ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 1/6 стр. 3
  • Може ли да се спречи злото?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли да се спречи злото?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Доброто против злото — вековна борба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали доброто некогаш ќе го победи злото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Зошто некои луѓе се добри, а други лоши?
    Разбудете се! 2010
  • Како доброто ќе го победи злото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 1/6 стр. 3

Може ли да се спречи злото?

Едно љубопитно детенце зема еден предмет од земјата — противпешадиска мина. Таа му експлодира во раката, и тоа ослепува и останува сакато до крајот на животот. Една мајка го фрла своето штотуку родено бебе во ѓубриште. Работник се враќа на своето поранешно работно место, каде што добил отказ, и пука во секој што ќе го сретне, а на крајот се убива и себеси. Угледен граѓанин сексуално злоупотребува беспомошни деца.

ЗА ЖАЛ, извештаите за такви злосторства денес се многу вообичаени. А уште потажно е тоа што ваквите извештаи не се толку впечатливи поради вестите за етнички чистења, геноциди и тероризам. „Може да се каже дека овој век беше век на Сатана“, пишуваше во уводната статија на еден весник, која беше објавена во 1995 год. „Никогаш порано луѓето не покажале толкава способност и жед за убивање на милиони други луѓе поради нивната раса, религија или економска состојба.“

Но тоа не е сѐ. Луѓето го загадуваат воздухот, ја валкаат Земјата, ги исцрпуваат нејзините резерви и доведуваат безброј видови животни до работ на истребување. Може ли човекот да ги спречи овие зла и да го направи светот подобро, посигурно место за живеење? Или, пак, таквиот обид би бил нешто невозможно — како да сакаме да згаснеме пожар со чаша вода? Еден професор, кој многу пишува во врска со злото, рекол: „Чувствував силна потреба да направам големи промени во светот за тој да стане подобро место за живеење. Но не се гледаат никакви подобрувања“. Можеби и ти се чувствуваш така.

Со оглед на она што се случува денес, светот може да се спореди со брод што плови по море кое од ден на ден станува сѐ понемирно и поопасно. Иако никој не сака да оди во таа насока, сите обиди да се пренасочи бродот се неуспешни. Бродот продолжува брзо и незапирливо да се движи кон смртоносната бура.

Оваа состојба, која постојано се влошува, може до извесна мера да се припише на човечката несовршеност (Римјаните 3:23). Сепак, во светот има толку многу зло, кое е толку распространето и толку често се случува што ја надминува злобата која може да им се припише само на луѓето. Можно ли е врз луѓето да влијае некоја невидлива, но моќна и злобна сила? Ако е така, тогаш која е таа сила и како можеме да се заштитиме од неа? Следната статија ќе одговори на овие прашања.

[Извор на слика на страница 3]

© Heldur Netocny/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели