ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 15/12 стр. 3-4
  • Божиќ на Ориентот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божиќ на Ориентот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Сличен материјал
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Корените на современиот Божиќ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 15/12 стр. 3-4

Божиќ на Ориентот

• ПРЕД ОКОЛУ ДВЕСТЕ ГОДИНИ, еден угледен корејски изучувач го посетил Пекинг (Кина). Загледувајќи се во една слика на таванот од една катедрала, видел сцена како Марија го држи в раце детето Исус. За оваа вознемирувачка слика рекол:

„Госпоѓата држеше в скут дете на околу пет или шестгодишна возраст кое изгледаше болежливо. Таа изгледаше како да нема сила да си ја држи главата, како од сожалување да не можеше да го гледа својот син. А далеку зад нив наоколу летаа многу сеништа и бебиња со крила. Додека гледав нагоре во нив, ми се чинеше дека секој момент ќе паднат врз мене. Вчудовиден, ја испружив раката за да ги фатам“.

ТОА се случило долго после започнувањето на Реформацијата во Европа, долго после мрачната ера на средниот век. Но, за повеќето Ориенталци, христијанството било толку непознато колку и самата слика. Колку само се сменила таа ситуација! Секоја божиќна сезона се прикажуваат сцени од бебето Исус. Ориентот се навикнал на тие сцени и сега многу улици таму личат на улиците во Европа.

Вечерта на 25 ноември 1998, еден месец пред Божиќ, прочуената авенија Елисејски полиња во Париз е силно осветлена со над 100.000 сијалици закачени на 300 дрвја по нејзината должина. Слично на тоа, на една улица во центарот на Сеул (Кореја), во главната стоковна куќа се изложува џиновско божиќно дрво кое ја осветлува ноќта во главниот град. Набрзо после тоа улиците се китат со божиќни украси.

Од ден во ден, телевизијата, радиото и весниците прикажуваат програми поврзани со Божиќ. Поттикната од божиќното расположение, целата земја е обземена со изразувањето добредојде на крајот на годината. Црквите во Сеул, чија бројност ги зачудува многу од посетителите, набрзина се украсуваат. На тој начин Кореја и други земји на Ориентот се проголтани од божиќниот дух отприлика во времето кога Соединетите Држави го прославуваат својот Ден на благодарноста при крајот на ноември.

Повеќето земји на Ориентот не се сметаат за дел од христијанскиот свет. На пример, само 26,3 проценти од населението во Кореја се исповедува како христијанско. Во Хонгконг тој број изнесува 7,9 проценти, на Тајван 7,4 проценти, а во Јапонија само 1,2 проценти. Јасно, повеќето Ориенталци не практикуваат христијанство, но изгледа дека немаат ништо против славењето на Божиќ. Всушност, се чини дека тие честопати се поодушевени за него отколку луѓето на запад. На пример, Хонгконг е добро познат по својата пренакитена божиќна прослава, иако повеќето од неговите жители се будисти или таоисти. Дури и во Кина, каде што само 0,1 процент од луѓето се исповедуваат како христијани, Божиќ многу брзо стекнува популарност.

Зошто Божиќ е толку нашироко прославуван на Ориентот? Зошто луѓето кои не го прифаќаат Исус како Месија се придружуваат во славењето на Божиќ, кој повеќето од оние кои се исповедуваат како христијани го сметаат за негов роденден? Дали вистинските христијани треба да го имитираат нивното гледиште за Божиќ? Одговорите ќе ги најдеме додека разгледуваме како Божиќ станал популарен во Кореја — древна држава на Ориентот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели