ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/4 стр. 32
  • Дали сте знаеле?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сте знаеле?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Да не го напуштаме заедничкото состанување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Како христијанството станало дел од овој свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Верата во пророштвата го спасува животот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/4 стр. 32

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

Дали храмот во Ерусалим бил повторно изграден по 70 год. од н.е.?

ИСУС рекол дека од Јеховиниот храм нема да остане ни камен на камен. Ова пророштво се исполнило кога римската војска под водство на Тит го уништила Ерусалим во 70 год. од н.е. (Мат. 24:2). Подоцна императорот Јулијан сакал повторно да го изгради храмот.

Јулијан е наречен последниот пагански император на Рим. Тој бил внук на Константин Велики и бил поучуван од таканаречените христијани во негово време. Но, откако станал император, во 361 год. од н.е., го отфрлил таквото образование и повторно го вовел паганството. Во историјата е познат како „Отпадникот“ бидејќи ја отфрлил црквата.

Јулијан го мразел христијанството. Најверојатно една причина за тоа е што, кога имал само шест години, видел како некои кои тврделе дека се христијани ги убиле неговиот татко и други роднини. Според црковните историчари, Јулијан ги поттикнал Евреите повторно да го изградат нивниот храм, мислејќи дека со тоа ќе докаже дека Исус бил лажен пророк.a

Нема сомнение дека Јулијан имал намера повторно да го изгради храмот. Но, историчарите не се потполно сигурни дали почнал со изградбата. Ако воопшто почнал, не се знае од која причина не ја довршил. Како и да е, едно е сигурно. Јулијан бил убиен по неполни две години откако дошол на власт, и неговата намера пропаднала со него.

[Слика на страница 32]

Слика од тоа како можеби изгледал храмот во времето на Исус

a Исус не рекол дека храмот нема да биде повторно изграден. Тој рекол дека ќе биде уништен, а тоа се случило во 70 год. од н.е.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели