ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/6 стр. 9-11
  • Улогата на мајката заслужува ценење

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Улогата на мајката заслужува ценење
  • Разбудете се! 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Урамнотежено гледиште за мајките
  • Да им изразиме ценење
  • Тешкотии со кои се соочуваат мајките
    Разбудете се! 2005
  • Задоволни и исполнети мајки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Мајчинство — трка со пречки
    Разбудете се! 2002
  • Да се ценат жените и нивната работа
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/6 стр. 9-11

Улогата на мајката заслужува ценење

УЛОГАТА на мајката честопати не се цени доволно па дури и се омаловажува. Пред неколку децении, некои почнале да гледаат на грижата за децата како на нешто понижувачко. Сметале дека тоа не е толку важно колку кариерата и дека, всушност претставува еден облик на угнетување на жената. Иако мнозина не би се сложиле со ваквото екстремно гледиште, обично на мајките им е наметнато чувството дека тоа што се грижат за куќата и за децата и не е некоја работа. Некои дури сметаат дека жената треба да има световно вработување за нејзините способности во потполност да дојдат до израз.

Сепак, многу сопрузи и деца длабоко го ценат она што мајката го прави за семејството. Карло, кој служи во канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци на Филипините, објаснува: „Денес сум овде благодарение на мајка ми и на поуката што ја добив од неа. Татко ми беше строг и веднаш нѐ казнуваше, но мајка ми ни помагаше така што ни ги објаснуваше работите и нѐ тераше да размислиме зошто нешто е исправно или неисправно. Навистина го ценам начинот на кој нѐ поучуваше“.

Петар живее во Јужноафриканската Република. Бидејќи таткото го напуштил семејството, него и неговите пет браќа и сестри ги воспитувала мајка им, која била слабо образована. Петар вели: „Мајка ми беше куќна помошничка, чистеше по куќи и не заработуваше многу. Не ѝ беше лесно да нѐ школува. Често си легнувавме гладни. Многу се мачеше само да имаме покрив над главата. Но, и покрај сите тешкотии, таа не се предаваше. Нѐ научи никогаш да не се споредуваме со другите. Да не беше толку храбра и предана, немаше да постигнеме многу во животот“.

Ахмед од Нигерија кажува колку му значи помошта од неговата жена во воспитувањето на децата: „Многу го ценам она што жена ми го прави за семејството. Кога не сум дома, сигурен сум дека децата се добро згрижени. Жена ми не ја сметам за соперник. Напротив, многу сум ѝ благодарен и ги учам децата да ја почитуваат исто како што ме почитуваат и мене“.

Еден човек од Палестина има само пофалби за она што неговата сопруга го прави како мајка: „Лина прекрасно ја воспитува нашата ќерка и многу придонесува за духовноста на нашето семејство. Слободно можам да кажам дека ова се должи на нејзините верски уверувања“. Лина е Јеховин сведок и ја воспитува својата ќерка во склад со библиските начела.

Кои се некои од тие начела? Како Библијата гледа на мајките? Како им се искажувало чест во минатото и како се почитувала улогата што ја имале во поучувањето на децата?

Урамнотежено гледиште за мајките

Кога ја создал жената, Творецот ѝ наменил чесна улога во семејното уредување. Во првата книга од Библијата се вели: „Господ, Бог, рече: ‚Не е добро човекот да биде сам, ќе му направам помошник соодветен нему [како негово дополнение, NW]‘“ (Битие 2:18). Така, првата жена, Ева, била создадена како дополнение на Адам и совршено му одговарала како помошничка. Тие требало да работат заедно на остварувањето на Божјата намера за луѓето, која била да раѓаат деца и да се грижат за нив, но и да се грижат за Земјата и за животните. Како соодветна животна сопатничка, Ева требало да му даде интелектуален поттик и поддршка на својот сопруг. Адам сигурно бил пресреќен што ја добил како прекрасен дар од Творецот! (Битие 1:26-28; 2:23).

Подоцна Бог дал упатства како да се постапува со жените. На пример, децата во Израел требало да ги почитуваат мајките и не смееле да ги омаловажуваат. Синот што ќе го ‚проколнел татка си или мајка си‘ требало да биде погубен. На младите христијани исто така им е заповедано да им ‚бидат послушни на своите родители‘ (Левит 19:3; 20:9; Ефешаните 6:1; Второзаконие 5:16; 27:16; Пословици 30:17).

Жената, во склад со водството од својот сопруг, требало да ги поучува и ќерките и синовите. На синовите им било заповедано ‚да не ја отфрлаат науката на својата мајка‘ (Пословици 6:20). Исто така, 31. поглавје од Пословици содржи „важни поуки со кои мајка му го советувала“ цар Лемуил. Таа мудро го поучила својот син да не пие алкохол во неумерени количини, велејќи му: „Не е за цареви, Лемуиле, не им прилега на царевите да пијат вино, ни на главатарите опоен пијалак, за да не ги заборават законите во пијачката и да им ја изменат правдата на страдалниците“ (Пословици 31:1, NW, 4, 5).

Освен тоа, секој млад човек што размислува за брак би требало да размисли и за описот на ‚добродетелната жена‘, за која мајката на царот Лемуил меѓу другото рекла: „Таа вреди повеќе од бисери“. Откако навела што сѐ може една таква жена да стори за своето семејство, мајката на царот додала: „Миловидноста е лажлива, убавината е суетна: жена со страв од Господа, заслужува пофалба“ (Пословици 31:10-31). Значи, јасно е дека Творецот им наменил на жените чесно и одговорно место во семејството.

Членовите на христијанското собрание исто така треба да ги почитуваат и да ги ценат сопругите и мајките. Во Ефешаните 5:25 се вели: „Мажи, љубете ги своите жени“. Младиот Тимотеј, кој бил поучен од мајка си и од баба си да ги цени „светите списи“, го добил следниов инспириран совет: „Почитувај [ги] . . . старите жени — како мајки“ (2. Тимотеј 3:15; 1. Тимотеј 5:1, 2, ПСП). Ова значи дека мажите мораат да ги почитуваат постарите жени така како што би ги почитувале своите мајки. Навистина, Бог ги цени жените и смета дека се достојни за чест.

Да им изразиме ценење

Еден човек што пораснал во култура каде што жените се сметале за помалку вредни, вели: „Од мали нозе бев поучуван дека сѐ се врти околу мажот, и гледав како со жените се постапува лошо и без почит. Затоа морав многу да се трудам за да гледам на жените како што Творецот гледа на нив — како на помошнички и соработнички во семејството и во поучувањето на децата. Иако ми паѓа тешко да ја пофалам мојата сопруга, свесен сум дека таа е заслужна за тоа што децата ни се добро воспитани“.

Да, мајките што се посветиле на поучување на децата можат да се гордеат со тоа. Она што го прават тие е навистина нешто вредно. Затоа, заслужуваат да ги пофалиме за нивниот труд и да им изразиме вистинско ценење за сѐ што прават. Толку многу учиме од мајките — тие во нас всадуваат корисни навики, нѐ учат на добри манири што се неопходни за да имаме добри односи со другите, а во многу случаи ни даваат и морална и духовна поука што во младоста ни помага да останеме на правиот пат. Дали сте искористиле прилика неодамна да ѝ кажете на Вашата мајка колку ја цените за сѐ што сторила за Вас?

[Слика на страница 9]

Мајка му го научила Петар да не се предава

[Слика на страница 10]

Ахмед многу ја цени помошта од сопругата во воспитувањето на децата

[Слика на страница 10]

Маж ѝ на Лина смета дека доброто однесување на неговата ќерка се должи на верските уверувања на неговата сопруга

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели