ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w02 1/2 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Сличен материјал
  • „Бракот нека биде чесен“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Како да си го зачуваш бракот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
w02 1/2 стр. 29

Прашања од читателите

До која мера ограничувањата за брак меѓу роднини, изложени во Мојсеевиот закон, важат за христијаните денес?

Законот што Јехова ѝ го дал на нацијата Израел малку кажува за свадбените церемонии и процедури. Меѓутоа, изнесува забрани на извесни брачни врски. На пример, во Левит 18:6—20 наоѓаме список на забранети врски во кои се работи за „крвна роднина“. Во овие стихови е детално изложено кои телесни роднини не смеат да стапат во сексуални односи. Се разбира, христијаните не се наоѓаат под Мојсеевиот закон ниту, пак, се врзани со неговите одредби (Ефешаните 2:15; Колошаните 2:14). Сепак, ова не значи дека христијаните можат едноставно да ја игнорираат оваа тема кога избираат со кого да стапат во брак. Постојат неколку причини за тоа.

Пред сѐ, постојат световни закони што го регулираат бракот меѓу блиски роднини, и христијаните, во основа, се обврзани да им бидат послушни на законите на земјата во која живеат (Матеј 22:21; Римјаните 13:1). Таквите закони, се разбира, варираат од место до место. Повеќето современи закони од овој тип се темелат првенствено на генетски причини. Познат е фактот дека во брак склопен меѓу блиски телесни роднини е поголема веројатноста потомството да биде изложено на генетски дефекти и заболувања. Од оваа причина и поради својата ‚подложност на вишите власти‘, христијаните што стапуваат во брак се придржуваат кон локалните закони за брак.

Потоа, тука се работи и за тоа што е прифатливо а што не е прифатливо во средината во која некој живее. Речиси во секоја култура постојат правила и обичаи што забрануваат брак меѓу луѓе што имаат тесни крвни врски, при што честопати на таквите заедници се гледа како на инцестни и, според тоа, како на табу. Иако во различни култури може да има големи разлики во тоа кои врски се конкретно забранети, „општо говорејќи, колку е поблизок генетскиот однос меѓу двајца луѓе толку е посилно и понабиено со емоции табуто што забранува или обесхрабрува на сексуални односи меѓу нив“, вели The Encyclopædia Britannica. Затоа, дури и таму каде што не се работи за инцестни односи, христијаните не сакаат да постапуваат со целосно игнорирање на утврдените обичаи или на законската свесност на заедницата, за да не му се нанесе срам на христијанското собрание или на Божјето име (2. Коринќаните 6:3).

Не треба да ја превидуваме ни нашата совест добиена од Бог. Сите луѓе се родени со чувство за исправно и погрешно, за добро и лошо (Римјаните 2:15). Нивната совест им кажува што е нормално и исправно, а што е неприродно и навредливо, освен ако таа не е искривена или закоравена од изопачени практики. Јехова алудирал на овој факт кога на Израелците им го дал својот закон против брак меѓу блиски телесни роднини. Читаме: „Не правете како што се прави во Египетската Земја, каде престојувавте; ниту правете како што се прави во Ханаанската Земја, каде ве водам; не поведувајте се по нивните обичаи!“ (Левит 18:3). Христијаните високо ја ценат својата библиски темелена совест и не дозволуваат таа да биде нарушена од искривеното чувство на нациите за исправно и погрешно (Ефешаните 4:17—19).

Тогаш, што можеме да заклучиме? Иако христијаните не се наоѓаат под Мојсеевиот закон, нивната совест јасно им кажува дека брак меѓу блиски телесни роднини — како татко и ќерка, мајка и син, брат и сестра — е потполно неприфатлив во христијанската средина.a Кога кругот на сродството се шири, христијаните признаваат дека постојат закони и одредби според кои се раководи законскиот брак и дека постојат мерила што се општествено и културно прифатливи. Мора внимателно да размислиме за нив со цел да можеме да се повиниме на библиската наредба: „Бракот нека биде чесен меѓу сите“ (Евреите 13:4).

[Фуснота]

a За детална дискусија на таа тема, те молиме види ја статијата „Инцестни бракови — како треба христијаните да гледаат на нив?“ во англиското издание на Стражарска кула од 15 март 1978, страници 25, 26.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели