ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/3 стр. 30-32
  • Никогаш не губи надеж!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Никогаш не губи надеж!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ИСТРАЈНОСТА Е МНОГУ ВАЖНА
  • ВАЖНОСТА НА ХРИСТИЈАНСКИТЕ ОСОБИНИ
  • СЕМЕТО ДАВА РОД ПО МНОГУ ГОДИНИ
  • „Оние што те слушаат“ ќе се спасат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Напрегањето на Јеховиниот пат е нашата сила и радост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Работете, не за храната што исчезнува“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Љубовта ни помага да ја поднесеме омразата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/3 стр. 30-32

Никогаш не губи надеж!

Дали со години си Јеховин сведок, и дали посакуваш и твојот сопружник да ја прифати вистината?

Дали си се обесхрабрил затоа што некој со кој си ја проучувал Библијата, и кој во почетокот бил многу заинтересиран, не станал Јеховин сведок?

Следниве неколку искуства од Англија ќе ти помогнат да сфатиш зошто не треба никогаш да изгубиш надеж. Исто така, ќе видиш како би можел, во симболична смисла, да ‚го фрлиш лебот свој на површината на водата‘ за да им помогнеш на оние што сѐ уште не ја прифатиле вистината (Проп. 11:1).

ИСТРАЈНОСТА Е МНОГУ ВАЖНА

Ако твојот сопружник со години не ја прифаќа вистината, многу е важно да бидеш истраен, односно самиот да продолжиш да се држиш за Јехова и да останеш близок со него (5. Мој. 10:20). Тоа го сфатила и Георгина. Кога почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци во 1970 год., нејзиниот сопруг, Кирјакос, бил бесен. Се обидел да ја спречи да проучува, не им дозволувал на Сведоците да доаѓаат кај нив и ги фрлал публикациите кои ќе ги пронајдел дома.

Кога Георгина почнала да оди на состаноци, Кирјакос станал уште погневен. Еден ден отишол во Салата на Царството за да се расправа. Кога сфатила дека Кирјакос зборува подобро грчки отколку англиски, една сестра му се јавила на еден брат Грк од друго собрание за да дојде и да помогне да се разберат. Љубезноста на овој брат му оставила толку силен впечаток на Кирјакос, што тој дури се согласил да ја проучува Библијата со него. Но, по неколку месеци Кирјакос престанал да проучува.

Тој продолжил да ѝ се противи на Георгина и следните три години. Дури ѝ се заканил дека ќе ја остави ако се крсти како Јеховин сведок. На денот на крштавањето, таа сесрдно го молела Јехова да не дозволи маж ѝ да ја напушти. Кога малку подоцна Сведоците поминале да ја земат, Кирјакос им рекол: „Вие возете напред, а ние ќе тргнеме со колата по вас“. Тој присуствувал на претпладневната програма на собирот и гледал кога Георгина се крстила.

Речиси 40 години откако првпат стапила во контакт со Сведоците, Георгина дочекала маж ѝ да се крсти!

Оттогаш Кирјакос не се противел толку многу и со текот на времето направил големи промени. Речиси 40 години откако првпат стапила во контакт со Сведоците, Георгина дочекала маж ѝ да се крсти! Што му помогнало на Кирјакос да го направи овој чекор? Тој вели: „Ми се допаѓаше тоа што Георгина беше одлучна да се држи цврсто за својот став“. А таа вели: „Иако маж ми се противеше, бев решена ништо да не ме одвои од мојот Бог. Сето време се потпирав во молитва на Јехова, и никогаш не изгубив надеж“.

ВАЖНОСТА НА ХРИСТИЈАНСКИТЕ ОСОБИНИ

За да му помогнеш на својот сопружник да ја прифати вистината, исто така е многу важно да ги развиваш и да ги покажуваш христијанските особини. Апостол Петар ги поттикнал христијанките: „Бидете им подложни на своите мажи, за да ги придобиете без збор, со своето однесување, оние што не ѝ се послушни на Божјата реч“ (1. Пет. 3:1). Да го разгледаме примерот на Кристина. Таа била послушна на овој совет на Петар иако поминале многу години пред ‚да го придобие‘ својот маж. Кога станала Сведок пред повеќе од 20 години, нејзиниот маж, Џон, не верувал во Бог. Иако лично не бил заинтересиран за религија, јасно можел да види колку поуките од Библијата ѝ значат на неговата жена. „Гледав дека нејзината вера навистина ја прави среќна“, вели тој. „Таа стана поцврста личност, и тоа ми помогна кога се соочував со многу тешки ситуации.“

Кристина никогаш не му ја наметнувала својата религија на Џон. Тој признава: „Уште од самиот почеток, на Кристина ѝ беше јасно дека така е најдобро, и стрпливо чекаше самиот постепено да ја сфатам вистината“. Кога во Стражарска кула или Разбудете се! имало некои статии кои зборувале за теми поврзани со науката или природата, таа му ги покажувала, велејќи: „Мислам дека ова ќе те интересира“.

Откако отишол во пензија, Џон почнал да си подработува во градината. Така имал повеќе време подлабоко да размислува за некои важни прашања како, на пример: ‚Дали сме настанале случајно или, пак, сме создадени со некоја цел?‘ Еден ден, додека си правеле муабет, еден брат го прашал: „А би сакал ли да ја проучуваш Библијата?“ Џон вели: „Бидејќи веќе почнав да верувам Бог, го прифатив неговиот предлог“.

Ова покажува колку е важно човек никогаш да не изгуби надеж. Кристина истрајно се молела маж ѝ да ја прифати вистината. По 20 години, тој се крстил. Сега и двајцата ревносно му служат на Јехова. Џон рекол дека главно го привлекле две работи. Едната била љубезниот и пријателски став на Сведоците, а другата добриот пример на неговата сопруга. Тој вели: „Кога си во брак со Јеховин сведок, имаш лојален и самопожртвуван сопружник на кој можеш да се потпреш во секое време“. Кристина живеела во склад со советот од 1. Петрово 3:1, и тоа навистина родило плод!

СЕМЕТО ДАВА РОД ПО МНОГУ ГОДИНИ

Што може да се каже за оние кои ја проучувале Библијата, но од некоја причина го изгубиле интересот што го имале во почетокот? Цар Соломон напишал: „Наутро сеј го семето свое и до вечерта нека не ти почива раката. Зашто, не знаеш каде ќе имаш успех, овде или онде, или и едното и другото ќе биде еднакво добро“ (Проп. 11:6). Понекогаш се потребни години за некое семе да изрти. Истото важи и за симболичното семе. Дури и некој да прекине со проучувањето, на крајот може сепак да сфати колку е важно да изгради близок однос со Бог (Јак. 4:8). И, еден ден навистина би можел пријатно да нѐ изненади.

Да го земеме примерот на Алис, која се преселила од Индија во Англија. Во 1974 год., таа почнала да ја проучува Библијата. Зборувала хинди, но сакала да си го подобри англискиот. Алис проучувала неколку години и понекогаш одела на состаноци во едно англиско собрание. Знаела дека она што го учи е вистината, но за неа тоа било само еден вид хоби. Освен тоа, парите ѝ биле многу важни, а сакала да оди и по забави. На крајот, престанала да проучува.

По речиси 30 години, Стела, која ја проучувала Библијата со Алис, добила писмо од неа. Во него пишувало: „Сигурно многу ќе се радуваш кога ќе слушнеш дека твојата интересентка од 1974 год. се крсти на неодамнешниот областен конгрес. Ти одигра многу значајна улога во мојот живот. Го посеа семето на вистината во мене но, иако тогаш не бев спремна да му се заветувам на Бог, го зачував тоа семе во мојот ум и во моето срце“.

Во писмото што Стела го добила од Алис стоело: „Сигурно многу ќе се радуваш кога ќе слушнеш дека твојата интересентка од 1974 год. се крсти на неодамнешниот областен конгрес“

Што се случило? Алис објаснува дека, по смртта на својот сопруг во 1997 год., паднала во тешка депресија. Во очај, таа му се помолила на Бог. По само десет минути, на врата ѝ дошле две жени кои се Јеховини сведоци и зборуваат пенџапски јазик. Тие ѝ го оставиле трактатот Дали постои надеж за нашите мртви? Алис сфатила дека тоа е одговор на нејзината молитва и дека треба повторно да стапи во контакт со Јеховините сведоци. Но, како? Таа случајно нашла еден стар бележник каде што ја имала запишано адресата на едно пенџапско собрание, што ѝ ја дала Стела. Алис отишла во таа Сала и била срдечно пречекана од Сведоци кои зборуваат пенџапски. „Љубовта што ја почувствував од браќата и сестрите на тој прв состанок ми помогна да се справам со мојата депресија“, вели Алис.

Таа повторно почнала да ја проучува Библијата и редовно да оди на состаноците. Научила течно да зборува и да чита на пенџапски јазик, и во 2003 год. се крстила. На крајот од писмото што ѝ го испратила на Стела, таа напишала: „Неизмерно ти благодарам што го посеа тоа семе пред 29 години и што ми даде одличен пример“.

„Неизмерно ти благодарам што го посеа тоа семе пред 29 години и што ми даде одличен пример“ (Алис)

Што учиш од овие искуства? Можеби ќе треба повеќе време отколку што очекуваш, но, ако некој е духовно гладен, искрен и понизен, Јехова ќе дозволи вистината да пушти корен во неговото срце. Сети се што рекол Исус во една споредба: „Семето никнува и расте, а [сејачот] и не знае како. Земјата сама од себе постепено донесува плод — прво стебленце, потоа клас и, на крајот, полно зрно во класот“ (Мар. 4:27, 28). Таквиот раст е постепен и ниту еден објавител на Царството не е свесен како се одвива. Затоа, продолжи обилно да сееш и можеби допрва обилно ќе жнееш.

И, не заборавај колку е важна молитвата. Георгина и Кристина постојано му се молеле на Јехова. Ако ‚истраеш во молитва‘ и ако не изгубиш надеж, можеби „по многу дни“ пак ќе го најдеш „лебот“ што си го фрлил на површината на водата, односно твојот труд ќе роди плод (Рим. 12:12; Проп. 11:1).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели