Распоред за состаноците за служба
Забелешка: Во Наша служба за Царството ќе има распоред за Состанокот за служба за секоја седмица во текот на летните месеци. Доколку е потребно, собранијата можат да направат преиначувања за да биде овозможено да присуствуваат на Обласниот конгрес „Послушност кон Бог“. Таму каде што одговара, можат да се искористат 15 минути од последниот Состанок за служба пред да се одржи конгресот за да се повторат навремените совети и потсетници од додатокот за овој месец, кои може да се применат локално. Еден или два месеца по конгресот, одвојте 15 до 20 минути од Состанокот за служба (можеби делот за локални потреби) за да се разгледаат врвните точки од конгресната програма, за кои објавителите сметаат дека се корисни во службата на подрачјето. Посебниот дел од Состанокот за служба ќе ни даде можност да објасниме како го користиме она што сме го научиле на конгресот и да коментираме како тоа ни помогнало да ја направиме поуспешна нашата служба.
Седмица што почнува од 11 април
15 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 15 април. Може да се користат и други практични презентации. Во презентацијата еден објавител нека прикаже сведочење на улица.
15 мин: „Истрајте во проповедањето.“a Ако дозволува времето, покани ги присутните да коментираат за наведените стихови.
15 мин: „Прави добро и дели со другите.“b Примени го материјалот на начин што е корисен за вашето место, а при тоа спомни некои практични начини на кои можеме да им помогнеме на другите.
Песна 47 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 18 април
10 мин: Локални известувања
20 мин: „Водење напредни библиски студии — дел 8.“c Вклучи кратка презентација во која еден објавител му дава на новиот ученик еден примерок од брошурата Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат? Објавителот свртува внимание кон сликата на страница 20 од брошурата и накратко го објаснува Состанокот за јавност. Го спомнува насловот на следното јавно предавање и го кани ученикот да присуствува.
15 мин: Да живееме со здрави мисли во една електронска ера (Тит 2:11, 12). Да се одржи говор темелен на Нашата служба за Царството од септември 2002, страница 8, пасуси 1-7 и ноември 1999, страница 5, пасуси 24-26 и страница 6, пасуси 35-36. Ако дозволува времето, може да се вклучат и други мисли од Нашата служба за Царството од ноември 1999, доколку можат да се применат локално.
Песна 169 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 25 април
15 мин: Локални известувања. Прочитај го сметководниот извештај и благодарноста за донациите. Потсети ги објавителите да го предадат извештајот од службата за април. Ако предлозите од 8. страница одговараат за вашето подрачје, употреби ги за да прикажеш како да се презентира Стражарска кула од 1 мај. Може да се користат и други практични презентации. Во една презентација прикажи како да се одговори на приговорот „Не сум заинтересиран“. (Види во книгата Расправљање, 16. стр.) Спомни некои статии кои можат да бидат попривлечни за луѓето на подрачјето.
30 мин: „Фали го Јехова во големото собрание.“d Да го одржи собранискиот секретар. Спомни го собирот кој е поврзан со собранието. Дискутирај за пасусите како што се прави на студија на Стражарска кула. Пасусите нека ги чита некој назначен читач. Разгледај ја рамката „Потсетници за обласниот конгрес“
Песна 8 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 2 мај
10 мин: Локални известувања. Накратко разгледај ја статијата „Проучување на брошурата Бдејте!“ на страница 6. Спомни дека во овој материјал се наоѓа распоредот за проучување на брошурата. Поттикни ги сите добро да се подготвуваат и да учествуваат секоја седмица на студијата, почнувајќи со седмицата од 23 мај.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: „Ќе се спасат луѓе од сите видови.“e Практично примени го материјалот за локалното подрачје.
Песна 112 и заклучна молитва.
[Фусноти]
a Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
b Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
c Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
d Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.
e Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори.