ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w10 15/1 стр. 24-28
  • Сатановото владеење сигурно ќе пропадне

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сатановото владеење сигурно ќе пропадне
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пат што води во пропаст
  • Зошто Бог го дозволил тоа?
  • Побуна што послужила да се прослави Јехова
  • Зошто светот е болен
  • Јеховиното владеење е оправдано!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Владетели во духовното подрачје
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Зошто Бог допушта страдање?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Јехова е Бог на љубовта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
w10 15/1 стр. 24-28

Сатановото владеење сигурно ќе пропадне

„На злиот нема да му биде добро“ (ПРОП. 8:13)

1. Зошто е утешна веста дека злите ќе бидат изведени пред лицето на правдата?

ПОРАНО или подоцна, злите ќе мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Ќе мора да одговараат за своите постапки (Изр. 5:22; Проп. 8:12, 13). Ова е утешна вест, особено за оние кои ја сакаат праведноста и кои биле жртви на неправда или малтретирање од страна на злобните. Најголемиот злосторник кој ќе одговара за своите недела е таткото на злобата, Сатана Ѓаволот (Јован 8:44).

2. Зошто било потребно време за да се реши спорното прашање кое било покренато во градината Еден?

2 Во градината Еден, Сатана, заслепен од вообразеност, ги навел луѓето да го отфрлат Јеховиниот начин на владеење. Како резултат на тоа, и нашите први родители се побуниле против Јеховината власт, која со право му припаѓа Нему, и станале грешници во Божји очи (Рим. 5:12-14). Се разбира, Бог знаел каде ќе ги одведе нивната бунтовност и дрскост. Сепак, тој неизбежен крај требало јасно да го видат сите суштества обдарени со разум. Затоа, било потребно време за да се реши спорното прашање и да се дадат уверливи докази дека овие бунтовници апсолутно не биле во право.

3. Каков е нашиот став кон човечките влади?

3 Бидејќи луѓето ја отфрлиле Јеховината власт, морале да воспостават сопствени облици на владеење. Во писмото што им го напишал на соверниците во Рим, апостол Павле им рекол дека мораат да им се подложат на човечките ‚власти што се над нив‘. Во негово време, тоа главно била римската власт која ја спроведувал императорот Нерон, кој владеел од 54 до 68 год. од н.е. Павле исто така рекол дека „секоја власт што постои, Бог ја поставил на нејзината положба“. (Прочитај Римјаните 13:1, 2.) Што значи ова? Дали Павле сакал да каже дека човечкото владеење е израз на Божјиот начин на владеење? Во никој случај! Напротив, едноставно кажал дека, сѐ додека Јехова дозволува човечкото владеење да потрае, христијаните треба да го почитуваат, и треба да ги прифатат тие владетели.

Пат што води во пропаст

4. Објасни зошто човечкото владеење е осудено на пропаст.

4 Како и да е, човечкото владеење под влијание на Сатана сигурно ќе пропадне. Зошто? Една од причините е тоа што не се темели на Божјата мудрост. Само Јехова поседува совршена мудрост и само тој може со сигурност да каже кој е најдобриот начин на владеење (Ерем. 8:9; Рим. 16:27). За разлика од луѓето, кои честопати учат по пат на обиди и грешки, Јехова секогаш знае кој е најдобриот начин на постапување. Секое управување што не го следи неговото водство нема шанси да успее. Од таа причина, а и затоа што мотивите на Сатана се себични, знаеме дека начинот на владеење што го понудил — преку човечки влади — уште од самиот почеток бил осуден на пропаст.

5, 6. Што очигледно го навело Сатана да му се спротивстави на Јехова?

5 Една разумна личност обично не се нафаќа на нешто кога знае дека тоа нема шанси да успее. Ако сепак настојува да го спроведе она што го наумил, еден ден ќе биде присилен да признае дека згрешил. Историјата секогаш одново потврдила дека е бескорисно некој да му се противи на семоќниот Творец. (Прочитај Изреки 21:30.) Сепак, Сатана, кој е полн со себеси и заслепен од гордост, му го свртел грбот на Јехова. Со тоа намерно тргнал по пат кој може да води само во пропаст.

6 Ваквиот дрзок став на Сатана подоцна го покажал и еден владетел на Вавилон за кого пишува дека се фалел: „Ќе се воздигнам до небесата. Ќе го подигнам својот престол над Божјите ѕвезди и ќе седнам на собирната гора на крајниот север. Ќе се воздигнам над облачните висини. Ќе се изедначам со Севишниот“ (Иса. 14:13-15). Безумната намера на тој владетел пропаднала, и вавилонската династија доживеала неславен крај. На сличен начин, Сатана и неговиот свет наскоро ќе претрпат целосен пораз.

Зошто Бог го дозволил тоа?

7, 8. Зошто било корисно тоа што Јехова привремено ја допуштил злобата?

7 Некој може да се праша зошто Јехова не ги спречил луѓето да застанат на страната на Сатана и да владеат сами — владеење што било осудено на пропаст. Бидејќи е Семоќен Бог, тој сигурно можел да го стори тоа (2. Мој. 6:3). Сепак, не ги спречил. Тој мудро увидел дека, на долги патеки, ќе биде најдобро ако привремено не ги спречува луѓето во побуната. На крајот, Јехова ќе биде оправдан, односно ќе се докаже дека е праведен Владетел што владее со љубов, а верните луѓе ќе имаат корист од одлуката што ја донел.

8 Човечкото семејство навистина ќе било поштедено од сета беда ако луѓето го отфрлеле предлогот на Сатана и ако одбиеле да бараат независност од Бог! И покрај сѐ, било корисно тоа што Јехова решил да им дозволи извесно време да владеат сами. Искрените лица имале можност многу добро да сфатат колку е мудро да му бидат послушни на Бог и да имаат доверба во него. Низ вековите, луѓето се обидувале да владеат на најразлични начини, но ниту еден од нив не се покажал идеален. Овој факт уште повеќе го зацврстил кај Божјите слуги уверувањето дека никој не може да владее подобро од Јехова. Точно, тоа што го дозволил злобното владеење на Сатана им донело неволји на луѓето, па дури и на оние што верно му служат. Сепак, овие верни слуги имале и корист од привременото допуштање на злото.

Побуна што послужила да се прослави Јехова

9, 10. Објасни како со Сатановото владеење се прославува Јехова.

9 Во периодот во кој Јехова им дозволил на луѓето да бидат под влијание на Сатана и да владеат сами, во никој случај не се докажало дека неговиот начин на владеење не е добар. Се постигнало токму спротивното! Историјата потврдува дека е точна изјавата што под водство на светиот дух ја кажал Еремија, имено, дека луѓето не се способни да владеат сами. (Прочитај Еремија 10:23.) Освен тоа, побуната на Сатана му дала на Јехова можност да ги покаже своите убави особини на уште повпечатлив начин. Како?

10 Додека ги гледаме катастрофалните последици од владеењето на Сатана, уште појасни ни стануваат Јеховините совршени особини кои, во спротивно, веројатно не би биле толку видливи. На овој начин, Јехова бил возвеличан во очите на оние што го сакаат. Иако звучи парадоксално, со својот начин на владеење, Сатана, всушност, придонел да се прослави Бог. Тоа го нагласило надмоќниот начин на кој Јехова се справил со ситуацијата во која било оспорено неговото право да биде врховен Владетел. За подобро да ја сфатиме оваа вистина, да разгледаме накратко некои Јеховини особини и да видиме како злобното владеење на Сатана го навело Јехова да ги покаже во уште поголема мера.

11. Како Јехова ја покажал својата љубов?

11 Љубов. Библијата вели дека „Бог е љубов“ (1. Јов. 4:8). Самото создавање на луѓето било израз на Божјата љубов. Но, и прекрасниот начин на кој сме создадени и кој влева страхопочит е доказ за Божјата љубов. Јехова исто така со љубов им дал на луѓето прекрасен дом каде што имаат сѐ што им е потребно за да бидат среќни (1. Мој. 1:29-31; 2:8, 9; Пс. 139:14-16). Но, кога злобата навлегла во човечкото семејство, Јехова ја покажал својата љубов и на друг начин. Како? Апостол Јован ги цитирал зборовите на Исус: „Бог толку многу го сакаше светот што го даде својот единороден Син, за секој што верува во него да не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16). Можел ли Бог да ја покаже својата љубов кон луѓето на повпечатлив начин од тоа да го испрати својот единороден Син на Земјата за да ги откупи грешниците? (Јован 15:13). Овој огромен доказ за љубов послужил и како пример за луѓето, давајќи им на тој начин можност и самите да ја покажат во секојдневниот живот истата самопожртвувана љубов што ја покажале Бог и Исус (Јован 17:25, 26).

12. Во што се гледа Јеховината моќ?

12 Моќ. Само Семоќниот Бог може да создаде живот (Отк. 11:17; Пс. 36:9). Кога ќе се роди, човекот е како празен лист хартија. Кога ќе умре, тој го има пополнето овој празен лист со одлуки, постапки и искуства што ја обликувале неговата личност. Јехова ги чува тие информации во своето сеќавање. Во свое време, тој може повторно да го врати тоа лице во живот, со сите негови единствени особини и искуства (Јован 5:28, 29). На тој начин — иако во почетокот немал намера луѓето да умираат — смртта му дала на Бог можност да покаже дека Тој е помоќен и од гробот. Навистина, Јехова е Семоќен Бог!

13. Како дошла до израз Јеховината совршена правда преку Исусовата жртва?

13 Правда. Јехова не лаже ниту, пак, постапува неправедно (5. Мој. 32:4; Тит 1:2). Тој секогаш се држи за највисоките мерила на вистината и праведноста, дури и ако изгледа дека тоа е на негова штета (Рим. 8:32). Колку болно мора да било за Јехова да гледа дека неговиот сакан Син умира на маченички столб како безбожен богохулник! Сепак, од љубов кон несовршените луѓе, Јехова бил спремен да го допушти овој болен настан за да го поддржи своето совршено мерило за правда. (Прочитај Римјаните 5:18-21.) Овој свет полн со неправди му дал на Јехова можност да покаже дека е совршено праведен.

14, 15. Наведи некои начини на кои Јехова ги покажал својата неспоредлива мудрост и својата стрпливост.

14 Мудрост. Веднаш откако згрешиле Адам и Ева, Јехова кажал на кој начин ќе ги отстрани сите лоши последици што ги предизвикале со својата побуна (1. Мој. 3:15). Тоа што брзо презел чекори, а потоа постепено им ги откривал деталите од оваа намера на своите слуги, било јасен доказ за Јеховината мудрост (Рим. 11:33). Ништо не може да го спречи Бог успешно да се справи со која и да било ситуација. Во овој свет кој е исполнет со неморал, војни, неразумност, непослушност, бездушност, пристрасност и лицемерство, Јехова имал многу можности да им покаже на своите творби што е вистинска мудрост. Ученикот Јаков рекол: „Мудроста одозгора пред сѐ е чиста, потоа мирољубива, разумна, спремна да послуша, полна со милосрдие и со добри плодови, непристрасна, нелицемерна“ (Јак. 3:17).

15 Стрпливост и долготрпеливост. Јеховините особини стрпливост и долготрпеливост сигурно немало толку јасно да дојдат до израз ако не морал да се справува со човечката несовршеност, гревови и слабости. Јеховината спремност да го прави тоа во текот на неколку илјади години покажува дека тој ги поседува овие особини во совршена мера, и за тоа треба да бидеме многу благодарни. Апостол Петар со право рекол дека треба ‚стрпливоста на нашиот Господар да ја сметаме за спасение‘ (2. Пет. 3:9, 15).

16. Зошто Јеховината спремност да прости е причина за голема радост?

16 Спремност да прости. Сите сме грешници и сите честопати грешиме (Јак. 3:2; 1. Јов. 1:8, 9). Колку треба да сме благодарни што Јехова е спремен великодушно да ни прости! (Иса. 55:7). Размисли и за следново: Тоа што сме се родиле како несовршени грешници ни овозможува да доживееме неизмерна радост кога Бог ќе ни ги прости грешките (Пс. 51:5, 9, 17). Кога на своја кожа ќе ја почувствуваме таа прекрасна особина на Јехова, нашата љубов кон него станува уште посилна и се чувствуваме поттикнати да го следиме неговиот пример во нашите односи со другите. (Прочитај Колошаните 3:13.)

Зошто светот е болен

17, 18. Во кој поглед владеењето на Сатана доживеало неуспех?

17 Низ вековите, целокупниот светски поредок на Сатана — кој е производ на неговиот начин на владеење — секогаш одново доживувал неуспех. Во 1991 год., во весникот The European стоеше: „Дали светот е болен? Да, болен е, но за тоа не е виновен Бог — болеста на светот ја предизвикале самите луѓе“. Колку вистинито! Под влијание на Сатана, нашите први родители избрале да владее човек, а не Јехова. На тој начин, воспоставиле еден начин на владеење што од самиот почеток бил осуден на пропаст. Болката и бедата, која ја чувствуваат луѓето низ целиот свет, се доказ дека човечкото владеење е погодено од страшна болест.

18 Владеењето на Сатана се темели и поттикнува на себичност. Но, себичноста никогаш нема да ја победи љубовта, која е темелот на Јеховиниот начин на владеење. Со своето владеење, Сатана не успеал да донесе ниту стабилност, ниту среќа, ниту сигурност. Јеховиниот начин на владеење е оправдан! Дали денес имаме докази дека е така? Да, и нив ќе ги разгледаме во следната статија.

Што научивме за владеењето од...

• Римјаните 13:1, 2?

• Изреки 21:30?

• Еремија 10:23?

• Колошаните 3:13?

[Слики на страница 25]

Владеењето на Сатана никогаш не било за доброто на луѓето

[Извори на слики]

Фотографија на U.S. Army

Фотографија на СЗО од П. Алмаси

[Слика на страница 26]

Јехова е помоќен и од гробот

[Слика на страница 27]

Јехова ги покажал својата љубов и правда кога го жртвувал својот Син

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели