ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/3 стр. 11-13
  • Патот до заздравување

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Патот до заздравување
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Заздравување
  • Нема осамени срца
  • На семејствата им е потребна поддршка
  • Препознавање на симптомите и постапување според нив
    Разбудете се! 1997
  • Благодарна за Јеховината верна поддршка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Христијанското собрание — извор на зајакнувачка помош
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Наоѓам радост и покрај мојот хендикеп
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/3 стр. 11-13

Патот до заздравување

КАКО последица на срцевиот удар, нормално е човек да доживува страв и загриженост. Дали ќе добијам уште еден удар? Дали ќе бидам онеспособен или ограничен поради болка или губиток на сила и виталност?

Џон, кој беше споменат во нашата втора статија, се надевал дека со текот на времето дневната нелагодност и болката во градите ќе попуштат. Но после неколку месеци, тој рекол: „Досега, не попуштиле. Тие, заедно со брзото заморување и треперењето на срцето, ме тераат постојано да се прашувам: ‚Дали сум на работ пред уште еден удар?‘“

Џејн, од Соединетите Држави, која била млада вдовица кога добила срцев удар, признала: „Мислев дека нема повеќе да живеам или дека ќе имам уште еден удар и ќе умрам. Ме фати паника затоа што имав три деца за кои требаше да се грижам“.

Хироши, од Јапонија, раскажал: „Ме шокира тоа кога ми кажаа дека срцето нема да може повеќе да ми функционира како порано; пулсот ми падна за 50 проценти. Бев скоро сигурен дека ќе морам да намалам некои од моите активности како министер на Јеховините сведоци затоа што можев да извршам помалку од половина од работите што ги правев“.

Кога некој е соочен со ограничени сили, можат да се појават напади на депресија и чувства на бескорисност. Мари, 83-годишна Австралијанка која се посветила полновремено на делото на проповедање на Јеховините сведоци, се жалела: „Мојата неспособност да бидам толку активна како порано ме разжалости. Наместо јас да им помагам на другите, сега мене ми беше потребна помош“. Харолд, од Јужна Африка, коментирал: „Три месеци не бев во можност да работам. Најмногу што можев да правам тогаш беше само да се шетам низ градината. Тоа беше фрустрирачки!“

Откако Томас од Австралија го добил својот втор срцев удар, била неопходна бајпас хирургија. Тој рекол: „Поради тоа што не поднесувам болка баш најдобро, да размислувам за голема операција ми беше скоро претешко“. Жорже, од Бразил, коментирал за последиците од операцијата на срцето: „Поради мојата лоша финансиска ситуација, се плашев дека ќе ја оставам жена ми сама и без помош. Чувствував дека нема да живеам уште долго“.

Заздравување

Што им помогнало на многумина да заздрават и повторно да си ги урамнотежат своите емоции? Џејн забележала: „Кога ме фаќаше паника, секогаш му се обраќав на Јехова во молитва, ги фрлав своите бремиња и му ги оставав таму“ (Псалм 54:22). Молитвата му помага на човекот да ја добие силата и душевниот мир кои се неопходни кога е соочен со грижи (Филипјаните 4:6, 7).

Џон и Хироши учествувале во програми за рехабилитација. Добрата исхрана и вежбањето ги зајакнале нивните срца, така што и двајцата продолжиле со работа. А своето душевно и емоционално заздравување го припишале на закрепувачката моќ на Божјиот дух.

Преку поддршката од своите христијански браќа, Томас собрал храброст да се соочи со својата операција. Тој навел: „Пред операцијата, еден надгледник ме посети и тој се молеше со мене. Во една многу горлива молба, тој го замоли Јехова да ме зајакне. Таа вечер се концентрирав на неговата молитва и се чувствував многу благословен што имам старешини како него, чие соживување за време на трогателните периоди, само по себе, преставува дел од процесот на лекување“.

Ана, од Италија, се борела против депресијата на следниов начин: „Кога сум обесхрабрена, размислувам за сите благослови кои веќе ги добив како Божји слуга и за благословите кои ќе дојдат под Божјето Царство. Тоа ми помага повторно да се смирам“.

Мари е благодарна за Јеховината помош. Нејзиното семејство било покрај неа и таа вели: „Моите духовни браќа и сестри, секој со своето бреме за носење, одвоија време да ме посетат, да ми се јават по телефон или да ми испратат картички. Како можев да останам тажна покрај сета таа љубов која ми беше покажана?“

Нема осамени срца

Се вели дека срцето кое се лекува не треба да биде осамено срце. Поддршката од семејството и пријателите игра огромна и позитивна улога во заздравувањето на оние чии срца мораат дословно и симболично да се излечат.

Мајкл, од Јужна Африка, коментирал: „Тешко е да им се објасни на другите како е да си потиштен. Но кога ќе влезам во Салата на Царството, грижата што браќата ја покажуваат влијае многу пријатно и изградувачки врз мене“. Хенри, од Австралија, исто така бил зајакнат од длабоката љубов и разбирање кое ги изразило неговото собрание. Тој рекол: „Навистина ми беа потребни тие нежни зборови на охрабрување“.

Жорже ја ценел длабоката грижа која другите ја покажале со тоа што му помагале на неговото семејство во финансиски поглед додека тој не бил во состојба да работи. Олга, од Шведска, исто така ја ценела практичната помош што ѝ била дадена нејзе и на нејзиното семејство од страна на многуте духовни браќа и сестри. Некои ѝ пазарувале, додека други ѝ ја чистеле куќата.

Честопати, болните од срце мораат да го ограничат своето учество во активностите кои им биле многу драги. Свен, од Шведска, раскажал: „Понекогаш морам да се воздржувам да не учествувам во службата на подрачјето кога времето е премногу ветровито или ладно затоа што тоа предизвикува васкуларен спазам. Го ценам разбирањето кое многу од моите со-Сведоци го покажуваат за таа работа“. Дури и кога е врзан за кревет, Свен е во можност да ги слуша состаноците затоа што браќата, поттикнати од љубов, му ги снимаат на касета. „Тие секогаш ме информираат за она што се случува во собранието и тоа ме прави да се чувствувам како учесник.“

Мари, врзана за кревет, го чувствува како благослов тоа што оние со кои ја проучува Библијата доаѓаат кај неа. На тој начин може да продолжи да дискутира за прекрасната иднина која ја очекува. За грижата што му е покажана, Томас ја изразува својата благодарност: „Старешините се многу обѕирни така што го намалија бројот на задачите што ми ги даваат“.

На семејствата им е потребна поддршка

Патот за членовите на семејството може да биде исто толку тежок колку што е и за жртвата. Тие се подложни на голем стрес и страв. Во врска со загриженоста на својата жена, Алфред, од Јужна Африка, забележал: „Кога си дојдов дома од болница, жена ми ме будеше многу пати во текот на ноќта за да види дали сѐ уште ми е добро и инсистираше секои три месеци да одам на лекар за преглед“.

Стихот од Изреки 12:25 наведува дека „тагата во срцето го притиска човекот“. Карло, од Италија, забележува дека после неговиот срцев удар, неговата сопруга, полна со љубов и со поддршка, „паднала во депресија“. Лоренс, од Австралија, рекол: „Едно нешто од кое треба да се пазите е Вашиот партнер да биде згрижен. Напнатоста врз партнерот може да биде многу голема“. Затоа, треба да ги имаме на ум потребите на сите во семејството, вклучувајќи ги и децата. Ситуацијата може да земе од нив емоционален и физички данок.

Џејмс, споменат во нашата втора статија, се повлекол во себе после срцевиот удар на татко му. Тој рекол: „Се чувствував дека не можам повеќе да се забавувам затоа што мислев дека во моментот кога ќе го сторам тоа, ќе се случи нешто лошо“. Изразувајќи му го својот страв на татко му и работејќи на тоа да воспостави добра комуникација со другите, му помогнало да се ослободи од својата грижа. Во тоа време Џејмс направил уште нешто што имало големо влијание врз неговиот живот. Тој рекол: „Го зголемив моето лично проучување на Библијата и подготвувањето за нашите христијански состаноци“. Три месеци подоцна му го предал својот живот на Јехова и го симболизирал тоа со крштавање во вода. „Оттогаш“, вели тој, „развив многу близок однос со Јехова. Навистина имам многу за што да му заблагодарувам.“

После срцевиот удар, човек има време да го преиспита својот живот. На пример, Џоновото гледање на работите се променило. Тој рекол: „Ја гледаш бескорисноста на световните тежнеења и сфаќаш колку е важна љубовта на семејството и на пријателите, и колку ние му значиме на Јехова. Мојот однос со Јехова, со моето семејство и со моите духовни браќа и сестри сега има уште поголем приоритет“. Размислувајќи за траумата од неговото искуство, тој додал: „Не можам да си замислам да се борам со тоа без нашата надеж за времето кога овие работи ќе бидат исправени. Кога ќе се чувствувам потиштено, размислувам за иднината и, она што се случува сега, не изгледа толку значајно“.

Додека доживуваат подеми и падови на патот до закрепнување, овие лица кои преживеале срцев удар ја имаат својата надеж цврсто укотвена во Царството за кое Исус Христос нѐ поучил да се молиме (Матеј 6:9, 10). Божјето Царство ќе им донесе на луѓето вечен живот во совршенство на една рајска Земја. Тогаш срцевото заболување и сите други неспособности ќе бидат засекогаш отстранети. Новиот свет лежи непосредно пред нас. Навистина, најдоброто од животот допрва ќе дојде! (Јов 33:25; Исаија 35:5, 6; Откровение 21:3—5).

[Слика на страница 13]

Поддршката од семејството и од пријателите игра позитивна улога во заздравувањето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели