ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/6 стр. 12-13
  • Дали Бог е насекаде?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог е насекаде?
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Каде е Бог?
  • Бог е личност
  • Божјиот свет дух стигнува насекаде
  • Можеме да бидеме Божји пријатели
  • Дали Бог престојува на едно место?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Разбудете се! 2011
  • Дали Бог е личност?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/6 стр. 12-13

Гледиште на Библијата

Дали Бог е насекаде?

ЗА БОГ со право се вели дека е семоќен и сезнаен. Сепак, сакајќи уште подобро да ја опишат неговата величественост, некои луѓе додаваат уште еден израз — сеприсутен. Тие веруваат дека Бог е присутен во секој момент на секое место.

Првите два описа се во потполн склад со библиските учења (Битие 17:1; Евреите 4:13; Откровение 11:17). Бог е навистина семоќен, а сезнаен е во таа смисла дека ништо не може да се скрие од него. Но, дали е и сеприсутен? Дали се наоѓа насекаде или, пак, е личност која престојува на некое одредено место?

Каде е Бог?

Библијата на повеќе места спомнува дека Бог престојува на „небото“ (1. Цареви 8:39, 43, 49; 2. Летописи 6:33, 39). Сепак, во врска со величината на Јехова Бог, еден извештај од Библијата вели: „Зар навистина Бог ќе престојува со луѓето на земјата? Та небесата ни небесата над небесата не можат да Те опфатат“ (2. Летописи 6:18).

„Бог е Дух“, вели Библијата (Јован 4:24). Затоа тој престојува во духовно подрачје кое постои независно од материјалната вселена. А кога Библијата зборува за „небото“ на кое живее Бог, всушност таа прави разлика меѓу возвишеното место каде што престојува Бог и материјалната вселена во која живееме ние. Во секој случај, иако Библијата јасно вели дека Бог не живее во материјалната вселена, таа јасно учи дека тој престојува на едно конкретно место (Јов 2:1, 2).

Бог е личност

Кога Исус им рекол на своите ученици дека ‚во куќата на неговиот Татко има многу живеалишта и дека оди да им приготви место‘, тој всушност зборувал за местото на кое живее Јехова (Јован 14:2). Каде отишол Исус? Тој ‚влегол . . . во самото небо, за сега да се појави пред Божјето лице за нас‘ (Евреите 9:24). Од овој извештај можеме да научиме две важни работи за Јехова Бог. Како прво, Бог живее на точно одредено место, и како второ, тој е личност, а не само некоја неодредена сила која ја има насекаде.

Затоа Исус ги поучил своите следбеници да се молат вака: „Татко наш, кој си на небесата“. Значи, тие требало да ги упатуваат своите молитви на една конкретна личност, Јехова, кој живее на едно точно одредено место кое во Библијата е опишано како ‚небо‘ (Матеј 6:9; 12:50). Ова учење било во склад со начинот на кој Божјиот народ се молел повеќе од 1.500 години. Во најстарите списи што се инспирирани од Бог е запишана следнава молитва: „Погледај од небесата, од Своето Свето Живеалиште, и благослови го својот . . . народ“ (Второзаконие 26:15).

Божјиот свет дух стигнува насекаде

За разлика од Бог, за кого Библијата секогаш вели дека живее на одредено место, за неговиот свет дух честопати се вели дека е присутен насекаде. „Каде да одам од Твојот Дух и каде да побегнам од Твоето лице?“ прашал псалмистот Давид (Псалм 139:7). Некои се збунети кога ќе прочитаат вакви стихови и можеби заклучуваат дека Бог е тој што е сеприсутен. Сепак, ако го земеме во обѕир контекстот и на овој и на други стихови, станува јасно дека, од своето одредено место на живеење, Јехова може да дејствува со својот свет дух — својата активна сила — на кое и да било место во материјалната вселена.

Како што еден татко може да ја испружи раката за да ги утеши и да им помогне на своите деца, така и Јехова може да ја испружи својата рака — односно да го испрати својот свет дух — до кој и да било дел од духовното или материјалното подрачје за да ја исполни својата намера. Затоа псалмистот можел да каже: „Ако ги земам крилата на зората и се населам на крајот на морето, и таму, твојата рака ќе ме води, Твојата десница ќе ме држи“ (Псалм 139:9, 10).

Можеме да бидеме Божји пријатели

За да можеме подобро да го запознаеме, Јехова Бог понизно и со љубов дозволил тој и неговото живеалиште да бидат опишани со зборови што ние луѓето можеме да ги разбереме. На овој и на други начини, тој како да „се наведнува за да ги погледне небото и земјата“ (Псалм 113:6, NW). Сепак, човек не може потполно да ја разбере природата на Бог.

Јехова е едноставно премногу величествен, премногу возвишен и прекрасен, така што е невозможно да се опише со човечки термини. Затоа, иако Библијата вели дека тој живее на конкретно место на небото, едноставно е невозможно човек во потполност да ја сфати таа духовна димензија (Псалм 139:6).

Сепак, многу е утешно што имаме барем некое разбирање за вистинската природа на Јехова, и што сфаќаме дека тој не е некаква неодредена, безлична сила која ја има насекаде во вселената. Напротив, тој е вистинска личност која престојува на конкретно место и која се одликува со љубов и нежност. Ова сознание ни ја дава највеличествената можна прилика што човек може да си ја замисли — да бидеме блиски пријатели со Семоќниот севишен Господар на вселената сѐ додека сме живи (Јаков 4:8).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели