ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 15/5 стр. 13
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Крст
    Разбудете се! 2017
  • Дали сте знаеле?
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Цар кој бил неправедно измачуван
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 15/5 стр. 13

ПРАШАЊА ОД ЧИТАТЕЛИТЕ

Дали Израелците ги погубувале злосторниците на столб?

Многу народи во минатото ги погубувале злосторниците така што ги приковувале на столб или на колец. Римјаните го врзувале или го приковувале престапникот на столб, каде што понекогаш останувал да виси неколку дена, сѐ додека не умрел од болка, жед, глад и од временските неприлики. Римјаните сметале дека ваквиот начин на погубување е срамна казна која ја заслужувале најзакоравените злосторници.

Дали и древните Израелци ги погубувале злосторниците на столб? Мојсеевиот закон заповедал: „Ако некој направи грев што заслужува смртна казна, па биде погубен и обесен на столб, неговото мртво тело нека не остане на столбот преку ноќта, туку закопај го во истиот ден“ (5. Мој. 21:22, 23). Очигледно, во времето кога биле пишувани Хебрејските списи, оној што заслужувал смртна казна, најпрво бил погубен, а потоа бил обесен на столб или на дрво.

Во врска со ова, во 3. Мојсеева 20:2 пишува: „Секој од синовите на Израел или од дојденците што живеат во Израел, кој ќе му го даде своето дете на Молох, да биде погубен. Народот да го каменува до смрт“. И оние што ‚повикувале духови или гатале‘ требало да бидат погубени. На кој начин? Така што ќе биле „каменувани до смрт“ (3. Мој. 20:27).

Во 5. Мојсеева 22:23, 24 пишува: „Ако некој човек во градот наиде на девица свршена за некого и легне со неа двајцата изведете ги на портата од тој град и засипете ги со камења за да загинат — девојката затоа што не викала во градот а мажот затоа што ја осрамотил жената на својот ближен. Така отстрани го злото од својата средина!“ Според тоа, древните Израелци обично ги погубувале тешките злосторници со каменување.a

Очигледно, во времето кога биле пишувани Хебрејските списи, оној што заслужувал смртна казна, најпрво бил погубен, а потоа бил обесен на столб или на дрво

Во 5. Мојсеева 21:23 се вели дека ‚оној што е обесен е проклет пред Бог‘. Мртвото тело на злосторникот, кој бил „проклет пред Бог“, било јавно изложено така што било обесено на столб или на дрво. Тоа сигурно имало силно влијание врз другите Израелци, и служело како предупредување за нив.

a Многу изучувачи сметаат дека, според Мојсеевиот закон, злосторникот најпрво бил погубен, а потоа неговото тело било обесено на столб. Но, постојат докази дека, до првиот век, Евреите почнале да ја извршуваат смртната казна и на поинаков начин. Некои од злосторниците биле приковувани живи и подоцна умирале на столбот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели