ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/8 стр. 13
  • ‚Тој си спомнува дека сме прав‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Тој си спомнува дека сме прав‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Му служиме на Бог, кој е „богат со милосрдие“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • ‚Вашиот татко е милосрден‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Јехова си спомнува дека сме прав
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Јехова — Бог ‚спремен да прости‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/8 стр. 13

Приближи му се на Бог

‚Тој си спомнува дека сме прав‘

„НЕ МОЖЕВ да поверувам дека Јехова ќе ми прости. Мислев дека цел живот ќе ме мачат чувства на вина.“ Ова го рекла една христијанка за грешките што ги направила во минатото. Навистина, тешко е да се живее со нечиста совест. Меѓутоа, ако се каеме за она што сме го направиле, Библијата ќе ни даде утеха која може да ни ја олесни болката. Размисли за она што Давид го запишал во Псалм 103:8-14.

Давид знаел дека „Јехова е милосрден“ и дека не ни „наоѓа грешки“ (стихови 8-10). Кога Бог има основа да покаже милост, тоа го прави спремно и великодушно. Давид, кој бил голем поет, со три споредби опишал колку е голема Божјата милост кон нас.

„Како што се небесата повисоки од земјата така и неговата милост ги надвишува оние што се бојат од него“ (стих 11). Кога ќе го погледнеме ноќното небо, не можеме ни да си го замислиме огромното растојание меѓу ѕвездите и Земјата. Со тоа Давид ни покажува колку е голема Јеховината милост, која е еден аспект на неговата лојална љубов. Ваква милост Бог покажува кон „оние што се бојат од него“ — оние „кои се понизни и длабоко ја почитуваат неговата положба“, вели еден писател.

„Колку што е исток далеку од запад толку ги оддалечува од нас нашите престапи“ (стих 12). Колку далеку е тоа? Не можеме ни да си замислиме. Еден библиски прирачник вели: „Ако твоето патување на крилјата на фантазијата те води кон исток, со секое замавнување на крилјата ќе бидеш сѐ подалеку од запад“. Давид сакал да каже дека, кога Бог ни ги простува гревовите, ги трга што подалеку од нас.

„Како што е таткото милосрден кон своите синови така Јехова е милосрден кон оние што се бојат од него“ (стих 13). Давид, кој и самиот имал деца, знаел какви се чувствата на еден добар татко. Тој е милостив кон своите деца, особено кога им е тешко. Давид нѐ уверил дека нашиот грижлив небесен Татко покажува милост кон нас како негови деца на Земјата, посебно кога срцата ни се ‚скршени и здробени‘ поради гревовите што сме ги направиле (Псалм 51:17).

Откако ги кажал овие три споредби, Давид ни открил зошто Јехова покажува милост кон несовршените луѓе: „Тој добро ја познава нашата градба, си спомнува дека сме прав“ (стих 14). Јехова знае дека сме создадени од прав и дека имаме слабости и ограничувања. Бидејќи ја зема во обѕир нашата несовршеност, тој е ‚спремен да прости‘ — се разбира, ако од срце се каеме за она што сме го направиле (Псалм 86:5).

Дали те допираат до срце зборовите што Давид ги кажал за Јеховината милост? Жената која ја цитиравме на почетокот темелно испитала што вели Библијата за спремноста на Бог да прости. Таа рекла: „Чувствувам дека можам вистински да му се приближам на Јехова. Како да ми падна камен од срце“.a Дознај нешто повеќе за Божјата милост и за тоа како да ја добиеш. Така можеби и тебе ќе ти падне камен од срце.

Читање на Библијата во август:

◼ Псалми 87-118

[Фуснота]

a Види го 26. поглавје од книгата Приближи му се на Јехова, издадена од Јеховините сведоци. Поглавјето е со наслов „Бог што е ‚спремен да прости‘“.

[Истакната мисла на страница 13]

„Чувствувам дека можам вистински да му се приближам на Јехова. Како да ми падна камен од срце“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели