ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/9 стр. 29-31
  • Цени ја твојата света служба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цени ја твојата света служба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога за прв пат учиме за Бог
  • Дали се тоа навистина жртви?
  • Мисли на наградите
  • Чекорот на предание
  • Други награди за верна служба
  • Помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Зошто водењето побожен живот донесува среќа
    Спознание кое води до вечен живот
  • ‚Спаси се и себеси и оние кои те слушаат‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/9 стр. 29-31

Цени ја твојата света служба

ЗА ДА постигнеме било каква вредна цел, мора да бидеме спремни да платиме одредена цена. Да се стане доктор потребни се години студирање и одлучност, а исто така и пари. Успешниот гимнастичар, поголемиот дел од својата младост го поминува работејќи многу напорни вежби во непопустливо тежнеење кон совршеност. На сличен начин, еден вешт пијанист може да се присети на годините исполнети со посветено вежбање.

Меѓутоа, има една цел која донесува многу поголеми добивки од било која цена што треба да се плати. Што е тоа? Тоа е предноста да се биде слуга на Највишиот, Јехова Бог. Колку и да правиме жртви во поглед на време, пари, или енергија, предноста да му принесуваме света служба на нашиот Творец ни донесува неспоредливи награди. Вистинити се зборовите на апостол Павле: „Побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот“ (1. Тимотеј 4:8). Да видиме како тоа се покажува како вистинито.

Кога за прв пат учиме за Бог

Повеќето кои поволно реагираат на добрата вест и почнуваат да ја проучуваат Библијата, веројатно не го согледуваат обемот на промените што ќе се појават во нивните животи. Прво, новиот библиски ученик може да изгуби некои пријатели кои не можат да сфатат зошто тој повеќе не се дружи со нив во преокупациите на кои сега гледа како на нешто што го срамоти Бог (1. Петрово 4:4). Некои можеби доживуваат противење од семејството и може да бидат повредени кога ќе видат како нивните блиски покажуваат антипатија, дури и омраза кон Јехова (Матеј 10:36). Тоа може да биде тешка цена за плаќање.

На работа или на училиште исто така ќе има цена која ќе треба да се плати. Новиот библиски ученик со текот на времето ќе престане да учествува во забави и во други прослави. Тој нема повеќе да го слуша нечистиот говор на неговите колеги или школски другари, ниту, пак, ќе си кажува со нив нечисти шали. Наместо тоа, ќе се труди да го примени советот кој се наоѓа во Ефесјаните 5:3, 4: „А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии, ниту, пак, срамни и празни зборови или смешки, што се неприлични, туку само благодарности“.

Ваквите промени можеби ќе направат библискиот ученик да се чувствува отфрлен. Тоа може да биде тешко, особено за младите кои сѐ уште одат на училиште. Соочени со празници еден по друг, со учења против Бог како што е еволуцијата, и со постојан притисок да одат заедно со мноштвото, младите христијани мораат постојано да се борат за верата. Следењето на Божјите патишта ќе ги направи поинакви, а тоа може да има за последица исмејување од сокласниците и од наставниците. Ова е посебно тешко да се прифати во текот на осетливите тинејџерски години, но Божјето одобрување е вредно за таа цена.

Дали се тоа навистина жртви?

Има работи кои на почеток изгледаат како жртви, но на крајот се покажуваат како благослови. Некои поединци треба да се откажат од пушењето (2. Коринтјаните 7:1). Ова може да биде борба, но колкави се само благословите кога тој одвратен порок конечно е надвладеан! Истото може да се каже и за надвладувањето на зависноста од други дроги или од алкохол. Колку многу поубав е животот без такви штетни навики! Други треба да расчистат со нивните брачни афери. Оние кои живеат заедно без предноста на бракот, мора или да се венчаат или да прекинат да живеат заедно (Евреите 13:4). Оние кои живеат со повеќе жени мора да ја задржат само жената на својата младост (Изреки 5:18). Ваквите приспособувања вклучуваат жртви, но тие носат мир во домот.

Мисли на наградите

Навистина, секој кој се покорува на Јеховиниот закон има вистинска корист. По прв пат во својот живот, библискиот ученик почнува да му се обраќа на својот Творец со Неговото име — Јехова (Псалм 83:18, НС). Ученикот почнува да го сака Јехова додека учи за прекрасните работи кои Тој ги сторил и кои допрва ќе ги стори за човештвото. Во земјите каде што е вообичаен стравот од мртвите, тој го губи овој суеверен страв бидејќи знае дека мртвите се заспани и чекаат воскресение (Проповедник 9:5, 10). И какво само олеснување е да се сфати дека Јехова не ги мачи вечно луѓето во пекол! Да, вистината навистина го ослободува (Јован 8:32).

Додека ученикот сѐ повеќе и повеќе го приспособува својот живот кон Јеховините мерила, постигнува чиста совест и самопочитување. Тоа што учи да живее како вистински христијанин му помага подобро да се грижи за своето семејство, а сето тоа му донесува големо задоволство и радост. Потоа, тука спаѓа и присуствувањето на состаноците во Салата на Царството. Какво радосно доживување! Овде има луѓе кои навистина ја практикуваат срдечната љубов за која Библијата вели дека треба да го идентификува Божјиот народ (Псалм 132:1; Јован 13:35). Нивниот говор е чист и изградувачки додека зборуваат „за големите дела Божји“ (Дела 2:11). Да, дружењето со „целото братство“ е извор на радост (1. Петрово 2:17, НС). Вакво пријатно другарување му помага на библискиот ученик да се ‚облече во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината‘ (Ефесјаните 4:24).

Чекорот на предание

Додека еден поединец напредува во спознанието, тој постепено е мотивиран од љубовта кон Јехова да го предаде својот живот на него и ова предание да го симболизира со крштевање во вода (Матеј 28:19, 20). Исусовиот совет е неговите ученици да го пресметаат трошокот пред да го преземат овој чекор (Лука 14:28). Запомни, предадениот христијанин ја става Јеховината волја на прво место и им свртува грб на делата на телото. Тој работи напорно за да прекине со „делата на телото“ и за да ги негува ‚плодовите на духот‘ (Галатјаните 5:19-24). Советот кој се наоѓа во Римјаните 12:2 сега игра попотполна улога во неговиот живот: „И не управувајте се според овој век, туку преобразете се преку вашиот обновен ум, за да можете да познавате, која е добрата, угодна и совршена волја Божја“. Така, предадениот христијанин го живее својот живот со обновено чувство на целисходност.

Меѓутоа, разгледај што добива тој. Како прво, тој е сега во личен однос со Творецот на универзумот, прогласен е за праведен, со изглед да биде пријател на Бог! (Јаков 2:23). Со многу подлабоко значење му се обраќа на Бог со зборовите „Оче наш, кој си на небесата“ (Матеј 6:9). Друг благослов за новопредаденото лице е да знае дека животот навистина има цел и дека тој живее во склад со оваа цел (Проповедник 12:13). Следејќи го Исусовото водство, тој ќе потврди дека Ѓаволот е лажливец, со тоа што ќе остане верен. Колкава радост му носи тоа на Јеховиното срце! (Изреки 27:11)

Секако, додека христијанинот истрајува на патот на верноста, има и други жртви кои треба да се направат. Потребно е време за да се ангажира во една смисловна лична студија и собраниска студија на Божјата Реч (Псалм 1:1-3; Евреите 10:25). Времето за служба на проповедање треба да се откупи од другите активности (Ефесјаните 5:16). Потребни се исто така време и труд за посетување на состаноците на Јеховините сведоци и за патување на нивните конгреси. Можеби ќе е потребна самопожртвуваност за поддржување на Салата на Царството и на делото на проповедање ширум светот. Меѓутоа, како што милиони христијани можат да потврдат, срдечниот удел во ваквите работи донесува среќа. Исус вели: „Поблажено е да се дава, отколку да се зема“ (Дела 20:35).

Наградите за поддржувањето на Јеховиното дело далеку ги надминуваат трошоците. Додека растеме во зрелоста, нашата служба станува поплодоносна и порадосна. Навистина, ништо не може да донесе толку многу задоволство како кога го поучуваме некого за библиските вистини и кога гледаме како тој почнува да го обожава Јехова. А ако новиот обожавател е член на семејството, можеби дете кое било воспитувано „во науката и стравот Господов“, тогаш тоа донесува посебна радост (Ефесјаните 6:4). Ние гледаме како Јехова богато ги благословува нашите настојувања да бидеме негови „соработници“ (1. Коринтјаните 3:9).

Други награди за верна служба

Навистина, сѐ додека постои овој систем на ствари, ќе имаме проблеми кои веројатно ќе стануваат сѐ потешки додека времето кое му преостанува на Ѓаволот се скратува. Можеби ќе мораме да поднесеме прогонство или искушение, но спознанието дека Бог е со нас нѐ теши и ни дава сила да издржиме (1. Коринтјаните 10:13; 2. Тимотеј 3:12). Некои сохристијани издржале години на сурово мачење, но истрајале поради нивната љубов кон Бог. Оние кои успешно поднесуваат најразлични тешкотии се чувствуваат како што се чувствувале и апостолите кога биле тепани а потоа ослободени. Дела 5:41 изнесува: „А тие излегоа од Синедрионот радосни, зашто се беа удостоиле да поднесат навреди за името на Господа Исуса“.

Наградата за истрајноста, веќе денес, далеку ги надминува трошоците. Но, запомни, Божествената оддаденост „во себе има ветување“ не само за „сегашниот“ туку и за „идниот живот“ (1. Тимотеј 4:8). Колку се прекрасни изгледите за оние кои истрајуваат! Ако си верен, ќе ја преживееш големата неволја која ќе го означи крајот на овој систем на ствари. А доколку умреш пред тој епохален настан, ќе бидеш воскреснат во новиот свет кој ќе следи (Даниил 12:1; Јован 11:23-25). Размислувај за чувството на восхит кое тогаш ќе го имаш, кога ќе бидеш во можност да кажеш: „Со Јеховина помош, успеав!“ Колку е возбудливо да се биде на таа Земја, која „ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“ (Исаија 11:9).

Да, служењето на Бог има своја цена. Но, во споредба со наградите, цената е минимална (Филипјаните 3:7, 8). Со оглед на сѐ што Бог сега прави за неговите слуги, и тоа што ќе го направи во иднина, ние се одгласуваме на зборовите од псалмистот: „Што да му дадам на Господа за сите Негови добрини што ми ги направи мене?“ (Псалм 115:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели