ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/12 стр. 26-27
  • Што Ве прави добар граѓанин?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што Ве прави добар граѓанин?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Христијанската подложност на властите
  • „Готови за секое добро дело“
  • ,Повеќе да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето‘
  • Бог и цезарот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Раното христијанство и државата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Да му се отплати на цезарот цезаровото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Христијанскиот став кон авторитетот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/12 стр. 26-27

Гледиште на Библијата

Што Ве прави добар граѓанин?

ПО II светска војна, многу луѓе во Европа и во Јапонија кои се сметале за добри граѓани кои се придржуваат за законот, се нашле на суд и биле осудени за воени злосторства. Меѓу нив имало воени офицери со високи чинови, научници и други професионалци. Во обидот да ги оправдаат своите постапки, некои од овие криминалци објасниле дека тие само слушале наредби, како што би се очекувало од секој добар граѓанин. Меѓутоа, нивното самопрогласено добро граѓанство ги натерало да извршат ужасни злосторства против човештвото.

Од друга страна, пак, има и такви кои го занемаруваат авторитетот на државата. Некои отворено го отфрлаат владиниот авторитет, додека други се спремни да го прекршуваат законот сѐ додека постои мала опасност да бидат фатени. Се разбира, малкумина би негирале дека треба да се биде послушен на властите, бидејќи без тоа би имало анархија и хаос. Сепак, прашањето е: ‚До каде треба да се оди во извршувањето на граѓанската должност и во послушноста на законот?‘ Разгледај некои основни начела кои им помогнале на христијаните од првиот век да имаат урамнотежено гледиште за своите одговорности пред државата.

Христијанската подложност на властите

Христијаните од првиот век спремно се подложувале на законите и одредбите на оние кои биле „претпоставени власти“ — односно, владејачката сила од тоа време (Римјаните 13:1). Христијаните верувале дека е исправно ‚да се покоруваат на началствата и властите‘ (Тит 3:1). Иако го признале Христос како нивен небесен Цар, тие се подложувале и на законот како поданици на нивните човечки владетели и не претставувале никаква закана за сигурноста на државата. Всушност, тие биле охрабрени ‚да го почитуваат царот‘ во секоја прилика (1. Петрово 2:17). Апостол Павле дури и ги охрабрил христијаните: „Молам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе: за царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и чистота“ (1. Тимотеј 2:1, 2).

Христијаните од првиот век совесно ги плаќале сите даноци што се барале од нив, иако понекогаш тоа претставувало тежок товар. Тие го следеле инспирираното водство што го дал апостол Павле во врска со оваа работа: „Дајте секому, што сте му должни: кому данок — данок; кому давачка — давачка“ (Римјаните 13:7). Во очите на Исусовите ученици, римската власт и нејзините службеници владееле со Божја дозвола и, во некоја смисла, служеле како „Божји служители“ со тоа што обезбедувале извесен мир и стабилност во општеството (Римјаните 13:6).

„Готови за секое добро дело“

Христијаните од првиот век биле охрабрени да ги прифатат граѓанските должности што ги наметнувала државата. Самиот Исус Христос ги советувал своите ученици понекогаш да бидат спремни да прават дури и повеќе од минимумот што го барале граѓанските власти. „Ако некој те присили да одиш со него една милја“, рекол тој, „ти оди две“ (Матеј 5:41). Со следењето на овој совет, христијаните покажале дека не сакаат да ги прифатат користите од животот во едно цивилизирано општество без да дадат нешто за возврат. Тие секогаш биле „готови за секое добро дело“ (Тит 3:1; 1. Петрово 2:13—16).

Тие вистински ги љубеле своите ближни и барале начин да им помогнат (Матеј 22:39). Поради ваквата љубов и придржувањето за високи морални мерила, христијаните од првиот век влијаеле позитивно врз околината. Нивните соседи имале добра причина да се радуват заради тоа што живеат врата до врата со некој христијанин (Римјаните 13:8—10). Христијаните ја покажале својата љубов со нешто повеќе отколку само со воздржување од лошо. Тие биле охрабрени да бидат отворени и активни за интересите на другите, ‚да им прават добро [не само на соверниците туку и] на сите‘, како што правел Исус Христос (Галатјаните 6:10).

,Повеќе да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето‘

Сепак, имало граници на нивната послушност кон световните власти. Тие не би направиле ништо што би ја повредило нивната совест или што би наштетило на нивниот однос со Бог. На пример, кога религиозните власти во Ерусалим им заповедале на апостолите да престанат да проповедаат за Исус, тие одбиле да се потчинат. „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“, изјавиле (Дела 5:27—29). Христијаните цврсто одбивале да се мешаат во идолопоклонското обожавање на императорот (1. Коринтјаните 10:14; 1. Јованово 5:21; Откровение 19:10). Со какви резултати? „Следеле прекори“, вели историчарот Џ. М. Робертс, „не затоа што биле христијани туку затоа што одбивале да направат нешто што го заповедал законот“ (Shorter History of the World — Пократка историја на светот).

Зошто во овој случај ‚одбиле да направат нешто што го заповедал законот‘? Тие сфатиле дека „претпоставените власти“ имале власт со Божја дозвола и затоа служеле како „служител Божји“ во одржувањето на законот и редот (Римјаните 13:1, 4). Но сепак, за христијаните Божјиот закон бил супериорен. Тие помнеле дека Исус Христос го воспоставил следново урамнотежено начело за оние кои ќе бидат негови следбеници: „Подајте го царевото на царот а Божјото на Бога!“ (Матеј 22:21). Нивните обврски кон Бог морале да имаат предност над барањата на цезарот.

Исправноста на овој правец е покажана од она што произлегло кога многу од оние кои изјавувале дека се христијани пропуштиле да ги следат овие добри начела. Отпадничките водачи на христијанскиот свет, на пример, станале „попустливи луѓе [користени] како инструменти на граѓанската власт, особено во покренувањето и одржувањето на воените сили“, вели воениот историчар Џон Киган. Нивните следбеници на крајот зазеле страни во војните во кои се пролеала крвта на милиони невини жртви. Киган вели: „Божјиот закон наидувал на глуви уши кога ќе зовриела крвта на човекот“.

Сепак, христијаните од првиот век даваат еден извонреден пример на постигнување исправна рамнотежа. Тие биле добри граѓани. Добро ги извршувале своите граѓански должности и одговорности. Но, цврсто се држеле за јасните библиски начела и ја следеле својата библиски школувана совест во сите аспекти од животот (Исаија 2:4; Матеј 26:52; Римјаните 13:5; 1. Петрово 3:16).

[Слика на страница 26]

„Подајте го царевото на царот!“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели