ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 22-23
  • Думздејската книга — неверојатен попис

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Думздејската книга — неверојатен попис
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Големиот катастарски попис
  • „Судниот ден“
  • Книгата денес
  • Содржина
    Разбудете се! 2011
  • Тие ја ценеле Библијата — извадок (Вилијам Тиндејл)
    Разно
  • Тие ја ценеле Библијата
    Разно
  • Преводот на кралот Џејмс — како станал популарен
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 22-23

Думздејската книга — неверојатен попис

Вилијам, војводата од Нормандија (регион во Франција), ја освоил Англија во 1066 год. Деветнаесет години подоцна, тој наредил да се изврши попис на новоосвоените територии. Записите од овој попис станале познати како Думздејска книга. Зошто оваа книга сѐ уште се смета за еден од најважните историски записи во Англија?

ВИЛИЈАМ ги истоварил своите трупи во близина на Хејстингз (Англија) во септември 1066 год. Таму, на 14 октомври, ја поразил војската на англискиот крал Харолд, кој бил убиен. На Божиќ, 1066 год., Вилијам, кој подоцна станал познат како Освојувачот, бил крунисан во Вестминстерската Опатија. Како им било на Англичаните со новиот крал?

Големиот катастарски попис

Кралот Вилијам I го опустошил северниот дел од земјата, по што големи подрачја останале без население. Тревор Роули, поранешен професор на Универзитетот во Оксфорд, пишува: „Дури и според прилично варварските стандарди од тоа време, ‚пустошењето на Северот‘ (1068-1070) било ѕверско“. Вилијам постојано се соочувал со бунтови, а неговата окупаторска војска, која броела 10.000 или помалку војници, живеела среде непријателски народ од околу два милиони. Со текот на времето, Норманите изградиле повеќе од 500 тврдини низ целата земја, од кои најпозната е Лондонската кула.

Во декември 1085 год., 19 години по неговата инвазија, Вилијам и неговите дворјани се собрале во Глостер и цели пет дена планирале како да се направи катастарски попис на целата земја, со кој не би биле опфатени Лондон и Винчестер. Во почетокот на следната година, во секој од седумте различни региони, во исто време биле испратени повереници на кралот за да ги испрашаат претставниците на грофовиите и да проценат со колкаво богатство располага кралството.

Кралот морал да собере пари за да ја плати својата војска. Освен тоа, требало да ги реши споровите околу сопственоста на земјиштето. Доколку успеел во тоа, народот од Нормандија и други делови од Франција би се населил во Англија, со што Норманите би ја задржале својата доминација.

„Судниот ден“

Откако ги победил Англичаните, на норманските барони кралот Вилијам им ги дал поседите на англиските благородници. Пописот што го спровел Вилијам открил дека половина од вредноста на целата земја била во рацете на помалку од 200 луѓе, од кои само двајца биле Англичани. Голем број од 6-те илјади англиски вазали немале друг избор освен да го закупуваат земјиштето кое до 1066 год. било нивно, а сиромашните и оние што немале земја морале да се снаоѓаат како што знаеле и умееле.

Пописот го легализирал приграбувањето на имотот од страна на Норманите. Со него била направена нова проценка за оданочување на земјиштето, домовите на закупците, како и шумите и ливадите. Во пописот било преброено дури и секое животно — секој вол, крава, свиња. Угнетените Англичани биле загрижени поради бројките од пописот, бидејќи немало можност да се оспорат. Овој голем попис го споредувале со „Судниот ден“ (на англиски Day of Doom). Затоа, записите од овој попис подоцна станале познати како Думздејска книга.

Думздејската книга ја сочинуваат два тома напишани врз пергамент на латински јазик. Големата Думздејска книга, која е со поголем формат, има 413 листови, а Малата Думздејска книга, 475 помали листови.a Думздејската книга останала недовршена поради смртта на Вилијам во 1087 год. Како било постигнато толку многу за само една година?

Норманите наследиле од Англичаните документи со некои детали за сопственици и вазали, како и записи за финансии и даноци. На темел на овие податоци, Норманите направиле нова даночна проценка така што испратиле службеници во секоја грофовија за да извршат јавен попис.

Книгата денес

Во средниот век, кралското семејство на своите патувања обично ја носело и Думздејската книга. Се користела главно за да се решат спорови околу земјиште, но во 18 век, Сер Вилијам Блекстоун, угледен англиски правник, се осврнал на овој документ за да се утврди правото на глас на некои закупци. Се чувала на разни места, но денес се наоѓа во Државниот архив на Обединетото Кралство.

Во 1986 год., по повод 900-годишнината од составувањето, овој документ беше поделен во пет томови и доби нов повез. За изучувачите и историчарите достапен е и ревидиран текст на англиски. На Би-Би-Си, за оваа книга беше кажано дека е „главен документ на државниот архив и... дека сѐ уште е валиден доказ за утврдување на сопственост на имот“. Во 1958 год. беше користена за да се утврди правото на еден древен град да има свој пазар.

Археолозите до ден-денес се потпираат на Думздејската книга за да ја утврдат местоположбата на средновековните англиски и нормански населби. Таа сѐ уште е вреден извор на информации со кои бил положен темелот на англиската нација.

[Фуснота]

a Големата Думздејска книга содржела списоци на оданочлив имот во скратена верзија, а списоците во Малата Думздејска книга биле оставени во оригиналната форма и не биле вклучени во поголемата книга.

[Рамка/слика на страница 23]

КРСТОНОСНАТА ВОЈНА НА ВИЛИЈАМ

Вилијам му предложил на папата да ја прогласи неговата инвазија на Англија за крстоносна војна, а за возврат тој да му овозможи нему поголема контрола над неверната англиска црква. Папата веднаш се согласил. Ова било „дипломатски триумф“ за Вилијам, пишува проф. Дејвид Даглас. Еден друг познат историчар, Џорџ М. Тревелијан, заклучил дека „на Вилијам му одело во прилог тоа што го имал благословот од папата и се борел под негово знаме во походот што повеќе личел на вооружен грабеж отколку на крстоносна војна“.

[Извор на слика]

© The Bridgeman Art Library

[Карта на страница 22]

(Види во публикацијата)

АНГЛИЈА

ЛОНДОН

Хејстингз

Ла Манш

НОРМАНДИЈА

[Исвор на слика на страница 22]

Книга: Mary Evans/The National Archives, London, England

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели