ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwbq статија 123
  • Дали Бог е сеприсутен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог е сеприсутен?
  • Одговор на библиски прашања
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата:
  • Дали Бог престојува на едно место?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали Бог е насекаде?
    Разбудете се! 2005
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Разбудете се! 2011
  • Какво битие е Бог
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Одговор на библиски прашања
ijwbq статија 123
Ѕвездено небо со сонцето на повидок

Дали Бог е сеприсутен?

Што вели Библијата:

Бог може да види сѐ и да дејствува каде што сака (Изреки 15:3; Евреите 4:13). Меѓутоа, Библијата не вели дека Бог е сеприсутен, односно насекаде околу нас и во сѐ. Наместо тоа, таа покажува дека тој е личност и дека има свое живеалиште.

  • Како изгледа. Бог е духовно суштество (Јован 4:24). Тој е невидлив за луѓето (Јован 1:18). Виденијата што се запишани во Библијата покажуваат дека Бог престојува на одредено место. Ниту едно од нив не покажува дека тој е присутен насекаде (Исаија 6:1, 2; Откровение 4:2, 3, 8).

  • Каде живее. Бог престојува во духовното подрачје, кое е одвоено од сѐ што е материјално. Во Библијата пишува дека Бог живее на небото (1. Царевите 8:30). Исто така, во неа читаме дека, во една прилика, духовните суштества застанале пред Јехова,a што покажува дека тој се наоѓа на одредено место (Јов 1:6).

Ако Бог не е сеприсутен, дали може да се грижи за мене лично?

Да. Бог е заинтересиран за секој човек. Иако се наоѓа во духовното подрачје, тој ги забележува сите луѓе на Земјата што сакаат да му бидат послушни, и е спремен да им помогне (1. Царевите 8:39; 2. Летописи 16:9). Да видиме како Јехова покажува дека се грижи за оние што му се верни.

  • Кога се молиш. Јехова може да ја слушне твојата молитва во истиот момент кога ја кажуваш (2. Летописи 18:31).

  • Кога си потиштен. „Јехова е близу до оние што се скршени во срцето и ги спасува оние со скршен дух“ (Псалм 34:18).

  • Кога ти треба водство. Јехова ветил: „Ќе ти дадам разборитост и ќе те поучам“ (Псалм 32:8). Тој го прави тоа преку својата Реч, Библијата.

Погрешни верувања за сеприсутноста

Погрешно верување: Бог е присутен во сето она што го создал.

Вистина: Бог не престојува ниту на Земјата ниту на кое и да е друго место во материјалниот универзум (1. Царевите 8:27). Точно е дека ѕвездите и другите творби „ја објавуваат Божјата слава“ (Псалм 19:1). Но, исто како што еден уметник не живее во сликата што ја насликал, така и Бог не живее во она што го создал. Сепак, сликата може да ни открие нешто за оној што ја изработил. Слично на тоа, и материјалниот свет ни открива нешто за Божјите „невидливи особини“, на пример неговата моќ, мудрост и љубов (Римјаните 1:20, Стандарден Превод).

Погрешно верување: За да знае сѐ и да биде семоќен, Бог мора да е сеприсутен.

Вистина: За да дејствува, Бог го користи својот свет дух, односно својата сила. Преку светиот дух, Бог може да види сѐ и да направи сѐ што сака, каде сака и кога сака, без самиот да биде присутен (Псалм 139:7).

Погрешно верување: Псалм 139:8 кажува дека Бог е сеприсутен бидејќи во овој стих пишува: „Да се искачам и на небото, ти би бил таму, кога би го прострел во гробот своето легло, гледај, ти би бил и таму“.

Вистина: Овој стих не зборува за тоа каде живее Бог. Наместо тоа, со поетски зборови кажува дека Бог може да ни помогне каде и да сме бидејќи ниту едно место не е предалеку за него.

a Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели