ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 15/2 стр. 11
  • Трудот сигурно ќе се исплати!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Трудот сигурно ќе се исплати!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Само играчки?
    Разбудете се! 2008
  • Предлог за овој месец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Семеен распоред за проучување со семејството
    Нашата служба за Царството 2005
  • „Бапски приказни одбегнувај“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 15/2 стр. 11

Трудот сигурно ќе се исплати!

РОДИТЕЛИТЕ мораат да ја проучуваат Библијата со своите деца во текот на Семејната вечер ако сакаат да ги воспитаат ‚со стега од Јехова и да им помогнат да го усвојат неговиот начин на размислување‘ (Еф. 6:4). Но, ако имаш деца, сигурно знаеш дека не е лесно да им го задржиш вниманието. Сепак, како можеш да успееш во тоа? Да видиме што направиле некои родители.

Џорџ, кој живее во Калифорнија, вели: „Кога децата беа помали, јас и жена ми секогаш се трудевме семејното проучување да ни биде интересно. Понекогаш се облекувавме во костими какви што носеле луѓето во старо време и ги глумевме настаните за кои читавме од Мојата книга со библиски приказни. Си правевме и свои ‚реквизити‘ — мечеви, жезли, кошници и слично. А игравме и библиски игри од типот ‚Погоди кој сум!‘, како и игра со полесни и потешки библиски прашања. Повремено имавме и цели проекти, на пример, правевме макета на Ноевата арка или цртавме временски прикази на библиските настани. Понекогаш цртавме и некои личности или настани од Библијата. Сега планираме да ја нацртаме духовната воена опрема опишана во Ефешаните 6:11-17, а секој од нас ќе треба да објасни што значи одреден дел од таа опрема. Овие методи ни помагаат навистина да уживаме во семејното проучување“.

Деби, една мајка од Мичиген, вели: „Мене и маж ми ни беше тешко да го задржиме вниманието на нашата ќеркичка кога таа имаше три годинки. Но, еден ден, додека читавме за Исак и Ревека од Мојата книга со библиски приказни, ми текна да земам две кукли и со нив да ја одглумам приказната. Малечката се претвори во уво! Во наредните месеци, тие две кукли ‚играа‘ во разни библиски драми. Откако ќе прочитавме некоја приказна, нашата ќеркичка ја пребаруваше целата куќа за да најде играчки и други предмети што можевме да ги користиме за да го одглумиме настанот. Тоа беше како потрага по скриено богатство! Една кутија за чевли и црвена лента ја претставуваа куќата на Раав. А една плишана змија долга еден и пол метар замотана околу дршка од метла ни послужи како бакарната змија спомната во 4. Мојсеева 21:4-9. Ги чувавме ‚реквизитите‘ во една голема платнена вреќа. Многу се радувавме кога гледавме како девојченцето честопати ќе седнеше во дневната соба и ќе пребаруваше низ својата ‚вреќа за библиски приказни‘. Бевме пресреќни што понекогаш и самата ги глумеше приказните на свој детски начин!“

Не е лесно да се воспитуваат деца. Родителите се должни да им всадат желба да му служат на Јехова. Ова треба да го прават секој ден и на разни начини. Проучувањето на Библијата во текот на Семејната вечер посветена на Јехова може многу да им помогне во тоа. Трудот сигурно ќе се исплати!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели