Писма од читателите
„Кога луѓето само би го знаеле ова!“ (8 април 2005) Оваа статија е токму она што ми требаше! Бидејќи општеството врши силен притисок врз младите да се збогатуваат, не е лесно Јехова да им биде на прво место во животот. Добрите резултати од тоа што Дејви проповедал во место каде што има поголема потреба ме поттикнаа и јас да служам на таков начин.
К. Г., САД
Целосно се согласувам со изјавата на Дејви дека „нема ништо подобро од тоа да му служиме на Јехова со сета душа“. Штета што сите млади не се свесни за тоа! Не жалам што младоста ја посветив на службата за Јехова. Ќе се трудам да го следам примерот на Дејви и да останам ревносна до самиот крај!
А. П., САД
Сеедно дали сме млади или стари, ревноста на Дејви нѐ тера да размислиме како го користиме животот. Сакам да ги пофалам родителите на Дејви, кои со љубов го одраснале својот син. Навистина можат да се гордеат со него!
Л. К., Италија
Оваа статија ме поттикна да ги преиспитам своите духовни цели кои речиси и ги изгубив од вид. Искуството на Дејви ме наведе да размислам што би кажале другите за мене ако умрам и ми покажа дека треба да обрнам повеќе внимание на службата. Продолжете да објавувате вакви прекрасни статии!
С. К., Германија
Младите прашуваат... Како да живеам со мојата болест? (февруари 2008) Не можам да опишам со зборови колку ми значи тоа што ја добив оваа статија во вистинско време. Се разболев и три седмици морав да лежам во болница. Списанието го добив веднаш штом ме пуштија дома. Се најдов себеси во многу од изјавите на младите спомнати во оваа статија. Ви благодарам за примерите и за советите.
К. П., Канада
Бев трогната од фактот дека Јехова Бог им дава утеха дури и на лицата со хендикеп како што сум јас. Кога бев многу мала, ми открија церебрална парализа. Иако не можам да одам, служам како помошен пионер. Едвај чекам да дојде денот кога во идниот Рај на Земјата сите оние што сега не можат да одат ‚ќе скокаат како елен‘ (Исаија 35:5, 6).
Џ. Џ., Република Кореја
Оваа статија ја прочитав неколку пати. Не можев да ги задржам солзите што ми навираа додека ги читав Јеховините срдечни зборови. Се чувствував како да нѐ завива во топло ќебе за да нѐ заштити од секаква опасност. Многу ви благодарам.
М. Т., Јапонија
Дали со смртта завршува сѐ? (декември 2007) Пред неколку месеци почина мајка ми. Овие статии, а особено ветувањето за воскресение, длабоко ме трогнаа. Многу ви благодарам. Добив голема утеха и охрабрување.
М. Р., Мадагаскар