ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/03 стр. 3-6
  • Бидете ревносни за она што е добро!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете ревносни за она што е добро!
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • ,Во потполност проповедај ја речта Божја‘
    Нашата служба за Царството 2002
  • ‚Темелно да сведочиме за добрата вест‘
    Нашата служба за Царството 2008
  • Продолжи да ги разгласуваш Јеховините чудесни дела
    Нашата служба за Царството 2004
  • Можеме ли да го направиме април 2000 наш најдобар месец досега?
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 3/03 стр. 3-6

Бидете ревносни за она што е добро!

1 Како што навлегуваме во сезоната на Меморијалот за 2003, имаме многу причини да бидеме „ревносни за она што е добро“ (1. Петр. 3:13). Најистакнатата причина е откупната жртва на Исус Христос (Мат. 20:28; Јован 3:16). Во врска со ова, апостол Петар напишал: „Не со распадливи работи, со сребро или со злато, сте избавени од својот бесплоден начин на однесување . . . Туку со скапоцената крв, каква што е крвта на јагне без петно и без дамка, имено Христовата“ (1. Петр. 1:18, 19). Благодарноста за овој извонреден израз на љубов нѐ тера да бидеме зафатени со тоа да го правиме она што е добро, признавајќи дека Исус „се дал себеси за нас за да нѐ избави од секаков вид беззаконие и да си очисти народ кој е негова посебна своина, ревносен за добри дела“ (Тит 2:14; 2. Кор. 5:14, 15).

2 Кога го правиме она што е угодно во Божји очи, уживаме добар однос со него и се ставаме под неговата будна грижа полна со љубов. Петар понатаму рекол: „Оној кој би сакал да живее и да види добри денови . . . нека се клони од злото и нека прави добро; нека бара мир и нека тежнее кон него. Зашто очите на Јехова се насочени кон праведниците, а неговите уши кон нивното преколнување“ (1. Петр. 3:10—12). Во овие опасни времиња, колкав само благослов е тоа што знаеме дека Јехова внимава над нас и дека е спремен да дејствува во наша корист, ‚да нѐ чува како зеницата на Своето око‘ (Втор. 32:10; 2. Лет. 16:9).

3 И покрај тоа што се соочувале со испити, раните христијани на кои Петар им пишал биле распламтени со ревност што не можела да се изгаси, и тие ја проповедале добрата вест најдалеку што можеле (1. Петр. 1:6; 4:12). Истото важи и за Божјиот народ денес. Иако живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘, благодарноста за Јеховината добрина нѐ поттикнува ревносно да ја извршуваме Божјата волја (2. Тим. 3:1; Псал. 145:7). Да разгледаме некои од добрите дела со кои ќе се зафатиме во текот на оваа сезона на Меморијалот.

4 Покани ги другите на Меморијалот: Еден начин на кој можеме да ја покажеме својата благодарност за извонредниот дар на откупнината е да бидеме присутни на годишната комеморација на Исусовата смрт, што оваа година ќе се одбележи во среда, 16 април, по зајдисонце (Лука 22:19, 20). Минатата година, со 94.600 собранија низ светот што дадоа извештај, имавме вкупен број од 15.597.746 присутни! Тоа е преку 220.000 повеќе од присутните претходната година.

5 Колкумина ќе присуствуваат оваа година? Тоа многу ќе зависи од нашите марливи напори да ги охрабриме другите да се состанат со нас. Почни така што ќе си направиш список на сите што би сакал да ги поканиш. Први на списокот треба да бидат членовите на твоето потесно семејство. Ако имаш брачен партнер неверник, изрази ја својата искрена желба тој или таа да дојде со тебе. Еден сопруг неверник рекол дека минатата година присуствувал на Меморијалот затоа што можел да види колку многу неговото присуство ѝ значело на неговата сопруга. Следни на твојот список би можеле да бидат роднините, соседите, колегите или соучениците. Не заборавај да ги поканиш своите библиски студенти.

6 Откако ќе го направиш својот список, одвој си време сите да ги поканиш лично. Користи ги печатените покани за Меморијалот. За да им помогнеш на луѓето да запамтат кога и каде ќе се одржи одбележувањето на Меморијалот, на долниот дел од поканата отчукај ги или читливо напиши ги со печатни букви времето и местото на Меморијалот. Како што 16 април се наближува, потсети ги оние од твојот список или лично или по телефон. Да им помогнеме на колку што е можно повеќе луѓе да присуствуваат на оваа најсвечена прилика.

7 Помогни им на оние што присуствуваат на Меморијалот: Вечерта на Меморијалот секогаш е возбудлива прилика. Имаме можност да им изразиме добредојде на поединци што обично не доаѓаат на нашите состаноци. Направи подготовки да пристигнеш порано и да останеш подоцна, колку што дозволуваат локалните околности. Преземи иницијатива да се запознаеш со новите што дошле. Биди срдечен и гостољубив (Рим. 12:13).

8 Би можело ли да им се помогне не некои што дошле на Меморијалот повеќе да напредуваат духовно со помош на библиска студија? Потруди се да ги дознаеш имињата и адресите на сите посетители што моментално никој не ги посетува за да можеш да се погрижиш за нив. Со љубезна помош, некои од нив можеби ќе напредуваат до степен да се квалификуваат како некрстени објавители пред Меморијалот следната година. Кога повторно ќе ги посетиш оние што дошле на Меморијалот, покани ги на специјалното предавање што ќе се одржи на 27 Април.

9 Можеш ли да бидеш помошен пионер оваа пролет? Секоја година нашата ревност за Јехова не поттикнува потполно да се напрегаме во службата во текот на месеците на посебна теократска активност. Од здружените напори на сите во собранието ревносно да ја проповедаат добрата вест во текот на сезоната на Меморијалот можат да произлезат одлични резултати.

10 Едно собрание со 107 објавители и 9 општи пионери извести дека минатиот април им бил „феноменален месец“, со 53 што служеле како помошни пионери, вклучувајќи ги сите старешини и слуги помошници. Како ја зголемиле старешините воодушевеноста за помошната служба тој месец? Почнале рано, охрабрувајќи да се пријават колку што е можно повеќе објавители. Состаноците за служба на теренот се одржувале во различни термини во текот на денот за да им одговара на сите во собранието. Бил ставен посебен нагласок на сведочењето по телефон, особено за болните.

11 Една 86-годишна сестра, која поради здравствени проблеми не може да оди, се пријавила за помошен пионер. Почнувајќи наутро, сведочела два-три часа по телефон додека седела на трпезариската маса, се одморала неколку часа и потоа се враќала и сведочела уште малку. На една личност со која стапила во контакт ѝ умреле сопругот и двата сина во изминатите две години, и не можела да сфати зошто Бог допушта да се случуваат такви лоши работи. Било дадено добро сведоштво и била започната библиска студија. Сведочењето по телефон навечер и во друго време е делотворен начин да се стапи во контакт со луѓето што живеат во згради или подрачја што се непристапни. Тоа исто така им овозможува на објавителите да стапат во контакт со луѓето што не се дома во текот на денот.

12 Старешините го завршиле својот извештај со зборовите: „Си поминавме прекрасно и благодарни сме за предностите и благословите што Јехова ни ги даде на сите нам“. Со исправно планирање и твоето собрание може да ужива вакви благослови.

13 Стреми се кон 100 процентно учество во службата: Нашата љубов кон Јехова и кон ближните нѐ поттикнува секој месец да си откупуваме време за да ја споделуваме добрата вест со другите (Мат. 22:37—39). Надгледниците на собраниска студија на книга и нивните помошници треба да се трудат да им помогнат на објавителите во нивната група секој месец да учествуваат во службата. Еден добар начин да се направи тоа е така што однапред ќе направат подготовки да работат во службата со извесни поединци од групата. Наместо да чекате до крајот на месецот за да го сторите тоа, почнете рано. Ова ќе ви даде повеќе прилики да дадете љубезна помош.

14 Има ли во твојата група за студија на книга болни на кои им е многу тешко да учествуваат во службата? Ако некои се во старечки домови или се врзани за својот дом, разбирливо е дека нивните прилики да сведочат ќе бидат ограничени. Но, со тоа што ќе ги искористат своите ограничени прилики за да дозволат нивната светлина да свети, можеби ќе ги поттикнат оние што ги гледаат нивните добри дела вистински да се заинтересираат за вистината (Мат. 5:16). Надгледниците на студија на книга треба да бидат сигурни дека таквите лица знаат дека можат да известат активности од службата на теренот од 15-минутни периоди. Тоа што можат да го известат времето што го поминуваат во сведочење ги охрабрува овие верни објавители и им донесува радосно задоволство. Тоа исто така помага да бидеме сигурни дека извештајот за активностите на Божјиот народ низ целиот свет е точен.

15 Млади што се зафатени со тоа да го прават она што е добро! Колку е освежувачки кога ќе видиме дека младите христијани ги користат својата сила и енергија во службата на Јехова! (Посл. 20:29). Ако си млад, како можеш да ја покажеш својата ревност за Јехова во текот на овие посебни месеци на активност?

16 Ако сѐ уште не си некрстен објавител во собранието, можеш ли да посегнеш по таа предност? Постави си ги следниве прашања: ‚Имам ли основно спознание за библиската вистина? Дали сакам да учествувам во службата за Царството? Дали сум примерен во однесувањето? Можам ли да дадам личен израз на мојата вера така што ќе разговарам со другите за добрата вест? Дали сум поттикнат да го правам тоа од срце?‘ Ако можеш да одговориш на овие прашања со ‚да‘, тогаш разговарај со своите родители за желбата да станеш објавител. Твоите родители можат да му пристапат на некој од старешините во службениот одбор.

17 Ако веќе си објавител на добрата вест, можеш ли да го искористиш распустот за да го прошириш својот удел во службата? Со добар распоред и со помош од родителите и од другите, многу крстени младинци можеле да служат како помошни пионери. Ако тоа не е возможно, тогаш биди решен да го зголемиш својот удел во службата на теренот. Постави си цел. Освен целта за часови, постави си друга цел поврзана со квалитетот на твојата служба. Можеби можеш да се стремиш кон тоа да прочиташ стих на секоја врата, да го подобриш квалитетот на повторните посети, да започнеш библиска студија или да ја прошириш својата служба да вклучува сведочење по телефон или некоја друга гранка на службата. Што мислиш за целта некој твој сосед, соученик или роднина да дојде со тебе на Меморијалот оваа година? Тоа што ќе имаш потполн удел во теократските активности ќе ти донесе награди, а секако ќе ги охрабри и другите во собранието (1. Сол. 5:11).

18 Помогни им на новите да напредуваат: Во текот на минатата службена година, во Македонија во просек беа водени 622 библиски студии секој месец. Со текот на времето, многу од овие студенти ќе напредуваат до степен на предание и крштавање. Меѓутоа, пред да ја достигнат оваа цел, ние треба да им помогнеме да се квалификуваат како објавители на добрата вест. Ова е важен чекор во поучувањето на новите да бидат следбеници на Исус Христос (Мат. 9:9; Лука 6:40). Имаш ли библиски студент што е спремен да го преземе тој чекор?

19 Ако не си сигурен за напредокот на твојот студент, побарај помош од твојот надгледник на студија на книга или од надгледникот за служба. Можеби можеш да го поканиш да присуствува на студијата. Овие браќа имаат вредно искуство од кое можеш да извлечеш корист за да го процениш духовниот напредок на студентот. Тие можеби ќе имаат предлози што ќе му помогнат на студентот да продолжи духовно да напредува.

20 Кога твојот студент ќе изрази интерес да стане некрстен објавител, а ти мислиш дека се квалификува за тоа, разговарај со претседавачкиот надгледник. Тој ќе организира двајца старешини да се сретнат со тебе и со студентот за да разгледаат дали тој се квалификува, користејќи ги информациите на 98 и 99 страница од книгата Наша служба. (Види ја Стражарска кула од 1 април 1989, 29. страница.) Ако на студентот му е одобрено да биде објавител, треба веднаш да почнеш со неговата обука. Штом ќе предаде извештај за служба на теренот, собранието ќе биде известено дека студентот е некрстен објавител. Се надеваме дека илјадници нови објавители, и млади и стари, можат да стигнат до овој чекор во текот на овие посебни месеци на активност.

21 Планирањето помага да се постигне најдоброто: Планирањето однапред ќе придонесе за успехот на нашите теократски активности во текот на сезоната на Меморијалот (Посл. 21:5). Има многу работи на кои старешините треба да обрнат внимание.

22 За да му помогнат на собранието да постигне најмногу што може во службата на теренот, старешините треба да направат практични подготовки за да се одржуваат состаноци за служба на теренот во текот на цела недела и за време на викендот. Надгледникот за служба треба да преземе водство во организирањето на овие подготовки. Би можеле ли да се организираат дополнителни состаноци рано наутро, доцна попладне или рано навечер? Собранието треба да биде известено за подготовките. Можеби ќе биде од помош ако распоредот биде истакнат на огласната табла.

23 Старешините треба да се погрижат сѐ да биде во ред со подготовките за Меморијалот доволно време пред 16 април. Овие подготовки вклучуваат да се усогласи користењето на Салата на Царството со другите собранија што можеби се состануваат таму, да се исчисти Салата на Царството, да се изберат редари и послужители и да се набават симболите. Собранието треба да биде известено за времето и местото на Меморијалот и за сите преиначувања во распоредот на состаноците за таа седмица. Марливата грижа за овие работи ќе направи одбележувањето на Меморијалот да „се случува пристојно и уредно“ (1. Кор. 14:40).

24 Семејните поглавари можеби ќе сакаат да искористат дел од својата семејна студија за да дискутираат со семејството како можат да имаат удел во зголемената активност во текот на сезоната на Меморијалот. Би можеле ли сите во твоето семејство да служат како помошни пионери? Или, би можело ли семејството да поддржи еден или двајца членови да го сторат тоа? Ако тоа не е можно, поставете си конкретни цели како семејство да поминете повеќе време во службата. Има ли некој помлад член во семејството кој, со малку охрабрување и помош, би можел да се квалификува како некрстен објавител? Колкумина може твоето семејство да покани на Меморијалот оваа година? Доброто планирање ќе му донесе многу благослови и радост на твоето семејство.

25 Потполно искористи го времето што преостанува: Пишувајќи им на христијаните од првиот век, апостол Петар ги потсетил на итноста на времињата зашто крајот на еврејскиот систем на работи се приближил (1. Петр. 4:7). Денес сите докази укажуваат на тоа дека крајот на сегашниов светски систем на работи е близу. Нашиот образец на живот треба од ден во ден да го одразува тоа уверување. Како ревносни слуги на Јехова, треба да бидеме сосредоточени на итното дело на објавување на добрата вест (Тит 2:13, 14).

26 Сега е време за ревност и акција! Медитирај за она што Јехова го направил за тебе, за твоето семејство и за собранието. Иако ние никогаш не можеме да му се оддолжиме за сѐ што сторил за нас, можеме да му оддадеме на Јехова обожавање со сета душа (Псал. 116:12—14). Нашите марливи напори ќе бидат наградени со благослови одозгора (Посл. 10:22). Сите ние да бидеме „ревносни за она што е добро“ во текот на ова посебно време на зголемена активност, „така што во сите работи да се прослави Бог преку Исус Христос“ (1. Петр. 3:13; 4:11).

[Рамка на страница 3]

Присутни на Меморијалот низ целиот свет

1999 14.088.751

2000 14.872.086

2001 15.374.986

2002 15.597.746

[Рамка на страница 4]

Кого ќе поканиш на Меморијалот?

□ Потесното семејство и роднините

□ Соседи и познаници

□ Колеги и соученици

□ Повторни посети и библиски студии

[Рамка на страница 5]

Помогни им на оние што присуствуваат на Меморијалот

□ Изрази им срдечно добредојде

□ Направи повторни посети

□ Понуди им библиска студија

□ Покани ги на специјалното предавање

[Рамка на страница 6]

Кои се твоите цели за сезоната на Меморијалот?

□ На Меморијалот да дојде некој што си го поканил

□ Да се квалификуваш како објавител на добрата вест

□ Да поминеш извесен број часови во службата

□ Да подобриш извесна гранка на службата

□ Да служиш како помошен пионер

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели