ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/05 стр. 1
  • Прави добро и дели со другите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прави добро и дели со другите
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Изградувајте се еден со друг
    Нашата служба за Царството 2005
  • ,Биди дарежлив, спремен да делиш‘
    Нашата служба за Царството 2000
  • Дај им утеха на оние што жалат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • ,Теши ги сите што тагуваат‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 4/05 стр. 1

Прави добро и дели со другите

1 Дорка „изобилуваше со добри дела и со дарови на милосрдие“ (Дела 9:36, 39). Со својот великодушен дух им станала мила и на луѓето кои ја познавале и на Јехова Бог. Во Евреите 13:16 се вели: „Не заборавајте да им правите добро и да делите со другите, зашто со таквите жртви му се угодува на Бог.“ Како можеме ние денес да правиме добро и да делиме со другите?

2 Еден начин на кој можеме да им бидеме од корист на другите е да го делиме нашиот „имот“ (Посл. 3:9). Нашите доброволни прилози за светското дело овозможуваат да се градат Сали на Царството, Собирни сали и објекти на подружници низ целиот свет. Нашата великодушност им помогнала на милиони да извлечат корист од теократската поука и од изградувачкото духовно дружење.

3 Да се даде утеха: Кога ќе се случи катастрофа, Јеховиниот народ е спремен да ‚им прави добро‘ на соверниците како и на сите други луѓе (Гал. 6:10). По експлозијата во една хемиска фабрика во Франција, еден брачен пар кои живееле блиску до фабриката изјавиле: „Нашите христијански браќа веднаш дојдоа да ни помогнат да се исчистат нашите, а исто така и другите станови во зградата. Соседите беа многу изненадени кога видоа дека дојдоа да помогнат толку многу луѓе“. Друга сестра додала: „Старешините се растрчаа околу нас. Дојдоа да нѐ охрабрат. Всушност, токму тоа ни требаше, повеќе од материјална помош“.

4 Иако можеме на многу начини да им правиме добро на нашите ближни, најкорисно е ако го споделиме со нив скапоценото спознание за вистината, во кое што е вклучена „надежта во вечен живот“ што ни ја ветува лично Јехова (Тит 1:1, 2). Библиската порака им дава вистинска утеха на оние кои тагуваат поради условите во светот и поради нивната сопствена грешна состојба (Мат. 5:4). Затоа, да им правиме добро и да делиме со другите секогаш кога имаме таква можност (Посл. 3:27).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели