ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/8 стр. 14-15
  • Зошто луѓето ја сакале Дорка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто луѓето ја сакале Дорка
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Довербата во Јехова ми е вистинска сигурност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Христијаните си требаат еден на друг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Искористи го самештвото во потполност!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Прави добро и дели со другите
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/8 стр. 14-15

Поучете ги своите деца

Зошто луѓето ја сакале Дорка

СИТЕ копнееме да бидеме сакани. Дали и ти копнееш по тоа?—a Во Библијата се спомнува една жена по име Дорка, која другите многу ја сакале.

Таа живеела во Јопа, град кој се простирал на бреговите на Средоземното Море. Ерусалим бил оддалечен од овој град околу 56 километри. Дорка била една од првите ученици на Исус.

Што мислиш, зошто луѓето толку многу ја сакале Дорка?— Библијата вели дека правела многу добри дела и им помагала на луѓето. Таа им шиела убави облеки на вдовиците. Тие биле жени на кои им умрел мажот. Исто како Исус, им зборувала на другите за вистинскиот Бог, Јехова.

Знаеш ли што ѝ се случило на Дорка?— Тешко се разболела и умрела. Нејзините пријателки биле многу тажни. Затоа, испратиле луѓе да го викнат апостол Петар, кој престојувал во едно место оддалечено 16 километри од Јопа. Овие луѓе го замолиле Петар да дојде што е можно побрзо. Кога пристигнал таму, тој се качил во собата каде што лежела Дорка. Сите жени плачеле и му ги покажувале облеките што им ги сошила таа.

Тогаш Петар ги замолил да излезат од собата. Тој и другите апостоли имале направено многу чуда, но никој од нив не вратил во живот некој што бил мртов. Што мислиш, што направил Петар?—

Клекнал на колена до мртвото тело и почнал да му се моли на Јехова. Потоа ѝ рекол на Дорка да стане. Дорка навистина станала! Петар ѝ подал рака и ја подигнал. Ги викнал вдовиците и другите луѓе за да ја видат. Можеш ли да си замислиш колку биле радосни?—

Сега размисли што можеш да научиш од воскресението на Дорка. Една работа е дека, кога им помагаш на другите, тие ќе те сакаат. Што е уште поважно, и Бог нема да те заборави и ќе те сака. Тој се сеќава на добрите работи што ги правиш за другите. Затоа, ќе те награди со вечен живот во праведниот нов свет, каде што сите ќе бидат среќни.

Прочитај во Библијата:

Дела 9:36-43

Откровение 21:3-5

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели