ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/10 стр. 3
  • Човековата потрага по вечен живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Човековата потрага по вечен живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Како може да успее потрагата по подолг живот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Медицинско чудо — етичко минско поле
    Разбудете се! 2003
  • Зошто полемика?
    Разбудете се! 2003
  • Потрага по генот на „бесмртноста“
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/10 стр. 3

Човековата потрага по вечен живот

ЛУЃЕТО отсекогаш сонувале за вечен живот. Но тој сон им останува неисполнет, бидејќи никој не нашол начин да ја победи смртта. Сепак, во последниве години, медицинските истражувања ја враќаат надежта дека навистина е можно човечкиот животен век значително да се продолжи. Види што е постигнато на различни полиња на научното истражување.

Биолозите експериментираат со ензимот теломераза. Тие сакаат клетките да се обновуваат многу повеќе пати отколку што го прават тоа сега. Научниците знаат дека старите, истрошени клетки се отстрануваат и се заменуваат со нови. Всушност, поголемиот дел од човечкото тело се обновува по неколку пати во еден животен век. Според размислувањата на научниците, кога тој процес на обновување би се продолжил, тогаш „човечкото тело би можело да се обновува многу долго — дури и вечно“.

Терапиското клонирање — поле на истражување за кое има многу противречни мислења — може теоретски да им обезбеди на пациентите нови црни дробови, бубрези или срца за пресадување, кои совршено ќе им одговараат. Таквите органи би биле одгледани од матични клетки на самиот пациент.

Истражувачите на полето на нанотехнологијата предвидуваат дека ќе дојде време кога лекарите ќе почнат да вметнуваат во крвотокот роботи мали колку една клетка за да ги најдат и да ги уништат клетките на ракот и на штетните бактерии. Некои веруваат дека ова поле на науката, заедно со генетичките терапии, еден ден ќе му овозможат на човечкото тело бесконечно да се одржува самото себеси.

Поборниците на криониката замрзнуваат тела на мртви луѓе. Тоа го прават со цел да ги зачуваат сѐ додека медицината не напредува толку многу што ќе им овозможи на лекарите да лекуваат болести, да го спречат стареењето, па дури и да им го вратат и животот и здравјето на мртвите. American Journal of Geriatric Psychiatry (Американско списание за геријатриска психијатрија) оваа идеја ја нарекува „современа копија на мумифицирањето на древните Египќани“.

Човековата неуморна потрага по бесмртност покажува колку му е тешко да ја прифати мислата дека мора да умре. Дали е навистина можно луѓето да живеат вечно? Што вели Библијата на оваа тема? Во следната статија ќе го добиеме одговорот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели