ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/8 стр. 27
  • Дали Бог престојува на едно место?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог престојува на едно место?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог е насекаде?
    Разбудете се! 2005
  • Дали Бог престојува на некое одредено место?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/8 стр. 27

Читателите прашуваат...

Дали Бог престојува на едно место?

▪ Многу религии тврдат дека Бог е сеприсутен — израз кој покажува дека Бог престојува насекаде во исто време. На пример, во една католичка енциклопедија стои дека Бог е „присутен на сите места и во сите предмети“. Слично на тоа, Џон Весли, основачот на Методистичката црква, напишал една проповед со наслов „За сеприсутноста на Бог“, во која рекол дека „не постои место, во вселената и надвор од неа, каде што Бог не е присутен“.

Што вели Библијата? Дали Бог е сеприсутен, што значи дека во исто време се наоѓа на секое место на небото, на Земјата, па дури и во луѓето?

Всушност, Библијата ни кажува дека Бог има одредено место каде што престојува — небото. Во неа е запишана една молитва во која цар Соломон му се обратил на Бог: „Тогаш чуј од небото, од своето живеалиште“ (1. Царевите 8:43). Кога ги поучил своите ученици како и на кого да се молат, Исус ја почнал молитвата со зборовите: „Татко наш, кој си на небесата“ (Матеј 6:9). Откако воскреснал, Христос влегол „во самото небо, за сега да се појави пред Божјето лице“, пишува во Библијата (Евреите 9:24).

Овие стихови јасно покажуваат дека Јехова Бог не престојува насекаде туку само на небото. Се разбира, „небото“ што се спомнува во оваа статија не се однесува ниту на атмосферската обвивка на Земјата ниту на бескрајната вселена. Дословното небо не може да го собере Творецот на целиот универзум (1. Царевите 8:27). Библијата ни кажува дека „Бог е дух“ (Јован 4:24). Тој престојува во духовното небо — духовниот свет кој е одвоен од дословната вселена (1. Коринќаните 15:44).

Но, што е со библиските стихови кои навидум укажуваат дека Бог е сеприсутен? На пример, зборувајќи за Бог, во Псалм 139:7-10 Давид рекол: „Каде да одам од твојот дух, каде да побегнам од твоето лице? Да се искачам и на небото, ти би бил таму, кога би го прострел во гробот своето легло, гледај, ти би бил и таму. Кога би ги зел крилјата на зората за да се населам на најдалечното море, и таму би ме водела твојата рака“. Дали овие зборови покажуваат дека Бог е сеприсутен, дека престојува во сите наведени места?

Забележи дека Давид на почетокот прашал: „Каде да одам од твојот дух?“a Со својот свет дух, Бог може да види сѐ и да дејствува секаде, без да биде лично присутен. Размисли за следново: Во последниве години научниците го истражуваа тлото на планетата Марс, иако таа е оддалечена од Земјата милиони километри. Како? Тие не отидоа на Марс, туку темелно ги проучуваа деталните фотографии и другите информации што ги добија на Земјата преку вселенските сонди испратени на Марс.

Слично на тоа, Јехова Бог не мора да биде на секое место или да биде сеприсутен за да знае што се случува во кој и да е дел од вселената. Божјата Реч вели: „Нема создание кое е скриено пред неговиот поглед“ (Евреите 4:13). Да, силата на Јехова, односно неговиот свет дух, може да биде насекаде и на тој начин Бог може да види сѐ и да ја исполни својата намера, иако престојува на едно место — во неговото „свето живеалиште“ на небото (5. Мојсеева 26:15).

[Фуснота]

a Хебрејскиот збор преведен со „дух“ се однесува на светиот дух, силата што ја користи Бог за да ја изврши својата волја.

[Извор на слика на страница 27]

IAC/RGO/David Malin Images

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели