ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/6 стр. 8
  • Јехова „не е пристрасен“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова „не е пристрасен“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Сличен материјал
  • Петар го посетува Корнелиј
    Мојата книга со библиски приказни
  • „Бог не е пристрасен“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Корнелиј добил свет дух
    Поуки од Библијата
  • Да се држиме цврсто за нашата скапоцена вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/6 стр. 8

ПРИБЛИЖИ МУ СЕ НА БОГ

Јехова „не е пристрасен“

Дали некогаш си бил жртва на дискриминација? Дали некогаш ти било одбиено некое барање, не ти била извршена некоја услуга или на некој друг начин си бил понижен поради бојата на кожата, етничката припадност или социјалниот статус? Ако е така, не си ни прв ни последен. Но, добра вест е тоа што таквите предрасуди, иако се вообичаени на Земјата, ги нема на небото. Апостол Петар со цврста увереност рекол: „Бог не е пристрасен“. (Прочитај Дела 10:34, 35.)

Петар ги кажал овие зборови на сосема неочекувано место — во домот на Корнелиј, кој не бил Евреин. Петар, кој бил Евреин, живеел во време кога Евреите ги сметале луѓето од другите народи за нечисти и избегнувале секаков контакт со нив. Тогаш, зошто Петар се нашол во домот на Корнелиј? Едноставно, затоа што Јехова Бог му рекол да отиде таму. Петар добил видение во кое му било кажано: „Не викај го валкано она што Бог го очистил!“ Петар не знаел дека претходниот ден и Корнелиј имал видение. Еден ангел му рекол на Корнелиј да го повика Петар (Дела 10:1-15). Кога увидел дека Јехова ги води работите, тој не можел да молчи.

„Сега навистина сфаќам дека Бог не е пристрасен“, рекол Петар (Дела 10:34). Грчкиот збор преведен со „пристрасен“ буквално значи „оној што суди според изгледот“ (The Kingdom Interlinear Translation of the Greek Scriptures). Во врска со овој израз, еден библиски изучувач објаснува: „Тој се однесува на судија кој не донесува пресуда врз основа на доказите, туку врз основа на тоа дали некој човек му се допаѓа или не“. Бог не смета дека еден човек е подобар од друг поради расата, националноста, социјалниот статус или некој друг надворешен фактор.

Напротив, Јехова гледа какво е нашето срце (1. Самоилова 16:7; Изреки 21:2). Понатаму, Петар рекол: „Во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:35). Да се плашиме од Бог значи да го почитуваме, да му веруваме и да не правиме ништо што не му се допаѓа. А да го правиме она што е праведно значи да го слушаме Бог во сѐ. Јехова се радува кога некој во срцето чувствува страхопочит и поради тоа постапува исправно (5. Мојсеева 10:12, 13).

Кога Јехова гледа од небото, гледа само една раса — човечката

Ако некогаш си бил жртва на дискриминација или предрасуди, може да те охрабри тоа што Петар ни го открил за Бог. Јехова ги привлекува кон вистинската религија луѓето од сите народи (Јован 6:44; Дела 17:26, 27). Тој ги слуша и одговара на молитвите на оние што му служат без оглед на нивната раса, националност или општествена положба (1. Царевите 8:41-43). Можеме да бидеме сигурни дека, кога Јехова гледа од небото, гледа само една раса — човечката. Дали сакаш да дознаеш нешто повеќе за овој непристрасен Бог?

Читање на Библијата во јуни

Јован 17-21— Дела 1-10

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели