ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/6 стр. 9-11
  • Богатство скриено со векови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Богатство скриено со векови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕВЕДУВАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА ВО ПОДЕМ
  • ЖЕЛБАТА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО
  • Грузија — зачувано древно наследство
    Разбудете се! 1998
  • Религиозно прогонство во Грузија — до кога?
    Разбудете се! 2002
  • Две „чуда“ на еден конгрес во Грузија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Борбата за преживување на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/6 стр. 9-11

Богатство скриено со векови

Изучувачот не може да си поверува на очите. По којзнае кој пат внимателно го разгледува древниот текст. Начинот на пишување и граматиката го уверуваат дека пред себе има фрагменти од најстариот превод на Библијата на грузиски јазик!

ОВА богатство било откриено кон крајот на декември 1922 год., додека грузискиот историчар Иване Јавахишвили испитувал како настанала грузиската азбука. Во негови раце се нашол и ерусалимскиот Талмуд. Како што го истражувал, под хебрејскиот текст забележал дека има делумно избришан текст со грузиски букви.a

Текстот „скриен“ под Талмудот бил дел од библиската книга Еремија и бил напишан во петтиот век од н.е. Пред да бидат пронајдени овие фрагменти, најстариот познат ракопис на Библијата на грузиски јазик датирал од деветтиот век од н.е. По кратко време биле пронајдени делови и од други библиски книги од петтиот век од н.е., па дури и од порано. Замисли си го чувството на радосна возбуда кога ќе се откријат библиски текстови кои потекнуваат само неколку стотини години по времето на Исус и апостолите!

Кој го направил овој превод? Дали бил дело на еден човек или, пак, на група посветени преведувачи? Досега, не бил пронајден ниту еден историски запис кој може да ни го даде одговорот на овие прашања. Како и да е, очигледно е дека Библијата, или барем делови од неа, биле преведени на грузиски уште во четвртиот век. Оттогаш Грузијците ја имале Божјата Реч на својот мајчин јазик.

Податоци кои покажуваат колку им било достапно Светото писмо на Грузијците можат да се најдат во книгата Мачеништвото на светата царица Шушаник (The Martyrdom of St. Shushanik the Queen), која веројатно била напишана кон крајот на петтиот век. Кога пишува за трагичната приказна на царицата, авторот цитира или се осврнува на некои стихови од Псалмите, евангелијата и на други делови од Библијата. Меѓу другото, во книгата пишува и дека, за да ги смири персиските господари, сопругот на Шушаник, Варскен, кој бил кнез на грузиското царство Картли, го напуштил христијанството и преминал во зороастризмот, религија која потекнува од Персија. Тој ѝ наредил и на својата жена да го направи истото. Во книгата пишува дека таа не сакала да се откаже од своите верувања и затоа била осудена на смрт. Во последните денови од својот живот нашла утеха во Библијата.

Почнувајќи од петтиот век, преведувањето и препишувањето на Библијата на грузиски јазик никогаш не прекинало. Многуте пронајдени библиски ракописи на грузиски јазик сведочат за напорната работа на препишувачите и преведувачите. Како се одвивало преведувањето и печатењето на Библијата? Да видиме.

ПРЕВЕДУВАЊЕТО НА БИБЛИЈАТА ВО ПОДЕМ

„Јас, Ѓорѓи, обичен калуѓер, ги преведов Псалмите од грчки на грузиски со целосна посветеност и оддаденост.“ Ова се зборовите на грузискиот монах Ѓорѓи Мтацминдели, кој живеел во единаесеттиот век. Зошто требало да се преведува Библијата кога веќе неколку векови имало превод на грузиски јазик?

До единаесеттиот век останале само неколку рачно напишани текстови на Библијата на грузиски. Некои библиски книги биле сосема исчезнати. Исто така, се сменил и јазикот, па затоа на читателите им било тешко да ги разберат постарите преводи. Иако голем број преведувачи вложиле многу труд да ја ревидираат Библијата, Ѓорѓи имал најзначајна улога. Тој ги споредувал достапните грузиски преводи со грчките ракописи и ги превел деловите што недостигале. Понекогаш тоа биле и цели книги. Преку ден ги извршувал своите одговорности како игумен на манастирот, а ноќе ја преведувал Библијата.

Ефрем Мцире, современик на Ѓорѓи, отишол чекор подалеку. Тој составил прирачник за преведувачи. Во него имало основни упатства за преведување, како на пример, секогаш кога е можно да се преведува од изворниот јазик и тесно да се следи текстот, но без да се жртвува природноста. Исто така, почнал да користи фусноти и маргиналии. Оттогаш таа метода ја применувале и други преведувачи на Библијата на грузиски јазик. Ефрем направил комплетно нов превод на неколку библиски книги. Со својата работа, Ѓорѓи и Ефрем ги положиле темелите за преведувачката дејност што следела.

Во текот на следниот век, книжевната работа во Грузија доживеала процут. Биле отворени академии во градовите Гелати и Икалто. Повеќето изучувачи сметаат дека таканаречената Гелатска Библија, која во моментов се чува во Грузискиот национален центар за ракописи, е нов превод на целата Библија што го направил некој преведувач од Гелати или Икалто.

Какво влијание извршил овој библиски превод врз народот? Во 12 век, грузискиот поет Шота Руставели ја напишал поемата Витез во пантерска кожа (Vepkhis-tqaosani), која со векови имала толку силно влијание што била наречена втора Библија на Грузијците. Според филологот К. Кекелидзе, сеедно дали поетот цитирал директно од Библијата или не, „некои од неговите гледишта се одраз на разни библиски стихови“. Иако поемата била напишана во романтичен стил, во неа често се спомнуваат теми како што се пријателството, великодушноста, почитта кон жените и несебичната љубов кон туѓинците. Овие, а и други поуки од Библијата, одиграле улога во начинот на размислување на неколку генерации и сѐ уште се сметаат за морален идеал на грузискиот народ.

ЖЕЛБАТА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО

Кон крајот на 17 век, грузиското кралско семејство имало голема желба да се отпечати Библијата. За таа цел, царот Вахтанг VI изградил печатница во главниот град, Тбилиси. Но, библискиот текст сѐ уште не бил подготвен за печатење. Во извесна смисла, Библијата на грузиски јазик како да била повторно скриена. Имало само неколку нецелосни ракописи, а јазикот на кој биле напишани бил застарен. Ревидирањето и реставрирањето на библискиот текст му биле доверени на врвниот лингвист Сулхан-Саба Орбелијани.

Орбелијани целосно ѝ се посветил на работата. Тој знаел неколку јазици, меѓу кои грчки и латински. Затоа, освен во грузиските ракописи, можел да гледа и во други текстови. Меѓутоа, неговото слободоумие не ѝ се допаднало на Грузиската православна црква. Свештениците го обвиниле дека е предавник на Црквата и успеале да го убедат царот да ја прекине неговата работа на Библијата. Според некои грузиски записи, на еден црковен собор свештениците го присилиле Орбелијани да ја запали Библијата што ја преведувал со години!

Значајно е тоа што еден примерок од ракописот Мцхета, познат и како Библијата на Саба, кој е зачуван до денешно време, содржи рачно напишани коментари на Орбелијани. Меѓутоа, некои се сомневаат дека станува збор за истата Библија против која се борела Црквата. Сепак, со сигурност се знае дека Орбелијани го напишал додатокот.

И покрај сите превирања, кралското семејство не се откажало од својата желба да се отпечати Библијата. Меѓу 1705 и 1711 год., биле отпечатени некои делови од Библијата. А благодарение на грузиските принцови Бакари и Вахушти, во 1743 год., конечно излегла од печат целата Библија — богатство кое никогаш повеќе нема да биде скриено.

a Во старо време, материјалите за пишување биле ретки и скапи. Затоа се практикувало да се иструже текстот од ракописот и на истиот материјал повторно да се пишува. Ваквите ракописи се наречени палимпсести, според еден грчки збор што значи „повторно истружен“.

БОЖЈЕТО ИМЕ ВО ГРУЗИСКАТА БИБЛИЈА

Името Јехова (на хебрејски יהוה), со кое Бог ни се открива во Библијата, се појавува околу 7.000 пати во ракописите на изворните јазици. Во повеќето грузиски преводи ова име е заменето со титулата „Господ“. Сепак, во еден додаток на таканаречената Библија на Саба, Сулхан-Саба Орбелијани го кажува значењето на името Исус на следниов начин: „Иесес: Од хебрејски: Иеова Господ спасител“. Во 2006 год., Јеховините сведоци го издадоа преводот Нов свет на грузиски јазик. Во него Божјето име, Јехова, се појавува на сите места каде што треба да стои.

National Center of Manuscripts

ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО ГРУЗИЈА

Кога стигнало христијанството во Грузија? Досега не се откриени световни записи кои можат да ни дадат сигурен одговор на ова прашање. Меѓутоа, во книгата Дела пишува дека меѓу луѓето во Ерусалим што ја чуле добрата вест на Педесетница 33 год. од н.е., имало и некои Евреи или преобратеници од Понт. Кога се вратиле во својот роден крај, можеби ја рашириле христијанската порака. Околу 62 год. од н.е., во Понт очигледно имало христијански собранија. Во првиот век, провинцијата Понт се простирала во североисточниот дел на денешна Турција, кој граничи со Грузија (Дела 2:9; 1. Петрово 1:1).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели