ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/02 стр. 3-4
  • ,Бидете богати во добри дела‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Бидете богати во добри дела‘
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • ,Во потполност проповедај ја речта Божја‘
    Нашата служба за Царството 2002
  • Бидете ревносни за она што е добро!
    Нашата служба за Царството 2003
  • ‚Темелно да сведочиме за добрата вест‘
    Нашата служба за Царството 2008
  • „Да им правиме добро на сите“
    Нашата служба за Царството 2002
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 3/02 стр. 3-4

,Бидете богати во добри дела‘

1 Во текот на последните години од својата ревносна служба, апостол Павле тесно соработувал со Тимотеј и Тит. На секого од нив му напишал слични зборови на охрабрување. На Тит му рекол дека „оние, кои му поверувале на Бог“ треба да „имаат на ум да бидат зафатени со добри дела“ (Тит 3:8). На Тимотеј му рекол дека оние што ја полагаат својата надеж на Бог треба „да бидат богати во добри дела“ (1. Тим. 6:17, 18). Ова е одличен совет за сите нас! Но, што ќе нѐ мотивира да извршуваме добри дела во нашиот живот? И кои конкретни дела можеме да ги извршиме во деновите што претстојат?

2 Мотивацијата за да бидеме богати во исправни дела произлегува од нашето верување во Јехова и љубовта кон него и од прекрасната надеж што ни ја дал тој (1. Тим. 6:19; Тит 2:11). Особено во ова време од годината, потсетени сме дека Јехова го испратил на земјата својот Син за да може да го оправда својот Татко и да го отвори патот за живот за сите достојни луѓе (Мат. 20:28; Јован 3:16). Ова ќе биде многу јасно изнесено на Меморијалот на Христовата смрт на 28 март. Како одговор на надежта за вечен живот што ја имаме, зарем не сме мотивирани да правиме сѐ што можеме за да бидеме „богати во добри дела“? Се разбира дека сме! Кои добри дела би можеле да ги извршуваме сега?

3 Добри дела што ќе ги правиме во март и месеците потоа: Сигурно, ќе присуствуваме на Меморијалот — најважниот настан во годината за Јеховините сведоци во целиот свет (Лука 22:19). Но, ние сакаме да ја поделиме радоста од таа прилика со колку што е можно повеќе луѓе. Разгледај го извештајот за служба во Годишник за 2002 и ќе видиш дека минатата година во многу земји во светот присутноста на Меморијалот била три, четири, пет или повеќе пати поголема од бројот на објавители. Сигурно биле потребни трудољубиви напори од страна на сите во собранијата за да се дистрибуираат поканите за Меморијалот на нивното подрачје. Затоа, сакаме да поминеме колку што е можно повеќе време од сега па до 28 март, поканувајќи ги луѓето на Меморијалот, помагајќи им да научат за надежта за спасение.

4 Кога ќе дојде април, ќе имаме повеќе денски часови и поубаво време. Како можеме добро да ги искористиме овие поволности за да бидеме „богати во добри дела“? Со тоа што и понатаму воодушевено ќе учествуваме во делото на проповедање на добрата вест и ќе бидеме ‚ревносни за добри дела‘ (Тит 2:14; Мат. 24:14). Ако не можеше да бидеш помошен пионер во март, можеш ли да го сториш тоа во април и/или мај? Ако си пионер во март, можеш ли да продолжиш?

5 Некои што работат на световно работно место заклучиле дека можат да поминат околу еден час во службата додека одат на работа, додека сведочат на улица или додека одат кај луѓето кои работат во дуќаните што се отворени рано наутро. Други планираат дел од паузата за ручек за да сведочат. Некои утврдиле дека е возможно да водат библиска студија во тој период со некој колега. Многу сестри што се домаќинки успеваат да си одвојат време за служба на теренот додека нивните деца се на училиште. Со тоа што некои денови стануваат малку порано за да ги завршат домашните работи, тие имаат повеќе време во текот на денот за делото на проповедање и поучување (Ефеш. 5:15, 16).

6 Дури и ако не можеш да бидеш помошен пионер, можеби сепак можеш да си направиш личен распоред за да имаш поголемо учество во службата, правејќи сѐ што можеш за ‚да го правиш она што е добро, да бидеш богат во добри дела, да бидеш дарежлив, спремен да ја делиш‘ вистината со другите (1. Тим. 6:18).

7 Не заборавај го доброто дело на правење ученици: Секоја година има заинтересирани лица што доаѓаат на Меморијалот. Дали можат некои од собранието да им обрнат внимание на оние што присуствуваат, но моментално не проучуваат? Можат ли да се направат повторни посети кај нив со цел да им се помогне духовно да напредуваат? Можеби некои од ваквите присутни на Меморијалот се роднини на Сведоци. Други можеби се лица што проучувале во минатото и само им треба охрабрување повторно да почнат да проучуваат и редовно да доаѓаат на состаноци. Колку само ќе бидеме радосни кога ќе станат активни слуги на Јехова заедно со нас!

8 Со зголемено учество во службата во текот на март и месеците потоа, сосема веројатно ќе најдеме уште заинтересирани луѓе кај кои треба да навратиме повторно. Обиди се да заминеш од кај нив оставајќи отворено некое прашање. Потоа вети им дека ќе им го кажеш одговорот следниот пат кога ќе ги посетиш. Кога го правиме ова, отвораме пат за повторна посета. Колку поскоро ќе ја направиме повторната посета, толку подобро. Ако не сме успеале да започнеме студија на првата посета, сакаме да се обидеме да започнеме студија веќе на следна посета, ако е можно.

9 Кога сведочиме на улица, треба свесно да се обидуваме да започнуваме разговор со луѓето. Многу објавители ги добиле имињата, адресите и телефонските броеви на заинтересирани луѓе што ги сретнале додека сведочеле на улица. Ако лицето со кое си контактирал не живее на твоето подрачје, запиши ги податоците и дај му ги на собранискиот секретар, кој ќе ги достави до собранието на чие подрачје живее тоа лице. Ако секретарот не може да го направи тоа, ќе ѝ ги достави на канцеларијата на подружницата. На овој начин може да се негува интересот.

10 Ако си добил телефонски број но не и адреса, тогаш направи повторна посета телефонирајќи му на лицето. Однапред подготви се за она што сакаш да го дискутираш. При рака нека ти биде книгата Расправљање за да можеш брзо да побараш информации во неа. Некои постигнуваат добар успех кога проучуваат со лица по телефон, вклучувајќи ги и оние што било тешко да се најдат дома. Една сестра почнала да бара телефонски броеви од заинтересираните жени што ги сретнувала во службата од куќа до куќа и како резултат на тоа успеала да започне две библиски студии.

11 Соработувај со старешините во помагањето на неактивните: Старешините се многу заинтересирани да им посветат љубезно внимание на неактивните. Многу од нив на сопствена иницијатива веќе почнале повторно да ги посетуваат собраниските состаноци. Тие сфаќаат дека треба тесно да се поврзат со Јеховината организација за да ја имаат духовната сигурност што е опишана во 91. псалм. Некои од нив сега се спремни повторно да учествуваат во службата на теренот. Ако и други што се неактивни присуствуваат на Меморијалот овој месец, можеби со радост ќе прифатат лична библиска студија. Доколку е така, старешините ќе направат подготовки некој да проучува со оние што сакаат помош. Ако си замолен да помогнеш на ваков начин, твојата соработка многу ќе се цени (Рим. 15:1, 2).

12 И понатаму биди ‚зафатен со добри дела‘: Многумина од оние што учествувале во помошна пионерска служба во текот на еден или повеќе месеци утврдиле дека нивната активност на теренот се зголемила во текот на следните месеци. Тие сретнале заинтересирани луѓе што сметале дека треба повторно да ги посетат. Ова ги мотивирало да вложат дополнителни напори да одат во служба на теренот почесто за повторно да контактираат со заинтересираните. Некои започнале студии и тоа им помогнало да имаат уште поголемо учество во службата.

13 Други, пак, нашле толкава радост во правењето повеќе во делото на проповедање и правење ученици што биле мотивирани да ги анализираат своите приоритети. Како резултат на тоа, некои успеале да ја намалат световната работа и редовно да бидат помошни пионери. Други започнале со општа пионерска служба. Тие успеале поцелосно да положат надеж во Бог а не во работите што ги нуди светот. Утврдиле дека тоа што ,биле дарежливи, спремни да делат‘ донело богати благослови од Јехова и ја зајакнало нивната надеж дека ќе го уживаат „вистинскиот живот“ (1. Тим. 6:18, 19). Се разбира, кога повеќе лица започнуваат со пионерска служба, целото собрание има корист. Пионерите се склони да зборуваат за своите искуства и да ги покануваат другите да одат во служба со нив, а ова создава поголема духовна атмосфера во собранието.

14 Сите ние ‚да бидеме богати во добри дела‘ во текот на оваа сезона на Меморијалот и понатаму зголемувајќи го нашето учество во христијанската служба. Да го покажеме нашето ценење за она што го направил Јехова со тоа што ни дал надеж да живееме засекогаш на една праведна нова земја (2. Пет. 3:13).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели