ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/2 стр. 5-7
  • Зошто луѓето се откажуваат од животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто луѓето се откажуваат од животот
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Настани што можат да бидат повод
  • Скриени фактори
  • Самоубиство — чума меѓу младите луѓе
    Разбудете се! 1999
  • Светски проблем
    Разбудете се! 2002
  • Можете да најдете помош
    Разбудете се! 2002
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/2 стр. 5-7

Зошто луѓето се откажуваат од животот

„Секој пат што води до самоубиство е посебен: сосема личен, непознат и ужасен“ (Кеј Редфилд Џејмисон, психијатар).

„ЖИВОТОТ е страдање.“ Тоа го запишал Рјуносуке Акутагава, прочуен јапонски писател од почетокот на 20 век, кратко пред да изврши самоубиство. Меѓутоа, таа изјава ја започнал со зборовите: „Се разбира, не сакам да умрам, но . . .“

Исто како Акутагава, мнозина од оние што си го одземаат животот не сакаат да умрат туку сакаат „да стават крај на она што се случува“, навел еден професор по психологија. Зборовите што обично се наоѓаат во писменцата на самоубиецот го покажуваат тоа. Фразите како што се ‚Повеќе не можев да издржам‘ или ‚Зошто да живеам уште?‘ покажуваат длабока желба да се избега од суровата реалност на животот. Но, како што рекол еден терапевт, да се изврши самоубиство е исто „како да се лекува настинка со нуклеарна бомба“.

Иако луѓето извршуваат самоубиство од различни причини, извесни настани во животот се вообичаен повод за самоубиство.

Настани што можат да бидат повод

Не е ништо необично младите што запаѓаат во очај и извршуваат самоубиство да го направат тоа дури и заради некои работи што на другите им изгледаат сосема безначајни. Кога се повредени и не можат да сторат ништо во врска со тоа, младите може да гледаат на сопствената смрт како на средство да им вратат мило за драго на оние што ги повредиле. Хироши Инамура, специјалист од Јапонија кој работи со луѓе склони кон самоубиство, напишал: „Преку својата смрт, децата задоволуваат една внатрешна желба да ја казнат личноста што ги измачувала“.

Една неодамнешна анкета во Британија покажа дека, кога децата се подложени на грубо тиранизирање, шансите да извршат самоубиство се речиси седумпати поголеми. Емоционалната болка што ја доживуваат овие деца е реална. Едно 13-годишно момче што се обесило, оставило писменце во кое навело пет лица што го малтретирале, па дури и изнудувале пари од него. „Ве молам, спасете ги другите деца“, напишало тоа.

Други можеби ќе се обидат да си го одземат животот кога ќе имаат проблеми на училиште или со законот, кога ќе ѝ дојде крај на некоја романса, кога ќе добијат лоши оценки, кога се под стрес заради испити или кога ќе се обесхрабрат од грижите за иднината. Кај адолесцентите што имаат добар успех и се склони да бидат перфекционисти, некој неуспех или пропуст — сеедно дали е вистински или замислен — може да биде повод за самоубиство.

Кај возрасните, финансиските проблеми или проблемите на работа се вообичаен повод. Во Јапонија, по повеќегодишните проблеми во економијата, самоубиствата неодамна надминаа 30.000 годишно. Според Mainichi Daily News, речиси три четвртини од средовечните мажи се самоубиле „поради проблеми поврзани со долгови, деловни неуспеси, сиромаштија и невработеност“. И семејните проблеми можат да водат до самоубиство. Еден фински весник известил: „Неодамна разведените средовечни мажи“ спаѓаат во групите со највисок ризик. Едно истражување во Унгарија открило дека повеќето девојки што размислуваат за самоубиство пораснале во распаднати семејства.

Пензионирањето и болеста се исто така фактори што можат да бидат повод, особено кај постарите лица. Честопати самоубиството се избира како излез, не секогаш кога болеста е смртоносна туку тогаш кога пациентот смета дека повеќе не може да го поднесе страдањето.

Меѓутоа, сите не реагираат на овие настани извршувајќи самоубиство. Напротив, кога се соочени со вакви стресни ситуации, повеќето луѓе не си го одземаат животот. Тогаш, зошто некои гледаат на самоубиството како на решение, додека со повеќето луѓе тоа не е случај?

Скриени фактори

„Голем дел од одлуката да се умре лежи во тоа како се гледа на настаните“, вели Кеј Редфилд Џејмисон, професор по психијатрија на Медицинскиот факултет Џонс Хопкинс. Таа додава: „Повеќето умови, кога се здрави, не гледаат на секој настан како на толку страшен за да биде оправдано самоубиството“. Ив К. Мошчицки, од американскиот државен институт за ментално здравје, забележува дека многу фактори — некои од нив скриени — се комбинираат заедно и водат до самоубиство. Во ваквите скриени фактори спаѓаат душевните болести и зависностите, генетичката градба и хемијата на мозокот. Да разгледаме некои од нив.

На прво место меѓу овие фактори се душевните болести и зависностите, како што се депресијата, биполарното заболување, шизофренијата и зависноста од алкохол и дрога. Истражувањата во Европа и во Соединетите Држави покажуваат дека повеќе од 90 проценти од извршените самоубиства се поврзани со такви болести. Всушност, шведските истражувачи откриле дека кај мажите кај кои не е поставена некоја од овие дијагнози, стапката на самоубиство била 8,3 на 100.000, но кај депримираните скокнала на 650 самоубиства на 100.000 луѓе! А експертите велат дека факторите што водат до самоубиство се слични и во источните земји. Сепак, дури и комбинацијата на депресија и други настани што можат да послужат како повод не води неизбежно до самоубиство.

Професор Џејмисон, која некогаш и самата извршила обид за самоубиство, вели: „Изгледа дека луѓето можат да поднесуваат и да издржуваат депресија сѐ додека веруваат дека работите ќе се подобрат“. Меѓутоа, таа открила дека, кога насобраниот очај ќе стане неподнослив, способноста на менталниот систем да ги спречи самоубиствените нагони постепено слабее. Таа ја споредува оваа ситуација со начинот на кој кочниците на автомобилот се трошат заради константниот притисок.

Неопходно е да се препознае ваквиот тренд бидејќи депресијата може да се излечи. Чувствата на беспомошност можат да се свртат во обратен правец. Кога ќе се преземе нешто во врска со скриените фактори, луѓето може да реагираат различно на болките и стресовите што честопати можат да бидат повод за самоубиство.

Некои мислат дека генетичката градба може да биде еден скриен фактор во многу самоубиства. Точно, гените играат улога во одредувањето на нечиј темперамент, а истражувањата откриваат дека во некои семејства има повеќе случаи на самоубиства отколку во други. Сепак, „генетичката предиспозиција кон самоубиство воопшто не значи дека самоубиството е неизбежно“, вели Џејмисон.

И хемијата на мозокот може да биде еден скриен фактор. Во мозокот, милијарди неврони комуницираат по електрохемиски пат. На разгранетите краеви на нервните влакна има мали растојанија наречени синапси, преку кои невротрансмитерите пренесуваат информации по хемиски пат. Нивото на еден невротрансмитер, серотонинот, можеби е вклучено во биолошката подложност на самоубиство кај едно лице. Книгата Inside the Brain (Во мозокот) објаснува: „Ниското ниво на серотонин . . . може да ги исуши изворите на животна среќа, намалувајќи го интересот кај човекот за неговото постоење и зголемувајќи го ризикот од депресија и самоубиство“.

Меѓутоа, факт е дека никому не му е предодредено да се самоубие. Милиони луѓе се справуваат со болките и стресовите. Дали некој ќе се самоубие или не, зависи од начинот на кој умот и срцето реагираат на притисоците. Не треба да се лекуваат само видливите причини што можат да послужат како повод туку и скриените фактори.

Според тоа, што може да се направи за да се создаде едно попозитивно гледиште што ќе ја обнови желбата за живот?

[Рамка на страница 6]

Полот и самоубиството

Според едно истражување во Соединетите Држави, иако кај жените постои двапати до трипати поголема веројатност да извршат обид за самоубиство отколку кај мажите, кај мажите постои четирипати поголема веројатност да успеат во тоа. Жените двапати повеќе страдаат од депресија, а на тоа се должи и поголемот број обиди за самоубиство. Меѓутоа, депресијата кај нив не е толку силна, и затоа посегнуваат по не толку насилни средства. Мажите, пак, се склони да користат поагресивни и поодлучни средства за да бидат сигурни дека ќе успеат.

Меѓутоа, во Кина успеваат повеќе жени отколку мажи. Всушност, едно истражување открива дека 56 проценти од самоубиствата кај жените во светот се случуваат во Кина, особено во селата. Се вели дека една од причините за импулсивни обиди за самоубиство кај тамошните жени, што води до извршени самоубиства, е лесниот пристап до смртоносни пестициди.

[Рамка/слика на страница 7]

Самоубиството и осаменоста

Осаменоста е еден од факторите што ги доведуваат луѓето до депресија и до самоубиство. Јоуко Лонквист, кој предводел едно истражување за самоубиствата во Финска, рекол: „Голем број луѓе [од оние што извршиле самоубиство] биле осамени во секојдневниот живот. Имале многу слободно време, но малку друштвени контакти“. Кенширо Охара, психијатар на Медицинскиот факултет во Хамамацу (Јапонија), коментирал дека зад неодамнешниот пораст на самоубиства на средовечни мажи во оваа земја стоела „изолацијата“.

[Слика на страница 5]

Кај возрасните, финансиските проблеми или проблемите на работа се вообичаен повод

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели