ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/1 стр. 4-7
  • Цени го вистинскиот живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Цени го вистинскиот живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Патот до „вистинскиот живот“
  • Потреба да се цени нашиот сегашен живот
  • Важниот закон за крвта
  • Ценење на вистинскиот живот
  • Божјето гледиште за животот
    Што навистина учи Библијата?
  • Исправно цени го дарот на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Крв која навистина спасува животи
    Како може крвта да ти го спаси животот?
  • Дали го цениш животот како што го цени Бог?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/1 стр. 4-7

Цени го вистинскиот живот

ДАЛИ поминува сѐ со овој живот? Охрабрувајќи нѐ да ‚се држиме цврсто за вистинскиот живот‘ (НС), Библијата покажува дека животот нуди многу повеќе (1. Тимотеј 6:17-19). Ако нашиот сегашен живот не е вистинскиот, тогаш кој е?

Контекстот на претходните стихови покажува дека тоа е „вечниот живот“ за којшто богобојазливите лица треба цврсто да се држат (1. Тимотеј 6:12). За поголемо мнозинство тоа ќе значи вечен живот на Земјата. Адам, првиот човек, го имал изгледот да живее засекогаш на рајска Земја (1. Мојсеева 1:26, 27). Ќе умрел само ако јадел „од дрвото за познавање на доброто и на злото“ (1. Мојсеева 2:17). Но, бидејќи Адам и неговата жена, Ева, непослушно јаделе од тоа дрво, Бог изрекол смртна казна. ‚Во оној ден кога вкусиле од него‘, тие умреле во Божји очи и започнал нивниот пад кон физичка смрт. Животот повеќе не бил со онаков квалитет каков што уживале на почетокот.

Патот до „вистинскиот живот“

За да го овозможи „вистинскиот живот“, Јехова Бог направил подготовка да го спаси човештвото. За да можеме да ја разбереме оваа подготовка, да си претставиме една мала фабрика. Сите машини во неа се расипани и им прават проблеми на работниците затоа што првиот работник пред многу години го игнорирал прирачникот и ги оштетил сите машини. Сегашните работници можат само да се трудат колку што можат подобро да ја вршат работата со она што им е на располагање. Сопственикот на фабриката сака да ги поправи машините за да им помогне на своите работници, и за таа цел ги одвојува неопходните средства.

Првиот ‚работник‘, Адам, не го ценел животот што му бил даден. Затоа на своето потомство му пренел несовршен живот, сличен на една расипана машина (Римјаните 5:12). Како подоцнежните работници во фабриката, кои не можеле да ја поправат ситуацијата, Адамовото потомство не било способно да постигне вистински живот за себе (Псалм 48:7). За да ја поправи оваа наизглед безнадежна ситуација, Јехова го испратил на Земјата својот единороден Син да откупи вечен живот за човештвото (Лука 1:35; 1. Петрово 1:18, 19). Со тоа што умрел со жртвена смрт заради човештвото, Божјиот единороден Син, Исус Христос, обезбедил средство — живот кој одговара на животот што го изгубил Адам (Матеј 20:28; 1. Петрово 2:22). Со оваа скапоцена жртва, Јехова сега ја има основата за да обезбеди вистински живот.

За послушното човештво, Исусовата откупна жртва ќе значи вечен живот на рајска Земја (Псалм 36:29). Оваа надеж се протега на сите оние коишто ќе ја преживеат ‚војната во големиот ден на Бога Седржителот‘, наречена Хар-Магедон (Откровение 16:14-16). Таа ќе ја избрише сета злоба од Земјата (Псалм 36:9-11). Оние кои се во Божјето сеќавање и кои ќе умрат пред тоа, ќе бидат воскреснати во обновениот Рај на Земјата и ќе имаат изглед да се радуваат на вистинскиот живот што се чува за сите оние кои го слушаат Бог (Јован 5:28, 29).

Потреба да се цени нашиот сегашен живот

Ова не значи дека со право можеме да покажуваме непочитување спрема светоста на нашиот сегашен живот. Дали сопственикот на фабриката ќе троши време и пари за да ја поправи машината на некој работник кој не се грижи за неа? Напротив, зарем работодавачот нема да му ја довери поправената машина на лице кое прави најдобро што може за да ја одржува старата?

Животот е скапоцен дар од Јехова. Како добронамерен извор на таквиот дар, тој сака да го цениме (Псалм 35:9; Јаков 1:17). Говорејќи за Јеховината грижа за луѓето на Земјата, Исус рекол: „А вам, и косата на главата ви е изброена“ (Лука 12:7). Јехова им заповедал на Израелците да не убиваат, што природно го вклучувало и самоубиството (2. Мојсеева 20:13). Ова ни помага да го избегнуваме самоубиството како избор.

Знаејќи го Јеховиниот љубезен интерес за нашето добро, богобојазливите луѓе ги применуваат библиските начела при проценувањето на денешните обичаи. На пример, бидејќи од вистинските христијани се бара да ‚се очистат од секаква скверност на телото и на духот и да творат свети дела со Божји страв‘, тие избегнуваат тутун и халуциногени дроги кои предизвикуваат зависност (2. Коринтјаните 7:1).

Понатаму, Божјиот интерес за човечкиот живот се гледа во неговиот совет да задржат ‚кротко срце‘ и да избегнуваат неморално однесување (Изреки 14:30; Галатјаните 5:19-21). Ако се придржуваме кон овие високи мерила, заштитени сме од такви работи како што се штетната лутина и сексуално преносливите болести.

Јеховината грижа за животот на неговиот народ се гледа и во неговата опомена да се воздржуваат од прејадување и од препивање (5. Мојсеева 21:18-21; Изреки 23:20, 21). Христијаните се предупредени дека алчните луѓе и пијаниците нема да го наследат Божјето Царство, односно никогаш нема да доживеат вистински живот (1. Коринтјаните 6:9, 10; 1. Петрово 4:3). Поттикнувајќи на умереност, Јехова нѐ учи за наше добро (Исаија 48:17).

Ако се придржуваме за Божјите мерила, покажуваме дека го цениме нашиот сегашен живот. Се разбира, уште поважен е вистинскиот живот. Бидејќи тој е вечен, вистинските христијани му придаваат поголема важност нему отколку на нивниот сегашен живот. Кога Исус Христос го жртвувал својот живот, тој се подложил на Јеховината волја. Послушноста спрема Таткото за него значела многу повеќе од неговиот живот овде на Земјата. Исусовиот животен пат довел до тоа тој да воскресне и да добие бесмртен живот на небото (Римјаните 6:9). Неговата смрт значи и вечен живот за послушното човештво кое покажува вера во неговата откупна жртва (Евреите 5:8, 9; 12:2).

Важниот закон за крвта

Се разбира, Исусовите следбеници го одразуваат неговото размислување. Тие сакаат да му угодат на Бога во сѐ, како што правел и Христос. Како прво, ова објаснува зошто тие одбиваат трансфузија на крв, која некои лекари ја нарекуваат животоспасувачка. Да видиме како некој покажува дека го цени вистинскиот живот преку одбивање на трансфузија на крв.

Како Исус Христос, и вистинските христијани сакаат да бидат живи во Божји очи, а тоа бара потполна послушност кон Него. Божјата Реч им заповеда на Христовите следбеници: „Да се воздржувате од принесување жртви на идоли и од крв, од удавено, од блудство“ (Дела 15:28, 29). Зошто овој закон за крвта бил вклучен меѓу заповедите кои се задолжителни за христијаните?

Законот што им бил даден на Израелците барал од нив да се воздржуваат од крв (3. Мојсеева 17:13, 14). Христијаните не се под Мозаитскиот Закон. Но, тие сфаќаат дека заповедта да не јадат крв датира уште од времето пред Законот; таа претходно му била дадена на Ное после Потопот (1. Мојсеева 9:3, 4; Колосјаните 2:13, 14). Оваа заповед важела за сето Ноево потомство, од коешто потекнале сите народи на Земјата (1. Мојсеева 10:32). Освен тоа, Мозаитскиот Закон ни помага да ја увидиме причината зошто Бог инсистирал на светоста на крвта. Откако им забранил на Израелците да консумираат било каков вид крв, Бог рекол: „Душата на секое тело е неговата крв, и Јас ви ја дадов за жртвеникот за да се молите за душите ваши, бидејќи таа крв ќе се помоли место душата“ (3. Мојсеева 17:11). Бог ја наменил крвта за жртвена употреба на олтарот. Неговиот закон за светоста на крвта открива дека тој има власт над сиот живот на Земјата (Језекиил 18:4; Откровение 4:11). Ако на нашиот живот гледаме од Јеховина гледна точка, увидуваме дека тој не ни припаѓа нам, туку само ни е доверен од Бог.

Исто како што работникот од нашата илустрација бил одговорен за машината, така и нам ни е доверен нашиот сегашен живот. Што би сторил ти ако твојата машина треба да се поправи и ако некој механичар предложи таа да се поправи така што ќе употреби делови кои се посебно забранети во прирачникот? Зарем нема да се консултираш со други механичари за да видиш дали машината може да се доведе во ред во согласност со упатствата од прирачникот? Човечкиот живот е далеку поважен и посложен од една машина. Во својата инспирирана Реч, односно прирачникот за одржување на луѓето во живот, нашиот Творец ја забранува употребата на крв заради одржување на животот (5. Мојсеева 32:46, 47; Филипјаните 2:16). Зарем не е разумно да се држиме за барањата од тој прирачник?

Всушност, христијанските пациенти кои бараат нивниот случај да се реши без употреба на крв, не ги отфрлуваат сите медицински третмани. Тие само бараат третман кој ќе покаже почит спрема нивниот живот — како сегашниот така и идниот. Лекарите кои храбро го почитуваат ставот на христијаните, сведочат за користите што произлегуваат од начинот на лекување кој е во согласност со нивното барање. „Средбата со Јеховините сведоци ме доведе до една нова збирка вредности“ — вели еден хирург кој порано давал крв во голема мера. Сега тој се труди да ги лекува без употреба на крв дури и лицата кои не се Сведоци.

Ценење на вистинскиот живот

Каква била новата збирка вредности што ја открил овој хирург преку лекувањето на Јеховините сведоци? Тој сега увидува дека лекувањето на пациентот не вклучува само еден дел од телото што е загрозен од болест, туку целата личност. Зарем на пациентот не треба да му се дозволи да ја побара најдобрата грижа за своето физичко, духовно и емоционално добро?

За 15-годишната Кумико, употребата на трансфузија на крв во лекувањето на нејзината смртоносна леукемија била најлошиот можен избор. Напорите на овој начин да ѝ се продолжи животот за неколку седмици, месеци или дури и години, не вределе онолку колку што тоа би ја чинело во долгорочна смисла. Откако го предала својот сегашен живот на Јехова Бог како негов Сведок, таа ја почитувала светоста на животот и на крвта. Иако татко ѝ и останатите роднини остро се спротивставиле на нејзиниот став, Кумико останала непоколеблива. Нејзиниот лекар еднаш ја прашал: „Ако твојот Бог простува грешки, зарем нема да ти прости дури и ако примиш трансфузија на крв?“ Кумико одбила да направи компромис и со тоа да се откаже од своите библиски верувања. ‚Држејќи се со цврст стисок за речта на животот‘, таа го задржала својот став (Филипјаните 2:16, НС). Како што рекла нејзината баба која не била соверник: „Кумико не сакаше да ја погази својата вера“. Наскоро се променил ставот на нејзините татко и баба, како и ставот на присутните лекари.

Цврстата вера на Кумико во Јехова Бог, кој може да ја воскресне од мртвите, трогнала многу срца. Уште додека била жива, го молела татка си: „Дури и ако умрам, јас ќе воскреснам во Рајот. Но, ако ти бидеш уништен во Хар-Магедон, нема да те видам. Затоа, те молам, проучувај ја Библијата“. Татко ѝ само изустил: „Ако оздравиш, ќе проучувам“. Но, кога Кумико умрела од нејзината неумолива болест, татко ѝ ставил во мртовечкиот сандак една картичка на која пишувало: „Ќе те видам во Рајот, Кумико“. После погребот тој зборувал со присутните и рекол: „Ѝ ветив на Кумико дека ќе ја видам во Рајот. Иако сѐ уште не можам да верувам во тоа затоа што не сум проучувал доволно, одлучив да го испитам тоа. Ве молам, помогнете ми“. И други од нејзиното семејство почнале да ја проучуваат Библијата.

Кумико имала вистинска почит кон животот и сакала да живее. Го ценела сето она што го сториле лекарите за да ѝ го спасат сегашниот живот. Меѓутоа, од послушност кон упатствата од прирачникот на Творецот, таа докажала дека го цени вистинскиот живот. За милиони луѓе тоа ќе биде вечен живот на рајска Земја. Дали ќе бидеш и ти меѓу нив?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели