ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/12 стр. 12-13
  • ,Не се дел од светот‘ Што значи тоа?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Не се дел од светот‘ Што значи тоа?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христијаните не се асоцијални
  • ,За никого не зборувајте неповолно‘
  • „Да им правиме добро на сите“
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Кога нашите најблиски немаат иста религија
    Разбудете се! 2004
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Намразени заради нивната вера
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/12 стр. 12-13

Гледиште на Библијата

,Не се дел од светот‘ Што значи тоа?

ВО ЧЕТВРТИОТ век н. е. илјадници кои се исповедувале како христијани ги оставиле зад себе своите поседи, роднини и начин на живот за да живеат во изолација по пустините на Египет. Тие станале познати како анахорети од грчкиот збор анакоре́о, што значи „се повлекувам“. Еден историчар ги опишува како се држат одвоено од своите современици. Анахоретите мислеле дека со повлекувањето од човечкото општество, тие се послушни на христијанското барање да не бидат „дел од светот“ (Јован 15:19, НС).

Библијата ги опоменува христијаните да се чуваат ‚без дамка од светот‘ (Јаков 1:27, НС). Писмото јасно предупредува: „Прељубодејци и прељубодејки, не знаете ли, дека пријателството од овој свет е непријателство на Бога? Оти, кој сака да му е пријател на светот, му станува непријател на Бога“ (Јаков 4:4). Но, дали тоа значи дека од христијаните се очекува да станат анахорети, да се повлечат од другите во дословна смисла? Дали треба да се држат одвоено од оние кои не ги делат нивните религиозни верувања?

Христијаните не се асоцијални

За концептот да не се биде дел од светот е дискутирано во бројни библиски извештаи кои ја нагласуваат потребата христијаните да се одвојат од масата на човечкото општество кое е отуѓено од Бог. (Спореди 2. Коринтјаните 6:14—17; Ефесјаните 4:18; 2. Петрово 2:20.) Според тоа, вистинските христијани мудро одбегнуваат ставови, говор и однесување кои се во конфликт со Јеховините праведни патишта, како што се страсното тежнеење на светот по богатства, истакнување и претерано оддавање на задоволства (1. Јованово 2:15—17). Исто така, тие се држат одвоени од светот останувајќи неутрални во поглед на војната и политиката.

Исус Христос рекол дека неговите ученици нема да бидат „дел од светот“. Но, исто така, му се молел на Бог: „Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото“ (Јован 17:14—16). Јасно, Исус не сакал неговите ученици да станат асоцијални, одбегнувајќи секаков контакт со нехристијаните. Всушност, изолирањето би го спречило христијанинот да го исполни својот налог — да проповеда и да поучува „јавно и од куќа до куќа“ (Дела 20:20, НС; Матеј 5:16; 1. Коринтјаните 5:9, 10).

Советот да се остане без дамка од светот не им дава никаква основа на христијаните да се сметаат себеси за супериорни во однос на другите. Оние кои се плашат од Јехова го мразат „самовозвишувањето“ (Изреки 8:13, НС). Галатјаните 6:3 наведува дека „оној, кој што сам себе се смета за нешто, а е ништо, тој се мами самиот себе“. Оние кои се чувствуваат супериорни се лажат самите себе зашто „сите згрешија и се лишени од славата Божја“ (Римјаните 3:23).

,За никого не зборувајте неповолно‘

Во времето на Исус имало луѓе кои ги презирале сите оние кои не припаѓале на нивните исклучително религиозни групи. Меѓу нив биле и фарисеите. Тие биле добро упатени во Мозаитскиот Закон како и во подробностите на еврејската традиција (Матеј 15:1, 2; 23:2). Тие се гордееле со тоа што внимателно ги следеле многуте религиозни ритуали. Фарисеите се однесувале како да се супериорни во однос на другите едноставно поради своите интелектуални достигнувања и религиозниот статус. Тие го изразувале својот побожен и презрив став, велејќи: „Овој народ, што не го знае Законот, е проклет“ (Јован 7:49).

Фарисеите имале дури и оцрнувачки термин за оние кои не биле фарисеи. Хебрејскиот термин ам ха́арец првобитно се користел на еден позитивен начин за да ги означи обичните членови на општеството. Но со текот на времето, арогантните религиозни водачи на Јуда ја промениле смислата на ам ха́арец во презир. Други групи, вклучувајќи ги и оние кои се исповедаат како христијани, користеле термини како што се „паганин“ и „безбожник“ на еден потценувачки начин за да означат луѓе чии религиозни верувања се разликувале од нивните.

Но, како христијаните од првиот век гледале на оние кои не го прифатиле христијанството? Исусовите ученици биле советувани да постапуваат со неверниците „со кротост“ и „со длабоко почитување“ (2. Тимотеј 2:25; 1. Петрово 3:15, НС). Апостол Павле дал добар пример во тој поглед. Тој бил пристаплив, а не арогантен. Наместо да се издигнува над другите, тој бил понизен и изградувачки (1. Коринтјаните 9:22, 23). Во своето инспирирано писмо до Тит, Павле го дава советот ‚за никого да не се зборува навредливо, да не се биде воинствен, туку разумен, покажувајќи секаква благост спрема сите луѓе‘ (Тит 3:2, НС).

Во Библијата, терминот „неверник“ понекогаш се користи за да означи нехристијанин. Меѓутоа, не постои доказ дека зборот „неверник“ се користел како официјално име или епитет. Секако, не се користел за да ги омаловажува или оцрнува нехристијаните затоа што тоа би било спротивно на библиските начела (Изреки 24:9, НС). Јеховините сведоци денес избегнуваат да бидат груби или арогантни спрема неверниците. Тие сметаат дека е неучтиво да им даваат потценувачки имиња на роднини или на соседи кои не се Сведоци. Тие го следат библискиот совет кој гласи: „Слугата Господов . . . да биде кроток кон сите“ (2. Тимотеј 2:24).

„Да им правиме добро на сите“

Важно е да се препознаат опасностите од интимноста со светот, особено со оние кои покажуваат отворено непочитување спрема побожните начела. (Спореди 1. Коринтјаните 15:33, НС.) Сепак, кога Библијата советува „да им правиме добро на сите“, зборот „сите“ ги вклучува оние кои не ги делат христијанските верувања (Галатјаните 6:10). Очигледно, под некои околности христијаните од првиот век ги делеле своите оброци со неверниците (1. Коринтјаните 10:27). Оттука, денешните христијани постапуваат со неверниците на еден урамнотежен начин, гледајќи на нив како на свои ближни (Матеј 22:39).

Би било погрешно да претпоставиме дека едно лице е непристојно или неморално само затоа што не е запознаено со библиските вистини. Околностите и луѓето се разликуваат. Според тоа, секој христијанин мора да одлучи до кој степен ќе ги регулира своите контакти со неверниците. Меѓутоа, би било непотребно и небиблиски еден христијанин физички да се изолира себеси како анахоретите или да се чувствува супериорен како фарисеите.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели