ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/9 стр. 30
  • Сфатив колку скапоцен е животот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сфатив колку скапоцен е животот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Утеха по масакрот во едно училиште
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Бог ѝ ги избришал солзите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Јехова нѐ учи да ги броиме нашите денови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Да се цени скапоцениот дар на животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/9 стр. 30

Сфатив колку скапоцен е животот

БЕШЕ УТРО, 16 АПРИЛ 2007 ГОД. Клекнат во аголот на една канцеларија на третиот кат во Норис Хол, во комплексот на Политехничкиот институт и Државниот универзитет во Вирџинија, ми дојде на ум колку треба да бидеме благодарни за секој скапоцен ден од животот што го имаме.

Бев во мојата канцеларија и се подготвував да отидам на вториот кат за да си ја земам поштата. Намина еден професор и ме замоли да појдам во неговата канцеларија за да му помогнам нешто околу компјутерот. Непосредно пред да влеземе, чувме непрекинати истрели кои доаѓаа од вториот кат. Не знаевме што се случува, па затоа брзо влеговме во канцеларијата, ја заклучивме вратата и во неизвесност чекавме да видиме како ќе се одвиваат настаните. Се засолнав во еден агол и горливо му се помолив на Јехова Бог да ме води, сеедно што ќе се случи.

Додека чекавме, во мислите се навратив на еден настан од пред 15 години. Работев како механичар во една механичарска работилница. На еден колега во рацете му се запали едно кантиче со бензин. Во паника, ненамерно ми го фрли запалениот бензин право в лице! Јас ги вдишив запалените гасови и добив изгореници од втор и трет степен по горниот дел од телото. Со хеликоптер ме однесоа во болница, каде што останав на интензивна нега три и пол месеци. Животот ми висеше на конец. По пет месеци лекување и рехабилитација, се вратив дома, благодарен што останав жив. Таа случка ме научи секој ден од животот да го сметам за скапоцен. Исто така, ја зајакна мојата решеност да го користам мојот живот во службата на оној што ми го дал животот, Јехова Бог — како негов Сведок (Псалм 90:12; Исаија 43:10).

Не можев да работам како автомеханичар поради последиците од здобиените повреди, па затоа научив да работам со компјутери, и се вработив во Норис Хол на Државниот универзитет, каде што бев тоа утро.

Истрелите не запираа, а ние не ни помислувавме дека само еден кат под нас се случуваше најстрашниот масакр во историјата на САД. Крвопролевањето престана кога убиецот се застрелал себеси откако покосил 32 невини жртви. Околу 20 минути откако почна сето тоа, во ходникот ја чувме полицијата. Викнавме, и тие безбедно нѐ изведоа надвор.

Ова трауматично искуство ме научи колку е минлив и несигурен животот (Јаков 4:14). Многу е важно да имаме доверба во Оној што го дал животот, Јехова Бог, и секој ден да го сметаме за скапоцен дар од него! (Псалм 23:4; 91:2).

[Извор на слика на страница 30]

AP Photo/The Roanoke Times, Alan Kim

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели