ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/10 стр. 26-27
  • Дали е важно во што верувате?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е важно во што верувате?
  • Разбудете се! 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали верувањата влијаат на однесувањето?
  • Зошто веруваш во она во што веруваш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали верата и разумот се неспоиви?
    Разбудете се! 2011
  • Што може да ни помогне исправно да ракуваме со речта на вистината?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Тимотеј — „вистинското чедо по вера“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/10 стр. 26-27

Што вели Библијата

Дали е важно во што верувате?

„ЧОВЕКОТ ПРЕТПОЧИТА ДА ВЕРУВА ВО ОНА ШТО БИ САКАЛ ДА БИДЕ ВИСТИНИТО“ (ФРАНСИС БЕКОН, 1561-1626, АНГЛИСКИ ЕСЕИСТ И ДРЖАВНИК).

КОГА станува збор за религиозни доктрини, според многу луѓе ако некој искрено верува дека ‚таму горе има Некој‘ и ако го сака ближниот свој, тогаш воопшто не е важно во што ќе верува. При помислата на конфликтните верувања, кои се застапувани од религиозните групи во врска со Бог, неговата намера и начинот како да го обожаваат, некои доаѓаат до заклучок дека разликите се само површни, исто како и различните стилови на облека што ги носи еден ист човек. Тие можат дури да мислат дека оние кои посебно ги истакнуваат тие разлики, потполно го промашиле духот на вистинското христијанство.

Библијата признава дека не се корисни сите дискусии за религиозни учења. На пример, во неговите инспирирани писма до Тимотеј, апостол Павле зборувал за мажи кои поттикнувале „жестоки препирки заради ситници“. Павле ги опишал како ‚заразени во мислите поради препрашувања и препирки околу зборови‘ (1. Тимотеј 6:4, 5, НС). Тој го поучил Тимотеј да ги ‚отфрла лудите и неразумни препрашувања бидејќи знае дека создаваат кавги‘ и да ги поучи собранијата „да не се караат заради зборови, кое нема никаква корист“ (2. Тимотеј 2:14, 23, НС). Многу современи религиозни дебати одговараат на овој опис и се покажале само како бесмислено губење на време.

Но, дали тоа значи дека сите дискусии во врска со религиозните верувања се бесмислени? Сигурно не би се откажале повеќе да не носиме облека, само затоа што некоја облека не е добра за носење, зарем не? Тогаш, зошто да ја сметаме целата тема на религиозно верување за неважна само затоа што некои доктринарни прашања не заслужуваат внимание? Контекстот на горецитираните Павлови зборови покажува дека тој ги сметал доктрините за теми кои се од важен интерес. Постојано предупредувал дека лажните учења би можеле некого да го одвлечат од верата и затоа го поучил Тимотеј да ‚им заповеда на некои, да не проповедаат друго учење‘ (1. Тимотеј 1:3-7; 4:1; 6:3-5; 2. Тимотеј 2:14-18, 23-26; 4:3, 4). Сигурно дека тој не би го нагласувал тоа толку многу кога не би било важно во што верувале тие христијани од првиот век.

Во тој случај, зошто е даден советот да се отфрлаат прашањата во врска со науката? Тоа било од причина што, во времето на Павле, одредени луѓе — кои тој ги опишал како луѓе ‚со изопачен ум и лишени од вистината‘ — покренувале прашања од науката само со цел да ја поткопаат верата на другите (1. Тимотеј 6:5). Павле го советувал Тимотеј да не се впушта во дискусии околу религиозни верувања само кога се работело за прашањата што ги поставувале тие расипани луѓе.

Дали верувањата влијаат на однесувањето?

Сепак, некои луѓе би можеле да прашаат дали нашите религиозни верувања имаат големо влијание врз тоа какви луѓе стануваме — нашите лични особини и однесување. Тие можат да гледаат на верувањата и на однесувањето како на два одвоени предмета кои немаат никаква меѓусебна врска, како на пример палто и панталони кои можат да се менуваат и комбинираат според желбите на оној кој ги носи. Меѓутоа, во Библијата, верувањата и однесувањето повеќе личат на костим што оди само како комплет.

Библијата открива дека постои директна врска помеѓу она што го веруваме и тоа какви личности стануваме. Самооправданиот фарисеј од времето на Исус бил пример за тоа како влијаат погрешно водените верувања врз личното однесување (Матеј 23:1-33; Лука 18:9-14). Од друга страна, пак, Колосјаните 3:10 (НС) советува: „Облечете ја новата личност која се обновува преку точно спознание според сликата на Оној, кој ја создал“. Забележете дека моќта која е потребна за да се води побожен начин на живот е поврзана со точното спознание за Бог.

Грчкиот израз преведен со „точно спознание“, кој се јавува 20 пати во Христијанските грчки списи, се однесува на точно, сигурно, односно комплетно спознание. Грчкиот научник Натанаел Кулвервел го опишува изразот на следниот начин: „Да бидеш подобро запознат со нешто што си го знаел пред тоа; поточно да го посматраш некој предмет што порано си го видел оддалеку“. Според тоа, како што еден јувелир испитува скапоцен камен со цел да ги процени неговите квалитети и вредноста, така и еден христијанин мора да ја испитува Божјата Реч со цел да дојде до точно, сигурно и потполно спознание за Богот кому му служи. Тоа значи да се запознае Божјата личност, неговите намери, неговите мерила и сите учења кои го сочинуваат ‚образецот на здрави зборови‘ — далеку од тоа само да се верува дека ‚таму горе има Некој‘ (2. Тимотеј 1:13).

Еден пример за тоа каков плод се јавува кога некој го познава Бог само оддалеку е запишан во првото поглавје од инспирираното писмо до Римјаните. Таму се зборува за извесни луѓе кои, ‚иако го познавале Бога, . . . не се согласувале да го задржат Бог во точно спознание‘ (НС). За последиците од нивните погрешни верувања раскажал апостол Павле: „Бог ги предаде на изопачен ум — да го прават она, што не прилега; бидејќи исполнети со секаква неправда, блудство, лукавство, користољубивост, злоба; полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави; оговарачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви“ (Римјаните 1:21, 28-31).

Без сомнение, верувањата што ги имале тие луѓе извршиле директно влијание врз нивната способност да водат христијански живот. Слично и денеска, верувањата и однесувањето можат да се споредат со облека без рабови која е исткаена во едно парче. Затоа е битно сите кои сакаат да стекнат Божја милост да се погрижат нивните религиозни верувања да бидат вистинити и потполно темелени на Божјата Реч. Затоа што „[Божја] волја е сите видови луѓе да бидат спасени и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тимотеј 2:4, НС).

[Слика на страница 26]

Самооправданоста на фарисејот ги одразила неговите верувања

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели