ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 31
  • Кондиција до крајна граница

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кондиција до крајна граница
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Како да најдам мотивација за вежбање?
    Младите прашуваат
  • Чекор 3 — биди физички активен
    Разбудете се! 2011
  • Зошто да се грижам за здравјето?
    Разбудете се! 2010
  • Зошто да се грижам за здравјето?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 31

Кондиција до крајна граница

„НЕОБИЧЕН производ на движењето за кондиција“, вели The Toronto Star е „компулзивен вежбач кој претерува.“ Star известува дека претераното вежбање ги погодува и мажите и жените. Мажите можеби претерано вежбаат за повторно да ја доживеат младоста, велат некои доктори и терапеути, но основните причини зошто жените претерано вежбаат обично се лошата претстава за телото и нарушувањата поврзани со јадењето.

Многумина почнуваат да вежбаат за да се чувствуваат и да изгледаат подобро, но на крајот вежбаат претерано само поради потребата од вежбање. Ричард Суин, спортски психолог и советник на неколку олимписки екипи, тврди дека претераното вежбање е очевидно кога „се темели на емоционална обврска наместо на чисто управување со кондицијата“. Кога се справуваат со овој проблем, докторите и терапеутите се обидуваат да го утврдат влијанието кое вежбањето го има врз животот на пациентите. Ако истовремено се справуваат со изискувачка кариера и со грижата околу домот и децата, претераното вежбање ќе има негативно влијание врз нивната благосостојба. Според д-р Томас Швенк, професор по општа пракса, „би можеле сѐ уште да бидат со добро физичко здравје, но имаат прекин во друштвениот живот, прекин на работното место и семејна неслога“.

Star наведува некои знаци на предупредување поврзани со зависници од вежбање: ‚Избирање осаменички вежби како што се возење велосипед, пливање, трчање или дигање тегови; недостиг на флексибилност во распоредот за вежбање; верување дека вежбањето е задолжително и дека пропуштањето е нешто неподносливо; и влошување на другите аспекти од личниот живот‘.

Иако луѓето кои работат на полето на кондицијата ги признаваат користите од умереното вежбање, тие предупредуваат и на штетните ефекти од претераното вежбање (1. Тимотеј 4:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели