ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • es26 стр. 118-128
  • Декември

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Декември
  • Секојдневно истражување на Писмото — 2026
  • Поднаслови
  • Вторник, 1 декември
  • Среда, 2 декември
  • Четврток, 3 декември
  • Петок, 4 декември
  • Сабота, 5 декември
  • Недела, 6 декември
  • Понеделник, 7 декември
  • Вторник, 8 декември
  • Среда, 9 декември
  • Четврток, 10 декември
  • Петок, 11 декември
  • Сабота, 12 декември
  • Недела, 13 декември
  • Понеделник, 14 декември
  • Вторник, 15 декември
  • Среда, 16 декември
  • Четврток, 17 декември
  • Петок, 18 декември
  • Сабота, 19 декември
  • Недела, 20 декември
  • Понеделник, 21 декември
  • Вторник, 22 декември
  • Среда, 23 декември
  • Четврток, 24 декември
  • Петок, 25 декември
  • Сабота, 26 декември
  • Недела, 27 декември
  • Понеделник, 28 декември
  • Вторник, 29 декември
  • Среда, 30 декември
  • Четврток, 31 декември
Секојдневно истражување на Писмото — 2026
es26 стр. 118-128

Декември

Вторник, 1 декември

Им го отвори умот да ги разберат Писмата (Лука 24:45)

Учениците на Исус имале доверба во Божјата Реч и давале сѐ од себе за да ги применат нејзините совети во нивниот живот (Јован 17:6). Сепак, не можеле да разберат зошто Исус бил убиен како злосторник на маченички столб. Исус сфатил дека нивните сомнежи не се знак дека имаат лошо срце, туку дека не ги разбираат доволно светите списи (Лука 9:44, 45; Јован 20:9). Затоа, тој им помогнал да го сфатат значењето на она што го имале читано во Божјата Реч. Да видиме како го сторил тоа кога им се појавил на двајцата ученици на патот кон Емаус. Исус не им кажал веднаш на двајцата ученици кој е тој. Наместо тоа, им поставувал прашања. Зошто? Можеби сакал да си кажат што мислат и како се чувствуваат. И тие токму тоа го направиле. Му кажале дека очекувале Исус да го избави Израел од римското угнетување (Лука 24:18-27). Исус, со помош на Светото писмо, им помогнал да разберат што се случило. Подоцна, истата вечер, Исус се сретнал со другите ученици и им ги објаснил овие вистини и ним (Лука 24:33-48; w24.10 14, пас. 9-10).

Среда, 2 декември

Ништо не правам сам од себе, туку зборувам така како што ме научи Таткото (Јован 8:28)

Исус учел од својот небесен Татко како да постапува и што да зборува. Јеховината организација го следи примерот на Исус така што ја користи Божјата Реч за да ни помогне да знаеме што е исправно а што погрешно и за да ни дава водство (2. Тим. 3:16, 17). Ние постојано сме потсетувани да ја читаме Божјата Реч и да го применуваме она што го читаме. Многу ни користи кога ја проучуваме Библијата со помош на нашите публикации. На пример, можеме да го споредиме она што го вели Библијата со упатствата што ги добиваме од организацијата. Кога ќе видиме дека водството што сме го добиле се темели на Библијата, нашата доверба во Јеховината организација расте (Рим. 12:2). Исус ја проповедал „добрата вест за Божјето царство“ (Лука 4:43, 44). Исто така, Исус им дал заповед на своите ученици да проповедаат за Царството (Лука 9:1, 2; 10:8, 9). Денес, сите оние кои се дел од Јеховината организација ја проповедаат пораката за Царството без разлика каде живеат (w24.04 9, пас. 5-7).

Четврток, 3 декември

Сѐ што ни заповеда, ќе направиме, и каде и да нѐ испратиш, ќе одиме (Ис. Нав. 1:16)

Продолжи да имаш доверба во водството од Јеховината организација. Во древниот Израел, Јехова му давал упатства на својот народ преку Мојсеј, а потоа и преку Исус Навин (Ис. Нав. 1:17). Израелците биле благословени кога на овие мажи гледале како на претставници од Јехова Бог. Стотици години подоцна, кога било основано христијанското собрание, упатства давале 12-те апостоли (Дела 8:14, 15). Подоцна, во таа група биле вклучени и други старешини од Ерусалим. Бидејќи го следеле водството на овие верни мажи, собранијата се зацврстувале во верата и од ден на ден растеле (Дела 16:4, 5). Денес, Јехова нѐ благословува и нас кога го следиме водството од неговата организација (w24.07 10, пас. 10).

Петок, 4 декември

Го најдов Давид, Јесеевиот син, човек по моето срце (Дела 13:22)

Јехова многу го сакал цар Давид. Тој дури го нарекол „човек по моето срце“. Но, Давид направил тешки гревови, вклучувајќи прељуба и убиство. Според Мојсеевиот закон, Давид заслужувал смрт (3. Мој. 20:10; 4. Мој. 35:31). Но, Јехова сакал да му помогне на Давид да се покае. Го испратил својот пророк Натан кај Давид, иако тој сѐ уште не покажал никаков знак на каење. Натан употребил една споредба за да допре до срцето на Давид. Бидејќи сфатил дека многу го повредил Јехова, Давид се покајал (2. Сам. 12:1-14). Тој напишал еден трогателен псалм кој покажува колку му било жал за она што го направил (Пс. 51, натпис). Овој псалм утешил безброј луѓе кои направиле некаков грев и ги поттикнал да се покаат. Многу сме благодарни што Јехова му помогнал на својот сакан слуга Давид да се покае (w24.08 10, пас. 9).

Сабота, 5 декември

Утврдете која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено (Рим. 12:2)

Мнозина ќе се сложат дека да бидеш родител значи да имаш полни раце работа. Ако си родител, заслужуваш пофалба за сиот труд што го вложуваш за да изградиш цврста вера кај своето дете (5. Мој. 6:6, 7). Но, како што детето расте, можеби ќе почне да поставува сериозни прашања во врска со нашите библиски верувања, вклучувајќи ги и библиските морални мерила. Отпрвин, таквите прашања можеби ќе те загрижат малку. Можеби дури и ќе помислиш дека ослабнала верата на твоето дете. Но, како што растат, децата треба да поставуваат прашања за самите да се уверат во вистината (1. Кор. 13:11). Затоа, нема место за загриженост. Кога твоите деца имаат прашања во врска со нашите верувања, искористи ја таа можност да ги поттикнеш подлабоко да размислуваат и така да си ја зајакнат својата вера (w24.12 14, пас. 1-2).

Недела, 6 декември

Ние сме од оние што веруваат и си го спасуваат животот (Евр. 10:39)

На еврејските христијани ќе им била потребна силна вера за да ја преживеат претстојната неволја која ѝ се заканувала на Јудеја (Евр. 10:37, 38). Исус ги предупредил своите следбеници дека, кога ќе го виделе Ерусалим опколен од улогорени војски, ќе требало да бегаат во планините. Неговиот совет важел за сите христијани, без разлика дали тие живееле во градот или во селата (Лука 21:20-24). Во тоа време, ако се заканувала опасност од некоја војска, луѓето обично би барале заштита во утврдените градови како Ерусалим. Да се бега во планините ќе изгледало нелогично и, за да се направи тоа, ќе била потребна голема вера. Еврејските христијани ќе требало да имаат доверба и во оние кои Исус ги користел за да го води собранието. Оние што предводеле веројатно дале конкретни упатства за да им помогнат на сите во собранието да го послушаат советот на Исус во вистинско време и на вистински начин (Евр. 13:17; w24.09 10, пас. 9-10).

Понеделник, 7 декември

Даде луѓе како дарови (Еф. 4:8)

Додека бил на Земјата, Исус совршено ја извршил задачата што му ја дал неговиот Татко (Јован 17:4). Но, Исус го немал ставот: „Ако сакаш нешто да биде направено како што треба, мора да го направиш сам“. Тој обучувал други да го извршуваат проповедничкото дело. Исус им ја доверил на своите ученици одговорноста да се грижат за Јеховините скапоцени овчички и да предводат во делото на проповедање и поучување. Тој им ги давал на своите ученици советите што им биле потребни, но тоа го правел на љубезен начин. Некои од нив имале склоност да се сомневаат и затоа им дал совет во врска со тоа (Лука 24:25-27; Јован 20:27). Тој им нагласил колку е важно повеќе да се концентрираат на грижата за Јеховиниот народ отколку на нивната световна работа (Јован 21:15). Исус ги потсетил дека нема потреба да бидат загрижени за тоа какви задачи можеби ќе добијат другите (Јован 21:20-22). Исто така, тој им помогнал да исправат некои погрешни размислувања што ги имале за Царството и им помогнал да се концентрираат на проповедањето на добрата вест (Дела 1:6-8; w24.10 15-16, пас. 13-14).

Вторник, 8 декември

Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш (Пс. 37:29)

Послушноста ќе ни го спаси животот. Исто како Израелците кои биле на прагот од Ветената земја, и ние сме на прагот од новиот свет кој ни го ветува Јехова Бог. Наскоро ќе може да видиме како Земјата ќе биде претворена во рај (Иса. 35:1; Лука 23:43). Ѓаволот и демоните ќе ги нема (Отк. 20:2, 3). Повеќе нема да постои лажната религија која шири лаги за Јехова (Отк. 17:16). Повеќе нема да има човечки влади кои ќе ги угнетуваат своите поданици (Отк. 19:19, 20). Во рајот нема да има место за бунтовници (Пс. 37:10, 11). Луѓето насекаде ќе им бидат послушни на праведните закони од Јехова, кои придонесуваат за единство и мир. Сите луѓе ќе се сакаат и ќе имаат доверба еден во друг (Иса. 11:9). Колку прекрасно време нѐ очекува! Што е уште поважно, ако сме му послушни на Јехова, ќе може да живееме во рајот на Земјата не само стотици години туку и во сета вечност (Јован 3:16; w24.11 9, пас. 7).

Среда, 9 декември

Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи (Мат. 24:14)

Денес, пророштвото од денешниот стих се исполнува како никогаш порано. Пораката за Царството е достапна на повеќе од 1.000 јазици. А преку интернет-страницата jw.org, денес повеќето луѓе на Земјата можат да дознаат за добрата вест за Божјето Царство. Но, Исус исто така им рекол на своите ученици дека тие нема да ги обиколат сите градови, односно дека нема да му проповедаат на секој поединец пред тој да дојде (Мат. 10:23; 25:31-33). Зборовите на Исус ќе се исполнат и во наше време. Милиони луѓе денес живеат на места каде што не можеме слободно да проповедаме. Освен тоа, стотици бебиња се раѓаат секоја минута. Ние даваме сѐ од себе за да им ја објавиме добрата вест на луѓето од „секој народ и племе и јазик“ (Отк. 14:6). Но, факт е дека нема да успееме да му ја пренесеме добрата вест на секој поединец на Земјата пред да дојде крајот (w24.05 10, пас. 6-7).

Четврток, 10 декември

Повеќе не се две, туку едно тело (Мат. 19:6)

Со своите зборови, Исус ги тешел и ги храбрел другите. Тој не зборувал грубо со своите следбеници (Лука 8:47, 48). Колку прекрасен пример за сопрузите! Исус ги поучил сопрузите да им бидат верни на своите жени. Тој го цитирал својот Татко, кој рекол дека сопругот треба да се „прилепи до својата жена“ (Мат. 19:4-6). Грчкиот глагол кој се користи во овие стихови за „прилепи“ дословно значи „залепи“. Затоа, брачната врска помеѓу еден маж и една жена треба да биде толку цврста како тие да се залепени заедно. Ако едниот од нив направи нешто со што би ја нарушил нивната блискост, ќе страдаат и двајцата. Еден сопруг кој има таква блиска врска со својата сопруга нема да гледа никакви облици на порнографија. Тој веднаш ќе ги одврати „очите од безвредни работи“ (Пс. 119:37). Всушност, тој склучил сојуз со своите очи да не гледа во друга жена со страст (Јов 31:1; w25.01 10, пас. 12-13).

Петок, 11 декември

Нашиот Бог, ќе му прости великодушно (Иса. 55:7)

Кога луѓето ќе ни кажат дека ни простуваат, тешко е да знаеме што навистина мислат со тоа. Начинот на кој Јехова ни простува нам, несовршените луѓе, многу се разликува од начинот на кој ние си простуваме еден на друг. Простувањето на Јехова е уникатно. Во врска со Јехова, псалмистот рекол: „Во тебе е вистинското простување, за да се бојат од тебе“ (Пс. 130:4). Простувањето од Јехова е вистинско простување. Тој ни покажува што навистина значи да се прости. Библиските писатели, во некои стихови од Хебрејските списи, за простувањето користеле еден хебрејски збор кој никогаш не се користел за да се опише начинот на кој простуваат луѓето. Кога Јехова ќе му прости некому, гревот на тој човек е потполно избришан и тој повторно може да биде близок пријател со него. Многу сме благодарни што Јехова простува потполно и великодушно (w25.02 8-9, пас. 1-3).

Сабота, 12 декември

Ни заповеда да му проповедаме на народот и да сведочиме темелно (Дела 10:42)

Нашиот успех во службата не зависи од резултатите. Зошто? Затоа што сме го направиле она што Јехова и неговиот Син го очекуваат од нас — сме дале сведоштво. Дури и ако не најдеме некој со кого ќе може да зборуваме или ако некој не сака да ја слуша пораката што ја проповедаме, ние можеме да бидеме радосни затоа што знаеме дека го радуваме нашиот небесен Татко (Изр. 27:11). Ние се радуваме и кога некој друг објавител ќе најде заинтересирано лице на подрачјето. Во Стражарска кула нашето дело беше споредено со потрага по изгубено дете. Многумина се вклучени во потрагата и пребаруваат подрачје по подрачје. Кога детето ќе биде пронајдено, се радуваат сите, а не само оној што го нашол. Слично на тоа, секој во собранието е вклучен во проповедничкото дело со кое се прават ученици на Исус. Сите во собранието се потребни за да се обработи подрачјето и сите се радуваат кога некој нов ќе почне да присуствува на состаноците (w24.04 18, пас. 13-14).

Недела, 13 декември

Сите кои исправно гледаа на вечниот живот станаа верници (Дела 13:48)

Пред нас стојат навистина возбудливи настани! Со благослов од Јехова, се надеваме дека уште многу други луѓе ќе ја прифатат вистината пред да започне големата неволја. Исто така, нѐ воодушевува тоа што знаеме дека дури за време на големата неволја, можеби ќе видиме како и други луѓе излегуваат од светот на Сатана и почнуваат заедно со нас да го слават Јехова! Во меѓувреме треба да извршиме една важна задача — задача која никогаш повторно нема да ја имаме. Ние имаме чест да ја проповедаме добрата вест за Божјето Царство по целата Земја. Во исто време, мора да продолжиме да ги предупредуваме луѓето за она што наскоро ќе се случи. Луѓето мора да знаат дека крајот на овој свет брзо се приближува. Поттикнати од љубов — љубов кон добрата вест, љубов кон луѓето и, пред сѐ, љубов кон Јехова Бог и кон неговото име — ние ќе продолжиме да проповедаме ревносно и со чувство на итност сѐ додека Јехова не каже: „Доволно е!“ (w24.05 19, пас. 14-16).

Понеделник, 14 декември

Во меѓусебното однесување, опашајте се со понизност, бидејќи Бог им се спротивставува на вообразените, а им укажува незаслужена доброта на понизните (1. Пет. 5:5)

Ноќта пред да биде погубен, Исус им помогнал на Петар и на другите апостоли да научат важна лекција за понизноста. Колку мора да биле изненадени апостолите кога виделе дека Исус прави нешто што обично го правеле слугите. Исус ја ставил настрана својата горна облека, се опашал со крпа, ставил вода во еден сад и почнал да им ги мие нозете (Јован 13:4, 5). Тој им ги измил нозете на сите 12 апостоли, нешто за кое веројатно било потребно доста време. Исус дури му ги измил нозете на Јуда, кој требало да го предаде. Сепак, понизно го направил сето тоа. Потоа, стрпливо објаснил: „Сфаќате ли што ви направив? Вие ми се обраќате со: ’Учителе‘ и ’Господару‘, и со право го велите тоа, бидејќи тоа и сум. Значи, ако јас, Господар и Учител, ви ги измив нозете, и вие треба да си ги миете нозете еден на друг“ (Јован 13:12-14; w25.03 10, пас. 9-11).

Вторник, 15 декември

Ќе ме водиш со својот совет и потоа ќе ме доведеш до слава (Пс. 73:24)

Овој свет ни отежнува да останеме блиски со Јехова. Многумина ја отфрлаат идејата дека Бог постои. Честопати се чини дека оние кои ги игнорираат Јеховините барања имаат убав живот. Кога гледаме дека тоа се случува, нашата вера може да биде ставена на испит. И покрај тоа што веруваме дека Бог постои, би можеле да почнеме да се сомневаме дали тој ќе ни помага. Некое време, така се чувствувал и писателот на Псалм 73. Тој гледал дека оние околу него ги игнорираат Божјите закони, а сепак уживаат во животот. Поради тоа, тој почнал да се прашува дали вреди да му служи на Бог (Пс. 73:11-13). Што му помогнало на псалмистот да си го промени ставот? Тој размислувал што ќе им се случи на оние кои ќе ја изгубат довербата во Јехова (Пс. 73:18, 19, 27). Исто така, тој размислувал колку многу му користи тоа што му служи на Бог. И ние можеме да размислуваме за благословите што ни ги дава Јехова (w24.06 24-25, пас. 16-17).

Среда, 16 декември

Во вашиот живот нека нема љубов кон парите (Евр. 13:5)

Во библиски времиња, некои ги искористувале своите сиромашни браќа така што им земале камата за парите што им ги позајмувале. Исто така, некои судии земале мито и потоа неправедно им пресудувале на невините. Таквите постапки му се одвратни на Јехова (Езек. 22:12). Добро е да се преиспитаме каков став имаме кон парите. Прашај се: „Дали честопати размислувам за пари и за тоа што може да купам со нив? Ако позајмам пари од некого, дали чекам долго време да му ги вратам мислејќи дека тие не му се толку потребни? Дали тоа што имам повеќе пари од другите ме прави да се чувствувам поважен од нив? Дали ми е тешко да бидам дарежлив? Дали сметам дека некој брат или сестра е материјалист само затоа што има многу пари? Дали сакам да бидам пријател само со оние што се богати, а не сакам да бидам близок со оние што се сиромашни?“ Можеме да останеме пријатели со Бог само ако сме сигурни дека немаме љубов кон парите. Во тој случај, Јехова никогаш нема да нѐ напушти (w24.06 12-13, пас. 17-18).

Четврток, 17 декември

Од секој зол пат ги отстранувам своите нозе, за да се држам за твојата реч (Пс. 119:101)

За да се чуваме од искушенија, треба да развиваме исправни желби. Ако научиме да го мразиме злото и да го сакаме доброто, ќе ја зајакнеме нашата решеност да го правиме она што е исправно (Амос 5:15). Исправните желби, исто така, ќе ни ја зајакнат решеноста да се спротивставиме на некое искушение. Треба да бидеме колку што е можно повеќе зафатени со духовни активности. Кога сме присутни на нашите состаноци или учествуваме во службата на проповедање, си ја зајакнуваме желбата да го радуваме Јехова (Мат. 28:19, 20; Евр. 10:24, 25). Кога ја читаме и ја проучуваме Божјата Реч и размислуваме за неа, тоа ни помага уште повеќе да го сакаме она што е добро и уште повеќе да го мразиме она што е лошо (Ис. Нав. 1:8; Пс. 1:2, 3; 119:97). Сети се дека Исус им кажал на своите ученици: „Молете се, за да не паднете во искушение“ (Мат. 26:41). На тој начин му даваме можност на Јехова да ни помогне и си ја зајакнуваме нашата решеност да го правиме она што го радува (Јак. 4:8; w24.07 17, пас. 14-16).

Петок, 18 декември

Ќе ти дадам разборитост и ќе те поучам за патот по кој треба да одиш. Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе (Пс. 32:8)

Труди се да го следиш примерот на Јехова кога ги обучуваш другите. Сети се дека Јехова дава мудрост великодушно. Слично на тоа, и ние великодушно ги споделуваме нашето искуство и знаење со оние што ги обучуваме. Ние не му скратуваме дел од нашето знаење на оној кого го обучуваме од страв дека еден ден ќе нѐ замени. Ниту, пак, го имаме ставот: „Мене кој ме научи? Нека научи сам!“ Меѓу Јеховиниот народ нема место за таков став. Напротив, ние спремно даваме сѐ од себе за да го споделуваме нашето знаење со другите (1. Сол. 2:8). Се надеваме дека, со текот на времето, и тие „ќе бидат оспособени да поучуваат други“ (2. Тим. 2:1, 2). На тој начин, можеме да имаме удел во тоа да продолжи кругот на великодушност, а со самото тоа и кругот на среќа (w24.09 29, пас. 12-13).

Сабота, 19 декември

Како поединци сме едни на други делови на телото (Рим. 12:5)

Ако сметаш дека немаш некоја посебна способност, немој да се обесхрабруваш. Без сомнение, ти имаш некои особини поради кои можеш да бидеш од помош во собранието. Размислувај за она што го кажал Павле во 1. Коринќаните 12:12-30 и потоа моли го Јехова да ти помогне да сфатиш како овие зборови се однесуваат на тебе. Од зборовите на Павле јасно се гледа дека ти, како и секој друг слуга на Јехова, имаш важна и скапоцена улога во собранието. Прави сѐ што можеш за да му служиш на Јехова и да им помагаш на браќата и сестрите. Биди уверен дека старешините ќе размислуваат за тебе и ќе ти дадат задачи што можеш да ги извршуваш (Рим. 12:4-8). Сите христијани треба да бидат блиски со Јехова, да ја почувствуваат радоста што доаѓа од давањето и да бидат добар пример за другите со својот христијански начин на живот (w24.11 17, пас. 12-13).

Недела, 20 декември

Почна да му се моли на Јехова, плачејќи горко (1. Сам. 1:10)

Ана се соочила со неколку тешки проблеми поради кои плачела од длабока тага. Еден проблем бил тоа што нејзиниот сопруг имал уште една жена. Таа се викала Фенина и постапувала сурово со Ана. Згора на тоа, Ана била неротка, а Фенина имала неколку деца (1. Сам. 1:1, 2). Фенина немилосрдно ја исмевала Ана поради тоа што немала деца. Ана била толку вознемирена што плачела, не јадела и била „огорчена во душата“ (1. Сам. 1:6, 7, 10). Како Ана нашла утеха? Едно нешто што ѝ помогнало било тоа што отишла во светиот шатор — центарот на вистинското обожавање. Таму, таа го молела Јехова да погледне на нејзината неволја и да се сети на неа (1. Сам. 1:11). Јехова ја видел нејзината неволја, го слушнал нејзиниот повик за помош и подоцна ја благословил со тоа што ѝ дозволил да забремени (1. Сам. 1:19, 20; 2:21; w24.12 21, пас. 5-7).

Понеделник, 21 декември

Им се радував на синовите човечки (Изр. 8:31)

Од откупнината учиме дека на Исус му се многу важни луѓето, особено неговите ученици (Јован 13:1). На пример, тој знаел дека некои аспекти од неговата служба на Земјата ќе бидат многу тешки, особено неговата болна смрт. Сепак, своите задачи на Земјата не ги извршил само затоа што така требало. Напротив, Исус со сето свое срце проповедал, поучувал и им служел на другите. Дури и вечерта пред да умре, одвоил време да им ги измие нозете на своите апостоли, да ги утеши и да ги поучи за многу работи (Јован 13:12-15). А додека бил на маченичкиот столб, собрал сила да му влее надеж на злосторникот кој умирал покрај него и да се погрижи за својата мајка (Лука 23:42, 43; Јован 19:26, 27). На тој начин, Исус ја покажал својата длабока љубов не само преку својата смрт туку и преку целиот свој живот на Земјата (w25.01 23, пас. 11).

Вторник, 22 декември

Заради нашиот мир, казната падна врз него, и поради неговите рани, ние бевме излекувани (Иса. 53:5)

Библијата користи една споредба за да ни помогне да ја сфатиме слободата која доаѓа од вистинското простување. Бидејќи сме несовршени и склони да грешиме, ние сме споредени со „робови на гревот“. Но, благодарение на тоа што Јехова ни простува, ние сме како робови кои се „ослободени од гревот“ (Рим. 6:17, 18; Отк. 1:5). Навистина, кога знаеме дека Јехова ни простил, ние можеме да бидеме среќни исто како еден роб кој бил ослободен. Благодарение на откупната жртва што Јехова ја обезбедил преку неговиот Син, симболично кажано, ние сме излекувани (1. Пет. 2:24). Кога грешиме, ние си го нарушуваме пријателството со Јехова, но поради откупната жртва тој може да ни прости и можеме повторно да имаме близок однос со него. Исто како што некој е многу радосен кога е излекуван од тешка болест, така и ние сме многу радосни кога сме излекувани во духовен поглед и кога повторно го имаме Јеховиното одобрување (w25.02 11, пас. 16-17).

Среда, 23 декември

Ако го правите тоа, никогаш нема да паднете (2. Пет. 1:10)

Во споредбата за талантите, Исус зборувал за двајца робови кои му биле верни на својот господар и за еден роб кој не му бил верен (Мат. 25:14-30). Двајцата верни робови ги претставуваат верните помазани христијани. Господарот Исус ги кани „[да се радуваат] со својот господар“. Тие ја добиваат својата небесна награда преку првото воскресение (Мат. 25:21, 23; Отк. 20:5б). Од друга страна, лошиот пример на мрзливиот роб служи како предупредување за помазаниците. Зошто го велиме ова? Тие мора да покажат дека се трудољубиви. Со споредбата за талантите, како и со споредбата за девиците, Исус не прорекол дека помазаниците ќе станат мрзливи. Всушност, тој објаснил што ќе се случи ако тие некогаш ја изгубат својата ревност. Во тој случај, тие нема да можат „да ги [потврдат] својот позив и избор“ и нема да им биде дозволено да влезат во небесното Царство (w24.09 22, пас. 10; 23, пас. 12-13).

Четврток, 24 декември

Проценете што е најважно (Фил. 1:10)

Секој од нас сака да најде работа со која ќе може да се грижи за своите потреби и за потребите на своето семејство (Проп. 7:12; 1. Тим. 5:8). Кога треба да одлучиме дали ќе прифатиме некоја работа, нормално е да земеме предвид колкава ќе ни биде платата. Но, ако за некого платата е единствениот фактор кога одлучува, тоа покажува дека живее според она што го гледа. Ако живееме според верата, ќе земеме предвид и како таа работа може да се одрази врз нашето пријателство со Јехова. Добро е да се прашаме: „Дали таа работа ќе бара од мене да правам нешто што Јехова го мрази?“ (Изр. 6:16-19). „Дали работата ќе се одрази врз моите духовни активности и дали поради неа ќе морам на подолги периоди да бидам одвоен од семејството?“ Ако одговорот на овие прашања е потврден, би било мудро да не ја прифатиме работата, дури и ако не е лесно да се најде работа. Бидејќи живееме според верата, носиме одлуки од кои се гледа нашата увереност дека Јехова на некој начин ќе се погрижи да го имаме тоа што ни е потребно (Мат. 6:33; Евр. 13:5; w25.03 21, пас. 5-6).

Петок, 25 декември

Бидете милостиви еден спрема друг, имајте сомилост, спремно простувајќи си еден на друг (Еф. 4:32)

Ние треба секогаш да се трудиме да гледаме на нашите браќа и сестри како што гледа Јехова на нив. Тоа го правиме кога се концентрираме на нивните позитивни особини, а не на нивните несовршености кои еден ден секако ќе исчезнат. Ние можеме да го решиме секое несогласување меѓу нас на љубезен начин. Така, луѓето кои сакаат со нив да се постапува на сличен начин ќе сакаат да бидат дел од духовниот рај. Никогаш да не престанеме да бидеме благодарни за духовниот рај што Јехова го создал за нас. Секој што сака да биде закрепнат, задоволен, спокоен и безбеден мора да дојде во духовниот рај и никогаш да не го напушти! Но, мора да бидеме многу внимателни бидејќи Сатана прави сѐ што може за да нѐ надитри со цел да го напуштиме духовниот рај (1. Пет. 5:8; Отк. 12:9). Не смееме да дозволиме да успее во тоа. Да даваме сѐ од себе за да ги заштитиме убавината, чистотата и мирот кои владеат во духовниот рај (w24.04 24-25, пас. 18-19).

Сабота, 26 декември

Барајте го најнапред царството (Мат. 6:33)

Родители, вие можете да им помогнете на вашите деца да развијат желба да му служат на Јехова. Поучувајте ги вашите деца со зборови и со пример дека духовните работи — како што се проучувањето на Библијата, присуството на состаноците и учеството во службата на проповедање — треба да заземаат најважно место во животот. Во спротивно, вашите деца можат да почнат да му служат на Јехова само затоа што вие сте Јеховини сведоци. Како резултат на тоа, обожавањето на Јехова нема да им биде на прво место, па дури можеби и ќе престанат да му служат. Ако некој престане да му служи на Јехова, дали за него повеќе нема надеж? Не, бидејќи може да се покае и повторно да почне да му служи на Јехова. За да го направи тоа, тој можеби ќе треба да ја проголта својата гордост и да прифати помош од собраниските старешини (Јак. 5:14). Вреди сиот труд што треба да го вложи бидејќи така ќе може повторно да биде пријател со Јехова! (w24.07 24-25, пас. 18-19).

Недела, 27 декември

Бегајте од блуд! (1. Кор. 6:18)

Додека сте во врска, како можете да останете чисти во морален поглед? Како што ќе растат вашите чувства, природно е меѓу вас да чувствувате сѐ поголема привлечност. Што може да ви помогне да не направите нешто со што ќе го разочарате Јехова? Немојте да зборувате за неморални работи, да бидете сами и претерано да пиете алкохол (Еф. 5:3). Овие работи можат да ги разгорат сексуалните желби и да ви отежнат да го правите она што е исправно. Би било мудро редовно да разговарате за тоа кои мерки ќе ги преземете за да останете чисти во морален поглед (Изр. 22:3). Како што ќе се продлабочуваат вашите чувства, некои изрази на љубов и нежност можеби ќе бидат соодветни (Песна 1:2; 2:6). Сепак, ако вашите сексуални желби станат силни, веројатно ќе ви биде потешко да размислувате објективно за другата личност. Исто така, кога си покажувате изрази на љубов и нежност, може лесно да изгубите самоконтрола и да направите нешто што не му се допаѓа на Јехова (Изр. 6:27). Затоа, уште на почеток на врската, разговарајте за тоа какви граници ќе си поставите во склад со библиските начела (1. Сол. 4:3-7; w24.05 29, пас. 10-11).

Понеделник, 28 декември

Кога ќе речете: „Да“, тоа нека значи „да“, а кога ќе речете: „Не“, тоа нека значи „не“ (Мат. 5:37)

Ние сакаме другите да имаат доверба дека можат да се потпрат на нас, особено во тешко време (Изр. 17:17). Што можеме да правиме за да бидеме достојни за доверба? Можеме секој ден да се трудиме да ги покажуваме особините на Јехова, како на пример да си стоиме на зборот и да бидеме точни. Како му користи на собранието кога старешините се достојни за доверба? Објавителите се чувствуваат посигурно кога знаат дека можат да им се јават на старешините во секое време кога ќе им треба помош, како на пример на надгледникот на нивната група за проповедање. Исто така, објавителите се чувствуваат добро згрижени кога знаат дека старешините се спремни да им помогнат. Кога старешините ги темелат своите совети на Библијата и на публикациите од верниот и разборит роб наместо на своите лични мислења, соверниците имаат доверба во нив. Исто така, браќата и сестрите имаат доверба во оние старешини кои не им ги откриваат на другите личните информации кои им биле доверени и кои го исполнуваат она што го ветиле (w24.06 29-30, пас. 14-15).

Вторник, 29 декември

Ќе ги чуваш во траен мир оние чие срце е постојано, зашто имаат доверба во тебе (Иса. 26:3)

Денес не можеме да очекуваме дека Јехова ќе ги отстрани сите наши проблеми, но можеме да се потпираме на него за помош (Пс. 41:3). Преку својот свет дух, Јехова ни дава сила, мудрост и внатрешен мир за да се носиме со ситуацијата (Изр. 18:14; Фил. 4:13). Освен тоа, тој нѐ теши преку надежта од Библијата дека еден ден сите болести ќе бидат отстранети (Иса. 33:24). Јехова се погрижил во неа да бидат запишани утешни зборови кои можат да нѐ разведрат кога се соочуваме со тешки ситуации (Рим. 15:4). Откако на една сестра од Западна Африка ѝ бил дијагностициран рак, таа честопати плачела. Таа вели: „Особено ме теши Исаија 26:3... Тој стих ме уверува дека Јехова може да ни даде внатрешен мир кој ни помага да имаме контрола врз тоа како реагираме на неволјите“. Дали има некој стих што тебе ти дава утеха кога се соочуваш со ситуации што се особено тешки, па дури и безнадежни? (w24.12 24, пас. 17-18).

Среда, 30 декември

Додека уште беше далеку, неговиот татко го здогледа и се сожали, па потрча, му падна околу вратот и го избакна (Лука 15:20)

Старешините се трудат да покажуваат ист став како Јехова кон оние што застраниле од Божјето стадо. Тие сакаат овие загубени овчички „да се вратат дома“ (Лука 15:22-24, 32). Кога некој грешник ќе се врати, има голема радост и на небото и на Земјата (Лука 15:7). Јасно е дека Јехова не дозволува да остане во собранието некој што непокајнички прави грев. Но, тој не им врти грб на престапниците. Тој сака да се вратат. Во Осија 14:4 е опишано какви чувства има Јехова кон оние што се каат за своите гревови. Таму пишува: „Јас ќе ја излекувам нивната неверност. Ќе ги сакам со задоволство, зашто мојот гнев се одврати“. Колку голем поттик за старешините да реагираат на секоја промена која е показател дека личноста почнува да се кае. И колку силен поттик за оние што го напуштиле Јехова да му се вратат без одложување! (w24.08 28, пас. 8-9).

Четврток, 31 декември

Бидете благодарни! (Кол. 3:15)

Факт е дека понекогаш другите нема да покажат ценење. Можеби за некого сме вложиле време, сили или средства, но потоа сме се прашувале дали воопшто го цени она што сме го направиле за него. Ако се случи такво нешто, што може да ни помогне да не ја изгубиме радоста и да не станеме огорчени? Не заборавај дека среќата што ја чувствуваме од давањето не зависи од реакцијата на другите (Дела 20:35). Можеме да одлучиме со радост да даваме дури и кога ни се чини дека другите не го ценат тоа. Што може да ни помогне? Имај на ум дека го следиш примерот на Јехова. Тој им дава добри работи на луѓето сеедно дали го ценат тоа или не (Мат. 5:43-48). Јехова ни ветил дека, кога и ние даваме „не надевајќи се на ништо“, нашата „награда ќе биде голема“ (Лука 6:35). Да не се надеваме на ништо може да значи и да не очекуваме да ни биде покажана благодарност. Да не заборавиме дека Јехова ќе нѐ награди за она што го правиме за да им помагаме на другите и затоа што даваме со радосно срце (Изр. 19:17; 2. Кор. 9:7; w24.09 29, пас. 14-16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели