ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/12 стр. 3-5
  • Спрема какви луѓе имаш наклоност?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Спрема какви луѓе имаш наклоност?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Вообичаени вредносни мерила
  • Дали се тоа здрави мерила?
  • Кој ја има Божјата наклоност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Каков став имаат Јеховините сведоци кон образованието?
    Најчесто поставувани прашања
  • Образование — користи го за да го фалиш Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Дали Библијата одвратува од образованието?
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/12 стр. 3-5

Спрема какви луѓе имаш наклоност?

„СЕ БАРА НЕВЕСТА. Треба да биде руса и убаво градена, со диплома, а уште подобро ако е постдипломец. Мора да потекнува од добро семејство со имот. Предност има истата каста.“

ТАКА гласи еден типичен брачен оглас во некој индиски весник. Веројатно би можело да се види нешто слично и во многу други делови од светот. Во Индија огласот обично го даваат родителите на потенцијалниот младоженец. Одговорите може да вклучуваат фотографија на девојка облечена во светлоцрвен сари и украсена со многу златен накит. Ако семејството на момчето дозволува, може да се почне со преговорите за бракот.

Вообичаени вредносни мерила

Во Индија барањата за руса невеста се сосема вообичаени. Тоа се должи на вкоренетото верување дека таканаречените пониски касти од индиското општество се со темна кожа. Неодамна, на програмата на индиската телевизија беше прикажана една приказна за две девојки, едната руса а другата црнка. Русата девојка беше свирепа и со лоши манири; црнката беше љубезна и питома. Се случи магичен пресврт и русата девојка за казна стана црнка, а црнката стана руса. Поуката од приказната очигледно беше таа дека иако добротата на крајот победува, пожелната награда е светлата кожа.

Таквите расни чувства честопати се многу подлабоко вкоренети отколку што може да се увиди. На пример, еден азијат може да посети некоја западна земја и да се жали дека лошо се постапувало со него поради бојата на неговата кожа или поради неговите коси очи. Таквите постапки го вознемируваат и тој се чувствува дискриминиран. Но, кога ќе се врати во својата родна земја, може и самиот да постапува на ист начин со поединци од други етнички групи. Дури и денес, бојата на кожата и етничкото потекло за мнозина се пресудни кога ја проценуваат вредноста на некое лице.

„Парите наоѓаат одѕив во сите работи“ (New World Translation of the Holy Scriptures), напишал цар Соломон во старо време (Проповедник 10:19). Колку ли е точно тоа! Богатството, исто така, влијае на тоа како се гледа на луѓето. А изворот на богатството ретко се доведува во прашање. Дали некој станал богат со тешка работа, со внимателно раководење или, пак на нечесен начин, едвај да има некаква важност. Сеедно дали е стекнато нечесно или не, богатството тера многу луѓе да му ласкаат на неговиот сопственик.

Високото образование исто така високо се цени во овој конкурентен свет. Веднаш штом ќе се роди некое дете, од родителите се бара да почнат да ставаат настрана големи суми за школување. Уште на возраст од две или три години, грижливо го носат во правото забавиште или детска градинка, како прв чекор на долгото патување до факултетска диплома. Некои луѓе изгледа мислат дека угледната диплома со себе го носи правото на благонаклоност и углед кај другите.

Да, бојата на кожата, образованието, парите, етничкото потекло — станале мерила според кои многу луѓе ги просудуваат, или подобро речено, однапред ги проценуваат другите. Тоа се факторите кои одредуваат на кого ќе му искажат наклоност, а пред кого ќе се воздржат. А како е со тебе? Спрема кого ти имаш наклоност? Мислиш ли дека оној што има пари, светла кожа или високо образование заслужува повеќе наклоност и почит? Ако е така, треба сериозно да размислиш на што се темелат твоите чувства.

Дали се тоа здрави мерила?

Книгата Hindu World забележува: „Ако било кој од пониските касти убие браманец, може да биде мачен до смрт и имотот да му се конфискува, а неговата душа е засекогаш проколната. Ако браманец убие некого, може да биде казнет само парично, но никогаш со смрт“. Иако книгата зборува за старо време, како е денес? Расните предрасуди и општата напнатост предизвикале да течат реки од крв сѐ до нашиов 20. век. А тоа не е случај само во Индија. Омразата и насилството што се овековечиле во апартхејдот во Јужноафриканската Република, расните предрасуди во Соединетите Американски Држави, националните предрасуди во прибалтичките држави — списокот е навистина долг — се поттикнати од чувствата на вродена надмоќност. Секако, таквото неискажување на наклоност на едно лице на сметка на друго поради расата или националноста, не донело добри, мирољубиви плодови.

А како е со богатството? Без сомнение, мнозина се обогатиле преку чесна, тешка работа. Меѓутоа, подземните криминалци, шверцери, трговци со дрога, илегални трговци со оружје и други натрупале големи богатства. Вистина, некои од нив даруваат на добротворните установи или ги потпомагаат плановите за помош на сиромашните. Сепак, нивните криминални постапки им донеле неискажливо страдање и беда на жртвите. Дури и сразмерно второкласните махери, како што се оние кои земаат мито или кои учествуваат во сомнителни деловни постапки, предизвикале очај, штета и смрт кога нивните производи или услуги промашиле и не функционирале. Навистина, поседувањето на богатство само по себе не дава никаков темел за поволен суд.

Тогаш, како е со образованието? Дали долгиот список на дипломи и титули после нечие име гарантира дека тој е чесен и прав? Значи ли тоа дека на него треба да се гледа со наклоност? Точно е дека образованието може да прошири нечии видици, и мнозина кои го употребиле своето образование во корист на другите, заслужуваат чест и почитување. Но историјата е преполна со примери на искористување и угнетување на масите од страна на школуваната класа. А размисли и што се случува на денешните факултети, односно универзитети. Студентските градови се погодени со проблеми на злоупотреба на дрога и сексуално преносливи болести, а многу студенти се запишуваат само поради потрагата по пари, моќ и слава. Самото образование тешко може да биде доверлив показател за вистинскиот карактер на лицето.

Не, бојата на кожата, образованието, парите, етничкото потекло или други такви фактори не го претставуваат здравиот темел според кој треба да се просудува нечија вредност. Христијанинот не треба да биде преокупиран со овие работи кога настојува да стекне наклоност кај другите. Тогаш, за што би требало да се интересираме? И, од кои мерила би требало да се водиме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели