ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 1/9 стр. 25-28
  • Моето срце се прелева од благодарност

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Моето срце се прелева од благодарност
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Благодарен за добрите примери
  • Мојот став за вистината
  • Благодарен за мојата служба
  • Добивам верен другар
  • Благодарни за нашиот заеднички живот
  • Седумдесет години ‚се држам за скутот на Евреинот‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Верниот пример на татко ми
    Разбудете се! 1994
  • Исправни одлуки што ми донесоа трајни благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Никогаш не престанав да учам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 1/9 стр. 25-28

Моето срце се прелева од благодарност

РАСКАЖАЛ ЏОН ВИН

Колку само често се бунтував околу одењето на состаноците на Јеховините сведоци! Ќе симулирав дека ме боли стомак или глава — сѐ за да избегнам да присуствувам. Но, цврстината на мајка ми секогаш предизвикуваше брзо да исчезнат таквите слабости и ќе се најдев како пешачам со неа три километри до Салата на Царството, слушајќи додека таа дискутираше за Божјата Реч со една постара другарка.

ТОА ме научи една вредна лекција: Родителите никогаш не би требало да прекинат да бидат цврсти за она што е право во Божјите очи, на начин полн со љубов (Изреки 29:15, 17). Тие не би требало никогаш да ја заборават божествената наредба ‚да не го напуштаме своето собрание‘ (Евреите 10:25). Додека гледам наназад на мојот живот, колку сум благодарен што мајка ми ме наведе да го правам она што беше најдобро за мене!

Благодарен за добрите примери

Иако татко ми беше неверник, тој беше толерантен кон верувањата на мајка ми кога таа стана Проучувач на Библијата, како што тогаш беа познати Јеховините сведоци. Во 1913, таа отишла да го чуе говорот „Зад гробот“, кој го одржал брат Чарлс Т. Расел, првиот претседател на Watch Tower Society. Меѓутоа, стигнала подоцна и сите седишта биле зафатени. Затоа, со другите кои задоцниле била поканета да седне близу подиумот, веднаш до пастор Расел. Тој говор длабоко ја импресионирал. Бил објавен следниот ден во локалниот весник и таа чуваше примерок од него и секогаш одново го читаше.

После состанокот, мајка ми предала парче хартија со нејзиното име и наскоро со неа контактирал еден Проучувач на Библијата. Со текот на времето, почнала да разнесува библиски трактати од куќа до куќа во нашиот роден град Глостер (Англија). Од времето уште кога моите две сестри и јас бевме многу мали, учествувавме со мајка ми во проповедничкото дело.

Кога Хари Френсис, ревносен Проучувач на Библијата, се пресели во Глостер, мајка ми му изрази срдечно добредојде. Наскоро, тој покажа личен интерес за мене, и неговото охрабрување беше главен фактор за тоа што подоцна станав пионер, како што се нарекуваат полновремените министри. Примерот на брат Френсис ме научи една важна лекција: Постарите треба секогаш да бараат начини да ги охрабрат помладите.

Кога мајка ми стана Проучувач на Библијата, и некои други во Глостер го сторија истото. Меѓутоа, некои старешини во собранието почнаа превисоко да мислат за себе, а некои членови на класот — како што тогаш се нарекуваше собранието — почнаа да следат поединци. На еден состанок, некои во грб ја бодеа мајка ми, наговарајќи ја да крене рака во поддршка на извесни старешини. Но, мајка ми знаеше дека тие не даваа исправен пример и одби да биде застрашена. Во тоа време, во доцните 1920-ти, многумина отпаднаа и повеќе не одеа по патот на вистината (2. Петрово 2:2). Сепак, мајка ми никогаш не застрани од лојалното поддржување на организацијата, давајќи ми на тој начин добар пример.

Мојот став за вистината

Конечно, во јуни 1939, кога имав 18 години, се крстив на реката Северн. Таа година бев наименуван и како слуга за озвучување. Во тие денови користевме една голема машина за транскрипција која на јавните места ја трубеше пораката „Религијата е замка и измама“. Во тоа време, нагласокот беше ставен врз разоткривањето на лицемерството и лажните учења на христијанскиот свет.

Еднаш, јас бев на чело на една процесија носејќи транспарент кој на едната страна прокламираше: „Религијата е замка и измама“, а на другата: „Служи му на Бог и на Христос — Царот“. Нѐ следеше еден пони кој имаше големи постери на обете страни од својот грб што го објавуваа јавното предавање. Каква глетка сигурно беше таа процесија во многу религиозниот град Глостер!

И покрај финансиските тешкотии дома, мајка ми ме охрабри да станам пионер. Така, во септември 1939, на почетокот од II светска војна, пристигнав на мојата прва пионерска доделба во Лемингтон, еден мал град во Варвикшир. Градот беше дом на извесен број пензионирани свештеници.

Во нашата служба од куќа до куќа користевме еден лесен фонограф, пуштајќи предавања од Џозеф Ф. Ратерфорд, тогашен претседател на Watch Tower Bible and Tract Society. Од друга страна, пак, нашата машина за транскрипција (која можеше да се користи за поголема публика) беше многу потешка и ја носевме во детска количка. Понекогаш свештениците, разгневени од пораката која ја разоткриваше лажната религија, ќе не измаршираа од нивните имоти. Но, ние не бевме малодушни. Јехова го благослови нашето дело и денес во Лемингтон може да се најде собрание од преку сто Сведоци.

Во 1941, додека беснееше II светска војна, се преселив во Велс, каде што пионерев во градовите Хаверфордвест, Кармарден и Врексам. Како полновремен министер, бев изземен од воена служба, но луѓето не ја сфаќаа нашата неутрална позиција. Така, мојот партнер и јас бевме поткажани како шпиони или петтоколонаши. Една ноќ, нашата приколка беше опколена од полиција. Мојот партнер, кој штотуку се врати од неговата работа — копач на јаглен — ја покажа својата глава за да види кој е таму. Лицето му беше покриено со прашина од јаглен и на полицијата ѝ изгледаше како да беше спремен за командосен напад. За тоа беше потребно објаснување!

Бевме богато благословени на нашите доделби. Еднаш, додека бевме во Кармарден, Џон Бар од канцеларијата на подружницата во Лондон (сега член на Водечкото тело) ни направи една охрабрувачка посета. Во тоа време, во Кармарден имаше само двајца објавители; сега има повеќе од сто. Врексам моментално има три собранија, а јас неодамна имав предност свечено да отворам една убава Сала на Царството во Хаверфордвест (1. Коринтјаните 3:6).

Благодарен за мојата служба

Додека бевме во Свонси (Јужен Велс), на мојот партнер Дон Рендел не му беше дадено изземање од воена служба. Беше ставен в затвор и покрај објаснувањето дека тој не би можел совесно да оди во војна против сохристијаните во други земји (Исаија 2:2—4; Јован 13:34, 35). За да го охрабрам, а и за да им дадам сведоштво на соседите, ја ставив во близина машината за транскрипција и пуштав библиски предавања.

Меѓутоа, на локалните жени не им се допаѓаше тоа и во капа собраа прилог и пари за да им платат на војниците да нѐ истепаат мојот придружник и мене. Ние брзо си заминавме, трчајќи колку што можеме побрзо — а јас ја туркав и детската количка со машината за транскрипција — барајќи заштита во Салата на Царството. Но, кога стигнавме таму — беше заклучено! Само навремената интервенција на полицијата нѐ спаси од сурово тепање.

Инцидентот очигледно станал добро познат. Кога после извесно време проповедав во едно село близу Свонси, еден човек со одобрување ми кажа: „Христијанството е она што го застапувате Вие, како младиот човек во Свонси кој смело го објави она што го верува и морал да бега за да се заштити“. Колку беше изненаден кога дозна дека јас бев тој млад човек!

Пионерењето во тие воени години не беше лесно. Немавме многу што се однесува до световните добра, но она што го имавме, го ценевме и уживавме во тоа. Секогаш добивавме редовна залиха од духовна храна, и никогаш не пропуштавме состанок, освен кога бевме болни. Си купив еден стар велосипед и на него имавме ставено големи кошници за да носиме фонограф, како и библиска литература. Понекогаш, на велосипедот патував по 80 км дневно! Пионерев околу седум години и со наклоност се сеќавам на тие денови.

Во 1946, откако беше завршена II светска војна, бев поканет да работам во Бетелот, како што се нарекуваат главните објекти на Јеховините сведоци во нивните земји. Нашиот Бетел тогаш беше лоциран на Кравен Терас 34, веднаш до лондонскиот Табернакул. Таму се радував на друштвото од постарите, како што е Елис Харт, за чиј татко, Том Харт, се веруваше дека е првиот Сведок во Англија.

Добивам верен другар

Во 1956, си заминав од Бетелот за да се оженам со Ети, пионерка која ја запознав кога дојде од Холандија за да ја посети сестра ѝ која тогаш живееше во Лондон. При крајот на војната, Ети подучувала пишување на машина и стенографија на трговскиот колеџ во Тилбург, јужна Холандија. Еден ден, еден друг наставник ѝ понудил со велосипед да дојде до кај неа дома за да биде сигурен дека стигнала безбедно. Тој бил римокатолик. Кога стигнале, следела дискусија со родителите на Ети — протестанти. Се развило пријателство и наставникот станал чест посетител во нивниот дом.

Кратко откако војната завршила, овој наставник дошол во Етиниот дом, извикувајќи: „Ја најдов вистината!“

„Мислам, ти рече дека ја имаше вистината кога беше римокатолик!“ — одреагирал таткото на Ети.

„Не!“ — одговорил тој возбудено. „Јеховините сведоци ја имаат вистината!“

Таа вечер а и многу следни биле поминати во интензивна библиска дискусија. Кратко потоа, Ети станала пионерка. Во нејзината служба и таа наишла на горко противење, кое во Холандија дошло од Римокатоличката црква. Децата, наговорени од свештениците, ги прекинувале нејзините разговори кога одела од куќа до куќа и во една прилика го искршиле нејзиниот велосипед. Таа го однела велосипедот кај некој мајстор кој претходно од неа имал примено брошура. „Видете што ми направија децата!“ рекла таа низ солзи.

„Сега, не се откажувајте“, љубезно одговорил човекот. „Вие вршите добро дело. Јас ќе Ви го поправам велосипедот бесплатно.“ Така и сторил.

Ети увидела дека свештениците покажувале мал интерес за своите стада сѐ додека не започнала да ја проучува Библијата со нив. Тогаш свештениците и калуѓерките ќе дошле за да ја поткопуваат верата на луѓето — и во Библијата и во Јехова. И покрај тоа, таа се радувала на многу плодни библиски студии.

Благодарни за нашиот заеднички живот

После нашата свадба, Ети и јас бевме доделени во патувачкото дело во Англија, и приближно пет години ги посетувавме собранијата за да ги зајакнуваме духовно. Потоа, добив покана да присуствувам на 36-тиот клас на Гилеад, одржан во главното седиште на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк). Десетмесечниот курс, кој заврши во ноември 1961, беше особено наменет за да обучи мажи да се справуваат со работата во канцелариите на подружниците на Јеховините сведоци. Додека бев отсутен, Ети остана во Англија во лондонскиот Бетел. После моето дипломирање, таму бевме доделени заедно.

Следните 16 години работев во службениот деск, справувајќи се со работи кои се однесуваат на собраниските активности. Потоа, во 1978, кога умре надгледникот на бетелскиот дом Прајс Хјуз, бев наименуван на негово место. Да се биде одговорен за благосостојбата на членовите на нашата растечка бетелска фамилија — сега во нашата фамилија имаме преку 260 — е една наградувачка доделба низ овие многу години.

Во 1971 умре мојата драга мајка, на 85-годишна возраст. Ети и јас се вративме во Глостер за погребот, каде што еден брат убаво ја изложи небесната надеж што ја негуваше мајка ми (Филипјаните 3:14). Благодарен сум за грижата полна со љубов што моите сестри Дорис и Грејс ѝ ја дадоа на мајка ми во нејзината стара возраст, овозможувајќи ни на тој начин, на Ети и мене, да продолжиме во полновремената служба.

Ети и јас честопати размислуваме за нашите родители и како тие нѐ одгледале на таков цврст начин, полн со љубов. Колкав неизмерен долг им должиме! Особено мајка ми ни даде прекрасен пример мене и на моите сестри, изградувајќи во нас ценење за Јехова и за неговата организација.

Навистина, нашите срца се прелеваат од благодарност додека размислуваме за секој нов ден од службата на нашиот небесен Татко, Јехова. Каков прекрасен, полн со љубов Бог е тој! Библискиот псалмист ги изразил нашите чувства кога напишал: „Ќе Те превознесувам, Боже мој, Цару мој, и ќе го благословувам името Твое сега, секогаш и во сите векови. Секој ден ќе Те благословувам и ќе го фалам името Твое сега, секогаш и во сите векови“ (Псалм 144:1, 2).

[Слика на страница 26]

Со мојата сопруга Ети

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели