ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/12 стр. 3
  • Од Олимпија до Сиднеј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Од Олимпија до Сиднеј
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кратка историја
  • Враќање на Олимписките игри
  • Олимписките идеали во криза
    Разбудете се! 2000
  • Дали Олимписките игри навистина можат да ги обединат луѓето? Што вели Библијата?
    Разно
  • Остварување на идеалите
    Разбудете се! 2000
  • Треба ли да играм компјутерски или видеоигри?
    Разбудете се! 1996
Разбудете се! 2000
g00 8/12 стр. 3

Од Олимпија до Сиднеј

МНОГУМИНА сметаат дека Олимписките игри се најважниот натпревар во атлетика во светот. „Ниту еден друг спортски настан не привлекува толку големо внимание“, вели The World Book Encyclopedia. „На овие игри присуствуваат неколку милиони луѓе, а стотици милиони низ светот ги следат на телевизија“.

Кратка историја

Олимписките игри првпат почнале да се одржуваат пред илјадници години. Заради верувањето дека атлетиката им е по волја на духовите на умрените, древните Грци одржувале народни прослави во кои религијата и спортот биле измешани. Тие ги вклучувале Истамските, Немејските, Олимписките и Питиските игри. Од сите нив најмногу се ценеле Олимписките игри бидејќи се одржувале во чест на Зевс, кого Грците го сметале за цар на боговите.

Очигледно, првите Олимписки игри се состоеле само од една спортска дисциплина — натпревар во трчање. Но, со текот на времето биле вклучени и други натпревари, како што биле трките со двоколка и ригорозните испити на издржливост. Од секаде доаѓале посетители за да присуствуваат на овој настан. За да се гарантира нивната безбедност се воведувало примирје со кое се забранувало да се војува извесен период пред и после игрите.

Кога Рим дошол на власт, Олимписките игри доживеале пад. Всушност, многу Римјани гледале на атлетиката со извесен презир. Еден исклучок бил императорот Нерон. Тој се пријавил за игрите во 67 н.е. и победил во сите дисциплини во кои учествувал. Изгледа дека другите натпреварувачи знаеле како да си ја спасат главата! Како и да е, од 394 н.е., Олимписките игри престанале да се одржуваат.

Враќање на Олимписките игри

Околу 15 века подоцна, она што го откопаа лопатите на германските археолози во рамнината на древна Олимпија го обнови интересот за овие игри. Тогаш, барон Пјер де Кубертен, еден 29-годишен Французин, дал предлог да се обноват овие натпревари. Така, во 1896, во Атина биле одржани првите современи Олимписки игри. Оттогаш наваму, со мали исклучоци, Олимписките игри се одржуваат секои четири години.

Многу луѓе нестрпливо ги очекуваат овие игри. Оваа година тие се одржаа во Сиднеј (Австралија), од 15 септември до 1 октомври. Беа вклучени 28 спортови, 292 натпревари и 635 средби, во кои учествува повеќе од 10.300 атлетичари.

Меѓутоа, во последниве години, околу Олимписките игри се водеа многу полемики. Многу луѓе велат дека дури и идеалите на Олимписките игри се во криза. Еден поглед зад сцената може да ни открие некои работи, но и да нѐ вознемири.

[Извор на слика на страница 3]

Scala/Art Resource, NY

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели