ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/5 стр. 22-23
  • Грузија — зачувано древно наследство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Грузија — зачувано древно наследство
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Религиозно прогонство во Грузија — до кога?
    Разбудете се! 2002
  • Богатство скриено со векови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Две „чуда“ на еден конгрес во Грузија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Заштитени правата на жртвите на насилство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/5 стр. 22-23

Грузија — зачувано древно наследство

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ!

КАКО би Ви се допаѓало да живеете во една земја на родни долини, сместена меѓу планини покриени со снежна капа и високи 4.600 метри, каде што некои луѓе доживуваат возраст од 100 и повеќе години? За жителите на Грузија, тоа не е само сон. Тоа е реалност.

Грузија лежи по должината на географската и културна граница помеѓу Европа и Азија. Во древните времиња Грузија била едно важно место на славниот Пат на свилата, истиот по кој Марко Поло одел за Кина. Грузија имала финансиска и културна корист од оваа врска помеѓу Истокот и Западот, но понекогаш и напаѓачите сметале дека вреди да минат по тој пат. Според една проценка, главниот град на Грузија, Тбилиси, бил уништуван 29 пати! Денес, Тбилиси е еден активен и жив град, кој има подземна железница и модерни згради испреплетени со долгогодишни архитектонски споменици.

Околу 87 проценти од грузискиот терен е планински. Низ ледениот и пуст планински предел и преку низините течат 25.000 реки, од кои голем број се полни со пастрмка. Повеќе од една третина од земјата е пошумена или покриена со густак. Кавкаскиот планински венец на северната граница на Грузија ја штити внатрешноста на земјата од студеното време кое доаѓа од север. Оваа положба овозможува западна Грузија да биде затоплена од влажниот воздух од Црното Море — една причина зошто Грузија е една омилена дестинација за оние кои одат на годишен одмор. Благата клима придонела и за една од светските најстари и најизвонредни традиции на правење вино. Всушност, Грузија произведува повеќе од 500 различни сорти грозје и вино!

Сепак, најголемиот посед за Грузија се луѓето. Низ вековите тие биле познати по своето јунаштво, остроумност и великодушно гостопримство, како и по нивниот хумор и љубов кон животот. Нивната култура е богата со песни и танци, а на трпезите во грузиските домови сѐ уште често се пеат и народни песни.

Грузија има и долга книжевна историја, која датира од петтиот век. Грузискиот бил еден од најраните јазици на кои била преведена Библијата, со користење на уникатната и убава грузиска азбука. Сета оваа култура создава една жива алка со минатото на Грузија — едно древно наследство зачувано во една современа земја.

[Извор на слика на страница 22]

Pat O’Hara/Corbis

[Слики на страница 23]

1. Грузиска Библија

2. Некои жители доживуваат возраст од 100 и повеќе години!

3. Прометна улица во Тбилиси

[Извор на слика]

Dean Conger/Corbis

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели