Најголемата и најмалата
„Не убивај ниту молец ниту пеперутка“ ВИЛИЈАМ БЛЕЈК (1757—1827).
ДАЛИ некогаш сте набљудувале пеперутка како прелетува? Кој освен некој навистина нечувствителен не би застанал на патот за да се восхитува на убавината и на кршливоста на овие нежни инсекти? А нив ги има насекаде во светот во толку различни големини и дизајни што се смета дека постојат некаде од 15.000 до 20.000 видови!
Која е најголемата пеперутка што некогаш сте ја виделе? Ако живеете во Папуа Нова Гвинеја, тогаш можеби сте ја виделе и најголемата во светот — Царица Александра, со распон на крилјата од околу 280 милиметри. Ако Вашиот дом се наоѓа во Северна или Централна Америка, можеби ќе ја имате предноста да ја видите Ластоопашестата пеперутка, со распон на крилјата од 150 милиметри. Најголемата пеперутка во Африка е африканската џиновска Ластоопашеста пеперутка, чиј распон на крилјата е поголем од 230 милиметри.
Што е со најмалите пеперутки? Каде можат да се најдат тие? The Illustrated Encyclopedia of Butterflies (Илустрирана енциклопедија на пеперутки) од д-р Џон Фелтвел наведува дека „северноамериканската Џуџеста синчица . . . веројатно е најмалата пеперутка на светот, со распон на крилјата од 15 до 19 милиметри“. Најмалата пеперутка во Британија е Малата синчица, со распон на крилјата од 24 милиметри.
Во многу делови на светот има куќи на пеперутки кои што можете да ги посетите и овие крилести убавици да долетаат до вас. Можете да научите толку многу од оваа фасцинантна творба и нејзиниот животен циклус — нејзината метаморфоза од малечко јајце, па гасеница, кожурец и на крајот целосно развиена пеперутка. Затоа, следниот пат кога ќе видите како прелетува некоја пеперутка, застанете, восхитувајте се и воодушевувајте се. Ќе набљудувате едно чудо — сеедно дали е големо или мало!
[Слика на страници 28 и 29]
Најголемата и најмалата пеперутка, Царица Александра и Џуџестата синчица (двете во вистинска големина)
[Извори на слики]
Пеперутки: Allyn Museum of Entomology, Florida Museum of Natural History