Како се користи оваа брошурка
На наредните страници ќе најдеш по еден стих за секој ден, како и коментар за тој стих. Иако можеш да ги читаш стихот и коментарот во секое време, многумина го прават тоа наутро. Така можат во текот на целиот ден да размислуваат за она што го прочитале. Многу е корисно целото семејство заедно да го разгледа дневниот стих. Бетелските семејства низ целиот свет го прават тоа за време на Библиската утринска програма.
Коментарите се земени од Стражарска кула (w) од април 2015 до март 2016. Броевите (1, 2, 3, 4 или 5) што се наведени по датумот на списанието се однесуваат на статиите за проучување според редоследот во кој се појавуваат во тоа издание. Потоа следи бројот на пасусите каде што можат да се најдат додатни коментари. (Види го примерот подолу.) Повеќе информации за темата можеш да најдеш во самата статија. На првата или на втората страница од тој број на Стражарска кула можеш да видиш каде започнува статијата.