ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/13 стр. 14-15
  • Какво битие е Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какво битие е Бог
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Какво тело има Бог?
  • Дали Бог е сеприсутен?
  • Во која смисла луѓето биле создадени според Божјиот лик?
  • Дали Бог е сеприсутен?
    Одговор на библиски прашања
  • Дали Бог престојува на едно место?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Дали Бог е насекаде?
    Разбудете се! 2005
  • Што има на небото?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 5/13 стр. 14-15
[Слика на страница 14]

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Какво битие е Бог

Какво тело има Бог?

„Бог е Дух“ (Јован 4:24)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата вели дека Бог е духовно суштество (2. Коринќаните 3:17). Тоа значи дека тој е многу повозвишен од нас и дека не можеме да го осознаеме со нашите физички сетила. Во 1. Тимотеј 1:17 пишува дека тој е ‚Царот на вечноста, нераспадлив, невидлив‘. Библијата уште вели: „Бог никогаш никој не го видел“ (1. Јованово 4:12).

Нашиот Творец е толку возвишен што не можеме ни да си замислиме како изгледа. „Со кого ќе го споредите Бог и каков лик сличен на него ќе најдете?“, пишува во Исаија 40:18. Дури и вселената, која нѐ остава без здив, паѓа во сенка во споредба со Семоќниот (Исаија 40:22, 26).

Меѓутоа, постојат интелигентни суштества кои можат да го видат Бог, па дури и лично да зборуваат со него. Тоа е возможно затоа што и тие се духовни битија и живеат на небото (1. Царевите 22:21; Евреите 1:7). За овие натчовечки суштества, кои се наречени и ангели, Исус Христос рекол: „[Тие] секогаш го гледаат лицето на мојот Татко кој е на небото“ (Матеј 18:10).

Дали Бог е сеприсутен?

„Молете се вака: ‚Татко наш, кој си на небесата‘“ (Матеј 6:9)

ШТО ВЕЛИ БИБИЈАТА

Библијата не вели дека Бог е сеприсутен, односно дека е присутен на секое место, во секое време како безлична сила. Наместо тоа, како што покажуваат зборовите на Исус запишани во Матеј 6:9 и 18:10, Бог е личност — тој е наш „Татко“ — и живее на небото, односно тоа е негово „живеалиште“ (1. Царевите 8:43).

При крајот на својот живот, Исус рекол: „Го напуштам светот и заминувам кај Таткото“ (Јован 16:28). Откако умрел како човек и воскреснал како дух, Христос се вознел ‚во самото небо, за да се појави пред Божјето лице‘ (Евреите 9:24).

Зошто овие факти за Бог се важни? Како прво, бидејќи Бог е личност, можеме да го запознаеме и да станеме блиски со него (Јаков 4:8). Како второ, вистината за Бог нѐ штити од лажното обожавање, како што е обожавањето на безживотни ликови и предмети. Во 1. Јованово 5:21 стои: „Дечиња, чувајте се од идоли!“

Во која смисла луѓето биле создадени според Божјиот лик?

„Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик — ги создаде машко и женско“ (1. Мојсеева 1:27)

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Ние луѓето имаме потенцијал да ги покажуваме особините на Бог, како што се љубовта, правдата и мудроста. Всушност, Библијата вели: „Угледајте се на Бог, како негови љубени деца, и живејте во љубов“ (Ефешаните 5:1, 2).

Бог нѐ обдарил и со слободна волја, која ни помага да разликуваме исправно од погрешно и да покажуваме љубов кон другите на разни начини (1. Коринќаните 13:4-7). Освен тоа, имаме и способност да бидеме креативни, да уживаме во убавите работи и да се восхитуваме на чудесниот свет околу нас. Пред сѐ, создадени сме со духовни потреби, вродена желба да учиме за нашиот Творец и за неговата намера за нас (Матеј 5:3).

Како може да ти помогне библиската вистина. Колку повеќе учиме за Бог и се трудиме да бидеме како него, толку повеќе живееме онака како што тој имал намера. А тогаш сме посреќни, поисполнети и имаме внатрешен мир и спокој (Исаија 48:17, 18). Да, Бог знае дека неговите убави особини допираат до нашето срце, ги привлекуваат искрените луѓе и ги поттикнуваат да тргнат по патот кој води кон вечен живот (Јован 6:44; 17:3).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели