ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/4 стр. 3
  • Може ли животот да има смисла?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Може ли животот да има смисла?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Исус покажал која е смислата на животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Смисловен живот сега и засекогаш
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Верна на Бог повеќе од 70 години
    Разбудете се! 2009
  • Зошто Исус имал смисла во животот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/4 стр. 3

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА: ЖИВОТОТ МОЖЕ ДА ИМА СМИСЛА

Може ли животот да има смисла?

„Деновите наши траат седумдесет години, а кај силните — осумдесет, но исполнети се само со неволји и тешкотии“ (Псалм 90:10)

КОЛКУ само се вистинити овие зборови! Нашиот живот честопати е исполнет со „неволји и тешкотии“. Веројатно некогаш си се прашал: ‚Може ли животот да има вистинска смисла?‘

На пример, Марија отсекогаш била енергична жена. Но сега, на 84 години, не може да излегува од дома. Иако е ментално активна, телото ѝ откажува послушност. Зар нејзиниот живот може да има смисла?

А како е со тебе? Можеби и ти си се прашувал дали твојот живот има смисла. Можеби работата ти е монотона, заморна или здодевна. Можеби никој не го цени твојот труд. Дури и да си постигнал некаков успех, можеби си загрижен за иднината. Некогаш, пак, можеби се чувствуваш осамено или депримирано. Можеби во твоето семејство проблемите и расправиите се секојдневие. Или можеби ти умрел некој што многу си го сакал. На пример, Андре бил многу близок со татко му, кој неочекувано се разболел и умрел. За Андре тоа било тежок удар кој му предизвикал толкава болка што мислел дека никогаш повторно нема да застане на нозе.

Без оглед на неволјите што ги доживуваме, очајно ни е потребен одговор на прашањето: Може ли животот да има смисла? Одговорот ќе го добиеме од еден човек кој живеел на Земјата пред околу 2.000 години. Тој човек е Исус Христос. И покрај тешкотиите што ги доживеал, тој имал вистинска смисла во животот. Ако го следиме неговиот пример, и нашиот живот може да има смисла.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели