ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/00 стр. 1
  • ,Биди дарежлив, спремен да делиш‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Биди дарежлив, спремен да делиш‘
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • ,Бидете богати во добри дела‘
    Нашата служба за Царството 2002
  • Прави добро и дели со другите
    Нашата служба за Царството 2005
  • Соработката со Бог — причина за радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Благодарни за она што го имаме
    Нашата служба за Царството 1995
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 6/00 стр. 1

,Биди дарежлив, спремен да делиш‘

1 Пред многу векови, апостол Павле го поучил Тимотеј да ги охрабри соверниците ‚да работат на добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи, спремни да делат‘ (1. Тим. 6:18, NW). Павле ги потсетил и еврејските христијани да не заборават ‚да прават добро и да делат со другите‘ (Евр. 13:16, NW). Зошто ги напишал овие поуки? Затоа што знаел дека ќе има „слава и мир и чест на секого, што прави добро“ (Рим. 2:10).

2 Затоа што е Творец, Јехова Бог е Сопственик на сите работи (Отк. 4:11). Сигурно го цениме она што го прави во наша корист со сѐ што му припаѓа нему. И покрај ставот на неблагодарност што го покажува голем дел од човештвото, Севишниот и понатаму им дозволува на сите да извлечат корист од неговите дарежливи подготовки за поддржување на животот (Мат. 5:45). Тој го дал дури и својот најмил Син како жртва, за да можеме да имаме вечен живот. Зарем не треба љубовта што е покажана кон нас да нѐ натера да се покажеме благодарни со тоа што ќе бидеме дарежливи кон другите луѓе? (2. Кор. 5:14, 15).

3 Што можеме да делиме? Сосема е исправно да користиме сѐ што имаме на начин што му е угоден на Бог. Сигурно дека сакаме да го поддржуваме светското дело за Царството во материјален и во духовен поглед. Се разбира, добрата вест е најскапоценото богатство што некој може да го поседува, бидејќи таа е „Божја сила за спасение“ (Рим. 1:16, NW). Ако дарежливо го користиме нашето време и средства за да учествуваме секој месец во делото на проповедање и поучување, ќе можеме да го делиме ова духовно богатство со другите, а на тој начин тие ќе добијат вечен живот.

4 Јехова е многу задоволен кога им помагаме на оние што се сиромашни. Тој ни ветува благослови и нѐ потсетува: „Богатството нема да помогне во денот на гневот, а правдата ќе спаси од смрт“ (Изр. 11:4; 19:17). Материјалната поддршка на делото за Царството и целосното учество во проповедањето на добрата вест се прекрасни начини на кои можеме да покажеме дека навистина сме дарежливи, спремни да делиме.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели