ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 3 стр. 8-9
  • Игназ Семелвеис

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Игназ Семелвеис
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
  • Кога Вашето дете има покачена температура
    Разбудете се! 2004
  • Борбата против болеста и смртта — дали ја добиваме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Здрави мајки, здрави бебиња
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 3 стр. 8-9

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Игназ Семелвеис

Игназ Семелвеис

ИГНАЗ СЕМЕЛВЕИС не е многу познат, но со неговата работа дал придонес за многу семејства денес. Роден е во Будим, сегашна Будимпешта (Унгарија), и се стекнал со медицинска диплома на Виенскиот универзитет во 1844 год. Кога во 1846 год. почнал да работи како асистент на еден професор во првото родилиште во Општата болница во Виена, се соочил со една ужасна реалност: над 13 отсто од жените после породувањето умирале од постпородилна треска.

Имало најразлични теории што ја објаснувале причината за оваа болест, но ниту една не го давала решението. Сите обиди да се намали стапката на смртност биле неуспешни. Гледајќи како безброј мајки бавно се мачат и умираат, Семелвеис решил да ја открие причината за болеста за да ја спречи.

Болницата каде што работел Семелвеис имала две родилишта. Било интересно тоа што во првото родилиште умирале многу повеќе мајки отколку во второто. Единствената разлика меѓу двете родилишта била тоа што во првото имало студенти по медицина, а во второто се оспособувале бабици. Зошто постоела толкава разлика во бројот на починати мајки? Барајќи го одговорот на тоа прашање, Семелвеис постепено и детално ги проучувал можните причини за болеста, но не успеал да ја најде вистинската причина.

Во почетокот на 1847 год., Семелвеис го нашол клучот што водел до решението. Неговиот колега и пријател Јакоб Колечка починал од труење на крвта откако се здобил со рана додека извршувал аутопсија. Кога го читал извештајот од аутопсијата што го напишал Колечка, Семелвеис забележал дека некои наоди се идентични со наодите на оние што починале од постпородилна треска. Затоа, Семелвеис заклучил дека мора некои материи од мртвите тела што тој ги нарекол „отрови“ да ги инфицираат бремените жени и да водат до постпородилна треска. Докторите и студентите што често правеле аутопсии а потоа оделе во породилиштето, несвесно им ја пренесувале болеста на идните мајки за време на прегледите или породувањата. Смртноста во второто родилиште била пониска затоа што оние што се обучувале за бабици не вршеле аутопсии.

Семелвеис веднаш поставил строго правило за миење раце, што вклучувало стерилизација со раствор од калциум хипохлорит, пред секој преглед на бремена жена. Се постигнале неверојатни резултати: стапката на смртност опаднала од 18,27 отсто во април на 0,19 отсто до крајот на годината.

„Моите учења постојат за да ги спасат породилиштата од ужасот, да му ја сочуваат жената на мажот и мајката на нејзиното дете“ (Игназ Семелвеис).

Но, на успехот на Семелвеис не се радувале сите. Неговите резултати ги оспориле теориите на неговиот претпоставен, кому, меѓу другото, му пречело и тоа што Семелвеис инсистирал на стерилизација. Поради тоа, Семелвеис ја изгубил работата во Виена и се вратил во Унгарија. Таму го водел одделението за акушерство во болницата Свети Рокс во Пест. Благодарение на неговиот метод на работа, стапката на смртност во оваа болница опаднала на помалку од еден отсто.

Своите сознанија Семелвеис ги објавил во 1861 год. во своето животно дело (Cause Concept and Prophylaxis of Childbed Fever). За жал, неговите вредни откритија биле искористени дури по многу години. Во меѓувреме можело да се спасат безброј трагично изгубени животи.

Доктори си ги мијат рацете

Семелвеис спровел хигиенски мерки во медицинските установи што биле под негова надлежност (Слика на Роберт Том)

Семелвеис подоцна станал познат како татко на модерното лекување во кое се користат антисептички средства. Неговите истражувања покажале дека микроскопските материи можат да предизвикаат болест. Тој имал многу важен удел во развојот на теоријата за бактериите како причинители на болест. Затоа, неговиот придонес бил наречен „најважниот придонес во науката и праксата на медицината“. Интересно, во Мојсеевиот закон, кој подоцна станал дел од Библијата, уште пред 3.000 години постоеле јасни упатства за тоа што треба да направи оној што дошол во допир со мртво тело.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Во 19 век, многу жени во Европа умреле од постпородилна треска, болест која ги однела животите на 30 отсто од заболените.

  • Микроорганизмите биле набљудувани под микроскоп уште од 1674 год., но немало доволно сознанија колку можат да бидат опасни. Вообичаена пракса било медицинските лица да вршат породувања веднаш откако ќе извршеле аутопсија, без да ги стерилизираат рацете.

  • Семелвеис ја вовел во медицината практиката да се мијат рацете, со што биле спасени безброј животи.

Што вели Библијата

Според Мојсеевиот закон, кој датира од 16 век пр.н.е., секој што ќе допрел мртво тело бил сметан за нечист седум дена и требало да направи неколку работи за да се исчисти, меѓу кои да се искапе и да ја испере облеката. Во текот на тие седум дена лицето не требало да има физички контакт со другите (4. Мојсеева 19:11-22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели