ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/1 стр. 3
  • Колку ти е мил животот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку ти е мил животот?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
    Разбудете се! 1999
  • Зошто луѓето се откажуваат од животот
    Разбудете се! 2002
  • Можете да најдете помош
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/1 стр. 3

Колку ти е мил животот?

ЕДЕН тинејџер загинал скокајќи од осмиот кат на некоја станбена зграда. Тој прочитал една книга која го опишувала самоубиствениот скок како „ослободување од болка, од грижи или од страв; наместо тоа, се чувствуваш добро“. Авторот на оваа книга, издадена во Јапонија, тврдел дека тој само го предлага „самоубиството како една од животните алтернативи“.

Луѓето кои извршуваат самоубиство не се единствените што покажуваат потценување на животот денес. Безобѕирните автомобилисти исто така покажуваат многу малку почитување кон животот. Некои дури пијат и возат, а многумина од нив јурат по патот во смрт.

Други покажуваат колку малку го ценат својот живот со акцентот што го ставаат на задоволствата. Пушачите одбиваат да се откажат од цигарите, иако пушењето може да предизвика смрт и е наречено бавно самоубиство. Наместо да зачуваат невиност во овој свет луд по секс, многумина следат промискуитетен начин на живот, кој честопати води во смрт.

Дури и без да бидат свесни за тоа, некои се лишуваат од години живот со тоа што се прејадуваат, се опиваат, недоволно се движат и трагаат по задоволство. Јапонскиот автор Шинја Нишимару предупредил: „Необузданите навики во јадењето им пречат на физиолошките функции, а тежнеењето само кон удобност и задоволство ја нагризува виталноста на луѓето“. Некои го делат мислењето на оние од антички времиња кои рекле: „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“ (Исаија 22:13; 1. Коринтјаните 15:32).

Да, потценувањето на животот денес зема замав. Затоа, можеби е добро човек да се запраша: Колку ми е мил животот? Дали треба да се чува по секоја цена? И дали постои нешто повредно од нашиот сегашен живот?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели