ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/10 стр. 28-30
  • Дали се исплаќа да влегувате во долгови?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали се исплаќа да влегувате во долгови?
  • Разбудете се! 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Избегнувајте преголеми долгови
  • Може ли Библијата да ви помогне?
  • Кога си во долгови до гуша
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Може ли Библијата да ти помогне ако имаш долгови и финансиски проблеми?
    Одговор на библиски прашања
  • Како да раководиш со парите
    Разбудете се! 2019
  • Долг што го имаме кон другите
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/10 стр. 28-30

Дали се исплаќа да влегувате во долгови?

„НИКОГАШ не трошете ги парите пред да ги добиете.“ Со оглед на тоа што за многу луѓе денес земањето долгови е начин на живот, дали овој совет што го дал поранешниот американски претседател Томас Џеферсон звучи старомодно?

Во многу земји платите остануваат мали во споредба со цените, а инфлацијата ги проголтува заштедите. Исто така, и економската клима влијае врз чувството за вредности кај луѓето. Да, чесноста е важна. Поради тоа што појавите, како што се лажењето при плаќањето на даноците и неплаќањето на долговите, се раширени, навистина е предизвик да се задржи чиста совест. Затоа, не е ни чудо што економијата често пати е тема на разговор, а весниците и списанијата, како и телевизијата, изобилуваат со предлози за штедење или за заработување на пари, додека луѓето се обидуваат да откријат како да излезат на крај со сложените економски проблеми. Истовремено, со право сте загрижени на кој начин ќе се издржувате себе и своето семејство (1. Тимотеј 5:8).

Поради тоа што релативно мал број луѓе уживаат економска стабилност, што можете вие лично да сторите за вашето семејство да ги избегне тешкотиите? Како прво, треба да се има на ум една важна поука.

Избегнувајте преголеми долгови

Зошто некои луѓе запаѓаат во долгови? Позајмувањето не се должи секогаш на некоја тешка ситуација, како на пример болест. Желбата да се поседуваат одредени материјални работи може да биде многу јака. Од друга страна, позајмувањето само по себе не е погрешно. Всушност, можеби е подобро да се плати хипотека на куќа наместо кирија, или можеби е неопходно да се купи автомобил. Хранителот на семејството, сака неговите домашни да бидат среќни. Тој сака да биде успешен сопруг и татко. Веројатно мисли дека неговото семејство заслужува да ги има многуте материјални работи што ги поседуваат другите.

Мора да се признае дека, да позајмиме пари за да купиме некој предмет што го сакаме а кој не ни е толку неопходен, може да биде предизвик. Зарем не се чувствуваме убаво кога купуваме некои работи? Кој не ужива да има убав фустан, нови чевли, или дури сосема нов автомобил? И кој не би сакал поубава куќа? Сепак, внимавајте! Трговците можат да бидат убедливи, бидејќи заработуваат многу пари кога продаваат артикли на луѓе, на кои воопшто не им требаат и кои не можат да си ги дозволат.

Запомнете, исто така, дека редовното исплаќање на долговите може да предизвика напнатост во семејните односи. Можат да се појават несогласувања и огорченост поради тоа. Драмскиот писател Хенрик Ибзен бил во право кога рекол: „Животот во домот престанува да биде слободен и убав веднаш штом ќе почне да се живее од позајмување и од долгови“. Ако навреме не ги исплатите долговите, вашето добро име може да биде извалкано. Со оглед на тоа што е многу полесно да се потрошат позајмените пари отколку да се вратат со камата, многумина заклучуваат дека она што го купиле не им го донеле очекуваното задоволство.

Вообичаено е владите сѐ повеќе да се задолжуваат, со што се зголемуваат и нивните камати. Иако тоа можеби се чини нормално, зошто да ги имитираме државите кои се заглавени до гуша во долгови? Наместо да создаваат подобар животен стандард за луѓето, преголемите долгови можат да ја зголемат сиромаштијата и несигурноста. Како што вели една данска поговорка: „Тешко е да се плаќа за леб кој е веќе изеден“.

За среќа, стресот како последица од товарот на долговите, во голема мера ќе се намали доколку се научи мудро да се трошат средствата. Затоа, одвојте време внимателно да го испланирате купувањето за да го избегнете притисокот да позајмувате. Дури и во земји со хиперинфлација, постојат начини како да се заштедат пари — да се купува кога има намаленија и да се купуваат само неопходните работи. Тоа изискува да живееме во границите на своите можности, да бидеме спремни да почекаме или да се откажеме од она што го сакаме.

Запрашајте се: Ако земам долг, дали тоа ќе создаде потешкотии за моето семејство? А што ќе биде со мојата репутација ако не можам да го вратам долгот? Ќе потрае подолго време додека другите повторно стекнат доверба во вас! За таа цел, достапен ви е еден практичен и здрав совет. Зошто да не ја испитате Библијата за да видите дали таа може вам и на вашето семејство да ви помогне да се справите со долговите?

Може ли Библијата да ви помогне?

Најважно е тоа што Библијата може на сите да ни помогне да негуваме безусловна доверба во Јехова. Секако дека ни е потребна помош во овие „времиња тешки“ (2. Тимотеј 3:1). Ние сме советувани: „Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она, што го имате. Зашто Сам Он рекол: ‚Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам‘; така што слободно да велиме: ‚Господ ми е помошник, и нема да се уплашам: што може да ми направи човек?‘“ (Евреите 13:5, 6). Колку е животоважно да развиваме јака вера во Бог како наш Снабдител!

Иако Библијата не му кажува на секого како да се издржува, сепак таа дава разумни упатства. Исус Христос ги охрабрувал своите слушатели првенствено да се грижат за својата духовност: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби“ (Матеј 5:3, НС). Исто така, нам ни е речено да си поставуваме и цели: „Усрдно да се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствените свои раце како што ви заповедавме; да се држите чесно спрема надворешните и да немате потреба од никого“ (1. Солунјаните 4:11, 12). За да живееме тихо и да уживаме одредена мера на спокојство, зарем не е потребно да живееме во границите на своите можности?

Божјата Реч може да ни помогне да го исправиме мислењето. Писателот на книгата Изреки покажал едно урамнотежено гледиште кога го молел Бог: „Сиромаштија и богатство не ми давај, — храни ме со насушниот леб, та, откако ќе се пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ‚Кој е Господ‘ и, откако ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот Бог напразно“ (Изреки 30:8, 9). Затоа, немојте да се срамите ако морате да поминувате со помалку, барем привремено. Никогаш не дозволувајте вашата среќа да зависи од материјалните работи, како што многу луѓе дозволуваат, споредувајќи се себеси со другите или непотребно грижејќи се за материјалните работи (Матеј 6:31-33).

Освен тоа, Библијата може да ви помогне да развивате добри навики. Научете да бидете штедливи без да бидете скржави, наоѓајќи задоволство во работите кои можете да си ги дозволите. Ако си младинец, не очекувај веднаш да ги добиеш оние работи за кои возрасните морале да работат со години. Избегнувајте да бидете заробени од материјализмот. Прикладно е што Библијата нѐ предупредува, не на парите, туку на „среброљубието“, велејќи: „Оние, што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во примки и во многу неразумни и штетни желби, што го потопуваат човекот во пропаст и погибел. Зашто коренот на сите зла е среброљубието, на кое што некои, откако му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:9, 10). Колку е битно да се препознае разликата помеѓу она што е вистински потребно и она што само се посакува!

Меѓутоа, дали мислите дека вашиот приход е премал? Точно е тоа дека не е лесно да се поднесе оскудица без фрустрации. Сепак, бидете спремни да живеете и без некои неважни работи наместо да западнете во долгови заради нив, што може да ви создаде огромни терети, па дури и финансиска загуба. Внимателно планирајте и бидете економични. Можете да добиете практични предлози ако разговарате со некој искусен пријател. Дали вашиот приход би се подобрил ако научите некоја нова вештина? Запомнете: Следењето на библиските начела, ставањето на духовните работи на прво место и потполната доверба во Јехова се животоважни — без разлика на околностите (Филипјаните 4:11-13).

Точно, запаѓањето во долгови може да не се исплаќа. Се вели: „Човек кој во долгови запаѓа, во мрежа се фаќа“. Товарот на долгот може да биде разорен за семејниот живот, за здравјето и за духовноста. Долгот може да го направи позајмувачот уште посиромашен. Изреки 22:7 вели: „Богатиот господари над сиромавиот, и должникот станува роб на заемодавецот“. Затоа, избегнувајте непотребни долгови. Сѐ уште можеме да имаме корист од начелото кое е вклучено во она што апостол Павле им го препорачал на христијаните: „И не должете никому ништо освен да се сакате еден со друг; зашто оној, што го љуби ближниот, го исполнува Законот“ (Римјаните 13:8).

Без оглед на економската состојба во вашата земја, со доверба очекувајте го Божјиот нов свет. Наскоро, човештвото нема повеќе да биде поделено на заемодавци и на должници. Под Божјето Царство, никој нема да биде сиромашен. Ќе се исполни Јеховиното ветување: „Он ќе избави беден од силник и сиромав, кој нема помошник. Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиромасите“ (Псалм 71:12, 13). Наместо да се борат само за да преживеат, тогаш жителите на Земјата „ќе се насладуваат во изобилен мир“ (Псалм 36:11).

[Слика на страница 28]

Томас Џеферсон

[Извор на слика]

Слика од Гилберт Стјуарт. Со љубезна дозвола на Bowdoin College Museum of Art/Dictionary of American Portraits/Довер

[Слика на страница 29]

Запаѓањето во големи долгови може да создаде напнатост во вашиот брак

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели