Книга за Јов
1 Во земјата Уз+ живееше еден човек, кој се викаше Јов.*+ Тој човек беше непорочен*+ и праведен,+ се боеше од Бога+ и го одбегнуваше злото.+ 2 И му се родија седум синови и три ќерки.+ 3 Од стока+ имаше: седум илјади овци, три илјади камили, петстотини чифта говеда и петстотини магарици, како и мошне многу слуги. Тој човек беше најголемиот од сите луѓе на Истокот.+
4 А неговите синови одеа на гозби+ што ги приредуваше секој од нив наизменично во својата куќа, секој во својот ден. Испраќаа да ги викнат трите нивни сестри и ги повикуваа да јадат и да пијат со нив. 5 А кога ќе се изредеа деновите на гозбите, Јов испраќаше да ги викнат, па ги посветуваше.+ Ќе станеше рано наутро и ќе принесеше жртви паленици+ за секого од нив, зашто, Јов си велеше: „Можеби моите синови згрешиле и го проколнале+ Бог во своето срце“.+ Јов го правеше ова секогаш.+
6 И дојде денот што беше одреден за синовите* на Јехова, вистинскиот Бог,+ да застанат пред него,+ а меѓу нив+ дојде и Сатана.*
7 Тогаш Јехова го праша Сатана: „Од каде доаѓаш?“ А Сатана му одговори на Јехова: „Минував низ земјата+ и ја обиколував“.+ 8 Јехова, пак, му рече на Сатана: „Дали го забележа мојот слуга Јов? На земјата нема таков како него+ — човек беспрекорен+ и праведен,+ кој се бои од Бога+ и го одбегнува злото“.+ 9 Тогаш Сатана му одговори на Јехова: „Зарем Јов залудно се бои од Бог?+ 10 Зарем ти не ги огради и него+ и неговата куќа и сѐ што има секаде наоколу? Го благослови+ делото на неговите раце, и неговата стока се намножи по земјата. 11 Туку, те молам, пружи ја раката и допри сѐ што има, па види дали нема да те проколне в лице!“+ 12 Тогаш Јехова му рече на Сатана: „Еве, сѐ што има е во твои раце. Само врз него не кревај рака!“ И Сатана си замина од пред лицето на Јехова.+
13 А еден ден неговите синови и ќерки јадеа и пиеја вино во куќата на својот најстар брат.+ 14 И дојде гласник+ кај Јов и рече: „Говедата ораа,+ а магариците пасеа покрај нив 15 кога нападнаа Савејците+ и ги грабнаа, а слугите ги убија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.+
16 Додека тој уште зборуваше, дојде друг и рече: „Оган Божји слезе од небото+ и се распламти меѓу овците и слугите, па ги проголта. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
17 Додека тој уште зборуваше, дојде трет и рече: „Халдејците+ се наредија во три чети, ги нападнаа камилите и ги грабнаа, а слугите ги погубија со сечилото на мечот. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
18 Додека тој уште зборуваше, дојде четвртиот и рече: „Твоите синови и ќерки јадеа и пиеја вино+ во куќата на својот најстар брат. 19 И гледај, се подигна силен ветар+ откај пустинскиот крај и удри на четирите агли од куќата, така што падна врз децата и тие загинаа. Само јас успеав да избегам за да ти јавам“.
20 Тогаш Јов стана и си ја раскина+ облеката, си ја истрижа главата,+ па падна на земја,+ се поклони+ 21 и рече:
„Гол излегов од утробата+ на мојата мајка,
гол и ќе се вратам таму.+
Нека биде благословено името Јеховино!“+
22 Во сето тоа Јов не згреши и не рече ништо лошо за Бог.+
2 И пак дојде денот што беше одреден за синовите* на Јехова, вистинскиот Бог, да застанат пред него. И Сатана* дојде меѓу нив да застане пред Јехова.+
2 Тогаш Јехова го праша Сатана: „Од каде доаѓаш?“ А Сатана му одговори на Јехова: „Минував низ земјата и ја обиколував“.+ 3 Јехова, пак, му рече на Сатана: „Дали го забележа мојот слуга Јов?+ На земјата нема таков како него — човек беспрекорен и праведен,+ кој се бои од Бога+ и го одбегнува злото.+ Уште е постојан во својата непорочност,*+ иако ти ме наведе да се нафрлам на него+ и да го упропастам без причина“.+ 4 Тогаш Сатана+ му одговори на Јехова: „Кожа за кожа! Човекот ќе даде сѐ што има за својата душа.+ 5 Туку, те молам, пружи ја раката и допри ги неговите коски и неговото месо, па види дали нема да те проколне в лице!“+
6 Тогаш Јехова му рече на Сатана: „Во твои раце е! Само не гибај му ја душата!“ 7 И Сатана замина од пред лицето на Јехова+ и го удри Јов со лути чиреви+ од табаните до темето. 8 А Јов беше зел цреп за да се струже со него и седеше во пепел.+
9 Тогаш неговата жена му рече: „Зарем уште си постојан во својата беспрекорност?+ Проколни го Бог и умри!“ 10 Но тој ѝ рече: „Зборуваш како што зборуваат безумните+ жени. Зарем од вистинскиот Бог да го примаме само доброто, а злото да не го примаме?“+ Во сето тоа Јов не згреши со своите усни.+
11 А тројца пријатели на Јов слушнаа за сето зло што го беше снашло, па тргнаа кај него, секој од своето место — Елифаз од Теман,+ Вилдад од Суј+ и Софар од Наама.+ И така, според договорот, се состанаа+ за да го посетат, да жалат со него и да го утешат.+ 12 А кога ги подигнаа очите оддалеку, не го препознаа веднаш. Потоа заплакаа колку што ги држеше гласот, па секој ја раскина својата наметка+ и фрлаше прав кон небото, врз својата глава.+ 13 И седеа+ покрај него на земјата седум дена и седум ноќи, и ниту еден не му рече ни збор, зашто видоа дека неговата болка+ беше мошне голема.
3 Потоа Јов ја отвори устата и почна да го проколнува денот кога се родил.+ 2 Јов рече:
3 „Да го немаше денот во кој се родив+
и ноќта во која рекоа: ‚Се зачна човек!‘
4 Да се претвори во темнина тој ден!
Да не погледне Бог на него одозгора,
да не го осветли светлината на денот!
5 Да го проголтаат мракот и густата темнина!
Да се надвие над него дождлив облак!
Да го застрашува она што го помрачува денот!+
9 Да потемнат ѕвездите на нејзиното разденување,
да чека светлина и да не ја дочека,
и да не ги види зраците на зората,
13 Сега ќе лежев и ќе бев во мир,+
ќе спиев, ќе почивав+
14 со царевите и со советниците на земјата,+
кои градат за себе места,+ сега лежат во урнатини,
15 или со кнезовите што имаа злато,
кои ги полнат своите куќи со сребро,
16 или ќе ме немаше како скриен пометнат плод,+
како деца што не виделе светлина.+
20 Зошто му дава Бог светлина на страдалникот
и им дарува живот на оние што имаат горчина во душата?+
22 Оние што ликуваат од веселба
се радуваат што нашле гроб.
23 Зошто му дава Бог светлина на човекот кому патот му е скриен,+
кому патот од сите страни му го заградил?+
24 Пред моето јадење, доаѓа мојата воздишка,+
и како вода се разлеваат моите крикови,+
25 оти ужасот кој ме плашеше, ме снаоѓа,
она од кое се плашев доаѓа врз мене.+
26 Уште сега не сум безгрижен и немам мир,
и не почивам, а мојот немир и понатаму доаѓа“.
4 Тогаш проговори Елифаз+ од Теман:
2 „Ако се обиде некој да ти каже некаков збор, дали ќе ти биде заморно?
Но, кој може да се воздржи од зборови?
4 Кога некој ќе се сопнеше, твоите зборови ќе го подигнеа,+
и растреперените колена ти ги зајакнуваше.+
5 Но, сега тоа те снајде тебе, и ти падна со духот,
допре до тебе, и ти се збуни.
6 Не е ли твојата богобојазливост причина за твојата доверба?
Зар не лежи твојата надеж во беспрекорноста+ на твоите патишта?
10 Се слуша рикањето на лавот и гласот на младиот лав,
но им се кршат забите на младите грабливи лавови.
11 Лавот загинува бидејќи нема плен,
и се разотидуваат младенчињата на лавот.
12 А мене скришно ми дојде реч,
и моето уво го чу нејзиниот шепот,+
13 во тегобните мисли при ноќните виденија,
кога паѓа длабок сон врз луѓето.
14 Ме обзеде страв и трепет,
низ сите мои коски ми минаа морници.
15 И некој дух ми помина по лицето,
ми се наежи снагата.
16 Застана,
но не му го препознав лицето.
Некаков лик ми беше пред очи.
Беше тишина, и тогаш зачув глас:
17 ‚Може ли смртен човек да биде поправеден од Бог?
Може ли човек да биде почист од својот Творец?‘
19 а тогаш, како ли гледа на оние што живеат во глинени куќи,
чијшто темел е во правта!+
Можат да бидат здробени побрзо и од молец.
20 Од утро до вечер се претвораат во прав,
и никој не го става на срце тоа што тие исчезнуваат засекогаш.
21 Зарем не е извлечено јажето на нивниот шатор?
Умираат, зашто немаат мудрост.
2 Зашто, гневот ќе го убие глупавиот,
а зависта ќе го усмрти поводливиот.
4 Неговите синови остануваат далеку од спасението,+
ги сотираат на градската порта, а нема кој да ги избави.
5 Гладниот го јаде неговиот род,
му го граба и месото што тој го чува за себе,
и стапица го проголтува имотот на неговото семејство.
6 Зашто, злото не избива од правта,
и неволјата не никнува од земја.
7 Туку човекот се раѓа за неволја,
како што искрите летаат угоре.
8 Но, јас би му се обратил на Бог,
пред Бог би го изнел својот случај;+
9 пред оној што прави големи дела, кои не може да се истражат,
чудеса на кои им нема број;+
10 пред оној што дава да паѓа дожд по лицето на земјата,+
испраќа води во полињата;+
11 пред оној што ги крева на високо понижените,+
па нажалените се воздигнуваат до спасение;
12 пред оној што ги осуетува сплетките на лукавите,+
па немаат успех во она што го прават со своите раце;
13 пред оној што ги фаќа мудреците во нивното лукавство,+
па замислата на препредените се покажува непромислена,+
14 та и дење наидуваат на мрак,
пипаат на пладне како да е ноќ;+
15 пред оној што спасува од мечот кој излегува од устата на злобниците,
го спасува сиромавиот од рацете на силниот,+
а неправдата ја затвора својата уста.+
18 Зашто, тој ранува, но и ја преврзува раната;
крши, но со своите раце и лекува.
22 Ќе им се смееш на пустошењето и на гладот,
нема да се плашиш од земни ѕверови.
24 Ќе гледаш мир во својот шатор,
ќе го обиколуваш своето пасиште и ќе видиш дека твојот имот е недопрен.
27 Ете, тоа го утврдивме, и така е.
А ти чуј го ова и увери се дека е така!“
6 Тогаш Јов одговори:
2 „О, да можеше да се измери мојата мака,+
да можеше да се стави на вага мојата неволја заедно со неа!
4 Зашто, стрелите на Семоќниот се во мене,+
мојот дух+ го пие нивниот отров,
Божјите стравотии се заредија против мене.+
6 Се јаде ли блуткава храна без сол?
Има ли вкус слузниот сок од бел слез?
7 Мојата душа не сака да допре ништо.
Сето тоа е како болест во мојата храна.
8 О, кога би била услишена мојата молба
и кога Бог би го исполнил она на кое се надевам!
10 Дури и тоа ќе ми беше утеха,
и ќе потскокнев од радост+ во своите тешки маки
— иако тој не би се смилувал — зашто не ги затаив зборовите+ на Светиот.+
12 Зарем ми е силата како силата на камењата?
Зарем ми е телото од бакар?
13 Има ли во мене сила за да си помогнам самиот себеси?
Не е ли истерана откај мене плодоносната работа?
16 Темни се од мразот,
во нив се крие снегот.
17 Кога ќе им дојде времето, пресушуваат+ и стивнуваат;
кога ќе припече, испаруваат од своето место.+
18 Патеките на нивните патишта скршнуваат,
заминуваат во пустелијата и исчезнуваат.
22 Дали ви реков: ‚Дајте ми што и да било,
подарете ми нешто од она што го имате за да ме одбраните,
23 избавете ме од раката на противникот,+
откупете ме+ од раката на насилникот‘?
26 Ги прекорува ли тој зборовите што ги смислувате вие,
27 Вие сте во состојба да фрлате ждрепка за оној што нема татко,+
да се пазарите за својот пријател!+
29 Размислете уште еднаш, ве молам — да нема неправда;
размислете уште еднаш — мојата праведност е сѐ уште тука!+
7 Зарем смртниот човек не е на земјата на принудна работа?+
Не се ли неговите денови како дните на наемник?+
8 Окото на оној што сега ме гледа, повеќе нема да ме гледа,
твоите очи ќе бидат вперени во мене, но мене ќе ме нема.+
11 Затоа јас нема да ја воздржувам устата.
Ќе зборувам во тегобата на својот дух,
со горчина во духот ќе раскажувам за својот јад!+
13 Кога велам: ‚Моето легло ќе ме утеши,
постелата ќе ми помогне да ја носам својата загриженост‘,
14 ти ме плашиш со соништа,
ме ужасуваш со виденија,
15 мојата душа повеќе би сакала да се задуши,
попрво би умрел+ отколку да си ги гледам овие мои коски.
17 Што е смртниот човек,+ та да го воспитуваш
и твоето срце да размислува за него
18 и да му обрнуваш внимание секое утро,
да го искушуваш+ секој миг?
20 Ако згрешам, како ќе ти наштетам со тоа тебе, о Ти, кој го набљудуваш човекот?+
Зошто ме зеде на нишан, па ти станав товар?
21 Зошто не ми го простиш престапот+
и не преминеш преку мојата вина?
Зашто, сега ќе легнам во прав,+
и ти ќе ме бараш, но мене ќе ме нема“.
4 Твоите синови му згрешиле нему,
па затоа тој ги предава во рацете на нивниот престап.
и да го замолеше Семоќниот за милост,
тој поради тебе досега веќе ќе се разбудеше
и ќе го обновеше твоето праведно живеалиште.
10 Нема ли да те поучат тие, нема ли да ти кажат,
нема ли да изнесат зборови од своето срце?
11 Зарем папирусната трска+ ќе порасне таму каде што нема мочуриште?
Зарем трската ќе порасне таму каде што нема вода?
13 Такви се патиштата на секој што го заборава Бог+
— пропаѓа надежта на отпадникот+ —
14 на секој чија надеж е пресечена,
чија доверба е куќа пајакова.+
15 Ќе се потпре на својата куќа, но таа нема да стои;
ќе се фати за неа, но таа нема да издржи.
17 Корењата му се испреплетени во грамада камења,
гледа куќа од камења.
18 Ако го искорне некој од неговото живеалиште,+
тоа ќе се одрече од него и ќе рече: ‚Никогаш не сум те видел!‘+
20 Гледај, Бог нема да отфрли никого кој е беспрекорен
и нема да ги фати за рака оние што прават зло.
21 На крајот ќе ја наполни твојата уста со смеа
и твоите усни со радосни извици.
9 Тогаш Јов одговори:
2 „Навистина, добро знам дека е така.
Но, како може смртниот човек да има право кога е во спор со Бог?+
3 Кога би посакал Бог да се препира со него,+
човекот не би можел да му одговори ниту на едно од илјада прашања.
4 Тој има мудро срце и голема моќ.+
Кој може тврдоглаво да му се спротивстави и да помине неказнето?+
7 Му вели на сонцето да не свети,
ги запечатува ѕвездите за да не се гледа нивната светлина,+
и гази по високите морски бранови.+
9 Ги создал соѕвездијата Аш* и Кесил,*
соѕвездието Кима*+ и одаите на Југот.*
10 Тој прави големи и неистражливи дела,+
чудеса на кои им нема број.+
14 А како тогаш да му одговорам јас?
Би морал добро да ги бирам зборовите што би му ги кажал.+
15 Затоа нема да му одговорам, дури и да имам право.+
Ќе барам милост од својот противник во спорот.+
16 Кога ќе го повикам, дали ќе ми се одѕвие?+
Не верувам дека ќе приклони уво кон мојот глас
17 тој што ме сотира со бура
и ми ги умножува раните без причина.+
19 Ако е некој силен во моќта, тогаш тоа е тој.+
Ако е некој силен во правдата — е, таков да ме бранеше пред него!
20 Кога би имал право, мојата уста би ме прогласила за зол.
Кога би бил беспрекорен, тој би ме прогласил за расипан.
21 И кога би бил беспрекорен, не би ја познавал својата душа,
би ми одмилеал и животот.
23 Кога поројот ненадејно би донел смрт,
тој би го исмејувал очајот на невините.
24 На земја што е предадена во рацете на злиот+
тој им ги покрива очите на нејзините судии.
Ако не го прави тоа тој, тогаш кој го прави?
26 Минуваат како бродови од трска,
како орел што вратоломно се спушта час таму час ваму барајќи плен.+
30 Кога би се измил во вода од снег,
кога би си ги исчистил рацете со пепелница,+
31 ти би ме турнал во тиња,
па ќе се гнаси од мене и мојата облека.
35 Ќе зборувам и нема да се плашам од него,
зашто јас во себе не сум таков.
10 Ѝ одмилеа животот на мојата душа.+
Отворено ќе ја изразам грижата што ја чувствувам поради својата состојба.
Ќе зборувам од горчина во душата.
2 Ќе му речам на Бог: ‚Немој да ме прогласиш за зол!‘
Објасни ми зошто се спориш со мене!
3 Имаш ли корист од тоа што правиш неправда,+
што го отфрлаш делото од трудот на своите раце+
и со благонаклоност гледаш на намерите на злите?
5 Дали се твоите денови како деновите на смртниот човек,+
и твоите години како човечките денови,
6 па трагаш по мојот престап
и го бараш мојот грев?+
13 Но, во своето срце ти го скри ова,
и добро знам дека тоа беше твојата намера.
14 Ако сум згрешил, а ти си ме гледал+
и не мислиш дека сум невин за мојот престап,+
15 ако сум виновен, тешко мене!+
А ако имам право, не смеам да кренам глава+ —
сит со срам и напоен со неволја.+
16 Ако се возгордее мојата глава,+ ти ќе ме гониш како млад лав,+
и пак ќе го покажеш на мене своето величество.
17 Пред мене ќе доведеш нови сведоци
и твојот гнев кон мене ќе биде уште поголем.
Неволја по неволја ме снаоѓа.
18 Зошто ме извади од мајчината утроба?+
Камо да издивнев, па да не ме видеше ниту едно око!
19 Ќе бев како да не сум постоел никогаш,
од мајчината утроба ќе ме однесеа в гроб!‘
20 Зарем не се малку моите денови?+ Нека ме пушти,
нека го одврати погледот од мене, да се разведрам+ малку
21 пред да отидам онаму од каде што нема да се вратам,+
во земјата на мракот и на густата темнина,+
22 во земја црна како темнината, земја на густата темнина
и на безредието, каде што светлината е иста со темнината!“
11 Тогаш одговори Софар од Наама:+
2 „Зарем ќе останат без одговор мноштвото зборови?
Зарем ќе има право фалбаџијата?
3 Зарем твоите празни зборови ќе ги замолкнат луѓето?
Зарем ќе се потсмеваш, без некој да те прекори?+
6 Тој ќе ти ги кажеше тајните на мудроста,
зашто мудроста* се открива на многу начини.
И ќе сознаеше дека Бог ги предава на заборавот некои твои престапи.+
8 Таа мудрост е повисока од небото. Можеш ли да дофатиш нешто од тоа?
9 Кога ќе се измери, подолга е од земјата,
поширока е од морето.
10 Ако помине и ако предаде некого в затвор,
па свика суд, кој може да му се спротивстави?
11 Зашто, тој добро ги познава луѓето што се полни со невистини.+
Кога ќе види зло, нема ли да му обрне внимание?
12 И празноглавиот човек ќе стане паметен
кога дивото магаре ќе се роди како човек.
13 А ти, подготви го срцето
и во молитва рашири ги рацете кон него!+
14 И ако ти се најде во раката некакво зло, отфрли го,
и неправдата нека не престојува во твоите шатори!
16 Зашто, ти ќе ја заборавиш неволјата,
во твоето сеќавање таа ќе ти биде како вода што истекла.
18 Мирно ќе ја чекаш иднината, зашто ќе имаш надеж,
и ќе го набљудуваш сето она што е твое околу тебе — ќе си легнуваш спокоен.+
19 Ќе се испружиш и никој нема да те плаши.
Мнозина ќе сакаат да те орасположат.+
20 На злите ќе им угаснат очите,+
нивното прибежиште ќе исчезне,+
нивна единствена надеж ќе биде: да им издивне душата“.+
4 Им станав за потсмев на своите ближни,+
човек кој го повикува Бог да му одговори.+
За потсмев е праведникот, непорочниот* човек.
5 Безгрижниот човек ѝ се исмејува на пропаста,+
мислејќи дека тоа ги чека оние на кои им се тресат нозете.+
6 Шаторите на разбојниците се спокојни,+
оние што го гневат Бог исто така се безбедни,
како и оние што си го носат в рака својот бог.+
7 Но, прашај ја, те молам, стоката, и таа ќе те поучи,+
и небесните крилести суштества, и тие ќе ти кажат!+
9 Кој од сите нив не знае
дека сето тоа го направила раката на Јехова?+
10 А во негова рака е душата+ на сѐ живо
и духот на секое човечко тело.+
14 Еве, она што тој ќе го урне, не може да се изгради;+
она што тој ќе го затвори пред човекот, не може да се отвори.+
16 Во него се силата и мудроста,*+
негов е и оној што греши и оној што ги заведува другите.+
17 Тој ги наведува советниците да одат боси+
и ги полудува судиите.
19 Ги наведува свештениците да одат боси+
и ги соборува оние што заседнале на своите места.+
20 Им го зема зборот на доверливите советници
и им ја одзема разумноста на старците.
21 Излева презир врз достоинствениците+
и им го распашува појасот на моќните.
22 Тој ги разоткрива длабочините од темнината+
и ја изведува на светлина густата темнина.
23 Тој ги прави народите големи, а потоа ги сотира;+
ги шири народите, а потоа ги одведува во изгнанство.
24 Тој им го одзема разумот* на главатарите на земниот народ,*
па ги остава да талкаат по пусти места,+ каде што нема пат.
25 Тие пипаат во темнина,+ каде што нема светлина,
а тој ги остава да талкаат наоколу како пијаници.+
13 Ете, сето тоа го виде моето око,
моето уво го чу и му обрна внимание.
ако сакате тајно да бидете пристрасни.+
11 Зар не ве плаши неговото величие
и зар не ве обзема страв од него?+
13 Молчете и оставете ме, оставете ме да зборувам,
а потоа нека ме снајде што сака!
20 Само овие две работи ги барам,
па нема да се кријам од тебе:+
21 тргни ја раката од мене
и нека не ме плаши стравот од тебе!+
22 Ти повикај ме, а јас ќе ти одговорам,
или дозволи ми јас да зборувам, а ти одговарај ми!
23 Какви престапи и гревови сум направил?
Покажи ми го мојот бунтовнички престап и мојот грев!
25 Зар ќе тресеш лист што го носи ветрот?
Зар ќе гониш сува сламка?
26 Зашто, пишуваш горчливи зборови против мене+
и ми ги даваш во наследство последиците од престапите на мојата младост.+
5 Ограничен е животниот век на човекот,+
во твоја власт е бројот на неговите месеци,
си донел за него одредба преку која не може да помине.
6 Тргни го погледот од него за да се одмори,+
додека не почувствува радост како наемникот на крајот од својот работен ден!
8 Ако му остари коренот во земјата
и неговата пенушка изумира во правта,
9 ќе потера кога ќе почувствува вода+
и ќе пушти гранки како младо растение.+
12 Човек мора да легне, и повеќе не станува.+
Додека не исчезне небото, нема да се разбуди,+
и нема да се тргне од својот сон.+
14 Кога ќе умре човек, ќе живее ли пак?+
Ќе чекам во сите дни од времето што ми е одредено,*+
додека не дојде моето ослободување.+
18 Но, и планината ќе се урне, ќе се распадне, ќе исчезне,
карпата ќе се премести од своето место.
19 Водата ги излижува и камењата,
нејзиното истекување го измива земниот прав.
Така ти ја уништуваш надежта на смртниот човек.
21 Кога ги почитуваат неговите синови, тој не знае за тоа,+
кога се презрени, тој не е свесен за тоа.
22 Само телото ќе го боли додека е жив
и неговата душа ќе тажи додека е во него“.
15 Тогаш Елифаз од Теман одговори:
2 „Зар мудар човек ќе одговара со знаење празно како ветар?+
Зар ќе си го наполни стомакот со источен ветар?+
3 Укорувањето со зборови нема да користи,
и зборувањето само по себе нема да помогне.
4 Но, ти го обессилуваш стравот од Бог
и го поткопуваш секое размислување за Бог.
5 Зашто, твојот престап ја учи твојата уста,
го избираш јазикот на лукавите.
9 Што е тоа што ти го знаеш, а не го знаеме ние?+
Што е тоа што го разбираш ти, а не го разбираме и ние?
11 Зарем не ти се доволни Божјите утехи
или кога ќе ти се каже благ збор?
12 Зошто те занесува срцето,
зошто ти секаат очите?
13 Затоа што го свртуваш својот дух против Бог,
ги пушташ зборовите да ти излегуваат од уста.
16 а тогаш, како ли гледа на оној што е одвратен и расипан,+
на човекот што пие неправедност како вода!
17 Јас ќе ти кажам. Послушај ме!+
Дозволи ми да ти го раскажам она што го видов,
18 она што го зборуваат мудрите+
и не го кријат, кое го примиле од своите татковци.
19 Ним лично им беше дадена земјата,
и туѓинец не помина низ неа.
20 Злобниот се мачи во сите свои дни,
во сите години што се наменети за насилникот.
25 Затоа што крена рака на Бог,
сака да се воздигне над Семоќниот,+
26 и навалува тврдоглаво* на него,
со дебелите грпки на своите штитови,
27 и затоа што со својата згоеност си го прекрива лицето
и го трупа салото на своите бедра,+
28 тој живее во градови што ќе бидат уништени,
во куќи во кои нема повеќе да се живее,
во она што е одредено да се претвори во купишта камења.
29 Тој нема да се збогати и неговото богатство нема да расте,
нема да го шири по земјата злосторничкиот имот.+
30 Нема да ѝ избега на темнината,
пламен ќе ја исуши неговата фиданка,
здивот од Божјата уста ќе го однесе.+
31 Нека не ѝ верува на ништожноста, мамејќи се,
зашто за возврат ќе добие ништожност,
32 ќе му биде исплатена пред да дојде неговиот ден.
Неговата гранка нема да се зеленее.+
33 Како лоза ќе го истресе своето незрело грозје,
како маслинка ќе ги отфрли своите цветови.
4 И јас би можел да зборувам како вас.
Камо да беа вашите души на местото на мојата душа!
Мислите ли дека тогаш и јас ќе ви се нафрлев со сјајни зборови+
и ќе нишав со главата полн со презир кон вас?+
8 А освен тоа и ме зграпчи. За тоа сведочи+
мојата испиеност која подига глас против мене. Пред мои очи сведочи против мене.
9 Божјиот гнев ме распарчува, Бог негува непријателство кон мене.+
Против мене чкрта со забите.+
Мојот противник сека со очите против мене.+
10 Ширум ги раззинуваат устите против мене,+
ме удираат по образите со потсмев,
во голем број се собираат против мене.+
13 Неговите стрелци+ ме опколија,
тој ги прободува моите бубрези+ и нема сочувство,
ми ја истура на земја жолчката.
16 Лицето ми поцрвене од плачење,+
на веѓите имам густа темнина,+
17 иако нема зло во моите раце
и мојата молитва е чиста.+
2 Навистина има потсмевање насекаде околу мене,+
моите очи постојано го гледаат околу себе нивното бунтовништво.
8 Справедливите го гледаат тоа со чудење,
невините се лутат на отпадникот.
18 Тогаш Вилдад од Суј одговори:
2 „Кога ќе им ставите* крај на своите зборови?
Вразумете се, па да зборуваме!
4 Во својот гнев си ја раскинуваш душата.
Зарем заради тебе ќе опустее земјата
и карпата ќе се премести од своето место?
10 Скриена јамка го демне на земјата
и стапица го чека на неговата патека.
14 Неговата доверба ќе ја истргнат од неговиот шатор,+
стравотиите ќе го одведат кај царот на стравотиите.
15 Во неговиот шатор ќе се населат оние што не се негови,
неговото живеалиште ќе биде посипано со сулфур.+
18 Ќе го турнат од светлина во темнина
и ќе го истераат од плодната почва.
20 Во денот на неговата неволја, луѓето на запад ќе гледаат запрепастено,
и од страв ќе затреперат луѓето на исток.
21 Ете, тоа се шаторите на злосторникот,
тоа е живеалиштето на оној што не го познава Бог“.
5 Но, ако вие се дигате на високо против мене+
и велите дека го заслужувам својот срам,+
6 тогаш знајте дека Бог ме завел
и со својата ловечка мрежа ме обвил.+
8 Тој ми го загради патот со каменен ѕид,+ па не можам да поминам,
моите патеки ги обвива со темнина.+
10 Ме руши од сите страни, и исчезнувам,
ми ја откорнува надежта како дрво.
12 Неговата војска доаѓа сложно и го насипува својот пат против мене,+
подига логор околу мојот шатор.
ме заборавија моите познајници,
15 оние што беа гости во мојата куќа.+ Моите робинки ме гледаат како да сум странец.
Во нивни очи станав туѓинец.
16 Го повикувам својот слуга, но тој не се одѕива.
Со својата уста го молам да ми се смилува.
17 Здивот мој ѝ е одвратен на мојата жена,+
им се гадам на синовите што се излезени од утробата на мојата мајка.
23 Да беа запишани моите зборови!
Да беа ставени во книга!
26 И откако ми ја одраа кожата — ете што имам сега!
Иако се истроши моето тело, ќе го гледам Бог,
него ќе го видат моите очи, а не очите на некој туѓинец.*
Моите бубрези венеат во мене.
20 Тогаш Софар од Наама одговори:
2 „Кога е така, моите тегобни мисли нека ми дадат одговор на тоа,
зашто немир ми ја обзеде утробата.
3 Слушам опомени што ме навредуваат,
одговор ми дава ум* што нема таква разборитост каква што имам јас.
4 Зар не ти е познато од памтивек,
откако е човекот ставен на земјата,+
5 дека радосното извикување на злите трае кратко,+
дека радоста на отпадникот трае само за миг?
6 Иако неговото величие се издигнува до небесата+
и неговата глава стигнува до облаците,
7 тој исчезнува засекогаш како сопствениот измет,+
и оние што го виделе ќе речат: ‚Каде е?‘+
10 Неговите синови ќе им се умилкуваат на сиромасите,
тој ќе го враќа своето богатство+ со своите раце.
12 Ако му е злото слатко во устата,
ако го топи под јазикот,
13 ако му е толку мило и не го пушта,
ако го држи среде своето непце,
14 храната ќе му се преобрази во цревата,
како кобрин отров ќе стане во него.
15 Проголтал богатство, но ќе мора да го изблуе,
Бог ќе го истера од неговата утроба.
18 Ќе го врати имотот што го стекнал и не ќе може да го проголта,
ќе му биде како богатство стекнато со трговија, во кое нема да ужива.+
21 Ќе нема повеќе што да проголта,
затоа неговата благосостојба нема да потрае.
23 Бог нека му го наполни стомакот,
нека го испрати врз него својот распламтен гнев+
и нека го излее врз него како дожд, право во неговата утроба!
26 Сета темнина ќе се чува за богатствата што ги има насобрано,
ќе го проголта оган+ што никој не го разгорил,
а оној од неговиот шатор што ќе преживее, лошо ќе си помине.
6 Кога ќе се сетам на сѐ, се вознемирувам
и треперење ми го обзема телото.
8 Нивното потомство напредува пред нив,
нивните потомци напредуваат пред нивни очи.
10 Нивните бикови ги оплодуваат кравите и не го расипуваат семето,
нивните крави се отелуваат+ и не пометнуваат.
11 Ги пуштаат своите дечиња безгрижно да си играат надвор како стадо,
нивните деца потскокнуваат наоколу.
Кога испратил Бог уништување во својот гнев?+
19 Бог ќе го чува злото на човекот за неговите синови,+
така ќе му плати што тој ќе го почувствува тоа.+
21 Зашто, на што ќе се радува во својата куќа кога ќе го нема,
кога ќе се преполови бројот на месеците од неговиот живот?+
23 Еден ќе умре во потполна благосостојба,+
без никакви грижи и во мир,
24 со бедра полни со сало
и со коски полни со сочна срцевина,
28 Вие велите: ‚Каде е куќата на достоинственикот?
Каде е шаторот на злите? Каде се шаторите во кои живееја?‘+
29 Ги прашавте ли оние што патуваат по патиштата?
Размислувате ли за нивното сведоштво,
30 дека злиот е поштеден во денот на неволјата+
и се избавува во денот на гневот?
33 Слатки ќе му бидат грутките земја во долината,+
и со себе ќе ги повлече сите луѓе,+
а број им нема на оние што дошле таму пред него.
22 Тогаш Елифаз од Теман одговори:
2 „Има ли Бог некаква корист од човекот?+
Има ли тој некаква корист од разборитиот човек?
10 Затоа има птичарски замки насекаде околу тебе+
и ненадеен страв те обзема,
11 темнина те опкружува, па не гледаш,
надојдени води те покриваат.
13 А ти велиш: ‚Што знае Бог?
Може ли да суди низ густа темнина?
14 Облаците се негово скривалиште, па не гледа,
тој оди по небесниот свод‘.
15 Зар ќе се држиш за древниот пат
по кој одат злите,
16 кои се зграпчени пред да им дојде времето,+
чии темели+ се разлеваат како река,
17 и кои на вистинскиот Бог му велат: ‚Остави нѐ!+
Што може да ни направи Семоќниот?‘
19 Праведниците ќе ја видат нивната пропаст и ќе се радуваат,+
невин човек ќе им се подбива:
20 ‚Навистина се истребени нашите противници,
а она што остана од нив, оган ќе го проголта‘.
21 Те молам, запознај го Бог и биди во мир,
па ќе ти биде добро!
23 Ако се вратиш кај Семоќниот,+ ќе се подигнеш од своите урнатини.
Ако ја задржиш неправдата далеку од својот шатор,
24 ако фрлиш во правот скапоцена руда*
и офирско злато+ меѓу камењето во долината,
25 Семоќниот ќе стане твоја скапоцена руда
и твое најдобро сребро.+
29 Зашто, ако зборуваш вообразено, ќе доживееш понижување.+
А оној што понизно го спушта погледот, него ќе го спаси.+
23 Тогаш Јов одговори:
2 „Бунтовен сум денес од загриженост,+
тешка ми е раката од моето воздивнување.
4 В лице би му ја образложил својата парница
и со докази би ја наполнил својата уста.
5 Би сакал да ги знам зборовите со кои би ми одговорил,
би размислил за она што би ми го рекол.+
7 Таму справедливиот човек би ги решил работите со него
и мојот судија би ме ослободил засекогаш.
8 Ете, одам на исток, а него го нема;
тргнувам назад, но не го забележувам.+
9 Одам налево, таму каде што работи, но не го гледам;
тој се свртува надесно, но јас не го гледам.
12 Од заповедите на неговите усни не отстапувам.+
Ги зачував зборовите од неговата уста,+ и повеќе отколку што ми е одредено.
13 Тој има една замисла, и кој може да му се спротивстави?+
Што ќе посака неговата душа, тоа и ќе го направи.+
17 Зашто, не сум замолкнат поради темнината,
ниту поради тоа што мрак ми го покри лицето.
24 Зошто не одредил Семоќниот времиња за суд?+
Зошто не ги гледаат деновите на неговиот суд оние што го познаваат?+
5 Гледај, како зебри+ во дивина
заминуваат на работа, барајќи храна.
Пустелијата му дава на секого од нив леб за децата.
6 Во полето собираат храна за стоката,
набрзина го ограбуваат лозјето на злобниот.
9 Детето што нема татко го одвојуваат од мајчините гради,+
како залог го земаат она што страдалникот го има на себе.+
11 Меѓу камени ѕидови во полето* тие го минуваат пладнето,
газат грозје во гмечало, а остануваат жедни.+
12 Од градот се слуша офкањето на оние што умираат,
а душите на смртно ранетите викаат за помош,+
но на Бог не му е грижа за тоа.+
13 Злите се бунат против светлината,+
не ги познаваат нејзините патишта
и не одат по нејзините патеки.
15 Окото на прељубникот+ го чека самракот,+
и вели: ‚Ничие око нема да ме види!‘+
И со покривало си го крие лицето.
16 Во темница крадците провалуваат во куќите,
а дење се заклучуваат.
Не знаат за светлината+ на денот.
17 Зашто, за злите уторото е исто како што е густата темнина+ за другите,
бидејќи знаат какви се ненадејните стравотии што ги носи густата темнина.
18 Водите брзо ги однесуваат злите.
Проклет ќе биде нивниот посед на земјата.+
Нема повеќе да одат во своите лозја.
20 Мајчината утроба ќе го заборави грешникот, црвите слатко ќе го изедат,+
никој повеќе нема да се сеќава на него.+
А неправдата ќе се скрши како стебло.+
22 Но Бог ќе ги отстрани насилниците со својата сила.
Злосторникот ќе стане и нема да биде сигурен дали ќе остане жив.
23 Бог ќе му допушти да се чувствува сигурен+ и да се потпира на себе,
но неговите очи ќе ги посматраат патиштата на злите.+
24 Се креваат за кратко, а потоа ги снемува,+
се рушат.+ Окосени се како и сите други,
отсечени се како класје.
25 Тогаш, кој ќе ме прогласи за лажливец,
или ќе ја претвори мојата реч во ништо?“
25 Тогаш Вилдад од Суј+ одговори:
2 „Кај него се власта и стравот,+
тој создава мир на своите висини.
3 Имаат ли број неговите чети?
Над кого не излегува неговата светлина?
4 Тогаш, како може смртниот човек да биде праведен пред Бог?+
Како може да биде чист оној што е роден од жена?+
5 Ете, месечината нема сјај,
и ѕвездите не се чисти во негови очи,
26 Тогаш Јов одговори:
2 „Е, баш му помогна на оној што нема сила!
Навистина ја избави обессилената рака!+
4 Кому му ги кажа тие зборови?
Чии зборови излегуваа од тебе?
7 Тој го оптегнува северот над празнината,+
ја држи земјата обесена на ништо.
8 Ги врзува водите во своите облаци+
за да не се скинат облаците под нив.
9 Го покрива својот престол,
простирајќи го облакот+ преку него.
11 Столбовите на небото се тресат
и остануваат зачудени кога тој ќе се закани.
14 Ете, тоа се само делчиња од неговите дела,+
за него слушаме одвај слаб шепот!
А кој може да го разбере неговиот моќен гром?“+
27 Тогаш Јов повторно го започна својот мудар говор,*+ и рече:
2 „Како што е жив Бог,+ кој ме лиши од правдата,+
како што е жив Семоќниот, кој ја огорчи душата моја,+
3 сѐ додека мојот здив е уште целиот во мене
и Божјиот дух во моите ноздри,+
4 моите усни нема да изустат неправда
и мојот јазик нема да изговори измама!
5 Во никој случај не можам да ве прогласам за праведни!+
Сѐ додека дишам, нема да отстапам од својата непорочност!*+
6 Се држам за својата праведност, и нема да ја оставам.+
Моето срце нема да ме прекорува за ниту еден мој ден.+
10 Ќе биде ли Семоќниот негова радост?
Ќе го повикува ли Бог во секое време?
16 И да натрупа сребро како прав,
и да насобере облека како кал,
17 нека ја насобере, но праведникот ќе ја облече,+
и од неговото сребро ќе добие невиниот човек.
19 Во богатство ќе легне, но не ќе пожнее никаков род од него.
Кога ќе ги отвори очите, ништо повеќе не ќе има.+
28 Да, среброто има свое наоѓалиште
и златото место каде што се пречистува.+
2 Железото се вади од правот,+
бакарот се лее од камен.
3 Човекот ѝ постави граница на темнината,
и бара камења на сите краишта од рудниците+
во мрак и во густа темнина.
4 Копа јами далеку од местата каде што живеат луѓе,+
на заборавени места, каде што нога човечка не стапнува.
Таму некои од смртните луѓе висат, нишајќи се.
8 Горделиви ѕверови не газеле по него,
млад лав никогаш не поминал по него.
9 Човек посегнува со раката по кремен,
планини превртува од корен,
10 во карпи прокопува јами што се полнат со вода+
и неговото око гледа сѐ што е скапоцено.
17 Златото и стаклото не можат да се споредат со неа,
и не може да се добие ни во замена за сад од чисто злато.
18 Коралите+ и горските кристали не вреди ни да се спомнат,
а вреќа мудрост вреди повеќе од вреќа бисери.+
22 Пропаста и смртта велат:
‚Со свои уши чувме дека се зборува за неа‘.
23 Бог е оној што го разбира нејзиниот пат,+
тој знае каде е местото на кое престојува таа,
24 зашто неговиот поглед стигнува до сите земни краишта,+
тој гледа сѐ под небото
25 за да му ја одреди тежината на ветрот+
и со мера да ги измери водите.+
26 Кога му го одреди законот на дождот+
и патот на громовниот облак во бура,
27 тогаш ја виде мудроста и почна да зборува за неа,
ја подготви и ја истражи.
28 И му рече на човекот:
‚Гледај, стравот од Јехова — тоа е мудрост!+
Да се одбегнува злото — тоа е разборитост!‘ “+
29 Тогаш Јов пак го започна својот мудар говор,* и рече:
2 „Кога барем би бил како во некогашните месеци,*+
како во деновите кога ме чуваше Бог,+
3 кога ми светеше над глава со својата светилка
и кога неговата светлина ме водеше низ темнината,+
4 како што ми беше во деновите на мојата младешка сила,+
кога блиското пријателство со Бог престојуваше во мојот шатор,+
5 кога Семоќниот уште беше со мене
и кога моите слуги беа насекаде околу мене!
6 Тогаш моите чекори се капеа во маст,
од карпа ми течеше масло.+
7 Кога излегував на градската порта,+
својот стол го поставував на плоштадот.+
11 Зашто, увото што ме слушаше, ме нарекуваше среќен
и окото што ме гледаше, сведочеше пофално за мене.
12 Зашто, го избавував страдалникот кога викаше за помош,+
детето без татко и секој што немаше помошник.+
20 Ми се обновува славата,
лакот во мојата рака фрла стрели‘.
24 Кога ќе им се насмевнев, не можеа да веруваат дека го правам тоа,
озареноста на моето лице+ не можеа да ја угаснат.
25 Им кажував по кој пат да одат, седев како поглавар,
живеев како цар меѓу својата војска,+
како тешител на тажните.+
30 А сега луѓето ми се смеат,+
оние што се помлади од мене,+
чиишто татковци не би ги ставил
ни со кучињата од моето стадо.
3 Премалени се од немаштија и од глад,
го глодаат она што ќе го најдат во безводната земја,+
која вчера ја зафатија невреме и пустош.
4 Берат солени билки меѓу грмушките,
коренот од метлика им е храна.
6 Мораат да живеат на падините крај речната долина,
во земните јами и меѓу карпите.
7 Викаат меѓу грмушките,
клечат под копривите.
11 Зашто, тој го отпушти мојот лак и ме понижи,
а тие ми се нафрлија незауздано.
12 Од мојата десна страна стануваат како легло злосторничко,
ги пуштаат моите нозе да си одат,
а потоа погубни бедеми ми поставуваат.+
14 Како низ широк процеп тие навираат,
со невремето надоаѓаат.
15 Ненадејни стравотии се свртуваат против мене,
моето достоинство како ветар да го однесува,
како облак исчезна моето спасение.
17 Ноќе, болка ми ги прободува коските,+ како да се кинат од мене,
не се смируваат болките што ме глодаат.+
18 Од големата силина се менуваат моите алишта,
ме обвиткува како јаката на мојата облека.
19 Тој ме фрли во глина,
па станав како прав и пепел.
22 Ме подигаш во ветрот за да го јавнам,
а потоа со тресок ме разбиваш.
27 Мојата утроба зовре и се вознемири,
се соочив со денови на неволја.
31 Сега мојата харфа свири само тажачки,
на мојот кавал му останаа само плачни гласови.
5 Ако сум се дружел со луѓе што зборуваат невистина+
и ако трчала мојата нога кон измама,+
7 Ако скршнале моите чекори од правиот пат,+
ако ми се повело срцето по очите,+
ако се прилепило некакво срамно дело за моите раце,+
8 друг нека го јаде она што ќе го посеам јас+
и нека се искорени моето потомство!
9 Ако го завела моето срце некоја жена+
и ако сум демнел+ на вратата на својот ближен,
10 мојата жена нека му меле жито на друг
и други нека клечат над неа.+
13 Ако го лишував од правдата својот роб
или својата робинка во нивната парница со мене,
14 што ќе направам кога ќе се крене Бог?
Кога ќе ме повика на одговорност, што ќе му одговорам?+
15 Оној што ме направи во утробата мене, не го направи ли и него,+
зар не нѐ создаде во мајчината утроба истиот творец?
16 Ако сум ја одбил желбата на сиромасите+
и ако сум дозволил да венеат очите на вдовицата,+
17 ако сум го јадел сам својот залак,
а да не јадело со мене и детето без татко+
18 — а од мојата младост растеше со мене како со татко,
и откако излегов од утробата на мајка ми ѝ помагав на вдовицата —
19 ако сум гледал како гине човек затоа што нема облека+
или како сиромавиот нема со што да се покрие,
20 ако не ме благословувале+ неговите бедра
и ако не се згреал со руното+ на моите млади овни,
21 ако сум мавтал заканувачки со раката против дете без татко,+
кога сум видел на портата дека му е потребна мојата помош,+
22 рамото од плешка нека ми се измести,
раката од рамо нека ми се откине!
25 ако сум се радувал што имав голем имот+
и што мојата рака стекна многу,+
26 ако сум гледал како светнала светлината
или како патува убавата месечина,+
27 па моето срце потајно дозволило да биде заведено,+
та со раката сум им испраќал бакнежи* од своите усни, почитувајќи ги како богови,
28 и тоа би било престап кој би требало да дојде пред судии,
зашто би се одрекол од вистинскиот Бог, кој е во висините.
29 Ако сум се радувал на пропаста на оној што многу ме мрази+
или ако сум се веселел кога го снашло нешто лошо...
30 На своето непце не му дозволив да греши
и да повика проклетство врз неговата душа.+
31 Ако не зборувале луѓето од мојот шатор:
‚Може ли некој да покаже човек што не се наситил од неговата трпеза?‘+...
32 Дојденецот никогаш не ноќеваше надвор,+
на патникот му беше отворена мојата врата.
33 Ако сум бил како земен човек кој ги прикрива своите гревови+
и го крие својот престап во пазувите...
34 Зашто, тогаш би се плашел од големо мноштво,
би ме плашел презирот од многу семејства,
и би молчел, на врата не би излегувал.
35 Барем кога би имало кој да ме сослуша,+
кога Семоќниот би одговорил+ на мојата потпишана изјава!
Кога оној што е во спор со мене би имал писмено обвинение!
36 Сигурно, на свои рамења би го носел,
би си го врзал околу главата како раскошна круна.
38 Ако викала за помош мојата земја поради моите дела
и ако плачеле заедно нејзините бразди,
39 ако сум го јадел нејзиниот род, а не сум го платил,+
и сум ја навел да воздивнува душата на нејзините сопственици,+
40 наместо пченица нека ми роди трнлив плевел,+
наместо јачмен — смрдлив плевел!“
Овде завршуваат зборовите на Јов.
32 И така оние тројца престанаа да му одговараат на Јов, зашто тој беше праведен во свои очи.+ 2 Но се распали гневот на Елиу, синот на Варахил од Вуз,+ од семејството на Арам. Неговиот гнев се распали против Јов, зашто тој за својата душа тврдеше дека е поправедна од Бог.+ 3 А и против неговите тројца пријатели се распали неговиот гнев, затоа што не најдоа одговор на сето тоа, туку го прогласија Бог за зол.+ 4 А Елиу чекаше Јов да заврши, па дури тогаш проговори, зашто сите тие беа постари од него.+ 5 Додека Елиу гледаше дека нема одговор во устата+ на оние тројца мажи, неговиот гнев стануваше сѐ посилен. 6 И најпосле Елиу, синот на Варахил од Вуз, проговори и рече:
„Јас сум млад,
а вие сте старци,+
затоа се повлеков и се плашев
да ви го изнесам она што го знам.
9 Многуте години сами по себе не даваат мудрост,+
и не е доволно да бидеш стар за да знаеш исправно да судиш.+
10 Затоа велам: ‚Послушај ме!
Сега ќе го изнесам она што го знам‘.
11 Ете, чекав вие да ги кажете своите зборови,
ги слушав вашите размислувања+
додека баравте вистински зборови.
12 Ве слушав внимателно,
но, ете, никој не го укори Јов,
никој од вас не даде одговор на неговите зборови,
13 затоа немојте да велите: ‚Ја најдовме мудроста.+
Него го побива Бог, а не некој човек‘.
14 Но неговиот говор не беше упатен против мене,
затоа нема да му одговорам со вашите зборови.
15 Се исплашија, повеќе не одговараат,
зборовите ги напуштиле.
16 А јас чекав, зашто тие повеќе не зборуваат,
само стојат, повеќе не одговараат.
17 Сега јас ќе го дадам својот одговор,
ќе го изнесам она што го знам.
18 Зашто, полн сум со зборови
и духот ме притиска+ во утробата.
21 Кон никого нема да бидам пристрасен.+
На земен човек нема да му се обраќам со ласкави називи+
22 — зашто со ласкави називи не знам да се служам —
за да не ме отстрани брзо мојот Творец.+
33 Значи, те молам, Јове, чуј ги моите зборови
и слушни сѐ што имам да ти кажам!
5 Ако можеш, одговори ми,
нанижи ги зборовите пред мене, подготви се да ми се спротивставиш!
8 Но со свои уши те чув,
и уште го слушам звукот на овие твои зборови:
9 ‚Јас сум чист и немам никаков грев.+
Чист сум и нема вина врз мене.+
14 Бог зборува еднаш
и двапати+ — иако човекот не му обрнува внимание на тоа —
15 на сон,+ во ноќно видение,+
кога луѓето тонат во длабок сон,
додека дремат на постела.+
16 Тогаш тој им ги отвора ушите на луѓето+
и им дава впечатлива опомена,
17 за да го одврати човекот од неговите дела,+
за да го зачува човекот од гордост.+
19 И го укоруваат болките на неговата постела,
не престанува немирот во неговите коски.
20 Поради страдањата што ги доживува, јадењето му стана одвратно,+
поради страдањата на неговата душа, му стана одвратна и вкусната храна.
21 Телото му се распаѓа пред очи,
а коските, кои претходно не се гледаа, сега оголеа.
23 Ако се најде гласник за него,
застапник, еден во илјада,
за да му разјасни на човекот што е исправно,
24 тогаш тој ќе му се смилува и ќе рече:
‚Избави го за да не отиде во јамата.+
Најдов откупнина+ за него!
25 Неговото тело нека стане посвежо отколку во младоста,+
нека се врати во деновите на својата младешка сила!‘+
26 Ќе го моли Бог да му покаже наклоност+
и ќе го гледа неговото лице извикувајќи радосно,
и тој ќе му ја врати својата праведност на смртниот човек.
27 А тој ќе им пее на луѓето и ќе рече:
‚Згрешив+ и го извртев она што е право,
а тоа не беше добро за мене.
29 Еве, сето тоа го прави Бог,
двапати, трипати, за човекот,
30 за да ја избави неговата душа од јамата,+
за да го осветли со светлината на живите.+
31 Внимавај, Јове! Слушај ме!
Молчи, а јас уште ќе зборувам.
32 Ако имаш што да кажеш, одговори ми!
Зборувај, зашто уживам во твојата праведност.
4 Сами да се увериме што е исправно,
заедно да дознаеме што е добро.
6 Зарем ќе лажам за правдата што ја заслужувам?
Мојата болна рана е неизлечлива, иако немам престап‘.+
10 Затоа послушајте ме, луѓе со разборито срце!+
Не е можно вистинскиот Бог да прави зло,+
Семоќниот да постапува неправедно!+
11 Зашто, тој му плаќа на земниот човек според неговите дела,+
му дава на човекот според неговото поведение.
14 Ако го насочи кон некого своето внимание
и ако го прибере кај себе неговиот дух и неговиот здив,+
15 ќе издивне секое тело,
и земниот човек ќе се врати во прав.+
16 Затоа, ако си разборит, слушни го ова,
приклони го увото кон моите зборови.
17 Навистина, зар ќе владее некој што ја мрази правдата?+
Ако е праведен моќникот, зар ќе го прогласиш за зол?+
19 Бог не е пристрасен кон кнезовите
и не му придава поголема важност на достоинственикот отколку на сиромавиот,+
зашто сите тие се дело на неговите раце.+
20 Умираат за миг,+ среде ноќта.+
Луѓе се стресуваат и гинат,
моќни луѓе заминуваат, без да ги допре човечка рака.+
23 Зашто, Бог не треба да го одредува времето
за човек да дојде пред него на суд.
26 Ги удира како злосторници
на место каде што другите можат да ги видат,+
и не им е грижа за ниту еден негов пат,+
28 па поради нив викањето на сиромавиот стигнува до него,
зашто, тој го слуша викањето на оние што се во неволја.+
29 Кога тој ќе донесе олеснување, кој може да го осуди?
Кога ќе го сврти своето лице,+ кој може да го види?
Сеедно е дали ќе го скрие од целиот народ+ или од еден човек.
31 Зашто, некој зарем ќе му рече на Бог:
‚Трпам, иако не правам зло.+
32 Поучи ме за она што самиот не го гледам!
Ако сум направил некаква неправда,
нема повторно да ја направам‘.+
33 Зар Бог ќе ти даде отштета за сето тоа, како што си замислил ти, иако ги отфрлаш неговите пресуди?
Изборот е твој, а не мој.
Кажи го она што го знаеш!
и мудар човек што ме слуша ќе ми речат:
35 ‚Јов зборува, но нема знаење,+
во неговите зборови нема разборитост‘.
37 Зашто, на својот грев тој уште додава побуна,+
меѓу нас тој со подбив плеска со рацете и ги натрупува своите зборови против вистинскиот Бог.“+
35 Елиу продолжи и рече:
2 „Тоа ли го сметаш ти за правда?
Рече: ‚Мојата праведност е поголема од Божјата‘.+
6 Ако грешиш, ќе му наштетиш ли со тоа?+
Ако се множат твоите бунтовнички престапи, ќе му напакостиш ли со нив?
8 Твојата злоба може да му напакости само на човек како што си ти,+
а твојата правда може да му помогне на земниот човек.+
9 Поради големото угнетување, тие викаат за помош,+
викаат за помош затоа што ги притиска раката на моќните.+
14 И зар ќе го стори тоа тогаш кога велиш дека не го гледаш!+
Парницата е пред него, затоа чекај го нетрпеливо.+
15 А бидејќи во својот гнев не те повика на одговорност,+
не обрнува внимание на оваа твоја крајна непромисленост.+
36 Потоа Елиу рече:
2 „Биди стрплив уште малку со мене, и јас ќе ти покажам
дека треба уште нешто да се каже за Бог.
5 Гледај, Бог е моќен+ и тој нема да отфрли човек,
силен е во разборитоста на своето срце.
6 Нема да го остави жив злобниот,+
туку ќе им даде правда на страдалниците.+
7 Тој нема да го тргне погледот од праведникот,+
ќе постави цареви на престолот+ засекогаш,
и ќе бидат возвишени.
9 Тогаш тој ќе им ги спомне нивните дела
и нивните престапи, затоа што се вообразени.
11 Ако послушаат и ако почнат да му служат,
нивните денови ќе завршат во добро
и нивните години во задоволство.+
13 А оние што имаат отпадничко срце, ќе натрупуваат гнев.+
Нема да молат за помош кога тој ќе ги врзе.
15 А тој ќе го избави страдалникот од неговата неволја
и ќе му го отвори увото кога е во мака, за да го поучи.
16 Ќе те избави од устата на неволјата!+
Наместо во неа да бидеш стеснет, ќе бидеш на пространо место,+
и на твојата трпеза ќе има изобилство+ утеха.
18 Затоа внимавај бесот+ да не те наведе да плескаш со рацете пакосно
и големата откупнина+ нека не те заведе.
19 Ќе биде ли услишен твојот повик за помош?+ Не, нема да те избави од неволјата
дури ни целиот твој голем труд.+
20 Не воздивнувај за ноќта,
кога луѓето заминуваат на починка.
22 Гледај, Бог постапува возвишено во својата сила!
Има ли учител како него?
26 Гледај, Бог е многу повозвишен отколку што можеме да сфатиме,+
не може да се истражи бројот на неговите години.+
27 Зашто, тој ги црпи капките вода во висините,+
па тие се цедат одозгора како дожд и како негова магла,
се излеваат врз луѓето изобилно.
4 Зад неа глас одекнува,
Тој грми+ со величествен глас,+
и не ја запира кога ќе се чуе неговиот глас.+
6 Зашто, на снегот му вели: ‚Падни на земјата!‘+ —
а и на поројниот дожд, на своите обилни поројни дождови.+
7 Му ја запечатува раката на секој земен човек
за секој смртен човек да го запознае неговото дело.
11 Да, со влага го товари облакот,
Неговата светлина+ ги распрснува облаците,
12 па кружат како тој што ги води, за да ја завршат својата работа
секаде над лицето на земната плодна почва каде што тој ќе им заповеда.+
15 Знаеш ли кога им заповеда Бог што да прават+
и кога предизвика да засвети светлината на неговиот облак?
19 Советувај нѐ што да му кажеме.
Поради темнината, ни недостасуваат зборови.
21 Сега луѓето не гледаат светлина на облачното небо,
но таа блеснува на небото
кога ќе помине ветрот и ќе го исчисти.
24 Затоа луѓето нека се бојат од него!+
Нему не му се важни оние чие сопствено срце ги уверува дека се мудри“.+
38 Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+
2 „Кој е тој што ја замрачува Божјата намера
со зборови во кои нема знаење?+
3 Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек
и пушти ме да те прашувам, а ти поучи ме.+
5 Знаеш ли кој ѝ ги одреди мерките
и кој го растегна над неа мерното јаже?
6 Во што се вглавени нејзините подножја+
и кој ѝ го положи аголниот камен
8 Кој го затвори морето со врати,+
кога навре како од мајчина утроба,
9 кога го облеков со облак
и го повив со густа темнина,
10 кога му одредив граница
и му ставив врати со резиња,+
11 и реков: ‚Довде можеш да доаѓаш, но не подалеку!+
Тука ќе им биде границата на твоите горди бранови‘.+
12 Си му дал ли некогаш во животот заповед на утрото да осамне?+
Си ѝ го покажал ли на зората нејзиното место,
13 да ја фати земјата за краевите
и да ги истресе злобните од неа?+
14 Тогаш земјата се преобразува како глина+ под печат,
а она што е на неа го добива својот изглед, како да се облекува.
19 Кој пат води до живеалиштето на светлината,+
и каде е живеалиштето на темнината,
20 па да ги однесеш до нивната меѓа
и да ги запознаеш патиштата што водат до нивната куќа?
22 Си влегол ли во ризниците на снегот+
и си ги видел ли ризниците на градот,+
23 кои ги чувам за времето на неволјата,
за денот на битката и војната?+
25 Кој ги насочува поројните дождови
и му го одредува патот на громовниот буроносен облак,+
26 за да паѓа дожд на земјата каде што нема човек,+
на пустелија во која нема земен човек,
27 за да ги напои пустите краишта погодени од бура,
да даде да никне трева?+
32 Можеш ли да го изведеш во право време соѕвездието Мазарот
и да го водиш соѕвездието Аш* со неговите синови?
35 Можеш ли да ги испратиш молњите да отидат
и да ти кажат: ‚Еве нѐ‘?
37 Кој може со својата мудрост да ги преброи облаците
или да ги преврти небесните ќупови,+
38 па земниот прав да стане како растопена маса
и грутките земја да се слепат?
39 Можеш ли на лавот да му ловиш плен
и на младите лавови+ да им го заситиш големиот глад
40 кога демнат во скривалиштата+
или лежат во заседа во честакот?
41 Кој му приготвува храна на гавранот+
кога неговите пилци викаат кон Бог за помош,
кога талкаат затоа што немаат што да јадат?
39 Знаеш ли кога им е времето на планинските кози да се окозат+ по карпите?
Набљудуваш ли кога срните во болки ги раѓаат младенчињата?+
3 Се свиткуваат тогаш кога ги раѓаат младенчињата,
кога се ослободуваат од болките.
4 Младенчињата зајакнуваат, растат во полето,
заминуваат и не се враќаат кај нив.
5 Кој ја пуштил зебрата+ на слобода
и кој му ја разврзал врвката на дивото магаре,
6 чија куќа ја подигнав во пустелијата,
и чие живеалиште го подигнав во солениот крај?+
11 Ќе имаш ли доверба во него затоа што му е голема силата
и ќе му ја препуштиш ли својата работа?
12 Ќе имаш ли доверба во него дека ќе ти го собере житото
и дека ќе ти го дотера на гумно?
13 Мавта ли женката на нојот радосно со крилјата
и има ли таа пердуви за летање и други пердуви какви што има штркот?+
14 На земја ги остава јајцата,
во правот ги грее,
15 и заборава дека може нечија нога да ги здроби
или некоја полска ѕверка да ги згази.
16 Со своите пилци постапува немилосрдно, како да не се нејзини.+
Залуден ќе биде нејзиниот труд ако не трепери над нив.
18 А кога ќе замавне високо со крилјата,
му се смее на коњот и на неговиот јавач.
23 Над него ѕвечи тулот,
сечилото на копјето и на сулицата.
24 Со топот, полн со немир, тој ги голта пространствата,
и од радост не може да поверува дека го слуша звукот на рогот.
25 Штом ќе се огласи рогот, тој за’ржува: ‚Иха!‘
Оддалеку ги намирисува битката,
викањето на заповедниците и воените извици.+
26 Зар поради твојата мудрост се вивнува соколот во височина
и ги шири крилјата кон јужниот ветар?
27 Зар на твоја наредба се крева орелот+ нагоре
и го вие своето гнездо на високо,+
28 па на стрмна карпа живее и ноќева,
на врвот од стрмна карпа, на непристапно место?
40 Одговарајќи му на Јов, Јехова продолжи:
2 „Ќе се препира ли приговарачот со Семоќниот?+
Нека одговори оној што го укорува Бог!“+
5 Еднаш зборував, и нема повеќе да одговарам;
двапати зборував, и нема повеќе ништо да додадам“.
6 Тогаш Јехова му одговори на Јов од виорот:+
7 „Те молам, заврати си ги скутовите на облеката како човек,+
и јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.+
13 Скриј ги сите заедно во правот,+
нивните лица заврзи ги на скришно место,
14 и јас ќе те пофалам,
зашто твојата десница може да те спаси.
15 А сега гледај го нилскиот коњ,* кого јас го направив како што те направив и тебе.
Јаде зелена трева+ како бик.
16 Гледај, во бутовите е неговата сила,
и неговата голема јачина+ почива во неговите стомачни мускули.*
17 Ја свиткува опашката како кедар,
испреплетени му се жилите на бедрата.
18 Коските му се цевки бакарни,
силни му се коските како ковани железни шипки.
22 Трнливите лотоси го засолнуваат со својата сенка,
крајизворски тополи го опкружуваат.
23 Ако надојде реката незапирливо, тој не бега избезумено.
Мирен е дури и кога Јордан+ ќе навали во неговата уста.
24 Додека тој гледа, може ли некој да го фати?
Може ли некој да му го прободе носот со кука?
3 Ќе те моли ли многу
или ќе ти зборува со благи зборови?
4 Ќе склопи ли сојуз со тебе
за да го одведеш како роб засекогаш?
5 Можеш ли да си поиграш со него како со птица
или да го врзеш за да си поиграат со него твоите девојчиња?
6 Ќе се спогодуваат ли луѓето за него?
Ќе го разделат ли трговците?
8 Ако кренеш рака на него,
ќе ја запаметиш борбата! Тоа нема да ти се повтори!
9 Еве, залудно човек очекува дека ќе го фати.
Човекот паѓа штом ќе го види.
12 Нема да молчам за деловите на неговото тело,
ни за неговата сила, ни за складната градба на неговото тело.
13 Кој може да му ја соблече облеката?
Кој смее да влезе меѓу неговите челусти?
14 Кој може да ја отвори неговата огромна челуст?
Застрашувачки се неговите заби што стојат наоколу.
15 Низовите од крлушки се неговата гордост,
затворени се како со цврст печат.
16 Една до друга се толку прилепени
што ни ветрот не може низ нив да пробие.
17 Цврсто се лепат една до друга,
толку цврсто се држат што не може да се раздвојат.
18 Кога тој ќе кивне, блеснува светлина,
и неговите очи се како зраци на зората.
19 Од неговата уста блескаат молњи,
и летаат огнени искри.
20 Од неговите ноздри излегува дим,
како од печка потпалена со рогоз.
22 Силата му лежи во вратот,
пред него сите бегаат од страв.
23 Наборите на неговото тело се цврсто стегнати,
на него не мрдаат, како да се излеани.
24 Неговото срце е како излеано, тврдо како камен,
да, тврдо како долен мелнички камен.
31 Од него длабочината врие како котел,
морето се пени како мирисливо масло во котел.
32 По себе остава светла патека,
па се чини како водната бездна да има седа коса.
33 Не постои ништо слично на земјата,
создаден е за да не се плаши од ништо.
34 Сѐ што е високо, тој го гледа.
Тој е цар над сите величествени ѕверови“.
3 Ти рече: ‚Кој е тој што ја замрачува Божјата намера без знаење?‘+
Ете, зборував, но не го разбирав
она што е пречудесно за мене, кое не го познавам.+
5 Досега те знаев од слушање,
но сега моето око те гледа.
7 И така Јехова му ги кажа сите тие зборови на Јов. Потоа Јехова му се обрати на Елифаз од Теман:
„Мојот гнев се распали против тебе и против твоите двајца пријатели,+ бидејќи не ја зборувавте вистината за мене+ како мојот слуга Јов. 8 Затоа, земете сега седум јунци и седум овни+ и отидете кај мојот слуга Јов,+ па принесете за себе жртва паленица, а мојот слуга Јов ќе се моли за вас.+ Само него ќе го услишам, па нема да ве посрамам поради вашата голема глупост, поради тоа што не ја зборувавте вистината за мене, како мојот слуга Јов“.+
9 И така, Елифаз од Теман, Вилдад од Суј и Софар од Наама отидоа и направија како што им рече Јехова, и Јехова го услиши Јов.
10 А кога Јов се помоли за своите пријатели,+ Јехова го избави од неволјата што го беше заробила.+ И Јехова му даде на Јов двојно повеќе од сето она што го имаше порано.+ 11 Кај него дојдоа сите негови браќа, и сите негови сестри, и сите што го познаваа порано,+ и јадеа леб со него+ во неговата куќа, го жалеа и го утешија поради сите неволји кои Јехова допушти да го снајдат. И секој од нив му даде по едно парче сребро* и по еден златен прстен.
12 Јехова ги благослови+ подоцнежните години од животот на Јов повеќе отколку претходните,+ па имаше четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада чифта говеда и илјада магарици. 13 А му се родија и седум синови и три ќерки.+ 14 На првата ѝ го даде името Емима, на втората ѝ го даде името Касија, а на третата ѝ го даде името Керен-Апух. 15 По целата земја немаше толку убави жени како што беа ќерките на Јов. И нивниот татко им даде наследство со нивните браќа.+
16 Потоа Јов поживеа сто четириесет години+ и ги виде своите синови и своите внуци+ — четири поколенија. 17 И умре Јов, стар и му се наживеа на животот.+
„Јов“ значи „мразен“. Во 1Мо 46:13 истото име го носи друга личност.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „ангелите“, според Септуагинтата.
Или: „Противникот“ (хебрејски: хасСатан). Одредениот член, кој е употребен во хебрејскиот јазик, покажува дека со изразот „Сатана“ се мисли на точно одредена личност.
Или: „ангелите“, според Септуагинтата.
Види ја фуснотата за Јов 1:6.
За значењето на меѓусебно сродните хебрејски изрази, кои во овој стих се преведени со изразите „беспрекорен (. . .) непорочност“, види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.
Изразот најверојатно се однесува на крокодилот или на некое големо морско животно.
Буквално: „од духот на“.
Или: „ангели“.
Или: „светите ангели“, според Септуагинтата.
Буквално: „душата“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Види го додатокот 12.
Буквално: „Не ја препознава ли моето непце“.
Или: „лунарни месеци“. Спореди го додатокот 14.
Буквално: „шеолот“.
Некои сметаат дека станува збор за Големата мечка.
Некои сметаат дека станува збор за Орион.
Некои сметаат дека станува збор за ѕвездената група Квачка во соѕвездието Бик.
Се смета дека станува збор за соѕвездијата што се наоѓаат под екваторот, на јужната хемисфера.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „шеолот“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „срцето“.
Или: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
Буквално: „Зошто го носам своето тело (месо) во своите заби и ја ставам својата душа на својата дланка?“
Буквално: „тој е“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „од принудната работа; од робувањето“, што овде е симбол за смртта која ги држи луѓето во ропство.
Или: „тврдоврато“.
Буквално: „направи од мене прикаска (пословица) за народите“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Користејќи множина, Вилдад веројатно мисли на Јов и на оние што се како него, или имаат наклоност кон него.
Буквално: „Првородениот на смртта“.
Буквално: „избегав со кожата на забите“.
Или: „него ќе го видам со свои очи, а не со очите на туѓинец“.
Буквално: „дух“.
Буквално: „мојот дух не станува нестрплив“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „златна руда“.
Или: „ѕидовите на терасовидните ниви“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „делотворната (практична, применлива) мудрост“.
Буквално: „Шеолот“.
Изразот најверојатно се однесува на некое морско чудовиште.
Или: „пословични (мудри) зборови“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „душата“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „пословични (мудри) зборови“.
Или: „лунарни месеци“. Спореди го додатокот 14.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „плодно тло“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „ангели“, според Септуагинтата.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кима“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Аш“ во Јов 9:9.
Или: „лунарните месеци“. Спореди го додатокот 14.
Буквално: „вехемот“.
Или: „тетиви“.
Буквално: „левијатанот“.
Буквално: „душа“.
Буквално: „му даде по еден кесит“. Кесит е парична единица со непозната вредност.