не се валка заради жена која му припаѓа на некој маж,* за да не се оскверни со тоа. 5 Да не ја бричат главата,+ да не ги потсечуваат краевите на брадата+ и да не прават засеци по своето тело.+ 6 Нека му бидат свети на својот Бог+ и нека не го осквернуваат името на својот Бог,+ зашто принесуваат жртви палени за Јехова, храната на својот Бог.+ Затоа, нека бидат свети.+ 7 Нека не се женат со јавна блудница,+ ниту со обесчестена жена; и да не се женат+ со жена од која нејзиниот маж се развел,+ зашто свештеникот е свет за својот Бог. 8 Посвети го,+ зашто тој му принесува храна на твојот Бог. Нека ти биде свет,+ зашто сум свет јас, Јехова, и јас ве посветувам.+

9 Ако ќерката на некој свештеник се обесчести, оддавајќи се на јавен блуд, таа го обесчестува својот татко. Да биде погубена и изгорена во оган.+

10 А оној што е првосвештеник меѓу своите браќа, на чијашто глава е излеано маслото на помазание+ и којшто е овластен* да ја носи свештеничката одежда,+ да не оди со разбушавена коса+ и да не ја раскинува одеждата.+ 11 Да не приоѓа до никаков мртовец.*+ Не смее да се извалка ниту заради својот татко ниту заради својата мајка. 12 И да не излегува од светилиштето за да не го оскверни светилиштето на својот Бог,+ зашто тој го носи на себе знакот на предаденоста, Божјето масло за помазание.+ Јас сум Јехова.

13 За жена нека земе девица.+ 14 Да не се жени ниту со вдовица, ниту со разведена, ниту со обесчестена, ниту со јавна блудница, туку нека земе за жена девица од својот народ. 15 Нека не го осквернува своето потомство меѓу својот народ,+ зашто јас сум Јехова, јас го посветувам‘ “.+

16 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 17 „Кажи му на Арон и речи му: ‚Никој, од кое и да е идно поколение на твоето потомство, што има некаков телесен недостаток,+ не смее да пристапи за да му ја принесе храната на својот Бог.+ 18 Ако некој има некаков недостаток, не смее да пристапува: никој што е слеп, или сакат, или со осакатен нос, или кому еден дел од телото му е предолг,+ 19 никој што има скршена нога или скршена рака, 20 кој е грбав, неприродно слаб, со болни очи, крастав или со лишај, или, пак, има згмечени семеници.+ 21 Никој од семето на свештеникот Арон што има недостаток да не пристапува за да принесува жртви палени за Јехова.+ Има недостаток. Да не пристапува за да му ја принесува храната на својот Бог.+ 22 Таквиот може да ја јаде храната на својот Бог — од најсветите работи+ и од светите работи.+ 23 Но нека не се доближува до завесата+ и нека не му пристапува на жртвеникот+ зашто има недостаток.+ Да не го осквернува моето светилиште,+ зашто јас сум Јехова, јас ги посветувам‘ “.+

24 И Мојсеј им го кажа сето тоа на Арон, на неговите синови и на сите синови на Израел.

22 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на Арон и на неговите синови да внимаваат да не ги обесчестат светите работи на Израеловите синови и да не го осквернуваат моето свето име+ со работите што ми ги посветуваат.+ Јас сум Јехова. 3 Речи им: ‚Ако некој од сите ваши потомци, во вашите идни поколенија, им пристапи на светите работи, коишто синовите на Израел му ги посветуваат на Јехова, додека неговата нечистотија е на него,+ таквиот* да биде погубен и така да биде отстранет од пред моето лице. Јас сум Јехова. 4 Никој од потомците на Арон кој е лепрозен+ или има излив+ да не јаде од светите работи додека не стане чист;+ ниту оној што ќе се допре до човек што се извалкал со мртовец,*+ ниту оној кому му истекло семе,+ 5 ниту оној што ќе се допре до некое од суштествата што ги има наоколу во голем број и кои се нечисти за него,+ ниту оној што ќе се допре до човек што за него е нечист поради неговата нечистотија.+ 6 Оној* што ќе се допре до такво нешто нека биде нечист до вечерта и нека не јаде ништо од светите работи, туку нека го искапе телото во вода.+ 7 А штом ќе зајде сонцето, пак е чист, и потоа може да јаде од светите работи, зашто тоа му е храна.+ 8 Нека не јаде пцовисано, ниту раскинато од ѕверови за да не се извалка со тоа.+ Јас сум Јехова.

9 Нека ги извршуваат своите должности кон мене за да не си навлечат грев и да не загинат+ поради тоа што ги осквернуваат светите работи. Јас сум Јехова, јас ги посветувам.

10 Никој од обичниот народ да не го јаде она што е свето.+ Ниту доселеник, кој е кај некој свештеник, ниту наемник да не го јаде она што е свето. 11 Но, ако свештеникот купи некоја душа за пари, таа смее да го јаде тоа. И робовите родени во негова куќа смеат да го јадат неговиот леб.+ 12 Ако ќерка на свештеник се омажи за некој од обичниот народ, таа не смее да јаде од принесените свети работи. 13 Но, ако ќерка на свештеник остане вдовица или нејзиниот маж се разведе од неа, а таа нема деца и се врати во татковата куќа како во својата младост,+ тогаш смее да јаде од татковиот леб.+ Но никој од обичниот народ не смее да јаде од него.

14 Ако некој несакајќи јаде нешто свето,+ нека му додаде една петтина од вредноста+ на тоа што е свето и нека му го даде на свештеникот. 15 Свештениците не смеат да ги осквернат светите работи на синовите на Израел, кои тие му ги принесуваат на Јехова,+ 16 за да не им навлечат ним казна за вина ако тие јадат од своите свети работи, зашто јас сум Јехова, јас ги посветувам‘ “.

17 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 18 „Кажи им на Арон, на неговите синови и на сите Израелови синови и речи им: ‚Секој од домот на Израел или од дојденците во Израел кој ја принесува својата жртва+ — било како завет+ било како доброволна жртва+ што му се принесува на Јехова како жртва паленица — 19 за да стекне милост,+ мора да принесе машко без недостаток,+ од говедата, од овците или од козите. 20 Сѐ што има каква и да било недостаток, да не го принесувате,+ зашто со тоа нема да стекнете милост.

21 Ако некој му принесува на Јехова жртва на заедништвото+ за да исполни некаков завет+ или за да даде доброволна жртва, за да стекне милост, мора да принесе животно без недостаток, било од крупната било од ситната стока. Таа не смее да има никаков недостаток. 22 Никакво животно што е слепо, или има скршеница, или е пресечено, или има брадавица, или е краставо или има лишај,+ да не му го принесуваш на Јехова ниту да го ставаш како жртва палена+ на жртвеникот за Јехова. 23 Говедо или овца на која некој дел од телото ѝ е предолг или прекраток+ можеш да ја принесеш како доброволна жртва, но ако ја принесеш поради завет, Бог нема да ја прифати таа жртва. 24 Животно со згмечени, здробени, откинати или одрежани семеници+ да не му жртвувате на Јехова, да не го принесувате во својата земја. 25 Ништо такво од раката на туѓинец не принесувајте го како храна на вашиот Бог, зашто тоа се животни со недостаток. Имаат недостаток.+ Бог нема да ги прифати‘ “.+

26 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 27 „Кога ќе се роди теле, јагне или јаре, нека остане седум дена со мајката,+ а од осмиот ден може да се принесува како жртва, како жртва палена за Јехова. 28 Не колете говедо, ниту овца, во ист ден со нејзиното младенче.+

29 Ако му жртвувате на Јехова жртва благодарница,+ жртвувајте ја за да стекнете милост. 30 Жртвата да се изеде уште во истиот ден.+ Не оставајте ништо од неа до утрото.+ Јас сум Јехова.

31 Држете ги моите заповеди и извршувајте ги.+ Јас сум Јехова. 32 Не осквернувајте го моето свето име,+ и јас ќе се посветам меѓу синовите на Израел.+ Јас сум Јехова, јас ве посветувам,+ 33 јас ве изведувам од египетската земја за да ви бидам Бог.+ Јас сум Јехова“.

23 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Јеховините празници+ што ќе ги објавувате+ во одредено време од годината се свети собири. А ова се моите празници:

3 Шест дена нека се извршува работата, а во седмиот ден е ден за одмор,* ден на потполн одмор,+ свет собир. Не работете никаква работа. Тоа е ден за одмор посветен на Јехова во сите места каде што живеете.+

4 Ова се Јеховините празници,+ свети собири,+ што ќе ги објавувате кога во одреденото време од годината ќе дојде времето за нив:+ 5 во првиот месец, во приквечерината* на четиринаесеттиот ден од месецот+ е Пасхата+ во чест на Јехова.

6 Во петнаесеттиот ден од тој месец е Празникот на бесквасните лебови во чест на Јехова.+ Седум дена јадете бесквасни лебови.+ 7 На првиот ден одржете свет собир.+ Не работете никаква тешка работа. 8 Седум дена принесувајте му на Јехова палена жртва. На седмиот ден одржете свет собир. Не работете никаква тешка работа‘ “.

9 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 10 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе дојдете во земјата што ви ја давам и кога во неа ќе ја ожнеете жетвата, донесете му на свештеникот сноп* од првините+ од својата жетва. 11 Тој нека го заниша снопот+ пред Јехова за да стекне милост за вас. Свештеникот нека го заниша утредента по денот за одмор. 12 На оној ден кога ќе го дадете снопот да се заниша, принесете му на Јехова јагне без недостаток, годиначе, како жртва паленица; 13 како нејзина житна жртва принесете две десеттини ефа фино брашно замесено со масло како жртва палена за Јехова за успокојувачки мирис; а како нејзина жртва налевница принесете четврт ин* вино. 14 Не смеете да јадете леб, ниту пржени зрна, ниту нови зрна, сѐ до денот+ кога ќе го принесете приносот на својот Бог. Тоа е трајна одредба за вашите поколенија во сите места каде што живеете.

15 Од првиот ден по денот за одмор, од денот кога ќе го донесете снопот за нишана жртва, избројте седум денови за одмор.*+ Нека поминат полни седум седмици. 16 Бројте до денот по седмиот ден за одмор, педесет дена,+ и принесете му на Јехова нова житна жртва.+ 17 Од своите домови донесете два леба+ за нишана жртва. Нека бидат направени од две десеттини ефа фино брашно. Нека бидат печени со квасец,+ како првини за Јехова.+ 18 Со лебовите принесете седум едногодишни машки јагниња без недостаток,+ еден јунец и два овна. Тоа нека биде жртва паленица за Јехова заедно со житната жртва и со жртвите налевници — тоа е жртва палена за успокојувачки мирис за Јехова. 19 Принесете едно машко јаре+ како жртва за грев и две машки јагниња, годиначиња, како жртва на заедништвото.+ 20 Свештеникот нека ги заниша+ тие две јагниња заедно со лебовите од првините како нишана жртва пред Јехова. Тоа е нешто свето за Јехова и нека му припадне на свештеникот.+ 21 На истиот тој ден објавете+ свет собир. Да не работите никаква тешка работа. Тоа е трајна одредба за вашите поколенија во сите места каде што живеете.

22 Кога ја жнеете жетвата на својата земја, никогаш не дожнивајте до меѓите на својата нива и не доприбирајте ги остатоците по својата жетва.+ Оставете им го тоа на страдалникот+ и на дојденецот.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.

23 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 24 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Во седмиот месец,+ првиот ден од месецот нека ви биде ден за потполн одмор, спомен огласен со трубење во труба,+ свет собир.+ 25 Да не работите никаква тешка работа, и принесете му на Јехова палена жртва‘ “.

26 Јехова уште му рече на Мојсеј: 27 „А десеттиот ден од тој седми месец е ден на очистување.+ Тогаш одржете свет собир; жалостете ги своите души+ и принесете му на Јехова палена жртва.+ 28 Во тој ден немојте да работите никаква работа, зашто тоа е ден на очистување кога за вас ќе се изврши обред на очистување+ пред Јехова, вашиот Бог. 29 Затоа, секоја душа која на тој ден нема да се жалости, да биде погубена, и така да се отстрани од нејзиниот народ.+ 30 Секоја душа што ќе работи каква и да е работа во тој ден, таа душа ќе ја погубам и така ќе ја отстранам од нејзиниот народ.+ 31 Да не работите никаква работа.+ Тоа е трајна одредба за вашите поколенија во сите места каде што живеете. 32 Тоа нека ви биде ден за одмор, за потполн одмор,+ и вечерта на деветтиот ден од месецот жалостете+ ги своите души. Својот ден за одмор држете го од вечер до вечер“.

33 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 34 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ,Од петнаесеттиот ден во тој седми месец, седум дена да се држи Празникот на сениците во чест на Јехова.+ 35 На првиот ден треба да има свет собир. Не работете никаква тешка работа. 36 Седум дена принесувајте му на Јехова палена жртва. На осмиот ден одржете свет собир,+ па принесете му на Јехова палена жртва. Тоа е свечен собир. Не работете никаква тешка работа.

37 Тоа се Јеховините празници+ што во одредено време од годината ќе ги објавувате како свети собири,+ за да му се принесе на Јехова палена жртва:+ жртвата паленица,+ житната жртва+ заедно со животинската жртва и жртвата налевница,+ како што е одредено за секој ден, 38 покрај Јеховините денови за одмор,+ покрај вашите дарови,+ покрај сите ваши заветни жртви+ и сите ваши доброволни жртви+ што му ги давате на Јехова. 39 А на петнаесеттиот ден од седмиот месец, кога ќе ги соберете плодовите од земјата, седум дена+ славете го Јеховиниот празник.+ Првиот ден нека биде ден на потполн одмор и осмиот ден нека биде ден на потполн одмор.+ 40 На првиот ден земете плодови од убави дрвја, палмови лисја,+ гранки од широколисни дрвја и од крајпоточни тополи, па веселете се+ седум дена пред Јехова, својот Бог. 41 И славете го како празник во чест на Јехова седум дена во годината.+ Тоа е трајна одредба за вашите идни поколенија — славете го во седмиот месец. 42 Седум дена живејте во сеници.+ Сите што се родени во Израел нека живеат во сеници,+ 43 за да знаат вашите идни поколенија+ дека јас направив синовите на Израел да живеат во сеници кога ги изведов од египетската земја.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.

44 И така Мојсеј им даде упатства на синовите на Израел во врска со Јеховините празници+ што требаше да ги слават во одредено време од годината.

24 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Заповедај им на синовите на Израел да ти донесат чисто масло од толчени маслинки за осветлувањето,+ за да се пали светилникот непрестајно.+ 3 Надвор од завесата на Сведоштвото во шаторот на средбата, Арон нека го одржува непрестајно за да гори пред Јехова од вечер до утро. Тоа е трајна одредба за вашите идни поколенија. 4 Светилките+ на светилникот+ од чисто злато нека ги одржува непрестајно пред Јехова.+

5 Земи фино брашно и од него испечи дванаесет прстенести лебови. Во секој леб нека има по две десеттини ефа. 6 Потоа нареди ги еден врз друг во два реда, по шест во еден ред,+ на масата од чисто злато пред Јехова.+ 7 На секој ред стави чист темјан, и тој нека служи како леб за потсетување,+ како жртва палена за Јехова. 8 Нека го реди пред Јехова на секој ден за одмор.*+ Тоа е траен сојуз со синовите на Израел. 9 Нека им припадне на Арон и на неговите синови,+ и нека го јадат на свето место,+ бидејќи тоа е нешто најсвето што му припаѓа на свештеникот од жртвите палени за Јехова. Тоа нека биде трајна уредба“.

10 А синот на една Израелка, чиј татко беше Египќанец,+ излезе меѓу синовите на Израел, па тој — синот на Израелката — се степа+ во логорот со еден Израелец. 11 Тогаш синот на Израелката почна да хули на Божјето име+ и да го колне.+ Затоа го одведоа кај Мојсеј.+ А мајката се викаше Селомит, беше ќерка на Даврин од племето на Дан. 12 И го ставија под стража+ додека не им се каже јасно што да прават со него според Јеховината реч.+

13 А Јехова му рече на Мојсеј: 14 „Оној што колнел изведи го надвор од логорот.+ И сите оние што го чуле нека положат рака+ врз неговата глава и целата заедница нека го каменува.+ 15 А ти кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој го проколне својот Бог, мора да одговара за својот грев. 16 Оној што ќе похули на Јеховиното име, да биде погубен.+ Целата заедница нека го затрупа со камења. Сеедно дали е дојденец или роден Израелец, ако похули на Божјето име, да биде погубен.+

17 Ако некој удри друг човек,* па тој умре, да биде погубен.+ 18 Кој ќе удри домашно животно,* па тоа пцовиса, нека даде надоместок за него — душа за душа.+ 19 Ако некој го повреди својот ближен, да му биде направено она што тој му го направил нему.+ 20 Скршеница за скршеница, око за око, заб за заб — истата повреда каква што тој му ја нанел на другиот да му се нанесе и нему.+ 21 Кој ќе удри животно, па тоа пцовиса,+ нека даде надоместок+ за него, но ако некој му нанесе смртен удар на човек, да биде погубен.+

22 Еден закон да важи за вас. Истото нека важи за дојденецот како и за родениот Израелец,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.+

23 Потоа Мојсеј им го пренесе ова на синовите на Израел, и тие го изведоа од логорот оној што колнеше, па го затрупаа со камења.+ И така синовите на Израел направија онака како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.

25 Јехова понатаму му рече на Мојсеј на планината Синај: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Кога ќе влезете во земјата што ви ја давам,+ земјата нека има време за одмор* посветено на Јехова.+ 3 Шест години сеј ја својата нива, шест години крој го своето лозје и собирај ги плодовите на земјата.+ 4 Но, седмата година нека биде за одмор, време за потполн одмор за земјата,+ одмор посветен на Јехова. Немој да ја сееш својата нива, ниту да го кроиш своето лозје. 5 Немој да го жнееш она што ќе порасне од истурено семе од претходната жетва, ниту да го береш грозјето од некроена лоза. Тоа нека биде година за потполн одмор за земјата. 6 Она што ќе го роди земјата кога ќе се одмора нека ви биде за храна: тебе, на твојот роб, на твојата робинка, на твојот наемник и на доселеникот — на дојденците што живеат со тебе — 7 и на твојот добиток и на дивите животни што се во твојата земја. Сите нејзини плодови нека бидат за јадење.

8 Изброј седум седмици од години за одмор,* седум пати по седум години, и така седумте седмици од години ќе ти изнесуваат четириесет и девет години. 9 А во седмиот месец, на десеттиот ден од тој месец,+ заповедај да се огласи рогот гласно.+ На денот на очистувањето+ нека се огласи рогот по целата ваша земја. 10 Посветете ја педесеттата година и објавете во земјата слобода за сите нејзини жители.+ Тоа нека ви биде проштална година,*+ па вратете се секој на своето наследство, вратете се секој кај својот род.+ 11 Педесеттата година нека ви биде проштална.+ Немојте да сеете, немојте да го жнеете она што ќе порасне од истурено семе и не берете грозје од некроена лоза.+ 12 Зашто, тоа е проштална година. Нека ви биде свет. Од полето јадете го она што ќе го роди земјата.+

13 Во таа проштална година, вратете се секој на своето наследство.+ 14 Затоа, кога ќе му продавате имот на својот ближен или кога ќе купувате нешто од раката на својот ближен, немојте да си нанесувате неправда еден на друг.+ 15 Според бројот на годините од последната проштална година купувај од својот ближен и според бројот на годините во кои ќе го собираш родот тој нека ти продава тебе.+ 16 Колку повеќе години толку поголема ќе биде и цената за која ќе ти го продава,+ а колку помалку години толку и продажната цена ќе биде пониска, зашто тој, всушност, ти го продава бројот на родовите. 17 Никој од вас да не му нанесува неправда на својот ближен,+ туку бојте се од својот Бог,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог.+ 18 Постапувајте според моите одредби, држете ги моите закони и постапувајте според нив. Тогаш ќе живеете без страв во својата земја.+ 19 И земјата ќе го дава својот плод,+ а вие ќе јадете до ситост и ќе живеете на неа без страв.+

20 Но ако речете: „Што ќе јадеме во седмата година кога нема ни да сееме ни да собираме род?“+ 21 — знајте дека ќе ви дадам благослов во шестата година, така што земјата ќе роди род за три години.+ 22 Во осмата година ќе сеете, но ќе јадете од стариот род до деветтата година. Додека не стигне нејзиниот род, ќе го јадете стариот.

23 Затоа земјата не смее да се продава засекогаш,+ зашто таа ми припаѓа мене,+ а во мои очи вие сте дојденци и доселеници.+ 24 Затоа во целата земја што ја поседувате мора да дадете право на откуп на земјата.+

25 Ако твојот брат осиромаши, па мора да продаде дел од своето наследство, нека дојде негов близок роднина како откупител и нека го откупи она што го продал неговиот брат.+ 26 Ако некој нема откупител, но со својата рака стекне средства и набави доволно пари за откуп, 27 нека ги изброи годините што поминале откако го продал и нека му го врати остатокот од парите на оној кому му го продал, па нека се врати на своето наследство.+

28 Но, ако не може да набави доволно за да му врати, она што го продал нека остане во рацете на купувачот до прошталната година.+ А во прошталната година да се врати наследството, па тој повторно нека дојде до своето наследство.+

29 Ако некој продаде куќа за живеење во обѕидан град, има право да ја откупи додека не се наврши една година од продажбата. Неговото право на откуп+ трае една година. 30 Но, ако не ја откупи во рок од една година, куќата во градот заграден со ѕид останува засекогаш во сопственост на купувачот од поколение во поколение. Ниту во прошталната година да не се враќа. 31 Но куќите во местата што немаат ѕидови околу себе нека се сметаат како полски имот. Тие можат да се откупуваат,+ и во прошталната година+ мора да бидат вратени.

32 А во левитските градови, левитите имаат трајно право на откуп+ на градските куќи кои се нивно наследство.+ 33 Ако левитскиот имот не биде откупен, продадената куќа во градот во кој левитот има свое наследство треба исто така да се врати во прошталната година.+ Зашто, куќите во левитските градови се нивно наследство меѓу синовите на Израел.+ 34 А полето за паша+ околу нивните градови не може да се продава, бидејќи тоа мора трајно да остане во нивна сопственост.

35 Ако твојот брат што е покрај тебе осиромаши и снема пари,+ помогни му.+ Нека живее со тебе како дојденец или доселеник.+ 36 Не земај од него камата, ниту добивка,+ туку бој се од својот Бог;+ и твојот брат нека живее со тебе. 37 Немој да му даваш пари на заем со камата+ и да му даваш храна за добивка. 38 Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја за да ви ја даде ханаанската земја+ и да ви биде Бог.+

39 Ако твојот брат што е покрај тебе осиромаши, па мора да ти се продаде,+ не искористувај го да ти служи како роб.+ 40 Нека биде кај тебе како наемник+ и како доселеник. Нека ти служи до прошталната година. 41 Потоа нека си отиде откај тебе, тој и неговите синови со него, па нека се врати кај својот род и нека се врати на имотот на своите предци.+ 42 Зашто, тие се мои робови, кои јас ги изведов од египетската земја.+ Нека не се продаваат самите себе како што се продаваат робови. 43 Немој да го угнетуваш и да постапуваш сурово со него,+ туку бој се од својот Бог.+ 44 Твојот роб и твојата робинка што ќе ги стекнеш нека бидат од народите што се околу вас — од нив можете да купите роб и робинка. 45 Можете да ги купувате и од синовите на доселениците што живеат кај вас+ како дојденци и од нивните семејства што живеат меѓу вас, а им се родиле во вашата земја. Тие нека станат ваша сопственост. 46 Предајте им ги во наследство на своите синови по вас за да ги наследат како трајна сопственост.+ Тие можат да работат за вас. Но не смеете да ги угнетувате своите браќа, синовите на Израел, ниту да постапувате сурово еден со друг.+

47 Ако дојденецот или доселеникот што е со тебе се збогати, а твојот брат покрај него осиромаши и мора да му се продаде на дојденецот или на доселеникот што е со тебе или на некој член од семејството на дојденецот, 48 откако ќе се продаде,+ тој го задржува правото да биде откупен.+ Некој од неговите браќа може да го откупи.+ 49 Може да го откупи и неговиот стрико или синот на неговиот стрико, а и кој и да било друг крвен роднина што е од неговото тело,+ некој од неговото семејство, може исто така да го откупи.

Или, ако самиот тој се збогати, самиот себе нека се откупи.+ 50 И со својот купувач нека го пресмета времето од годината кога му се продал до прошталната година,+ а парите за кои се продал мора да одговараат на бројот на годините.+ Времето што го поминал кај него нека му се смета како што се сметаат деновите на еден наемник.+ 51 Ако останале уште многу години, нека ја плати за својот откуп цената што е соодветна на парите за кои бил купен. 52 Но, ако останале уште неколку години до прошталната година,+ нека си го пресмета износот. Сразмерно на годините што му преостанале, нека плати за својот откуп. 53 Нека биде кај него како наемник+ од година в година. Нека не биде угнетуван пред твои очи и да не се постапува сурово со него.+ 54 Но, ако не може вака да се откупи себеси, тогаш нека биде ослободен во прошталната година,+ и тој и неговите синови со него.

55 Зашто, мене ми робуваат синовите на Израел. Тие се мои робови+ кои ги изведов од египетската земја.+ Јас сум Јехова, вашиот Бог.+

26 Не правете си безвредни богови,+ не подигајте си режани ликови,+ ни обредни столбови, и не поставувајте во својата земја камења украсени со слики+ за да се клањате пред нив,+ зашто јас сум Јехова, вашиот Бог. 2 Држете ги моите денови за одмор*+ и имајте страхопочит кон моето светилиште. Јас сум Јехова.

3 Ако живеете* според моите одредби, ако ги држите моите заповеди и ако постапувате според нив,+ 4 ќе ви давам дожд во право време,+ и земјата ќе го дава својот род,+ и дрвјата во полето ќе ги даваат своите плодови.+ 5 И вршидбата ќе ви го стигнува гроздоберот, а гроздоберот ќе ја стигнува сеидбата. Ќе го јадете својот леб до ситост+ и ќе живеете во својата земја без страв.+ 6 И ќе ѝ дадам мир на земјата,+ така што ќе почивате и никој нема да ве плаши.+ И ќе ги отстранам од земјата сите опасни ѕверови,+ и меч нема да поминува низ вашата земја.+ 7 Ќе ги гоните своите непријатели,+ а тие ќе паѓаат пред вас од меч. 8 Петмина од вас ќе гонат стотина, а стотина од вас ќе гонат десет илјади, и вашите непријатели ќе паѓаат од меч пред вас.+

9 Ќе се свртам кон вас+ и ќе ве направам плодни и ќе ве намножам,+ и ќе се држам за мојот сојуз со вас.+ 10 Ќе се храните со стариот род од претходната година,+ и ќе го изнесувате стариот за да направите место за новиот. 11 Ќе го поставам својот свет шатор меѓу вас+ и нема да ѝ бидете одвратни на мојата душа.+ 12 И ќе бидам меѓу вас и ќе бидам ваш Бог,+ а вие ќе бидете мој народ.+ 13 Јас сум Јехова, вашиот Бог, кој ве изведе од египетската земја за да не им служите повеќе како робови.+ Го скршив вашиот јарем и направив да одите исправено.+

14 Но, ако не ме послушате и не ги извршите сите овие заповеди,+ 15 ако ги отфрлите моите одредби+ и ако вашата душа ги замрази моите закони, па не ги извршите сите мои заповеди, и така го прекршите мојот сојуз,+ 16 тогаш ќе ви го направам ова: додека ве казнувам, ќе ви пуштам страв — офтика*+ и силна треска од која ќе ви гаснат очите+ и ќе ви се мачи душата.+ Залудно ќе го сеете семето, зашто ќе го јадат вашите непријатели.+ 17 Ќе се свртам против вас, па ќе ве поразат вашите непријатели.+ Ќе ве газат оние што ве мразат+ и ќе бегате кога никој нема да ве гони.+

18 Ако и покрај тоа не ме послушате, ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.+ 19 Ќе ја скршам вашата голема гордост и ќе направам вашето небо да биде како железо,+ а вашата земја како бакар. 20 Залудно ќе се троши вашата сила, зашто вашата земја нема да го дава својот род,+ ниту земните дрвја ќе ги даваат своите плодови.+

21 Ако и понатаму ми се спротивставувате и не сакате да ме послушате, ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.+ 22 Ќе ги испратам меѓу вас дивите полски животни,+ и тие ќе ви ги убијат децата,+ ќе ви ја исколат стоката, а вас ќе ве проретчат, така што ќе ви опустат патиштата.+

23 Ако не ве поправам ни со тоа,+ туку продолжите да ми се спротивставувате, 24 тогаш и јас ќе ви се спротивставам вам+ и самиот ќе ве удрам седумкратно за вашите гревови.+ 25 Ќе доведам против вас меч за да изврши одмазда+ поради сојузот.+ А вие ќе се соберете во своите градови, и јас ќе испратам чума меѓу вас+ и ќе бидете предадени во рацете на непријателот.+ 26 И кога ќе ви ги уништам резервите од леб,*+ десет жени ќе ви печат леб во само една фурна и ќе ви даваат леб со мера.+ И ќе јадете, но нема да се наситите.+

27 Ако не ме послушате ни тогаш, туку и понатаму ми се спротивставувате,+ 28 и јас ќе ви се спротивставам жестоко+ и самиот ќе ве казнам седумкратно за вашите гревови.+ 29 Ќе го јадете месото од своите синови и ќе го јадете месото од своите ќерки.+ 30 Ќе ги уништам вашите свети височинки,+ ќе ги соборам вашите сталки за кадилници и ќе ги положам вашите трупови врз труповите на вашите одвратни идоли,*+ и мојата душа ќе се гнаси од вас.+ 31 Вашите градови ќе ги предадам на меч,+ вашето светилиште ќе го опустошам+ и вашите успокојувачки мириси нема да ги мирисам.+ 32 Ќе ја опустошам земјата,+ така што вашите непријатели кои ќе живеат во неа ќе се вчудовидат од неа.+ 33 А вас ќе ве расеам меѓу народите+ и ќе извлечам од кориците меч против вас,+ па земјата ќе ви биде претворена во пустош,+ а градовите во пусти урнатини.

34 Тогаш земјата ќе го надомести своето време за одмор* во сите денови додека е пуста и додека сте во земјата на своите непријатели. Тогаш земјата ќе се одмора, зашто мора да го надомести своето време за одмор.+ 35 Во сите денови додека е пуста ќе се одмора, затоа што не се одморала тогаш кога требало да се одморате вие додека сте живееле во неа.

36 А на оние од вас што ќе останат живи,+ ним ќе им втерам страв во срцето во земјите на нивните непријатели. Ќе ги натера во бегство и шушкањето на лист носен од ветрот, па ќе бегаат како да бегаат од меч и ќе паѓаат, иако никој нема да ги гони.+ 37 Ќе се спрепнуваат еден од друг како да бегаат од меч, иако никој нема да ги гони. Не ќе можете да се одржите пред своите непријатели.+ 38 Ќе изгинете меѓу народите+ и ќе ве проголта земјата на вашите непријатели. 39 А оние од вас што ќе останат, ќе гнијат+ во земјите на своите непријатели поради своите престапи. И поради престапите на своите татковци+ ќе изгнијат како и тие. 40 Тогаш ќе го признаат својот престап+ и престапот на своите татковци, ќе признаат дека ми беа неверни и дека ми се спротивставуваа.+ 41 Затоа морав и јас да им се спротивставам ним+ и да ги одведам во земјата на нивните непријатели.+

Можеби тогаш нивното необрежано срце+ ќе се понизи,+ и тогаш ќе го исплатат долгот за својот престап. 42 И јас ќе се сетам на својот сојуз со Јаков;+ ќе се сетам и на својот сојуз со Исак+ и на својот сојуз со Авраам,+ а ќе се сетам и на земјата. 43 За сето тоа време земјата ќе биде напуштена зашто нив ќе ги нема, и ќе ги враќа своите години за одмор+ додека лежи пуста без нив и додека тие плаќаат за својот престап+ затоа што ги отфрлија моите закони+ и затоа што нивната душа ги замрази моите одредби.+ 44 Но и покрај сето тоа, додека се во земјата на своите непријатели, нема да ги отфрлам+ и нема да ми станат одвратни+ за да ги уништам и да го прекршам својот сојуз+ со нив. Зашто, јас сум Јехова, нивниот Бог. 45 Заради нив ќе се сетам на сојузот со нивните предци,+ кои ги изведов од египетската земја пред очите на другите народи+ за да бидам нивни Бог. Јас сум Јехова‘ “.

46 Тоа се уредбите, законските одлуки и законите+ што ги постави Јехова преку Мојсеј меѓу себе и синовите на Израел на планината Синај.+

27 Јехова понатаму му рече на Мојсеј: 2 „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Ако некој даде посебен завет+ принесувајќи му на Јехова души според вредноста што е одредена, 3 тогаш за машкото на возраст од дваесет до шеесет години нека се одреди вредност од педесет сикли* сребро, според светиот сикел.* 4 А за женско нека се одреди вредност од триесет сикли. 5 За машко на возраст од пет до дваесет години нека се одреди вредност од дваесет сикли, а за женско од десет сикли. 6 За машко на возраст од еден месец до пет години нека се одреди вредност од пет+ сикли сребро, а за женско од три сикли сребро.

7 Ако е на возраст од шеесет години нагоре, за машко нека се одреди вредност од петнаесет сикли, а за женско од десет сикли. 8 Но, ако е некој премногу сиромашен за да плати според вредноста што е одредена,+ нека го доведе лицето пред свештеникот, па свештеникот нека го процени.+ Свештеникот ќе го процени според она што може да го даде оној што се заветува.+

9 Ако станува збор за животно какво што му се принесува на Јехова за жртва, секое животно што му го дава на Јехова ќе биде свето.+ 10 Не може да го надомести, ниту да го замени — било добро за лошо било лошо за добро. Но, ако замени едно животно за друго, тогаш и првото животно и она со кое е заменето ќе бидат свети. 11 Ако приносот е некое нечисто+ животно, какво што не може да му се принесе на Јехова за жртва,+ нека го постави животното пред свештеникот,+ 12 па свештеникот нека процени дали е добро или лошо. Како ќе ја процени свештеникот вредноста,+ така нека биде. 13 А ако човекот посака да го откупи, нека додаде петтина+ кон вредноста што е одредена.

14 Ако некој ја посвети својата куќа за да биде света за Јехова, свештеникот нека процени дали е добра или лоша.+ Колку што ќе ја процени свештеникот, толкава треба да ѝ биде цената. 15 Но, ако оној што ја посветил својата куќа посака да ја откупи, кон парите нека додаде една петтина од нејзината проценета вредност,+ па нека биде негова.

16 Ако некој му посвети на Јехова парче земја од своето наследство,+ вредноста нека се процени сразмерно на количината семе што е потребно за да се посее: за еден гомер+ јачменово семе — педесет сикли сребро.* 17 Ако го посвети своето парче земја од прошталната година* натаму,+ цената на земјата нека биде според проценетата вредност. 18 Но, ако својата земја ја посветува по прошталната година, свештеникот нека му ја пресмета цената според годините што преостануваат до следната проштална година, и сразмерно на тоа нека се намали проценетата вредност.+ 19 Ако оној што ја посветил земјата посака да ја откупи, кон парите нека додаде една петтина од нејзината проценета вредност, и со тоа се потврдува дека е негова.+ 20 Но, ако не ја откупи земјата, туку таа му биде продадена на друг, повеќе не може да се откупи. 21 Кога земјата ќе биде вратена во прошталната година, нека му биде света на Јехова, како земја одредена за света цел.*+ Нека стане сопственост на свештеникот.+

22 Ако некој му посвети на Јехова земја што ја купил, која не е дел од неговото наследство,+ 23 свештеникот нека му ја пресмета вредноста сразмерно на бројот на годините што преостанале до прошталната година, па во тој ден нека ја исплати проценетата вредност.+ Тоа е нешто свето за Јехова.+ 24 Во прошталната година земјата ќе му биде вратена на оној од кого е купена, кому му припаѓа како наследство.+

25 Секоја проценка на вредноста нека се прави според светиот сикел. Еден сикел има дваесет гери.*+

26 Само првороденото од животните, кое како првородено и онака му припаѓа на Јехова,+ никој да не го посветува. Сеедно дали е грло од крупната или од ситната стока, тоа му припаѓа на Јехова.+ 27 Но ако е животното нечисто+ и тој сака да го откупи според проценетата вредност, кон неговата вредност нека додаде една петтина.+ А ако не биде откупено, нека го продадат според вредноста што е одредена.

28 Но ништо од она што е одредено за света цел,* кое некој од својот посед целосно ќе му го посвети на Јехова+ — било да е човек, било да е животно, било да е земја што ја поседува — не може да се продаде и ништо што е одредено за света цел* не може да се откупи.+ Тоа е нешто најсвето за Јехова. 29 Ниту еден човек што ќе биде одреден за погубување* не може да се откупи.+ Мора да биде погубен.+

30 Секоја десеттина+ од земјата, било да е од полските посеви било да е од плодовите од дрвјата, му припаѓа на Јехова. За Јехова тоа е нешто свето. 31 А ако некој посака да откупи дел од својата десеттина, кон нејзината вредност нека додаде една петтина.+ 32 Секоја десеттина од крупната или од ситната стока, сѐ што поминува под овчарскиот стап,+ секое десетто грло, нека биде свето за Јехова. 33 Да не се прегледува дали е стоката добра или лоша и да не се заменува. Ако сепак се замени, тогаш и првото животно и она со кое е заменето ќе бидат свети.+ Не смеат да се откупуваат‘ “.

34 Тоа се заповедите+ кои Јехова му ги даде на Мојсеј на планината Синај+ како заповеди за синовите на Израел.

„И го викна“ — хебрејски: Ваикра. Третата Мојсеева книга на хебрејски го добила името според овој уводен израз. Во Септуагинтата и Вулгатата се вика „Левит“.

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.

Буквално: „некоја душа“.

Со оглед на тоа што „медот“ бил принесуван како првина од плодовите, очигледно не станувало збор за пчелин мед, туку за овошен сируп (3Мо 2:12; 2Ле 31:5).

Буквално: „некоја душа“.

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Буквално: „некоја душа“.

Или: „така што одбива да сведочи кога ќе чуе јавна клетва, која го обврзува да го стори тоа“.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „некоја душа“.

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.

Буквално: „некоја душа“.

Види ги фуснотата за 2Мо 30:13 и додатокот 13.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „некоја душа“.

Буквално: „таа душа“.

Види ја фуснотата за 2Мо 28:30.

Буквално: „за да ви се наполнат рацете“. Види ги фуснотите за 2Мо 28:41 и за Ев 5:9.

Или: „мустаќите; горната усна“.

Еден лог е 0,31 литар. Види го додатокот 13.

Буквално: „За да ја очисти куќата од грев“.

Буквално: „нека ја очисти куќата од грев“.

Не е познато точното значење на изразот „за Азазел“. Изразот се користи во текстот во врска со јарецот што го испратиле во пустината. Спореди со 3Мо 16:10, 26.

Или: „бунтовите; бунтовничките престапи“.

Види го додатокот 14.

Со пост и со слични изрази на каење.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „и чија рака е наполнета“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.

Нивните поклоници, веројатно, ги замислувале како рунтави суштества слични на јарци.

Буквално: „со кои блудствуваат“. Види го додатокот 6.

Буквално: „таквата душа“.

Буквално: „Секоја душа“.

Буквално: „одете“.

Буквално: „одете“.

Буквално: „Не давај го своето семе на жената“.

Или: „да помине [низ оган]“.

Буквално: „Не давај го своето семе на животно“.

Буквално: „душите“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „за душа“, односно за мртва душа. Види го додатокот 2.

Или: „да се тетовирате“.

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).

Буквално: „блудствуваат со Молох“. Види го додатокот 6.

„Постапувајќи со тоа неверно кон мене“, или буквално: „за да блудствува со нив“.

Буквално: „кој ќе даде од своето семе на животно“.

Буквално: „одите“.

Буквално: „за душа“, односно за мртва душа. Види го додатокот 2.

Буквално: „сопственик (господар)“.

Буквално: „и чија рака е наполнета“. Види ги фуснотите за 2Мо 28:41; Ев 5:9 и 7:28.

Буквално: „души на мртовци“. Види го додатокот 2.

Буквално: „таа душа“.

Буквално: „душа“, односно мртва душа. Види го додатокот 2.

Буквално: „Душата“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

„Во приквечерината“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.

Или: „гомор“, околу 2,2 литри. Види го додатокот 13.

Еден ин е 3,67 литри. Види го додатокот 13.

Или: „седмици“. Буквално: „сабати“.

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „човечка душа“.

Буквално: „душа на домашно животно“.

Буквално: „нека држи сабат“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „сабати од години“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Или: „јубилеј; јубилејна година“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Буквално: „одите“.

„Туберкулоза“.

Или: „стаповите на кои висат прстенести лебови“. Буквално: „лебните стапови“.

Или: „лепешкави идоли“.

Буквално: „сабати“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.

Види го додатокот 13.

Види ја фуснотата за 2Мо 30:13.

Се сметало дека парчето земја на која можело да се насее еден гомер јачменово семе вреди 50 сикли сребро. Види го додатокот 13.

Или: „јубилејот; јубилејната година“.

Или: „земја која е херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Види го додатокот 13.

Или: „одредено за херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.

Или: „што е херем“.

Или: „што е херем“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели