ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/12 стр. 18-20
  • Веруваш ли дека си живеел и претходно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Веруваш ли дека си живеел и претходно?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потеклото на учењето за реинкарнација
  • Вистина ли е дека има реинкарнација?
  • Воскресението — вистинска надеж за мртвите
  • Дали учењето за реинкарнација се темели на Библијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Треба ли да веруваш во реинкарнација?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Живот после смртта — како, каде и кога?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Што се случува со нашите блиски кои умреле?
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/12 стр. 18-20

Веруваш ли дека си живеел и претходно?

„Враќањето во живот е непобитен факт, а исто така е факт и дека живите се луѓе кои претходно живееле, умреле и повторно се родиле. Душите на мртвите продолжуваат да живеат“ (ПЛАТОН, ГРЧКИ ФИЛОЗОФ ОД 5 ВЕК ПР.Н.Е., ГО ЦИТИРА „СОКРАТ“)

„Бидејќи нема душа без тело, а таа самата не е тело, може да биде во телото на различни луѓе и да преминува од едно во друго тело“ (ЏОРДАНО БРУНО, ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛОЗОФ ОД 16 ВЕК ОД Н.Е.)

„Ништо не умира: само изгледа дека луѓето умираат... а тие, всушност, се живи и здрави и го гледаат светот, но низ очите на некое ново и поинакво тело“ (РАЛФ ВАЛДО ЕМЕРСОН, АМЕРИКАНСКИ ЕСЕИСТ И ПОЕТ ОД 19 ВЕК ОД Н.Е.)

СИ СЕ ПРАШАЛ ЛИ некогаш кој си, всушност, ти? Си помислил ли дека си живеел и претходно? Ако е така, не си единствениот. Уште од најстари времиња, луѓето и од источните и од западните култури размислувале за овие прашања. Во својата потрага по одговори, некои почнале да веруваат во реинкарнација. Ова е верување според кое, кога човек ќе умре, еден невидлив дел од него наречен „душа“ го напушта телото и повторно се раѓа во друго тело — на човек, животно, па дури и на растение — еднаш или повеќепати.

Иако некои сметаат дека ова е добро објаснување, како можеме да бидеме сигурни дека е точно? Што ни кажува во врска со тоа Божјата Реч, Библијата? Најпрво да видиме од каде потекнува ова учење.

Потеклото на учењето за реинкарнација

Според историчарите и изучувачите, идејата дека човекот има бесмртна душа почнале да ја развиваат жителите на древниот Вавилон, град кој бил основан кон крајот на третиот милениум пр.н.е. Идејата за бесмртност сериозно го „привлекла вниманието на вавилонските теолози“, напишал Морис Џестроу во својата книга Религијата на Вавилон и Асирија (The Religion of Babylonia and Assyria). Вавилонците верувале дека „смртта била премин од еден во друг облик на живот“, објаснува тој. „Без сомнение, теоријата дека човекот продолжува да постои во некаков облик ја создале затоа што не можеле да се помират со фактот дека, по смртта, човекот засекогаш престанува да постои.“

Од тие почетоци во Вавилон, учењата за преселба и повторно раѓање на душата почнале да се појавуваат и во други делови на древниот свет. Филозофите од Индија направиле детален систем на верувања составен од циклуси на повторно раѓање на темел на законот за причина и последица, или карма. И некои од влијателните грчки филозофи ја прифатиле и почнале да ја шират идејата за реинкарнација.

Во денешно време, во западните култури сѐ повеќе се зголемува интересот за реинкарнацијата. Некои познати личности и помладите генерации се привлечени од источните религии и обичаи. Преплавени сме со книги и интернет-страници во кои се објаснува значењето на наводните искуства од минатиот живот. Во многу земји расте популарноста и на таканаречената терапија за враќање во претходниот живот. Со неа, преку хипноза се открива што наводно му се случувало на некој човек во претходните животи за да се разбере неговата моментална здравствена состојба и однесување.

Вистина ли е дека има реинкарнација?

Иако верувањето во реинкарнација влече корени уште од древното минато, најважното прашање е: Вистина ли е дека има реинкарнација? Како христијани, би сакале да знаеме дали ова верување е во склад со библиските учења (Јован 17:17). Јехова Бог, нашиот Творец, е оној кој го дал животот и кој „ги открива тајните“, и затоа ни кажува работи во врска со животот и смртта што инаку за луѓето се непознати. Според тоа, можеме да имаме доверба во одговорите што ќе ги најдеме во неговата Реч, Библијата (Даниел 2:28; Дела 17:28).

Ако побараме во Библијата, лесно ќе го дознаеме одговорот на прашањето што се случува со нас по смртта. На пример, во 1. Мојсеева 3:19 пишува што му рекол Бог на Адам откако Адам и Ева не го послушале. Бог рекол: „Во потта на своето лице ќе го јадеш својот леб додека не се вратиш во земјата, бидејќи од неа си земен. Зашто си прав, и во прав ќе се вратиш“. Адам бил создаден од прав. Откако умрел, повторно се вратил во прав. Бог бил многу јасен во врска со ова. Значи, кога човек ќе умре, не се раѓа повторно како некој друг, туку едноставно престанува да постои.a Исто како што топлото и студеното, сувото и мокрото, светлото и темното се сосема спротивни едно од друго, така и смртта е спротивна од животот. Мртвите се навистина мртви! Зар ова не е едноставно и логично?

Значи, сеќавањата на некои претходни животи мора да имаат некакво друго објаснување. Функциите на човечкиот мозок, вклучувајќи го и потсвесното, како и последиците од различни лекови или трауматски искуства, сѐ уште не се потполно јасни. Соништата и замислените настани кои се резултат на неверојатниот обем на информации складирани во меморијата на мозокот може да бидат толку живи што некому може да му се чинат како вистински случки. Понекогаш, злобни духовни сили предизвикуваат натприродни доживувања поради кои може она што е нереално да изгледа реално (1. Самоилова 28:7-19).

Природна човечка потреба е да сакаме да живееме и да ја знаеме иднината. Но, зошто имаме таква желба? Интересно е што Библијата го вели следново во врска со нашиот Творец: „И вечноста им ја ставил на луѓето в срце“ (Проповедник 3:11). Значи, луѓето имаат вродена желба да живеат вечно.

Штом нашиот Творец, Јехова Бог, им всадил на луѓето желба да живеат вечно, логично е дека би им објаснил на кој начин ќе им ја исполни таа желба. Библијата покажува дека Божјата возвишена намера е да ги благослови послушните луѓе со вечен живот во рај на Земјата. „Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш“, напишал цар Давид под водство на светиот дух (Псалм 37:29). Едно главно библиско учење кое неразделно е поврзано со Божјата вечна намера е воскресението на мртвите (Дела 24:15; 1. Коринќаните 15:16-19).

Воскресението — вистинска надеж за мртвите

Во Библијата се запишани осум извештаи за луѓе кои, откако умреле, биле вратени во живот на Земјата.b Овие луѓе биле вратени во живот преку воскресение, а не преку реинкарнација. Роднините и пријателите веднаш ги препознале. Во ниту еден од тие случаи роднините на умрениот не требало да го бараат својот близок меѓу новороденчињата за да дознаат дали некое од нив е негова реинкарнација (Јован 11:43-45).

Многу е утешно што Божјата Реч покажува дека голем број од оние што умреле ќе воскреснат во Божјиот нов свет, кој наскоро ќе го замени овој злобен свет (2. Петрово 3:13, 14). Дотогаш, сите поединости од животот на оние што починале се зачувани во безграничната, совршена меморија на Јехова, Богот кој ги помни дури и имињата на сите ѕвезди! (Псалм 147:4; Откровение 20:13). Кога Бог ќе врати во живот генерации луѓе во новиот свет, секој ќе го дознае своето семејно стебло и лично ќе ги запознае своите предци. Колку интересна и убава иднина нѐ очекува!

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во 6. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци. Ова поглавје е со наслов „Каде се мртвите“.

b Осумте извештаи се запишани во 1. Царевите 17:17-24; 2. Царевите 4:32-37; 13:20, 21; Лука 7:11-17; 8:40-56; Јован 11:38-44 и Дела 9:36-42; 20:7-12. Додека ги читаш овие извештаи, ќе видиш дека воскресенијата се случиле пред очите на многу сведоци. Во деветтиот извештај станува збор за воскресението на Исус Христос (Јован 20:1-18).

Далеку подобра надеж

Наместо да се обидуваш да спојуваш искуства од претходниот живот за да добиеш некаква сомнителна слика обвиткана во мистерија, зошто да не одвоиш време да испиташ што вели Библијата за воскресението? Таа ќе ти даде точни одговори сега, како и голема утеха во моментите кога ќе бидеш тажен.

На пример, Теодор бил длабоко ожалостен откако ја изгубил Розмари, својата сакана сопруга со која бил во брак 44 години. Тој рекол: „Знам дека Розмари е на најсигурното место — во Јеховиното сеќавање. Библиските извештаи за лицата што воскреснале се толку вистинити и потврдени од толку многу очевидци, што едвај чекам да го чујам Исус кој, исто како што му рекол на Лазар, ќе рече: ‚Розмари, излези!‘“

Костас и Марија биле завиени во тага поради смртта на нивната 20-месечна ќерка, која имала генетско нарушување. Марија вели: „Смртта на нашата ќеркичка, Еви, ни причини голема болка. Оттогаш многу подобро ги сфаќаме страдањата, смртта и воскресението. Сега библиските стихови како што се Исаија 33:24; 35:5, 6 и Откровение 21:4, 5 ни значат многу повеќе! Јехова е навистина еден грижлив Татко што ни дава цврста надеж во воскресение“.

Одговорите од Библијата во врска со животот и смртта доаѓаат директно од нашиот Творец. Исто како Теодор, Костас и Марија, и ти можеш да имаш сигурна надеж за една убава иднина ако ја градиш на цврстиот темел од Божјата Реч. Таа никогаш не лаже! (Тит 1:2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели