ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 3 стр. 10-11
  • Како да разговараш за проблемите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да разговараш за проблемите
  • Разбудете се! 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ
  • ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
  • Покажувај ценење
    Разбудете се! 2017
  • Сопрузи — направете го вашиот дом сигурно катче
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Како да се покаже почит
    Разбудете се! 2016
  • Добри односи со родителите на сопружникот
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 3 стр. 10-11
Сопруг ја слуша својата жена

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | БРАК

Како да разговараш за проблемите

ПРЕДИЗВИК

Откако ќе зборуваш за некој проблем со твојот брачен партнер, дали на крајот се чувствуваш полошо наместо подобро? Можеш да направиш нешто за да не биде така. Но, најпрво мора да знаеш неколку работи по кои мажите и жените се разликуваат во начинот на кој комуницираат.a

ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ

Еден маж размислува како да го реши проблемот, додека жената размислува на кој начин да го објасни проблемот

Жените обично сакаат да зборуваат за проблемот пред да слушнат решение. Всушност, понекогаш разговорот е сѐ што им треба.

„Откако ќе си ги кажам чувствата и ќе видам дека маж ми ме разбира, се чувствувам подобро. Со самото тоа што ќе се искажам, сѐ си доаѓа на свое место, понекогаш за само неколку минути по разговорот“ (Сирпа).b

„Не можам да се смирам ако не му објаснам на маж ми како се чувствувам. Откако ќе си кажам што ме мачи, веќе не сум вознемирена“ (Иџин).

„Тоа е како да си детектив. Додека зборувам, го анализирам проблемот дел по дел и се обидувам да откријам каде лежи коренот на проблемот“ (Лурдес).

Мажите мислат на решенија. Тоа не е чудно, затоа што кога еден маж успева да ги среди работите, се чувствува корисно. Со решенијата што ги нуди, на својата жена сака да ѝ покаже дека може да се потпре на него. Затоа, мажите се збунети кога нивните решенија не се веднаш прифатени. Еден сопруг по име Кирк вели: „Не разбирам зошто некој би зборувал за некаков проблем ако не сака да најде решение за него!“

Но, „пред да понудиш совет, мора да разбереш во што е проблемот“, пишува во една книга со совети за успешен брак (The Seven Principles for Making Marriage Work). „Пред да ѝ понудиш решение на сопругата, таа треба да види дека разбираш што ја мачи и дека сфаќаш колку ѝ е тешко. Честопати, таа воопшто не очекува решение, туку само сака да ја ислушаш.“

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

За мажите: Слушај со внимание и пробај да разбереш како се чувствува твојата сопруга. Еден сопруг по име Томас вели: „Откако ќе ја ислушам мојата сопруга, понекогаш си мислам: ‚Со ништо не ѝ помогнав‘. Но, честопати тоа е сѐ што ѝ треба — само да ја ислушам!“ Со ова се согласува и Стефан. Тој вели: „Сфаќам дека најдобро е да ја оставам жена ми да се искаже до крај. Најчесто, после тоа ми кажува дека ѝ е многу подобро“.

Предлог: Следниот пат кога со сопругата ќе разговарате за некој проблем, спротивстави се на притисокот да дадеш совет без да ти побара. Гледај ја додека зборува и концентрирај се на она што го кажува. Климнувај со главата за да покажеш дека се согласуваш. Повторувај по нешто од она што го рекла за да види дека ја разбираш. Еден сопруг по име Чарлс вели: „Понекогаш на жена ми ѝ е потребно само да знае дека ја разбирам и дека се согласувам со неа“. (Библиско начело: Јаков 1:19.)

За жените: Кажи му на твојот сопруг што би сакала да направи. „Можеби сметаме дека мажот треба да знае што ни е потребно, но некогаш едноставно треба да го кажеме тоа“, вели една сопруга по име Елени. Кога сака да разговара со својот маж, Инес понекогаш му вели: „Нешто ме мачи, и би сакала да ме ислушаш. Не мора да најдеш решение, само сфати ме како се чувствувам“.

Предлог: Немој да заклучиш дека твојот сопруг е бесчувствителен ако веднаш ти понуди решение. Најверојатно само сака некако да ти помогне. Една сопруга по име Естер вели: „Наместо да се налутам, се обидувам да сфатам дека на маж ми му е важно како се чувствувам и дека сака да ме слуша, ама сака и да ми помогне“. (Библиско начело: Римјаните 12:10.)

За двајцата: Обично за другите го правиме она што во истата ситуација би очекувале некој да го направи за нас. Но, кога со твојот сопружник разговараш за некој проблем, земи предвид што тој би очекувал да направиш (1. Коринќаните 10:24). Еден сопруг по име Мигел вели: „Ако си сопруг, биди спремен да слушаш. Ако си сопруга, биди спремна понекогаш да слушнеш и решение. Ако и едниот и другиот правите отстапки, тоа ќе биде добро и за двајцата“. (Библиско начело: 1. Петрово 3:8.)

a Карактеристиките што ќе ги опишеме не се однесуваат на секој маж и жена. Сепак, принципите за кои зборува оваа статија можат да му помогнат на секој што е во брак подобро да го разбира својот сопружник и полесно да комуницира со него.

b Имињата во оваа статија се сменети.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

  • „Предводете во искажувањето почит еден кон друг“ (Римјаните 12:10).

  • „Бидете со еднакви мисли, сочувствителни“ (1. Петрово 3:8).

ВО ПРАВО ВРЕМЕ

Библијата вели: „Збор кажан во право време — колку е добар!“ (Изреки 15:23). Се разбира, точно е и обратното.

„Ако избереш лош момент, очекувај лош разговор“ (Сирпа).

„Не помислувај да зборуваш за нешто сериозно ако си гладен и уморен“ (Џулија).

„Еднаш, само што влезе маж ми дома, почнав да му зборувам. Но, запрев среде реченица и сфатив дека сигурно сум досадна и напорна. Му реков дека ќе му докажам откако ќе вечераме. Тој ми се заблагодари и потоа, кога го продолживме разговорот, и двајцата бевме поразумни и смирени“ (Лурдес).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели