ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/4 стр. 28-31
  • Биди среќен и организиран

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди среќен и организиран
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Организиран и среќен
  • Не биди жесток кон самиот себеси
  • Живо куче или мртов лав?
  • Да се постапува добро спрема самиот себе си
  • Да се постапува милостиво со другите
  • Грижа за секој поединец
  • Остани блиску до стадото
  • Божјите слуги — организиран и среќен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Среќни се оние што му служат на „среќниот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Да се пасе Божјето стадо со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Како да бидеме среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/4 стр. 28-31

Биди среќен и организиран

АКО сме организирани, тоа ќе ни овозможи работите да ги извршиме добро. Ако сме ефикасни, тоа ќе ни помогне времето и способностите да ги искористиме на најдобар начин (Галатјаните 6:16; Филипјаните 3:16; 1. Тимотеј 3:2). Но постои нешто повеќе во животот отколку само организација и ефикасност. Инспирираниот псалмист напишал: „Блажен [среќен, NW] е оној народ, на кого Господ [Јехова, NW] му е Бог!“ (Псалми 143:15). Предизвик е да се биде и среќен и организиран во сето она што го работиме.

Организиран и среќен

Јехова Бог е најголемиот пример за добра организација. Сите негови творби, од единечните клетки до сложените живи суштества, од малите атоми до неизмерните галаксии, покажуваат ред и прецизност. Неговите универзални закони ни овозможуваат да си го планираме животот со сигурност. Знаеме дека Сонцето изгрева секое утро, и дека после зимата доаѓа летото (1. Мојсеева 8:22; Исаија 40:26).

Но Јехова не е само Бог на ред. Тој исто така е и „блажениот [среќниот, NW] Бог“ (1. Тимотеј 1:11; 1. Коринтјаните 14:33). Неговата среќа се гледа во неговите суштества. Разиграните мачиња, убавите зајдисонца, вкусната храна, музиката што инспирира, поттикнувачката работа и мноштво други работи, покажуваат дека тој имал намера ние да се радуваме на животот. Неговите закони не се заморни ограничувања, туку заштита, за наша лична среќа.

Исус Христос го следел примерот на својот Татко. Тој е исто така „Блажениот [среќниот, NW] и единствен Владетел“ и постапува точно како и неговиот Татко (1. Тимотеј 6:15; Јован 5:19). Кога работел со својот Татко во создавањето, бил повеќе отколку само еден ‚главен работник‘ (NW). Бил среќен во она што го работел. Тој ‚се веселел пред [Јехова] за сето време, се веселел на неговиот земен круг, и радоста негова била со синовите човечки‘ (Соломонови изреки 8:30, 31).

Ние сакаме да одразуваме слична доброљубивост, радост и наклонетост спрема луѓето во сѐ што работиме. Меѓутоа, понекогаш кога се напрегаме да бидеме ефикасни, може да заборавиме дека кога „по Духот . . . постапуваме“ тоа вклучува донесување на плодовите на Божјиот дух (Галатјаните 5:22-25). Затоа, на место е прашањето: Како можеме да бидеме истовремено и организирани и среќни како во нашата приватна дејност така и во работата со другите?

Не биди жесток кон самиот себеси

Обрни внимание на добриот совет запишан во Соломоновите изреки 11:17. Најпрвин вдахновениот писател ни вели дека „милосрдниот човек си прави добро на душата своја“. Потоа, како спротивно вели: „А жестокиот по срце го руши телото свое“. Преводот Стварност се изразува на следниов начин: „Добродушниот човек си прави добро на себе си, а суровиот го мачи своето тело“.

Како можеме од невнимателност да бидеме сурови кон себе си? Еден начин е кога сме добронамерни но потполно неорганизирани. А која е последицата? Еден стручњак вели: „Пад на меморијата, погрешно регистриран документ, недоволно разбрана заповед, неточно забележан телефонски повик — тоа се поединости на неуспехот, црви кои ја нагризуваат ефикасноста и ги уништуваат најдобрите намери“ — Научи се да бидеш ефикасен (Teach Yourself Personal Efficiency).

Ова се сложува со вдахновениот писател кој рекол: „Немарниот во работата своја е брат на расипникот“ (Соломонови изреки 18:10). Да, неорганизираните, неефикасни луѓе можат да си причинат жалост и пропаст и на самите себе и на другите. Поради ова, другите често ги избегнуваат. Како последица на нивната лабавост, врз себе си навлекуваат остракизам.

Живо куче или мртов лав?

Но, можеме да бидеме сурови кон самите себе и со тоа што ќе си поставиме претерано високи мерила. Можеме да се стремиме, вели за ефикасноста истиот автор, кон „мерила на перфекција кои е невозможно целосно да се достигнат“. Резултатот е, вели тој, што „на крајот ќе доживееме тага и разочарување“. Перфекционистот може да биде добро организиран и ефикасен, но тој никогаш нема да биде вистински среќен. Порано или подоцна доживува само тага.

Ако тежнееме кон тоа да станеме перфекционисти, добро ќе биде да се потсетиме дека „и куче живо е подобро, отколку мртов лав“ (Проповедник 9:4). Можеби нема дословно да се убиваме по нереално настојување по перфекција, но можеме сериозно да си наштетиме така што ќе прегориме. Како што вели едно дело, тоа значи „физичко, емоционално, духовно и интелектуално истоштување, а исто така влијае и на полето на меѓучовечките односи“ — Напнатост и истоштување од работа (Job Stress and Burnout). Истоштување на самите себе со тоа што ќе тежнееме по недостижни цели е секако суровост кон самиот себе и тоа неизбежно ни ја одзема радоста.

Да се постапува добро спрема самиот себе си

Сети се дека: „Милосрдниот човек си прави добро на душата своја“ (Соломонови изреки 11:17). Ние постапуваме добро со самите себе си кога си поставуваме реални и разумни цели, имајќи на ум дека среќниот Бог Јехова ги знае нашите можности (Псалми 102:8-14). Можеме да бидеме радосни кога и ние ќе ги признаеме тие можности и ќе „направиме сѐ што е можно“ (NW) во рамките на нашите способности со цел добро да ги исполниме обврските (Евреите 4:11; 2. Тимотеј 2:15; 2. Петрово 1:10, NW).

Секако, секогаш постои опасност да се залетаме во друга крајност — да бидеме предобри кон самите себе си. Не заборавај го Исусовиот одговор на предлогот на апостол Петар — „биди милостив кон Себе, Господи“, кога всушност требало одлучно да се дејствува. Петровото размислување било толку опасно што Исус одговорил: „Бегај од Мене, сатано! Ти си Ми соблазан, оти мислиш не за она, што е Божјо, а за она, што е човечко“ (Матеј 16:22, 23). Да се постапува милостиво со сопствената душа, сепак не дозволува еден безгрижен став на угодување на самиот себе си. Тоа исто така може да ни ја одземе сета радост. Она што е потребно е разумност, а не фанатизам (Филипјаните 4:5).

Да се постапува милостиво со другите

Книжевниците и фаризеите во времето на Исус исто така сметале дека се многу ефикасни и организирани. За нивниот начин на обожавање, A Dictionary of the Bible вели: „Секоја библиска заповед била окружена со мрежа од неважни прописи. Не се земале во обѕир променливите околности; немилосрдно се барало од секој Евреин да биде потполно послушен на Законот со сите негови поединости . . . Законските поединости биле умножувани до таа мера додека религијата не станала трговија, а животот неснослив товар. Мажите биле сведени на морални автомати. Гласот на совеста бил загушен; живата моќ на Божјата Реч била неутрализирана и измазнета со куп од вечни правила“.

Не е ни чудо што Исус Христос ги осудил поради тоа. „Врзуваат бремиња тешки и мачни за носење“ — рекол тој — „и ги клаваат врз плеќите на луѓето, а сами не сакаат ни со прст да ги помрднат“ (Матеј 23:4). Љубезните старешини не дозволуваат да го оптоваруваат стадото со умножување на безначајни правила и прописи. Тие постапуваат милостиво со Божјето стадо со тоа што го следат добриот, закрепнувачки пример на Исус Христос (Матеј 11:28-30; Филипјаните 2:1-5).

Дури и кога ќе се намножат организациските одговорности, грижливите старешини никогаш нема да го изгубат од предвид фактот дека тие работат со луѓе — луѓе кои Бог ги љуби (1. Петрово 5:2, 3, 7; 1. Јованово 4:8-10). Никогаш нема да бидат толку окупирани со организациските работи или активности што ќе заборават на својата првенствена улога како пастири, чувари и заштитници на стадото (Соломонови изреки 3:3; 19:22; 21:21; Исаија 32:1, 2; Јеремија 23:3, 4).

На пример, интензивна преокупација со планови и нацрти може исто така да ја исклучи грижата за луѓето. Размисли за еден возач на автобус кој смета дека негова првенствена должност е да се држи ефикасно до возниот ред, без обѕир на последиците. Исполнет е со горлива желба да дојде од едниот на другиот крај на својата рута во точно определеното време. За несреќа, од негова гледна точка, патниците го спречуваат во тоа. Тие се бавни и неорганизирани и секогаш доаѓаат на станица токму кога тој заминува. Место да се сети дека целата смисла на неговата работа е да им служи на потребите на патниците, тој ги гледа како препрека во ефикасноста и ги избегнува.

Грижа за секој поединец

Безчувствителното напрегање по ефикасност често ги занемарува потребите на поединците. На слабите и неефикасни поединци може да се гледа како на обврска. Кога тоа ќе се случи, можат да се појават ужасни последици. На пример, во древната грчка држава-град Спарта, слабите и болежливи деца биле оставени да умрат. Инаку тие не би биле силни, ефикасни војници за да бранат една силна, ефикасна држава. „Кога ќе се родело дете“ — вели филозофот Бертранд Расел — „таткото го носел пред старите во неговото семејство за да го испитаат: ако било здраво, му го враќале на такото за да го одгледува; ако не, било фрлано во длабока јама со вода“ (History of Western Philosophy).

Крутост и суровост, а не радост, било тоа што ја карактеризирало таа свирепа држава. (Спореди Проповедник 8:9.) Без сомнение, властите во Спарта сметале дека имаат добра причина во интерес на ефикасноста, но нивното однесување било лишено од секакво сочувство или милосрдност. Нивниот начин не бил Божји начин (Псалми 41:1; Соломонови изреки 14:21). За разлика од нив, надгледниците во христијанското собрание се сеќаваат дека сите Божји овци се ценети во неговите очи, па постапуваат милосрдно со секоја од нив. Тие се грижат не само за 99-те кои се здрави туку и за онаа која е слаба или емоционално вознемирена (Матеј 18:12-14; Дела на св. апостоли 20:28; 1. Солунјаните 5:14, 15; 1. Петрово 5:7).

Остани блиску до стадото

Старешините се блиску до стадото за кое се грижат. Современите истражувања за методи при работењето, сепак, можат да сугерираат дека за максимална ефикасност управникот или надгледникот би требало да се држи на растојание од оние кои ги надгледува. Еден истражувач ги опишува различните резултати кои ги искусил еден воздухопловен офицер кога бил близок со оние кои му биле подредени и кога бил на растојание со нив. „Кога бил близок со своите офицери, тогаш изгледа дека тие имале чувство на безбедност и не се грижеле претерано за ефикасноста во своите единици. Кога набргу станал резервиран и послужбен со нив, неговите под-заповедници се загрижиле, сметајќи дека нешто не било во ред . . . и својата загриженост ја насочиле во посветување на повеќе внимание на работата. Како резултат на тоа се појавил забележителен пораст на ефикасност во базата (Understanding Organizations).

Меѓутоа, христијанското собрание не е воена организација. Христијанските старешини кои ја надгледуваат работата на другите го следат примерот на Исус Христос. Тој секогаш бил близок со своите ученици (Матеј 12:49, 50; Јован 13:34, 35). Никогаш не ја употребувал нивната загриженост за да постигне поголема ефикасност. Градел цврсти врски на меѓусебна доверба и сигурност со своите ученици. Неговите ученици ги обележувала тесна врска на нежна наклоност (1. Солунјаните 2:7, 8). Кога постои таква блискост, едно среќно стадо, потполно мотивирано со Божја љубов, позитвно ќе реагира на упатствата, без присилба, и ќе стори сѐ што може во доброволната служба за него. (Спореди 2. Мојсеева 35:21.)

Многу библиски стихови ги истакнуваат христијанските особини на радост и љубов за братството (Матеј 5:3-12; 1. Коринтјаните 13:1-13). Ако се спореди, само неколку ја истакнуваат потребата за ефикасност. За да бидеме сигурни, постои потреба од добра организација. Божјиот народ секогаш бил организиран. Но, размисли, на пример, колку често писателите на псалмите ги опишуваат Божјите слуги како радосни. Псалам 118, кој многу ни кажува за Јеховините закони, предупредувања и уредби, вака започнува: „Блажени [среќни, NW] се непорочните во патот нивни, зашто одат според законот Господов. Блажени се оние кои ги пазат сведоштвата Негови и од сѐ срце Го бараат“ (Псалми 118:1, 2). Дали можеш ти да го прифатиш предизвикот да бидеш и организиран и среќен?

[Слика на страница 28]

Сферометар — првобитен изум за претставување на големите небесни кругови

[Слика на страница 31]

Јехова како љубезен Пастир не е само Бог на ред туку и Бог на радоста

[Извор на слика]

Гаро Налбандиан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели